[{"word":"а","type":"ср.","description":"Глас, една од петте самогласки во македонскиот јазик. Изговори го а."},{"word":"а","type":"сврз.","description":"За поврзување зборовни состави и реченици што се содржински сопоставени. Ние седевме, а тие гледаа во нас."},{"word":"а","type":"чест.","description":"На почетокот на реченица, за воведување нова мисла што директно не се надоврзува на претходно кажаното. Сите лежевме со мислите дома. А, таму на планината маглата го голтнала врвот. А, на крајот тоа можеби и не е така страшно."},{"word":"а","type":"изв.","description":"а) За повикување. А, излези малку да те видам! А, да ми се сега другарите! б) ааа... За изразување нагласување и за истакнување на наредната информација; во зависност од интонацијата може да изразува несогласување, неверување, чудење, и сл. Ааа, не може тоа така како што сакате вие! А-а-а, и тоа ми бил јунак!"},{"word":"а-","type":"претс.","description":"Претставка во зборови од туѓо потекло со значење на негирање или отсуство на означеното со основниот збор, на пр.: авитаминоза, асиметрија, атеизам, аморален, анационален, аполитичен, асиметричен, асоцијален."},{"word":"аба","type":"ж.","description":"(само едн.) Груба волнена ткаенина, шајак. Бечви со црвени ширити од четворна аба."},{"word":"абажур","type":"м.","description":"Штит на ламба од платно, хартија, стакло или од други материјали што ја ублажува светлината и ја насочува во определен правец. Свети ламбата со абажур направен од обичен картон."},{"word":"абаџија","type":"м.","description":"Лице што шие алишта од аба. Дуќанот на абаџијата е затворен."},{"word":"абдал","type":"м.","description":"Глупак, будала. Трај бре, абдал!"},{"word":"абдикација","type":"ж.","description":"Откажување, оставка од престол, власт или од челна позиција."},{"word":"абдицира","type":"св. и несв.","description":"Се откаже, се откажува од престол или од наследно право на престол. Кралот абдицира."},{"word":"абдомен","type":"м.","description":"Стомак, стомачна празнина, мев."},{"word":"абдоминален","type":"прид.","description":"Што се однесува на абдомен. Абдоминални сегменти."},{"word":"абер","type":"м.","description":"Глас, вест, новост, порака. Го чекам абер да донесе. Им стори абер. Добив абер од војникот. Прати им абер да дојдат."},{"word":"аберџија","type":"м.","description":"Лице што носи некаква порака, гласник. Не сум пиле за стрелање, туку сум пиле аберџија, од царот сум допратено. Куќа од куче нема штета, кучето е аберџија, а не е лошо на срце."},{"word":"абецеда","type":"ж.","description":"Сите букви од латиницата наредени по утврден ред. Латинска абецеда"},{"word":"абецедар","type":"м.","description":"Список на нешто по абецеден ред. Неговото име ќе го најдеш во абецедарот."},{"word":"абецеден","type":"прид.","description":"Што се однесува на абецеда. Абецеден ред."},{"word":"аби","type":"несв.","description":"Троши со употреба. Со лошо возење бргу ги абиш сопирачките."},{"word":"Абисинија","type":"ж.","description":"Поранешно име на Етиопија."},{"word":"Абиџа","type":"ж.","description":"Главен град на Нигерија."},{"word":"абнормален","type":"прид.","description":"Што е противприроден, што е ненормален, неправилен. Абнормален раст. Абнормален случај."},{"word":"аболира","type":"св. и несв.","description":"Примени, применува аболиција, прекине, прекинува кривично гонење."},{"word":"аболиција","type":"ж.","description":"Укинување, простување казна, помилување."},{"word":"абонамент","type":"м.","description":"Претплата со која се потврдува абонирањето. Управата испрати абонамент за годишна претплата на списанието."},{"word":"абонација","type":"ж.","description":"Претплата Тој изврши абонација за цела година."},{"word":"абонент","type":"м.","description":"Претплатник. Тој е абонент на ова списание."},{"word":"абонира","type":"св. и несв.","description":"Изврши, врши претплата, има. Институтот абонираше сопствени средства за користење странски списанија."},{"word":"абонос","type":"м.","description":"Вид црно, тврдо тропско дрво од кое се прави мебел, сувенири, уметнички предмети и др. Прозорец од абонос."},{"word":"абоносов","type":"прид.","description":"Што е од абонос. Маса од абоносово дрво. Абоносова врата."},{"word":"Абориџин","type":"м.","description":"Домородец од австралискиот континент."},{"word":"абортира","type":"св. и несв.","description":"Прекине, прекинува бременост, дозволи, дозволува да се изврши хируршка интервенција со која се прекинува бременоста. Таа абортира во некоја скопска клиника."},{"word":"абортус","type":"м.","description":"Пометнување, предвремен прекин на бременост."},{"word":"абразив","type":"м.","description":"Ситнозрнеста материја што се употребува при полирање, чистење на метални, камени, стаклени и други предмети."},{"word":"абраш","type":"м.","description":"Рус човек со бенки на лицето. Лицето му се подисчистило и станал најубавиот абраш што го познавам."},{"word":"абрашлив","type":"прид.","description":"Што е со бенки на кожата. Абрашливи дојки. Абрашливо лице."},{"word":"абрашлија","type":"прид.","description":"Тој што е со бенки на кожата;"},{"word":"абревијатура","type":"ж.","description":"Скратеница за сложен назив."},{"word":"Абу Даби","type":"м.","description":"Главен град на Обединетите Арапски Емирати."},{"word":"Абхазија","type":"ж.","description":"Автономна област во Кавкаскиот Регион, отцепена од Грузија."},{"word":"ав!","type":"изв.","description":"За имитирање, подражавање на кучешко лаење. Ав, ав– кутрето лае."},{"word":"ава","type":"ж.","description":"Воздух. Да излеземе на ава."},{"word":"аван","type":"м.","description":"Сад, обично метален, за толчење кафе, црн пипер, слануток и др. Таа го столчи сланутокот во аванот."},{"word":"авангарда","type":"ж.","description":"(воен.) Трупи што се претходница, извидница, први борбени редови."},{"word":"авангарден","type":"прид.","description":"Што е предводнички, претходнички, напреден, истакнат. Авангардни литературни струења. авангардност"},{"word":"аванс","type":"м.","description":"Уплата или исплата за нешто однапред. Настојувам преку капар или аванс цврсто да ги врзам купувачите. Таа подигна аванс за пат."},{"word":"авансира","type":"св. и несв.","description":"Даде, дава аванс, предвреме даде, дава како влог дел од договорен износ. Владата ги авансира изданијата на оваа издавачка куќа."},{"word":"авантура","type":"ж.","description":"Возбудливо, необично доживување, несекојдневна случка. Стана витез скитник и тргна по светот со своето оружје и коњот, барајќи авантури. Љубовна авантура."},{"word":"авантуризам","type":"м.","description":"Страст, склоност за авантури и необични доживувања."},{"word":"авантурист","type":"м.","description":"Лице што има склоност кон авантури, што ризикува, ловец на среќа. Големите авантуристи имаат највозбудлив живот."},{"word":"Авар","type":"м.","description":"Припадник на древен народ од азиско потекло."},{"word":"Авганистан","type":"м.","description":"Држава во Средна Азија."},{"word":"август","type":"м.","description":"Осмиот месец во годината; житар."},{"word":"авенија","type":"ж.","description":"Широка градска улица, најчесто со дрвореди и цвеќиња. Шетаа по новата авенија крај плажата."},{"word":"аверзија","type":"ж.","description":"Одвратност, гнасење, нетрпеливост. Кај него се забележуваше неискажлива аверзија кон женската облека."},{"word":"аверс","type":"м.","description":"Предна страна на метална пара или медал;"},{"word":"авијатичар","type":"м.","description":"Лице што управува со авион; лице што служи или работи во авијација. Авијатичарите се осудени сѐ да гледаат од птичја перспектива, од висина."},{"word":"авијација","type":"ж.","description":"Воздухопловство; средства за летање, за движење по воздух: авиони, хеликоптери и сл. Воена авијација. Цивилна авијација."},{"word":"Aвињон","type":"м.","description":"Град во Франција."},{"word":"авиокомпанија","type":"ж.","description":"Компанија што конструира или одржува средства за летање. Конструкторите на авиокомпанијата го создадоа новиот модел од тој тип авиони."},{"word":"авиомеханичар","type":"м.","description":"Механичар во авијацијата."},{"word":"авион","type":"м.","description":"Метална направа за летање што ја движи мотор, а се одржува во воздух со помош на крила. Биди стрплив, ќе леташ со авион, хеликоптер, можеби со ракета. Млазен авион. Пробен авион. Транспортен авион."},{"word":"авитаминоза","type":"ж.","description":"Заболување предизвикано од недостиг на витамини во организмот."},{"word":"авитаминозен","type":"прид.","description":"Што се однесува на авитаминоза."},{"word":"авка","type":"несв.","description":"За куче – испушта специфичен звук, лае со смален интензитет. Во дворот авкаа кученцата."},{"word":"авлија","type":"ж.","description":"Двор. Зад него имаше непокриена авлија со бунар и трева."},{"word":"авра","type":"ж.","description":"Еврејски храм, синагога."},{"word":"Австралија","type":"ж.","description":"Континент и држава."},{"word":"Австрија","type":"ж.","description":"Држава во Европа."},{"word":"Австроунгарија","type":"ж.","description":"Поранешна држава во Европа."},{"word":"автаркија","type":"ж.","description":"Самозадоволство, душевна состојба на човек што е задоволен од самиот себе."},{"word":"автаркичен","type":"прид.","description":"Што се однесува на автаркија."},{"word":"автарх","type":"м.","description":"Деспот, апсолутист, самодржец."},{"word":"автархија","type":"зам.","description":"Самовластие, самодржавие, деспотизам, апсолути"},{"word":"автархичен","type":"прид.","description":"Што се однесува на автархија."},{"word":"автентичен","type":"прид.","description":"Вистинит, оригинален, веродостоен. Џинот оставил автентични сведоштва. Записите се автентична, оригинална средновековна литература."},{"word":"авто-","type":"претс.","description":"Како прв дел во сложенки од туѓо потекло со значење:"},{"word":"автоанализа","type":"ж.","description":"Самокритично преиспитување на своите постапки, испитување на својата совест, внесување во самиот себе."},{"word":"автобиографија","type":"ж.","description":"Книжевно дело во кое авторот сам си го опишува својот живот; опис на сопствениот живот."},{"word":"автобус","type":"м.","description":"Големо моторно возило со седишта за превоз на повеќе лица. Локален автобус. Градски автобус. Туристички автобус."},{"word":"автограм","type":"м.","description":"Своерачен потпис, обично на позната личност. Младите вљубеници во убавата песна бараа автограми од пејачите."},{"word":"автограф","type":"м.","description":"Текст напишан со сопствена рака, оригинален ракопис. Автографите на псалтирот не се зачувани."},{"word":"автодидакт","type":"м.","description":"Лице што учи само, без учител; самоук. Ова филозофско дело претставува своевиден подвиг, зашто е од перото на еден грнчарски работник, автодидакт."},{"word":"автодидактика","type":"ж.","description":"Учење без учител, самонаобразба."},{"word":"автодром","type":"м.","description":"Патека каде што се врши обука за возачи на автомобили; автомобилско тркалиште. Тркачите се појавија на автодромот надвор од градот."},{"word":"автоелектричар","type":"м.","description":"Лице што се занимава со поправка на електричната инсталација кај автомобилите."},{"word":"автокамп","type":"м.","description":"Заграден простор за кампување во приколки, бунгалови и шатори. Крај патот беше подигнат голем автокамп, во кој летуваа деца од целата земја."},{"word":"автокефален","type":"прид.","description":"Што има карактеристики на автокефалност. Нивната православна црква е прогласена за автокефална со кралски декрет."},{"word":"автокефалност","type":"ж.","description":"Самостојност, независност, автономност на православна национална црква. Автокефалноста на Македонската православна црква е поврзана со самобитноста на македонската држава."},{"word":"автокоманда","type":"ж.","description":"Команда што врши регистрација и распоред на воени возила."},{"word":"автократ","type":"м.","description":"Неограничен господар, владетел, диктатор, тиранин, самодржец."},{"word":"автократизам","type":"м.","description":"Неограничено, апсолутистичко владеење на еден човек; апсолутизам, самовластие што со сите средства ја ограничува слободата на граѓаните."},{"word":"автолимар","type":"м.","description":"Лице што се занимава со поправки и одржување на каросериите на возилата."},{"word":"автомат","type":"м.","description":"Апарат што извршува определени дејства, работи без непосредно учество во секое од нив. Ќе пуштиш метална паричка во автоматот и веднаш ќе ја чуеш музиката."},{"word":"автоматизам","type":"зам.","description":"Способност да се извршуваат несвесно одделни дејства. Одеше на работа и се враќаше, сѐ работеше по автомати Таков автоматизам во работата не е виден."},{"word":"автоматизира","type":"св. и несв.","description":"Воведе, воведува автоматски машини, апарати во одделни процеси на работа, на производство. Новата управа ја автоматизира фабриката."},{"word":"автомеханика","type":"ж.","description":"Област што се занимава со работата на автомобилот, на неговиот мотор."},{"word":"автомеханичар","type":"м.","description":"Лице што се занимава, што поправа и што одржува автомобилски мотори, мотори со внатрешно согорување. Го носам камионот кај автомеханичар."},{"word":"автомобил","type":"м.","description":"Индивидуално моторно патничко возило на четири тркала. Спортски автомобил. Отворен автомобил. Стар автомобил."},{"word":"автомобилизам","type":"м.","description":"Дејност, работа со автомобили."},{"word":"автомобилист","type":"м.","description":"Лице што е возач на автомобил; лице што се бави со автомобилски спорт."},{"word":"автономен","type":"прид.","description":"Слободен, независен, самостоен. Борбата е за автономна територија, а не за некаква си федерација. Ова е автономен процес кој не се врзува со други дејства."},{"word":"автономизам","type":"м.","description":"Движење што се стреми кон остварување на автономија на одредена област."},{"word":"автономизира","type":"св. и несв.","description":"Направи, прави нешто да стане слободно и самостојно, да стане автономно."},{"word":"автономија","type":"ж.","description":"Самоуправување, обично во рамките на поширока заедница што ја има централната власт. Борци за црковна автономија. Племенска автономија. Зборовна автономија. Малцинска автономија."},{"word":"автономист","type":"м.","description":"Лице што е поборник на автономизмот. Мене ми треба Македонија и неа ја бранам. Ме нарекоа автономист и на сув остров ме испратија."},{"word":"автопат","type":"м.","description":"Модерен автомобилски пат, обично со по две еднонасочни ленти; автострада. По некој автомобил ќе поминеше по автопатот."},{"word":"автопортрет","type":"м.","description":"Сопствен портрет (кога сликарот ќе се наслика сам себеси). Го црта својот автопортрет."},{"word":"автоприколка","type":"ж.","description":"Приколка, простор за товар што се прикачува на возилото."},{"word":"автор","type":"м.","description":"Творец, создавач на некое дело, најчесто уметничко или научно. Автор на епиграми. Автор на книга. Автор на манифестот. Анонимен автор."},{"word":"авторемонт","type":"м.","description":"Поправка, обновување на моторно возило."},{"word":"авторизација","type":"ж.","description":"Потврдување, прифаќање на текст или на пронајдок, изум за свој; примање врз себе авторска одговорност и права за авторско дело. Авторизациите на нивните творби се појавија многу подоцна."},{"word":"авторизира","type":"св. и несв.","description":"Изврши, извршува авторизација, потврди, потврдува авторско право. Тој веднаш го авторизира сопственото дело."},{"word":"авторитарен","type":"прид.","description":"Помошта на наставниците не смее да биде авторитарна."},{"word":"авторитативен","type":"прид.","description":"Што е со авторитет, што заслужува безусловна доверба. Основните правописни правила се озаконија и станаа авторитативни."},{"word":"авторитет","type":"м.","description":"(само едн.) Доверба, почитување, углед, влијание со лична вредност. Во фамилијата гледа два неприкосновени авторитета: домаќинот на куќата и мајката."},{"word":"авторитетен","type":"прид.","description":"Што е со авторитет. Рече со мирен, но авторитетен глас. Авторитетен професор."},{"word":"авторов","type":"прид.","description":"Што му припаѓа на автор. Авторовиот труд треба да се награди."},{"word":"авторство","type":"ср.","description":"Припадност на авторско дело, авторска своина. За авторството на споменатата песна постоеле сомненија во науката."},{"word":"автосервис","type":"м.","description":"Сервис, работилница за поправка на автомобили."},{"word":"автостоп","type":"м.","description":"Запирање моторно возило на пат од пешак со молба да биде превезен. Децата тргнале низ Европа автостоп."},{"word":"автостопер","type":"м.","description":"Лице што патува автостоп. Следуваше распаќе, на меѓата чекаа автостопери."},{"word":"автосугестија","type":"ж.","description":"Моќ на уверување на самиот себеси, влијание врз самиот себе."},{"word":"автосугестивен","type":"прид.","description":"Што врши автосугестија, што се прави со автосугестија. Последната мисла почна да ја шепоти како автосугестивна лозинка."},{"word":"автотранспорт","type":"м.","description":"Превоз на патници и стока со автомобили и камиони."},{"word":"автотранспортен","type":"прид.","description":"Што се однесува на автотранспорт. Автотранспортно претпријатие."},{"word":"автохтон","type":"прид.","description":"Што е по потекло од местото во кое живее, што е староседелец. Автохтона раса. Автохтон народ."},{"word":"автоцензура","type":"ж.","description":"Самоцензура, свесно ограничување на сопствената слобода на творештво. Строга е автоцензурата на младиот поет."},{"word":"ага","type":"м.","description":"Земјопоседник, заможен граѓанин, господар во царска Турција. Долги години одеа овчари заедно кај битолските аги. Децата си имаат мајка, ќе ги одгледа, ќе ги порасне и ќе ги направи робови на агата."},{"word":"агалак","type":"м.","description":"Звање, достоинство на агата, агување."},{"word":"агенда","type":"ж.","description":"(админ.) Работи што се во тек, незавршени акти."},{"word":"агенс","type":"м.","description":"Она што е сила, двигател, делотворно средство, што предизвикува некоја промена."},{"word":"агент","type":"м.","description":"Лице вработено во служба за безбедност, детектив, платен доставувач. Таен агент. Полициски агент."},{"word":"агентура","type":"ж.","description":"Мрежа од шпиони и диверзанти на одредена влада. Како да се дојде до вистинските патриоти покрај разните соседни агентури?"},{"word":"агенција","type":"ж.","description":"Посредничка фирма што врши определени услуги за други фирми, установи или за приватни лица. Авторска агенција. Рекламна агенција. Туристичка агенција."},{"word":"агилен","type":"прид.","description":"Што е вреден, работлив, брз, снаодлив, активен, претприемчив. Сѐ уште сум прилично агилен и подвижен, па патувам и гостувам таму-ваму."},{"word":"агитатор","type":"м.","description":"Лице што врши агитација, што се искажува за некоја идеја отворено и упорно."},{"word":"агитација","type":"ж.","description":"Усна или писмена дејност со цел да се дејствува на масите преку ширење на определени идеи; средство на политичка борба, поттикнување, наговарање. Нивната агитација беше постојана и моќна. Нејзините зборови беа само агитација за да се предизвика неред."},{"word":"агитира","type":"несв.","description":"Врши агитација, се занимава со агитација. Тој агитираше меѓу работниците, но тие не го земаа сериозно."},{"word":"агитпроп","type":"м.","description":"Скратеница за агитација и пропаганда; одделение за агитација и пропаганда кај политички и други организации. Тој беше во еден од баталјоните, а јас во агитпропот на бригадата."},{"word":"агитпроповски","type":"прид.","description":"Што се однесува како агитпроп, наликува на агитпроп. Идеологизација на функциите на уметноста на агитпроповски начин."},{"word":"агица","type":"ж.","description":"Жена на ага."},{"word":"аглест","type":"прид.","description":"Што е по форма како агол, што личи на агол. Тој се загледува во ова бледо и неправилно аглесто лиценце."},{"word":"агломер","type":"м.","description":"Инструмент, направа за мерење агли. Наоколу лежеа помагала, разни агломери, шестари и еден линијар."},{"word":"агломерат","type":"м.","description":"(геол.) Маса, материјал што настанал со слепување на поситни и покрупни елементи, карпа, руда и сл."},{"word":"агломерација","type":"ж.","description":"Групирање, слепување, собирање, натрупување на разнородни елементи во поголеми целини."},{"word":"агов","type":"прид.","description":"Што припаѓа на ага, што се однесува на ага. Агов имот. Агови аргати."},{"word":"аговски","type":"прид.","description":"Што се однесува на ага. Добитокот беше бележан со аговски белег."},{"word":"агол","type":"м.","description":"(мат.) Дел од рамнина ограничен со две полуправи што поаѓаат од иста точка. Прав агол. Остар агол. Тап агол. Неправилни агли."},{"word":"аголен","type":"прид.","description":"Што се наоѓа на агол. Аголна гарнитура за седење. Аголно масиче. Аголен плакар."},{"word":"агонија","type":"ж.","description":"(мед.) Состојба без свест непосредно пред смрт. Претсмртна агонија. Пеколна агонија. Пред да умре, во агонија, го побара да го види."},{"word":"Агра","type":"ж.","description":"Град во Северна Индија."},{"word":"аграр","type":"м.","description":"Општ назив за земјоделство, за земјата, за законите сврзани со земјишните односи и сл. Состојбите во аграрот. Аграрот во државата."},{"word":"аграрен","type":"прид.","description":"Што се однесува на аграр, земјиштен, земјоделски. Аграрен фонд. Аграрна реформа."},{"word":"агрегат","type":"м.","description":"(минер.) Збир, спој на еднородни или различни минерали во една целина. При навлажнување и нагло сушење на почвата се создаваат ситнозрнести агрегати. Почвени агрегати. Структурни агрегати."},{"word":"агрегатен","type":"прид.","description":"Што се однесува на агрегат, што има својство на агрегат."},{"word":"агреман","type":"м.","description":"Одобрение, согласност од една држава за прифаќање на дипломатски претставник од друга држава. Претседателот даде агреман за новиот амбасадор."},{"word":"агресивен","type":"прид.","description":"Што е склон на напаѓање, насилен, дрзок; што е непријателски настроен. Агресивна личност."},{"word":"агресивец","type":"м.","description":"Лице што е насилно, дрско."},{"word":"агресија","type":"ж.","description":"Непредизвикан напад за освојување или потчинување. Воена агресија. Јазична агресија."},{"word":"агресор","type":"м.","description":"Тој што врши агресија, напаѓач. Новата доктрина се темели на одвраќањето на потенцијалниот агресор."},{"word":"агри-","type":"претс.","description":"Како прв дел од сложенка со значење: се однесува на земјоделство. Агрикултура."},{"word":"агро-","type":"претс.","description":"Како прв дел од сложенки со значење: се однесува на земјоделство (агроекологија, агробиологија, агрохемија, агрометеорологија, агрономија, агротехника)."},{"word":"агроном","type":"м.","description":"Специјалист по агрономија; лице со завршен земјоделски факултет или друга земјоделска школа."},{"word":"агрономија","type":"ж.","description":"Наука за земјоделството."},{"word":"агротехника","type":"ж.","description":"Примена на технички средства при обработка на земјиштето."},{"word":"агруми","type":"и.","description":"Општ, заеднички назив за јужното овошје со киселкав вкус, лимон, грејпфрут и сл."},{"word":"агува","type":"несв.","description":"(истор.) Има положба на ага, е ага. Турците агуваа со определени територии."},{"word":"аѓутант","type":"м.","description":"(воен.) Офицер на служба кај некој повисок старешина. Царски аѓутант. Аѓутантот на генералот."},{"word":"аѓутантство","type":"ср.","description":"Звање, должност на аѓутант."},{"word":"ад","type":"м.","description":"(мит.) Ад – митолошки богна подземниот свет. Во домот на Ад те поздравувам."},{"word":"ада","type":"ж.","description":"Речен или езерски остров. На адата има два извора."},{"word":"адам","type":"м.","description":"Неплоден, кастриран, скопен. Не ќе бидат сите мажи адами!"},{"word":"адаптабилен","type":"прид.","description":"Приспособлив."},{"word":"адаптација","type":"ж.","description":"Преуредување, приспособување за определена функција. Зградата претрпе неколку адаптации."},{"word":"адаптер","type":"м.","description":"Уред за адаптирање елементи, апарати и сл. за некоја нова, поинаква функција. Кон телевизорот приклучивме адаптер за да го заштитиме од ненадеен прекин на електричната енергија. Адаптерот е поврзан со процесор."},{"word":"адаптерски","type":"прид.","description":"Што овозможува приспособување. Системот има адаптерски приклучок."},{"word":"адаптира","type":"св. и несв.","description":"Приспособи, приспособува за определена функција, намена. Тој го адаптира станот во работна просторија."},{"word":"адаџо","type":"прил.","description":"прил. Знак за темпо: бавно, полека."},{"word":"адвент","type":"м.","description":"(црков.) Повторно Христово доаѓање."},{"word":"адвентизам","type":"м.","description":"Учење според кое набрзо се очекува повторното доаѓање на Исус Христос на земјата, а според тоа и крајот на светот."},{"word":"адвентист","type":"м.","description":"Приврзаник на адвентизмот; саботјанин."},{"word":"адвокат","type":"м.","description":"Правен застапник, бранител на обвинето лице во кривична постапка; застапник на една страна во парнична постапка. Обвинетите ги застапуваше способен адвокат."},{"word":"адвокатува","type":"несв.","description":"Се занимава со правна дејност, работи во функција на адвокат, брани други пред суд. Соседов адвокатува веќе триесет години."},{"word":"адвокатура","type":"ж.","description":"Адвокатска дејност. Адвокатурата на млади години му донесе добра заработувачка."},{"word":"Ад-дар ал-Бајда","type":"ж.","description":"Оригиналното име на Казабланка."},{"word":"адекватен","type":"прид.","description":"Што е соодветен, еднаков, сразмерен на нешто. Адекватен поим. Адекватна примена."},{"word":"Аденски Залив","type":"м.","description":"Залив во Индискиот Океан."},{"word":"адет","type":"м.","description":"Обичај што станал некој вид закон за извесна средина; што се прави по обичај, традиција, од навика. Така е адет: невенчана невеста да не се појавува на трпеза пред гостите. Свадбарски адети. Колку за адет."},{"word":"Адис Абеба","type":"ж.","description":"Главен град на Етиопија."},{"word":"адитив","type":"м.","description":"Додаток, обично за подобрување на квалитетот на некои производи. Брашното е без адитиви. Моторното масло е со адитиви."},{"word":"адитивен","type":"прид.","description":"Што служи за подобрување на квалитетот."},{"word":"административец","type":"м.","description":"Лице што врши административни работи, што работи во администрација. Еден месец по дипломирањето го вработија како административец во судот во Скопје. Тој е обичен административец во нашата фирма."},{"word":"администратор","type":"м.","description":"Управник, оној што управува, со установа, институција, административна област. Тој е администратор во еден хотел. Тогаш него го поставуваат за администратор на целата област."},{"word":"администрација","type":"ж.","description":"Управна власт; органи на таа власт. Владина администрација."},{"word":"администрира","type":"несв.","description":"Управува со нешто бирократски, формално, не навлегувајќи во суштината на работите."},{"word":"адмирал","type":"м.","description":"Највисок чин во воената морнарица. Адмиралот изврши смотра."},{"word":"адмиралитет","type":"м.","description":"Врховна команда на воената морнарица; зграда во која се наоѓа таа. Францускиот адмиралитет ни нареди да се истовариме."},{"word":"адолесцент","type":"м.","description":"Лице во периодот на адолесценција."},{"word":"адолесценција","type":"ж.","description":"Пубертет, периодот од почетокот на пубертетот до настанувањето на зрелоста. Периодот на адолесценција изобилува со физички промени."},{"word":"адреналин","type":"м.","description":"Хормон на надбубрежната жлезда."},{"word":"адреса","type":"ж.","description":"Ознака за нечие место на живеење, име или број на определена локација. Тој е сѐ уште на старата адреса."},{"word":"адресант","type":"м.","description":"Испраќач на писмо, поштенска пратка или на порака. Адресантот беше непознат."},{"word":"адресар","type":"м.","description":"Список на адреси. Протоколарната листа содржи адресар."},{"word":"адресат","type":"м.","description":"Примач на писмо, поштенска пратка или на порака, оној кому му е нешто упатено, наменето. Институтот е адресатот за пријавите на конгресот."},{"word":"адресира","type":"св. и несв.","description":"Стави, става, напише, пишува адреса на поштенска пратка. Таа го адресираше писмото за својот пријател."},{"word":"адут","type":"м.","description":"Најсилна боја во картите за играње, најсилна карта. Ве молам, џандарот е адут во оваа игра."},{"word":"аеро-","type":"претс.","description":"Што се однесува на воздух, воздушен."},{"word":"аеродинамика","type":"ж.","description":"Дел од динамиката што ги проучува силите што настануваат со струење на воздухот (или воопшто на гасовите) и нивното дејство врз телата што се изложени на нив."},{"word":"аеродинамичен","type":"прид.","description":"Најпогоден по облик за полесно совладување на воздушниот отпор."},{"word":"аеродром","type":"м.","description":"Место уредено за полетување и за слетување, за сместување и за одржување на авиони и други летала. Цивилен аеродром. Воен аеродром. Спортски аеродром."},{"word":"аеролит","type":"м.","description":"Метеорит, парче од метеор, метеорски камен."},{"word":"аеронаут","type":"м.","description":"Авијатичар, воздухопловец."},{"word":"аеронаутика","type":"ж.","description":"Наука за воздухопловство, авијатика."},{"word":"аероплан","type":"м.","description":"Имало некакви аероплани што летаат побрзо од куршум."},{"word":"аеростат","type":"м.","description":"Воздушен балон."},{"word":"аеротранспорт","type":"м.","description":"Превоз по воздушен пат. Национален аеротранспорт. Поштенски аеротранспорт."},{"word":"аждер","type":"м.","description":"Огромно чудовиште, ала, змеј, понекогаш повеќеглав и крилат, што јаде, раскинува луѓе и животни. Аждер морски. Аждер седмоглавец."},{"word":"ажур","type":"м.","description":"Вез, плетка со шуплики."},{"word":"ажурен","type":"прид.","description":"Што е точен, уреден, што е навремен во извршувањето на задачите. Секретарката е многу ажурна."},{"word":"ажурира","type":"св. и несв.","description":"Доведе, доведува до ажурна состојба, уреди, уредува."},{"word":"азалеја","type":"ж.","description":"Украсна дрвенеста собна билка со крупни бели, розови или црвени цветови без мирис; Azalea indica."},{"word":"азбест","type":"м.","description":"Влакнест минерал што служи за изработка на несогорливи предмети (на пр. противпожарна облека и др.)."},{"word":"азбестен","type":"прид.","description":"Што е од азбест, што содржи азбест. Азбестен ковчег. Азбестна облека."},{"word":"азбука","type":"ж.","description":"Утврден ред на буквите за гласовниот систем на еден јазик. Кирилска азбука. Фонетска азбука. Македонска азбука."},{"word":"азбучен","type":"прид.","description":"Што е составен по редот на буквите во азбуката; што се однесува на азбука. Азбучна картотека. Азбучна молитва."},{"word":"азбучник","type":"м.","description":"Регистар, список по азбучен ред."},{"word":"аздиса","type":"св.","description":"Побесне од изобилство во нешто, се возгордее, се прави важен поради благосостојбата. Имаат па аздисале."},{"word":"Азербејџан","type":"м.","description":"Држава во Кавказ."},{"word":"Азија","type":"ж.","description":"Континент."},{"word":"Азијат","type":"м.","description":"Припадник на жолтата раса."},{"word":"азил","type":"м.","description":"Заштита што една држава им ја укажува на политичките емигранти од странски земји. Им даде азил на воените бегалци кога беа најзагрозени."},{"word":"азилант","type":"м.","description":"Лице што бара и користи азил."},{"word":"азимут","type":"м.","description":"(астр.) Аголот (од 0о до 360о) сметан во насоката од југ кон запад, меѓу јужниот дел на меридијанот на набљудувачот и вертикалата на набљудуваното небесно тело."},{"word":"азна","type":"ср.","description":"Благајна, ризница. Целата царска азна да ја испразниш."},{"word":"азнадар","type":"м.","description":"Благајник"},{"word":"Азовско Море","type":"ср.","description":"Море во Европа опкружено со Украина и Русија."},{"word":"Азорски Острови","type":"и.","description":"Португалски острови во северниот дел на Атлантскиот Океан."},{"word":"азот","type":"м.","description":"Гас без боја, мирис и вкус, една од главните состојки на воздухот; симбол N."},{"word":"Азот","type":"м.","description":"Област во Македонија."},{"word":"азотен","type":"прид.","description":"Што содржи азот како главен елемент. Азотни ѓубрива."},{"word":"азур","type":"м.","description":"Небесна синевина. Пукна длабокиот азур на морето."},{"word":"азурен","type":"прид.","description":"Што има боја на азур, светлосин. Азурен фустан. Азурни очи."},{"word":"аи!","type":"изв.","description":"Извик на изненада. Аи, колку пораснале!"},{"word":"аир","type":"м.","description":"Среќа, корист, добивка. Таму има аир. Од тоа нема аир."},{"word":"аирлија","type":"прид.","description":"Што носи среќа. Беа биле аирлии и тие."},{"word":"аирџија","type":"м.","description":"Човек што е среќен, што носи среќа. Аирџија си ми за на пазар."},{"word":"ај!","type":"изв.","description":"Извик за повикување. Ај дојди ваму!"},{"word":"ај","type":"чест.","description":"За истакнување и нагласување на наредната информација при што се изразуваат различни чувствени односи: одушевување, чудење, тага и сл. Ај, што ми беше една снага, една снага тенка и висока. Ај, што немам сѐ што сакам."},{"word":"ајазма","type":"ср.","description":"Осветена вода"},{"word":"ајат","type":"м.","description":"Трем, ходник, претсобје, собичка во куќата. Влегов во ајатот од куќата. Црквата имаше големи ајати со редици клупи покрај ѕидовите."},{"word":"ајва","type":"ж.","description":"Алатка за лепење со калај."},{"word":"ајван","type":"м.","description":"Животно, добиток. Селаните, качени на ајваните, одеа во Битола."},{"word":"ајвар","type":"м.","description":"Вид салата од печени, мелени и пржени пиперки. Гостите ги почести со ајвар и сирење."},{"word":"ајгар","type":"м.","description":"Коњ пастув."},{"word":"ајгарува","type":"несв.","description":"Живее разуздано."},{"word":"ајдамак","type":"м.","description":"Неранимајко, скитник. И тој ајдамак излегол со разбојници во гората."},{"word":"ајде","type":"чест.","description":"Со значење на заповед. Ајде стани развредни се! Ајде оди, не седи тука! Ајде напиј се и на ништо не мисли!"},{"word":"ајдук","type":"м.","description":"(истор.)Отпадник што се борел против турската власт. По овој настан тој стана ајдук и и се приклучи на дружината."},{"word":"ајдуков","type":"прид.","description":"Што припаѓа на ајдук. Ајдуков гроб."},{"word":"ајдукува","type":"несв.","description":"(истор.) Живее и дејствува во својство (состојба, статус) на ајдук. Меѓу нив има и такви кои со години ајдукувале. Мажите ајдукуваа и војуваа."},{"word":"ајдутин","type":"м.","description":"Толе е опасен ајдутин. Не е лесно да се биде ајдут."},{"word":"ајдутство","type":"ср.","description":"(истор.) Ајдучка дејност. Ајдутството е еден вид форма на национално движење за слобода."},{"word":"ајдутува","type":"несв.","description":"Толе ајдутуваше неколку години."},{"word":"ајдучица","type":"ж.","description":"Жена ајдук."},{"word":"ајкула","type":"ж.","description":"Голема граблива опасна риба со издолжено вретенесто тело и полукружна голема уста на долниот дел од главата; морски пес, куче; Carcharias glaucus. Го голтна некоја ајкула уште жив."},{"word":"ајлак","type":"м.","description":"Месечна плата, доход. Да се извлече месечниот ајлак за себе."},{"word":"ајле","type":"прил.","description":"Прилично, доста, многу, значително. Немаше давање-земање ајле, ајле со чаршијата."},{"word":"ајљаз","type":"м.","description":"Безделник, неработник, мрзливец, скитник."},{"word":"ајљази (се)","type":"несв.","description":"Безделничи, скита."},{"word":"ајмана","type":"ж.","description":"ајван_1"},{"word":"Ајндховен","type":"м.","description":"Град во Холандија."},{"word":"ајнц","type":"м.","description":"Вид игра со карти. Го ќарив од оној луд офицер на ајнц."},{"word":"ајс!","type":"изв.","description":"Извик за терање на воловите при орање."},{"word":"ајта","type":"ж.","description":"Широк, бел празничен фустан. Ветерот ја развејува белата ајта."},{"word":"ак","type":"м.","description":"Плата, награда. Си го зема акот, а службата не си ја врши."},{"word":"ака","type":"несв.","description":"Скита, оди, шета без некаква цел и без потреба; талка. Тој ака по кафулиња."},{"word":"Акад","type":"м.","description":"Припадник на древен народ во Месопотамија."},{"word":"академец","type":"м.","description":"Ученик во воена академија. Тој е академец од првата повоена генерација."},{"word":"академизам","type":"м.","description":"Одделување на науката од животот, претерано теоретизирање, научен формализам, затврдени школски форми, особено во уметноста. Со вдахновен актерски чин го облагородува креативниот израз, лишен од манирите на академизмот."},{"word":"академија","type":"ж.","description":"Назив на највисока научна или уметничка установа. Македонска академија на науките и уметностите. Француска академија на науките."},{"word":"академик","type":"м.","description":"Член на академија на науките."},{"word":"академски","type":"прид.","description":"Што се однесува на академија на науките и на академик. Академско гледиште."},{"word":"акал","type":"м.","description":"Ум, памет. Кај ти беше акалот!"},{"word":"акалец","type":"м.","description":"Нерез, нескопено домашно животно, обично коњ или крмнак."},{"word":"аквамарин","type":"м.","description":"(мин.) Проѕирен полускапоцен камен со боја како морската вода."},{"word":"акварел","type":"м.","description":"Водна, посна боја. Повеќето слики се во масло и во акварел."},{"word":"акварелен","type":"прид.","description":"Што е насликан со акварел."},{"word":"акварелист","type":"м.","description":"Лице што слика акварели."},{"word":"аквариум","type":"м.","description":"Сад, обично стаклен, или базен со вода за негување на водени билки и животни. Во аквариумот имаше црни морски ежови."},{"word":"акватинта","type":"ж.","description":"Графичка техника на длабоко печатење. Најрафинирани резултати уметникот постигнува во акватинта."},{"word":"акведукт","type":"м.","description":"Стар водовод, поставен врз градба во вид на мост со повеќе лакови. Римски акведукт."},{"word":"аквизитер","type":"м.","description":"Собирач на огласи, муштерии или претплатници; трговски посредник. Го отстрани наметливиот аквизитер."},{"word":"акламација","type":"ж.","description":"Едногласно одобрување. Публиката со бурна акламација го покажа задоволството од претставата."},{"word":"акламира","type":"несв.","description":"Одобрува, гласно прифаќа. Публиката бурно акламираше."},{"word":"аклија","type":"прид.","description":"Што има ак, што има право. Како да кажам, аклија е кметот."},{"word":"аклиматизација","type":"ж.","description":"Приспособување на живите организми кон нова средина или кон поинакви климатски услови;"},{"word":"аклиматизира","type":"св. и несв.","description":"Приспособи, приспособува кон туѓа клима"},{"word":"акмак","type":"м.","description":"Глупак, будала. Отец игуменот повела! – се вели, акмаку!"},{"word":"акна","type":"ж.","description":"Мозол, мозолка; кожна болест во вид на брончиња и гнојници. Лицето и беше цело со акни."},{"word":"акне","type":"св.","description":"Удри силно. Фидан го акна кучето со еден стап."},{"word":"ако","type":"чест.","description":"Со значење на одобрување како дополнување на исказот; добро, нека. Ако ќерко, ти само оди. Ако, ако, нека, нека, и ова еднаш да се сврши."},{"word":"ако","type":"сврз.","description":"Во зависносложена реченица го воведува условот искажан со зависната реченица, кој може или можел да се исполни, од што се определува и извршувањето или неизвршувањето на дејството во главната реченица. Ако го преживеам овој ден, ќе ти бидам благодарен целиот живот. Ако учев, ќе научев. Ако купев ќе имав."},{"word":"акомодација","type":"ж.","description":"Приспособување, акомодирање."},{"word":"акомодира се","type":"св. и несв.","description":"Се приспособи, се приспособува кон нешто."},{"word":"Аконкагва","type":"ж.","description":"Планински врв во Јужна Америка."},{"word":"аконтација","type":"ж.","description":"Однапред дадени пари во помал износ од вредноста на трудот, улогата или на стоката; аванс, заем."},{"word":"акорд","type":"м.","description":"Созвучје, истовремено звучење на три или повеќе тонови со различна висина. Последните акорди замреа."},{"word":"акордеон","type":"м.","description":"Стар музички инструмент, сличен на рачна хармоника."},{"word":"Акра","type":"ж.","description":"Главен град на Гана."},{"word":"акран","type":"м.","description":"Лице што е еднакво, рамно во нешто: врсник, партнер, прилика."},{"word":"акредитив","type":"м.","description":"Писмено овластување на дипломатски претставник кај влада на друга земја. Амбасадорот му ги предаде акредитивите на претседателот веднаш по пристигнувањето во земјата."},{"word":"акредитира","type":"св. и несв.","description":"(дипл.) Назначи, назначува некого за дипломатски претставник во туѓа земја."},{"word":"акреп","type":"м.","description":"(зоол.) Скорпија; Euscorpus carpathicus. До прозорецот голем сад со акрепи во зејтин."},{"word":"акрибија","type":"ж.","description":"Целосна совесност, внимателност, точност, особено во научната работа. Автор е на неколку книги што ги следат со хронолошка акрибија сите пројави."},{"word":"акробат","type":"м.","description":"Артист во циркус, изведувач на гимнастички опасни подвизи со превртување и скокање во воздух. Лебдеше како недоволно обучен акробат по високо распната жица."},{"word":"акробатика","type":"ж.","description":"Вештина на изведување тешки, опасни вежби кои бараат голема подвижност."},{"word":"акробација","type":"ж.","description":"Смела, тешко изводлива вежба што бара голема вештина: во гимнастика, во авијација, во циркус. Изведува разни гимнастички акробации."},{"word":"акропол","type":"м.","description":"Тврдина на височина во старите грчки градови. Секогаш кога патував ќе здогледав некој грчки акропол и неговиот град."},{"word":"акростих","type":"м.","description":"Песна во која почетните, а понекогаш и крајните букви од стиховите даваат некое име или некој збор."},{"word":"аксиологија","type":"ж.","description":"Теорија, учење за вредностите. Аксиологијата ги проучува вредностите што секоја монема ги остварува во контекстите во кои се среќава."},{"word":"аксиом","type":"ж.","description":"Толку очигледна вистина што не е потребено нејзиното докажување; основна вистина, појдовно начело. Тоа од народот е прифатено како аксиома"},{"word":"акт","type":"м.","description":"Чин, дело, постапка, работа. Политички акт. Акт на реваншизам. Нехуман акт."},{"word":"актант","type":"м.","description":"Замислен или реален елемент на текст, чие значење носи некоја порака. Еден актант од овој модел се идентификува со еден елемент."},{"word":"актер","type":"м.","description":"Лице што настапува во театарски претстави или на филм; артист. Главен актер. Просечен актер."},{"word":"актерство","type":"ср.","description":"Актерска игра. Таквите поетски гестови се вистинско актерство."},{"word":"актив","type":"м.","description":"Организирана група луѓе што се истакнува особено во вршењето на некаква дејност. Активот на жените организираше посета на црквата. Има неколку активи каде што се собираат луѓе со најразлични интереси, но со иста цел."},{"word":"актива","type":"ж.","description":"Целокупниот имот и сите побарувања;"},{"word":"активен","type":"прид.","description":"Вреден, трудољубив, енергичен; што работи, што е во служба. Таа е многу активна, успева сѐ да заврши и наоѓа време и за пријателите."},{"word":"активира","type":"св. и несв.","description":"Поттикне, поттикнува кон засилена активност, дејство. Откако ја заврши гимназијата тој ги активира сите другари во спортот."},{"word":"активист","type":"м.","description":"Активен член на некоја група, заедница; човек што се занимава активно со политика или со некоја друга работа. Тој е голем активист. Активистите ја направија програмата и ја реализираа."},{"word":"активност","type":"ж.","description":"Дејствување, работа. Учениците покажаа голема активност на часовите."},{"word":"актинидија","type":"ж.","description":"Суптропско овошно дрво, што расте како лозата, со плодови со влакнеста тенка обвивка, однадвор кафеави, внатре зеленкасти со киселкав вкус; киви."},{"word":"актовка","type":"ж.","description":"Едночинка, драмски текст во еден чин."},{"word":"актуализација","type":"ж.","description":"Обновување, осовременување, доведување во важност за сегашниот момент, за сегашноста. Со претставувањето на текстовите се врши нивна актуализација."},{"word":"актуализира","type":"св. и несв.","description":"Направи, прави да биде нешто актуелно, да стане важно во сегашниот момент. Комисијата го актуализира прашањето за акцизите."},{"word":"актуелен","type":"прид.","description":"Современ. Ова е актуелно дело што ги следи сите најнови движења. Овие теми се актуелни."},{"word":"акумулатор","type":"м.","description":"Складиште на електрична енергија,апарат во кој се собира резервна електрична енергија. Акумулаторот е веќе на дотрошување."},{"word":"акумулаторски","type":"прид.","description":"Што има својство да претставува складиште на енергија. Акумулаторски систем."},{"word":"акумулација","type":"ж.","description":"Насобирање, натрупување. Таквата постапка значи акумулација на капиталот."},{"word":"акумулира","type":"св. и несв.","description":"Насобере, насобира нешто на едно место. Фондот ги акумулира средствата во неколку сектори."},{"word":"акупунктура","type":"ж.","description":"Начин на лекување болести со забодување игли во кожата, примен од традиционалната кинеска и јапонска медицина. Со помош на акупунктура тој ослабна десет килограми."},{"word":"акуратен","type":"прид.","description":"Што е точен, уреден, прецизен."},{"word":"акустика","type":"ж.","description":"Наука за звукот."},{"word":"акустичен","type":"прид.","description":"Што се однесува на акустиката. Акустичен преглед. Акустичен впечаток."},{"word":"акутен","type":"прид.","description":"Што е остар, силен, жесток."},{"word":"акушер","type":"м.","description":"Лекар, медицинско лице специјализирано за породување."},{"word":"акушерски","type":"прид.","description":"Што се однесува на акушер, акушерка и акушерство. Акушерски оддел. Акушерско одделение."},{"word":"акушерство","type":"ср.","description":"Медицинска дејност што го опфаќа предродилниот и родилниот период кај жените."},{"word":"акцелератор","type":"м.","description":"Забрзувач, уред за забрзување на наелектризираните честички до саканата брзина."},{"word":"акцелерација","type":"ж.","description":"Забрзување."},{"word":"акцент","type":"м.","description":"(лингв.) Гласовно истакнување на определен слог или збор. Акцентот е на третиот слог од крајот на зборот;"},{"word":"акцентира","type":"св. и несв.","description":"Нагласи, нагласува, изговори, изговара со поголема сила на глас одделен слог од зборот. Тој по грешка го акцентираше вториот слог од крајот на зборот."},{"word":"акцентуација","type":"ж.","description":"Акцентирање, нагласување. Неговото зборување е впечатливо затоа што има необична акцентуација."},{"word":"акцепт","type":"м.","description":"Потпис на правен документ како обврска за исплаќање."},{"word":"акцептација","type":"ж.","description":"Прифаќање, согласност."},{"word":"акцептира","type":"св. и несв.","description":"Прифати, прифаќа, прими, прима, усвои, усвојува. Авторот постојано ги акцептира промените во духовниот живот на времето."},{"word":"акциза","type":"ж.","description":"Дополнителен интервентен данок, главно на луксузна стока. Владата ги намали акцизите за автомобилите."},{"word":"акција","type":"ж.","description":"Работа, дејност, дејство. Работна акција. Политичка акција."},{"word":"акцијаш","type":"м.","description":"Учесник во работна акција. Акцијашите ја изградија пругата."},{"word":"акционер","type":"м.","description":"Сопственик на акции."},{"word":"акчија","type":"м.","description":"Готвач или сопственик на акчилница. Да земе парче сирење и неколку кебапи од акчијата."},{"word":"акчилница","type":"ж.","description":"Гостилница."},{"word":"акшам","type":"м.","description":"Прв вечерен мрак, самрак."},{"word":"ал","type":"м.","description":"Беда, неволја, несреќа. Не си го гледаш алот и таксиратот! Од староста ал поголем нема."},{"word":"ал","type":"прид.","description":"Отвореноцрвен, алов. Ал трендафил. Ал пипер."},{"word":"ала","type":"несв.","description":"Бара без план и без определена насока на движење; џбара. Синот алаше низ куќата и го наала клучот."},{"word":"ала","type":"ж.","description":"Аждер. Жртви се на тие алчни али. Се зададе бесна ала."},{"word":"алабак","type":"м.","description":"Будала, глупак. Оти бре, алабаку, не си ми кажал?"},{"word":"алабастер","type":"м.","description":"Градежен материјал, ситно зрнест гипс со бела боја."},{"word":"алајка","type":"ж.","description":"Слугинка. Ќе живее како пашица во убави сараи, со алајки по неа."},{"word":"алал","type":"м.","description":"Благослов, желба некому нешто да му биде од корист, убаво. Да му е алал кој го измисли овој ден. Алал ти вера, дедо."},{"word":"аландарка","type":"ж.","description":"Жена скитничка, алапачка, што шета по куќи. Шетала како аландарка нагоре-надолу."},{"word":"Аландски Острови","type":"и.","description":"Фински острови во Балтичкото Море."},{"word":"алапачка","type":"ж.","description":"Жена што зборува брзо и многу, што прекажува, што озборува; брбливка. Што се дружиш со вакви алапачки?"},{"word":"аларм","type":"м.","description":"Тревога. Силното пиштење на сирената даде знак за аларм."},{"word":"алармантен","type":"прид.","description":"Предупредувачки. За него настанот беше алармантен знак за да се започнат подготовките. Алармантна појава. Алармантни реакции."},{"word":"алармен","type":"прид.","description":"Што служи за означување аларм. Во банката имаше алармни уреди на секој чекор. Алармното ѕвонче се огласи."},{"word":"алармира","type":"св. и несв.","description":"Даде, дава знак за тревога, предупреди, предупредува. Истрелот ја алармира полицијата, која ја растера толпата. Нискиот стандард постојано алармира."},{"word":"алат","type":"м.","description":"Орудие или прибор за еден занает или за рачна работа. Си го продаде и алатот од ковачницата. Ја зеде торбичката со алатите."},{"word":"алатка","type":"ж.","description":"Орудие, одделно парче од алатот."},{"word":"алатница","type":"ж.","description":"Просторија каде што се прави или чува алатот. Се слушаше чукање од алатницата."},{"word":"алатничар","type":"м.","description":"Лице што произведува алат или машини за производство на алати."},{"word":"Алах","type":"м.","description":"Бог кај муслиманите. Го спомнува името на мојот Алах. Алах те благословил."},{"word":"алаџа","type":"ж.","description":"Памучна ткаенина со надолжни линии. Од шарената алаџа се изработувани машките и женските елеци."},{"word":"алашвереш","type":"м.","description":"Трговија, пазар. Го уцени и направи еден алашвериш."},{"word":"албанизира","type":"св. и несв.","description":"Направи, прави нешто да добие албанско обележје, да стане албанско."},{"word":"Албанија","type":"ж.","description":"Држава на Балканскиот Полуостров."},{"word":"албанолог","type":"м.","description":"Лице што се занимава со проучување на албанскиот јазик, литература, култура и сл. Собир на албанолозите."},{"word":"албанологија","type":"ж.","description":"Наука што се занимава со проучување на албанскиот јазик, литература, култура и сл."},{"word":"албатрос","type":"м.","description":"Морска птица што лета на многу големи растојанија над површината на морето; Diomedea exulans. Албатросот прави несмасни движења кога оди, но е елегантен кога лета."},{"word":"албинизам","type":"зам.","description":"Вроден недостиг на пигменти во кожата кај луѓето и животните, поради што кожата и влакната изгледаат бели, а очите црвени. Вроден недостиг на меланин е албини"},{"word":"албум","type":"м.","description":"Книга за чување фотографии, цртежи, исечоци, поштенски марки и сл. Ќе ви го донесам албумот, па одберете фотографија."},{"word":"албумин","type":"м.","description":"Белковина што е составен дел на животинските и растителните организми. Албумините се растворливи во вода."},{"word":"алва","type":"ж.","description":"Сладок десерт од брашно, гриз, шеќер и масло. Бела алва. Домашна алва. Таан алва."},{"word":"алваџија","type":"м.","description":"Лице што произведува или што продава алва."},{"word":"алга","type":"ж.","description":"Водна билка без корен, жили и без цвет со растителна боја (хлорофил). Мириса на сол и алги, на риби и птици."},{"word":"алгебра","type":"ж.","description":"Гранка од математиката што ги проучува операциите со општи броеви."},{"word":"алгоритам","type":"м.","description":"Ефективен метод во сметањето со кој од дадени појдовни податоци се доаѓа до бараниот резултат. Математички алгоритам."},{"word":"алегорија","type":"ж.","description":"(лит.) Сликовит начин на изразување на апстрактните поими. Под вид на пародија се провлекуваат алегории и илузии."},{"word":"алегоричен","type":"прид.","description":"Што е во облик на алегорија, завиен. Алегориченначин."},{"word":"алегро","type":"прил.","description":"прил. Весело, живо, брзо."},{"word":"алеја","type":"ж.","description":"Пат, премин, шеталиште со дрворед. Тревна алеја. Песочна алеја. Алеја на великаните."},{"word":"Александрија","type":"ж.","description":"Пристаништен град во Египет."},{"word":"алелуја","type":"изв.","description":"Припев во црковните песни со значење: фалете го Бога."},{"word":"алем-камен","type":"м.","description":"Скапоцен камен, дијамант."},{"word":"ален","type":"прид.","description":"Алов, светлоцрвен. Ален цвет. Усни алени."},{"word":"алергија","type":"ж.","description":"Пречувствителност на организмот на извесни материи. Ме фаќаше алергија секоја пролет."},{"word":"алергичен","type":"прид.","description":"Што страда од алергија, што покажува алергија."},{"word":"Алеутски Острови","type":"и.","description":"Острови во Тихиот Океан."},{"word":"Алжир","type":"м.","description":"Држава во Африка."},{"word":"Алжир","type":"м.","description":"Главен град на Алжир."},{"word":"алиби","type":"ср.","description":"Доказ дека обвинетиот во мигот на извршувањето на делото бил на друго место, а не на она каде што е извршено кривичното дело. Во времето кога сето тоа се случило сопругата на умрениот била кај својата мајка, така што обете имаат алиби."},{"word":"алигатор","type":"м.","description":"Вид крокодил што живее во некои реки во Америка и Азија; Alligator missipiensis. Рикањето на алигаторите ја прекинуваше ноќната тишина."},{"word":"алиенација","type":"ж.","description":"Отуѓување."},{"word":"алијанса","type":"ж.","description":"Сојуз, лига, коалиција меѓу држави. Света алијанса. Алијанса на народите."},{"word":"алиментација","type":"ж.","description":"Судски определен износ за издржување на некое лице (жена, дете и др.). Неодамна се разведе од сопругата и му успеа да не плаќа алиментација за децата."},{"word":"алинеја","type":"ж.","description":"Дел, став, пасус, параграф во текст. Веќе во наредната алинеја писателот употребува категоријално мислење."},{"word":"алипен","type":"прид.","description":"Што е накажан, сакат, повреден, оштетен. Па не сум јас ниту сакат, ниту алипен, Боже брани!"},{"word":"алитерација","type":"ж.","description":"Повторување на исти или слични гласови во повеќе зборови; два или повеќе збора едноподруго почнуваат со иста согласка. Дојдов дома, донесов дожд."},{"word":"алишта","type":"и.","description":"Руба, облека. Невестински алишта. Градски алишта. Војнички алишта. Свештенички алишта."},{"word":"алиште","type":"ср.","description":"Парче од облека: костум, фустан и др. Ќе ми донесеш нишан, некое алиште, некое парталче. Полите му се растворија и се виде алиште не многу пристојно за гледање."},{"word":"Алјаска","type":"ж.","description":"Сојузна држава во САД."},{"word":"алка","type":"ж.","description":"Белезица, обрач, обично од метал, за на раце, на нозе, на врат што се носи како накит, предмет во форма на затворен круг. Жените таму како украс вденуваат алка во носот."},{"word":"алкотест","type":"м.","description":"Утврдување на количина алкохол во крвта."},{"word":"алкохол","type":"м.","description":"Безбојна, испарлива и запаллива течност добиена со дестилација на шеќери. Алкохолот се користи како составен дел од некои лекови."},{"word":"алкохолен","type":"прид.","description":"Што содржи алкохол, како главно својство со кое се определува. Алкохолен пијалак."},{"word":"алкохолизам","type":"зам.","description":"Претерано консумирање алкохол, проследено со постојано труење на организмот. Во државата има голем процент на алкохоли"},{"word":"алкохолизира","type":"св. и несв.","description":"Стави, става алкохол во течност, направи, прави да има алкохол во определена течност."},{"word":"алкохоличар","type":"м.","description":"Зависник од алкохол, тој што претерано пие алкохол, пијаница."},{"word":"Алма Ата","type":"ж.","description":"Поголем град во Казахстан."},{"word":"алманах","type":"м.","description":"Годишник. Во градот циркулираше некој примерок под наслов „Алманах 1932"."},{"word":"ало!","type":"изв.","description":"За довикување и одзивање, особено во телефонски разговор. Ало, ало, дајте ми врска! – Ало, ало ... – гледа во слушалката, се чуди, моли."},{"word":"алов","type":"прид.","description":"Отвореноцрвен. Алово цвеќе. Алово знаме."},{"word":"аловина","type":"ж.","description":"Црвенило. Гасне вечерната аловина, гасне во аловината на крвта."},{"word":"алогичен","type":"прид.","description":"Што нема во себе логика, на кој му недостасува здраво расудување. Овој склоп не е ниту алогичен, ниту бесмислен, напротив."},{"word":"Алпи","type":"и.","description":"Планински масив во Европа."},{"word":"алпинец","type":"м.","description":"Спортист во алпска дисцплина, скијање и сл."},{"word":"алпинизам","type":"м.","description":"Вид спорт – искачување на многу високи и тешко достапни планински места и врвови. Го претпочиташе алпинизмот затоа што ги сакаше планините."},{"word":"алпинист","type":"м.","description":"Лице што се занимава со алпинизам, планинар. Овој алпинист се качи на највисокиот врв."},{"word":"алпски","type":"прид.","description":"Што се однесува на Алпите, што расте или живее на Алпите. Алпски врвови. Алпски снегови. Алпско млеко. Алпски дисциплини."},{"word":"алт","type":"м.","description":"(само едн.) Длабок женски глас. Жена му запеа со треперливиот алт."},{"word":"алтан","type":"м.","description":"Златна пара, златник, дукат. Невестинска низа алтани. Алтаните тешко се печалат."},{"word":"алтанлија","type":"прид.","description":"Што е од злато. Прстен алтанлија. Срмен колан алтанлија."},{"word":"алтернатива","type":"ж.","description":"Избор меѓу две или повеќе можности. Тие сега имаат алтернатива да заминат од овие пропаднати фирми. Тоа е мојата алтернатива."},{"word":"алтернативен","type":"прид.","description":"Што може да се јави како дополнителен избор. Алтернативно решение. Алтернативна медицина."},{"word":"алтернација","type":"ж.","description":"Промена, замена на едно со друго."},{"word":"алтипатлак","type":"м.","description":"Револвер со шест куршуми. Кај туфекчиите беше највесело: пукотници од пушки и од алтипатлаци."},{"word":"алтица","type":"ж.","description":"Парче текстил со кое се закрпува скината облека. Конец со конец и алтица на алтица крпено. Тој шие алтици на скинатите ѕиври."},{"word":"алтруизам","type":"м.","description":"Несебичен, човекољубив однос кон другите, љубов и пожртвување, ставање на туѓиот интерес пред личниот."},{"word":"алтруист","type":"м.","description":"Лице што е во мислењето и во работата управувано од љубовта кон ближните; човекољубец. Се запознавме со лик на алтруист што ќе замине од светов надвивајќи ги сите понижувања."},{"word":"алудира","type":"св. и несв.","description":"Зборувајќи на индиректен начин потсети, потсетува, укаже, укажува на нешто или на некого. Во својот осврт критичарот алудира на некои најнови појави"},{"word":"алузија","type":"ж.","description":"Посредно укажување на нешто што не се споменува преку тоа што се искажува. Неговите убави зборови, кажани иронично, претставуваа некаква маглива алузија за големата болка што му ја создаде таа."},{"word":"алуминиум","type":"м.","description":"Елемент од групата лесни метали со сребренобела боја, симбол Al. Тој од ситни парчиња месинг и алуминиум, изработуваше мали гривни за рацете и за нозете."},{"word":"алфа","type":"ж.","description":"Првата буква од грчката азбука."},{"word":"алфабет","type":"м.","description":"Името на грчката азбука."},{"word":"Ал Фашир","type":"м.","description":"Главен град на Дарфур."},{"word":"алхемија","type":"ж.","description":"Средновековна хемија која се занимавала со барање „камен на мудроста“ и „еликсир на животот“."},{"word":"алхемичар","type":"м.","description":"Лице што се занимава со алхемија. Ми заличи на средновековен алхемичар, неспокоен, со вжарени очи."},{"word":"алчак","type":"м.","description":"Крадец, мангуп, неранимајко. Види го каков алчак е, а каков убав глас има."},{"word":"алче","type":"ср.","description":"Вдлабнат дел на чашката на коленото."},{"word":"алчен","type":"прид.","description":"Што е грабежлив, што е ненаситен. Алчен за пари."},{"word":"ам","type":"м.","description":"Запрежна коњска опрема. Тој продаваше амови по панаѓурите."},{"word":"ам!","type":"изв.","description":"Во детскиот јазик – извик со кој се изразува дејството на лапање, касање. Децата викаат како чавчиња, весело: ам, ам."},{"word":"ама","type":"чест.","description":"а) При изразување чудење, изненадување. Ама јадење сторивме! Ама работа имало овде! б) арно ама. За воведување спротивставување на претходно кажаното; добро ама, меѓутоа. Сите си легнале, арно ама, по некое време некој затропал на вратата."},{"word":"ама","type":"сврз.","description":"За поврзување зборовни групи и реченици кои се содржински спротивставени, карактеристичен за разговорниот јазик и за уметничколитературниот стил. Сѐ земи, ама не оставај ме. Не сакав да дојдам, ама ме донесоа."},{"word":"Амазон","type":"м.","description":"Река во Јужна Америка."},{"word":"Амазонија","type":"ж.","description":"Област во Бразил, по течението на реката Амазон."},{"word":"амазонка","type":"ж.","description":"(мит.) Припадничка на воинствено племе жени, жена-војник. Каде сте чуле сирени и амазонки да се капат облечени?"},{"word":"амајлија","type":"ж.","description":"Мал предмет, со запис или без запис, што се носи со себе како заштита од несреќа, болест, уроци, според верувањето на некои. Беше убеден дека куршум не го фаќа, бидејќи го штити амајлијата."},{"word":"амал","type":"м.","description":"Носач. Тој работеше неколку години како амал на пристаништето."},{"word":"амалгам","type":"м.","description":"(хем.) Легура од жива со други метали. На овој начин се создава амалгам на живата со калиумот."},{"word":"амалгамира","type":"св. и несв.","description":"Направи, прави амалгам, спои, спојува цврсто и неразделно. Постапното загревање ги амалгамира живата и натриумот."},{"word":"амалува","type":"несв.","description":"Работи како амал, е амал. Тој амалува по цел ден."},{"word":"амам","type":"м.","description":"Турска бања со парење. Вечер да одиш на амам, да се истриеш."},{"word":"амамџија","type":"м.","description":"Сопственик на амам."},{"word":"аман","type":"изв.","description":"немен. Милост, спас. Аман не му дава."},{"word":"Аман","type":"м.","description":"Главен град на Јордан."},{"word":"амандман","type":"м.","description":"Додаток на усвоен устав, закон, резолуција и сл. со кој се врши дополнување или измена."},{"word":"аманет","type":"м.","description":"Доверување на чување или извршување на нешто, потпирајќи се на чест, доверба, препорака; завет."},{"word":"амарилис","type":"м.","description":"Украсно растение со крупни цветови свртени еден спроти друг, народен назив – јатрви; Amaryllis."},{"word":"аматер","type":"м.","description":"Лице што се занимава со нешто (со уметност, наука, спорт и др.) од љубов, попатно, а не професионално. Во современиот фонд на уметноста спаѓаат и тие нови творби на аматерите и професионалците."},{"word":"аматеризам","type":"м.","description":"Работа, дејност на аматери."},{"word":"амбалажа","type":"ж.","description":"Материјал што служи за пакување. Пивска амбалажа. Картонска амбалажа."},{"word":"амбалажен","type":"прид.","description":"Што служи за амбалажа."},{"word":"амбар","type":"м.","description":"Дрвена зграда за зрнеста храна; магацин. Мажите истоварија јачмен и 'рж по амбарите."},{"word":"амбасада","type":"ж.","description":"Дипломатско претставништво од прв степен. Песните во оригинал на шпански ги читаше претставник на чилеанската амбасада."},{"word":"амбасадор","type":"м.","description":"Дипломатски претставник од прв степен. Слушам јас за дипломатијата, само не знам за која земја го токмите амбасадор."},{"word":"амбер","type":"м.","description":"Мирислива смола со која се кадат собите на Исток."},{"word":"амберија","type":"прид.","description":"Што мириса на амбер."},{"word":"амбивалентен","type":"прид.","description":"Што има двојна вредност. Амбивалентен живот."},{"word":"амбиент","type":"м.","description":"Средина во која човекот живее и работи. Битов амбиент. Пригоден амбиент. Селски амбиент."},{"word":"амбиентален","type":"прид.","description":"Што се однесува на амбиент. Амбиентален колорит. Амбиентална музика. Амбиентални вредности."},{"word":"амбис","type":"м.","description":"Бездна, пропаст. Сѐ е улав сон што ме влече во темен амбис. Страшен амбис се отвори на патот."},{"word":"амбиција","type":"ж.","description":"Силна желба да се направи, да се постигне нешто, стремеж кон слава, кон успех и сл. Тој има големи амбиции."},{"word":"амбициозен","type":"прид.","description":"Што има, што покажува амбиција, што е проникнато со амбиција. Амбициозен студент. Амбициозен план. Амбициозен проект."},{"word":"амбицира се","type":"св. и несв.","description":"Покаже, покажува, пројави, пројавува амбиција. Откако влезе во новата фирма, тој се амбицира и мислеше само на работата."},{"word":"амблем","type":"м.","description":"Симбол, ознака со која се обележува нешто. Тие носеа маици со амблемот на фудбалскиот клуб."},{"word":"амблемен","type":"прид.","description":"Што се однесува на амблем. Амблемна песна."},{"word":"амброзија","type":"ж.","description":"(мит.) Храна на грчките богови што дава младост и бесмртност."},{"word":"амброзиски","type":"прид.","description":"Боговски, натприроден. Амброзиски бесмртни јасли."},{"word":"амбуланта","type":"ж.","description":"Здравствена установа за прием на болни и за укажување лекарска помош без задржување. Забна амбуланта. Ветеринарна амбуланта. Дежурна амбуланта."},{"word":"амбулантен","type":"прид.","description":"Што се однесува на амбулантна кола."},{"word":"амвон","type":"м.","description":"Издигнато место во црквата за проповед. Тие од амвоните великодушно им делеа благослови на уплашените дојденци во црквата."},{"word":"амеба","type":"ж.","description":"Најпрост едноклеточен жив организам; Amoeba."},{"word":"американ","type":"м.","description":"Вид ткаенина, грубо небелено платно. Здолништето беше направено од американ."},{"word":"американизација","type":"ж.","description":"Процес преку кој се прави нешто да стане американско, со американско обележје."},{"word":"американизира","type":"св. и несв.","description":"Направи, прави нешто да добие американско обележје, да стане американско. Мисионерите американизираа дел од населението."},{"word":"аметист","type":"м.","description":"Полускапоцен камен, проѕирен кристален кварц со виолетова боја. Прстите до зглобовите ѝ беа покриени со опали, аметисти и смарагди."},{"word":"ами","type":"сврз.","description":"а) За поврзување зборовни состави и реченици кои се спротивставени. Тој не јадеше, ами голташе ненаситно. Тоа не биле девојки, ами недораснати моми. б) не само... ами и. Сврзнички спој на дистанција со кој се воспоставува основен сооднос на надоврзување, поточно на градација. Таа треба да мисли не само за себе ами и за она девојче што е со неа."},{"word":"ами","type":"чест.","description":"За изразување неверување во искажаното во наредниот исказ. Ами, како да не и тоа ќе се случело."},{"word":"амин","type":"изв.","description":"Означување крај на молитва, со значење: вистина е, така е. На секое амин луѓето се крстеа. Сега и во сите времиња, амин."},{"word":"аминува","type":"несв.","description":"Без размислување почитува нечија волја, прифаќа нешто без да размисли. Насобраните селани само аминуваа, а длабоко во срцето чувствуваа омраза."},{"word":"аминџија","type":"м.","description":"Поддржувач на некого или на нечија идеја или став без размислување. Во селото имаше неколку аминџии на чорбаџијата."},{"word":"амка","type":"несв.","description":"Се обидува да касне малку од нешто, поврзано со обичај за Прочка. Во собата децата го амкаа јајцето."},{"word":"амнезија","type":"ж.","description":"Губење на способноста за паметење. По несреќата човекот имаше амнезија."},{"word":"амнестија","type":"ж.","description":"Акт на законодавно тело со кој на осудениот делумно или целосно му се укинува правосилно изречената казна; помилување. Сите затвореници добија амнестија. Претседателот донесе указ за амнестија."},{"word":"амнестира","type":"св. и несв.","description":"Даде, дава амнестија. Владата ги амнестира сите политички затвореници."},{"word":"амонијак","type":"м.","description":"Безбојно гасно соединение на азот и водород; воден раствор на гасот. Сегашната светска продукција на азотни минерални ѓубриња првенствено се базира на синтетички амонијак."},{"word":"аморален","type":"прид.","description":"Што е без чувство за морал; неморален. Обвинението, а и некои сведоци, го товарат како асоцијален, неодговорен, аморален и бескарактерен човек."},{"word":"амортизација","type":"ж.","description":"Ублажување на физичко дејство. Хидрауличната амортизација овозможува долготрајно користење на овие машини."},{"word":"амортизер","type":"м.","description":"Направа, дел од возилото, од машина што служи за ублажување на ударите при движење. Новите амортизери се безбедно средство за заштита на машината."},{"word":"амортизира","type":"св. и несв.","description":"Ублажи, ублажува потрес при физичко дејство, овозможи, овозможува помала силина на физичкото дејство. Хидрауличната преса го амортизира притисокот врз предметот."},{"word":"аморфен","type":"прид.","description":"(мин.) Што нема кристална структура."},{"word":"ампер","type":"м.","description":"Единица за мерење на јачината на електричната струја."},{"word":"амперметар","type":"м.","description":"Инструмент за мерење на јачината на електричната струја."},{"word":"амплитуда","type":"ж.","description":"(физ.) Најголема оддалеченост од положбата на рамнотежа при нишање, најголема вредност што ја достигнува некоја величина што е подложена на периодични промени. Зголемување на амплитудата на движењата."},{"word":"амплитуден","type":"прид.","description":"Што се однесува на амплитуда."},{"word":"ампула","type":"ж.","description":"(фарм.) Херметички затворено стаклено шишенце со лек, раствор, серум и сл. за инјекција."},{"word":"ампутација","type":"ж.","description":"(мед.) Хируршко отстранување на дел од телото. Во хируршкиот центар докторите му извршија ампутација на едната нога."},{"word":"ампутира","type":"св. и несв.","description":"Изврши, извршува ампутација."},{"word":"Амстердам","type":"м.","description":"Главен град на Холандија."},{"word":"Амур","type":"м.","description":"Река во Азија."},{"word":"амут","type":"м.","description":"Дел од коњска запрежна опрема кој се става на вратот на коњот. Беше слабичко животно, грбот му беше полн рани од амутите."},{"word":"амфибија","type":"ж.","description":"(биол.) а) Водоземец, животно кое живее и на копно и во вода (жаба, дождовник). Амфибијата навлегуваше во таинствениот успиен и студен океан. б) Билка која расте и на земја и во вода (трска, дива перуника)."},{"word":"амфитеатар","type":"м.","description":"Театар или циркус кај старите Грци и Римјани со кружни или полукружни скалесто поставени седишта. Тоа е огромен простор со ѕидови, влажни камења, столбови и еден амфитеатар – тука понекогаш се прикажуваа антички драми."},{"word":"амфитеатрален","type":"прид.","description":"Што има облик на амфитеатар."},{"word":"амфора","type":"ж.","description":"Земјен сад со тесно грло и дно, со две рачки. Стара амфора. Потоната амфора. Разбиена амфора."},{"word":"ан","type":"м.","description":"Гостилница со преноќиште, селска и друмска меана. Спиеја во анот, покрај патот."},{"word":"анабаптизам","type":"м.","description":"Христијанска секта што бара повторно крштевање на зрела возраст, кога човекот ќе стане свесен за тој чин."},{"word":"анабаптист","type":"м.","description":"Припадник на анабаптистичка секта."},{"word":"анаграм","type":"м.","description":"Загатка што се добива со обратно читање или со преместување на буквите и слоговите."},{"word":"Анадолија","type":"ж.","description":"Област во Централна Турција."},{"word":"аналгетик","type":"м.","description":"Средство за смирување на болка."},{"word":"анали","type":"и.","description":"Летопис, годишник, опис на историски настани по години. Во воените анали не е познато партнерите пред борбата да си ја откриваат тактиката."},{"word":"анализа","type":"ж.","description":"Откривање факти и изведување заклучоци преку расчленување на целината на нејзините составни елементи. Нашите досегашни анализи не ги дадоа посакуваните резултати. Длабинската анализа на драмскиот текст може да се прикаже со помош на овој метод. Тие извршија јазична анализа на неговите записи."},{"word":"анализатор","type":"м.","description":"Направа, апарат со кој се врши анализа. Анализаторот ги прикажува во проценти сите делови од оваа супстанција."},{"word":"анализира","type":"св. и несв.","description":"Изврши, врши анализа, испита, испитува, проучи, проучува нешто преку анализа. Институтот ја анализираше водата во селските бунари."},{"word":"аналитика","type":"ж.","description":"Вештина и метода на расчленување на поимите, судовите и на заклучоците. Само со соодветна аналитика може да се прикаже степенот на загрозеноста на населението во ова подрачје."},{"word":"аналитичар","type":"м.","description":"Тој што се занимава со анализа, што истражува применувајќи аналитичка постапка."},{"word":"аналитичен","type":"прид.","description":"Што има својство на детално расчленување, што е добиен со расчленување. Аналитичен пристап. Аналитичен начин."},{"word":"аналоген","type":"прид.","description":"Што е по извесна особина сличен, што одговара на нешто друго. Тие споеви давале образец и за други, понови, аналогни поврзувања."},{"word":"аналогизам","type":"м.","description":"Заклучок или доказ врз основа на сличност."},{"word":"аналогија","type":"ж.","description":"Сличност по некое својство, обележје или во некој однос меѓу предмети, појави, поими."},{"word":"аналфабет","type":"м.","description":"Тој што не знае да чита и да пишува; неписмен."},{"word":"аналфабетизам","type":"м.","description":"Неписменост."},{"word":"анама","type":"ж.","description":"Жена, сопруга, госпоѓа, дама. Единствениот пат да ја има девојката како вистинска анама, беше нејзиното потурчување."},{"word":"анамнеза","type":"ж.","description":"Историја на болеста; податоци за поранешната здравствена состојба на болниот."},{"word":"ананас","type":"м.","description":"Суптропско растение и плод; Ananas sativus."},{"word":"анархизам","type":"м.","description":"Социјална теорија што ја отфрла потребата од власт и пропагира целосна слобода на личноста. Се истакна со остри говори против анархизмот на младите."},{"word":"анархија","type":"ж.","description":"Безвластие, отсуство на утврден поредок, хаос, неред. Феудална анархија. Ваквиот хаос води кон анархија."},{"word":"анархист","type":"м.","description":"Приврзаник на анархизмот."},{"word":"анархистичен","type":"прид.","description":"Што има обележје на анархи Анархистичен став. Анархистички бунт."},{"word":"анархичен","type":"прид.","description":"Што има особини на анархија."},{"word":"анархо-","type":"претс.","description":"Како прв дел од сложенки со значење анархичен (анархокомунист, анархокомунизам, анархолиберализам, анархолибералист, анархосиндикализам, анархосиндикалист и др.)."},{"word":"анасон","type":"м.","description":"Едногодишна лековита билка со многу пријатен мирис; се употребува во народната медицина или како зачин; Pimpinella anisum."},{"word":"анасонка","type":"ж.","description":"Ракија зачинета со анасон. Фрлив едно стодрамче анасонка. Нарачаа по една анасонка."},{"word":"анасонов","type":"прид.","description":"Што е од анасон, што се однесува на анасон. Анасонова ракија."},{"word":"анатема","type":"ж.","description":"Проклетство со кое се исклучува некој од црквата. Папата изрече анатема кон овие безверници и кон нивното дело."},{"word":"анатемник","type":"м.","description":"Проклетник, оној што носи лошо, немир и зло. Од таквите анатемници селото ни се запусте."},{"word":"анатемоса","type":"св.","description":"Црквата или нејзин претставник проколне, проколнува некого или нешто. Црквата го анатемоса нивното семејство."},{"word":"анатомија","type":"ж.","description":"Наука што ги проучува составот и градбата на живите суштества. Анатомија на човекот. Анатомија на окото. Анатомија на билките."},{"word":"анафора","type":"ж.","description":"Повторување на исти зборови во почетокот на два или повеќе стиха едноподруго. Јас си идам .../ Јас си сретив ..."},{"word":"анахрон","type":"прид.","description":"Застарен, несовремен. Анахрона методологија. Анахронична фигура"},{"word":"анахронизам","type":"м.","description":"Тоа што е застарено, несовремено. Стереотипните домашни задачи претставуваат анахронизам."},{"word":"анационален","type":"прид.","description":"Што нема национално чувство."},{"word":"ангажира","type":"св. и несв.","description":"Задолжи, задолжува некого за вршење на некаква дејност. Наставникот ги ангажира учениците во повеќе слободни активности."},{"word":"ангажман","type":"м.","description":"Работна обврска, задолжение."},{"word":"ангарија","type":"ж.","description":"Присилна работа, кулук. Народот мора да плаќа по десет именувани и безимени даноци, облози и ангарија."},{"word":"ангел","type":"м.","description":"Замислено небесно крилато суштество во човечки облик. Ќе гледаме ангели во фреските. Шестокрилен ангел од највисок ред."},{"word":"ангелосан","type":"прид.","description":"Многу уплашен, блед, исплашен. Беше ангелосан, необично, тивко, среќно се смешкаше."},{"word":"ангелски","type":"прид.","description":"Што се однесува на ангел. Ангелски крилја."},{"word":"ангина","type":"ж.","description":"Воспаление на грлото, особено на крајниците. Нема висока температура, некоја настинка е, треска, некоја ангина."},{"word":"Ангкор","type":"м.","description":"Област во Камбоџа, Азија, во која се наоѓало древното Кмерско Кралство."},{"word":"Англија","type":"ж.","description":"Земја во Велика Британија."},{"word":"англист","type":"м.","description":"Лице што се занимава со англистика."},{"word":"англистика","type":"ж.","description":"Наука за англискиот јазик и литературата."},{"word":"Англосаксонец","type":"м.","description":"Припадник на народи и држави со англиски говорен јазик."},{"word":"англофил","type":"м.","description":"Лице што е пријателски настроено кон Англија."},{"word":"англофилство","type":"ср.","description":"Пријателско настроение кон Англија."},{"word":"англофоб","type":"м.","description":"Лице што не ја поднесува Англија."},{"word":"Ангола","type":"ж.","description":"Држава во Африка."},{"word":"ангора","type":"ж.","description":"Вид мачка, коза или зајак со долго свилесто влакно."},{"word":"ангорка","type":"ж.","description":"Вид мачка со долги свилести влакна; ангора Напудрени ангорки мижуркаат со стаклени очи."},{"word":"ангро","type":"прил.","description":"На големо, во големи количини. Трговец на ангро."},{"word":"Андалузија","type":"ж.","description":"Област во Шпанија."},{"word":"Анди","type":"и.","description":"Планински масив во Јужна Америка."},{"word":"Андора","type":"ж.","description":"Мала држава во Европа."},{"word":"Андора ла Вела","type":"ж.","description":"Главен град на Андора."},{"word":"анегдота","type":"ж.","description":"Кратка забавна сторија (обично) за познати личности. Анегдотите за неговите боемски подвизи ја рашириле славата на неговото име."},{"word":"анегдотичен","type":"прид.","description":"Што има обележје на анегдота, што е како анегдота. Една анегдотична епизода од животот на нашите луѓе."},{"word":"анекс","type":"м.","description":"Дополнителен прилог кон некој правен документ. Имаме еден анекс кон договорот. Се појави само основниот текст, а не и анексот."},{"word":"анексија","type":"ж.","description":"Едностран, насилствен акт на присоединување туѓа територија кон некоја држава."},{"word":"анектира","type":"св. и несв.","description":"Изврши, врши анексија."},{"word":"анемија","type":"ж.","description":"(мед.) Малокрвност, слабокрвност."},{"word":"анемичен","type":"прид.","description":"Што боледува од анемија. Анемичен човек. Анемично дете."},{"word":"анемона","type":"ж.","description":"(бот.) Украсна билка, висока до 1 м. со крупни бели, розови и црвени цветови; Anemone hepatica."},{"word":"анестезија","type":"ж.","description":"Намалување или губење на чувството за болка."},{"word":"анестезиологија","type":"ж.","description":"Дел од медицината, наука за анестезијата."},{"word":"анестезира","type":"св. и несв.","description":"Даде, дава некому анестезија."},{"word":"анестетик","type":"м.","description":"Средство, лекарство што предизвикува привремено губење на чувството за физичка болка на телото или на некој негов дел. Во болницата му дале некој силен анестетик и тој не чувствувал ништо. Овие лекови се анестетици и кога се пијат, треба да се мирува."},{"word":"анестетика","type":"ж.","description":"Дел од медицината, наука за анестезијата."},{"word":"анестетичар","type":"м.","description":"Лекар-специјалист кој ја извршува анестезијата. При неговата операција учествуваа најдобрите анестетичари во државава."},{"word":"анилин","type":"м.","description":"Безбојна отровна течност што се употребува за производство на бои и на разни органски соединенија."},{"word":"анимален","type":"прид.","description":"Што потекнува од животно. Отпадни анимални материјали."},{"word":"анималист","type":"м.","description":"Уметник што црта или ваја животни."},{"word":"аниматор","type":"м.","description":"Цртач, уметник што изработува цртани филмови. Беше врвниот аниматор во минатиот век."},{"word":"анимација","type":"ж.","description":"Давање живот, оживување, давање душа."},{"word":"анимира","type":"св. и несв.","description":"Оживее, оживува, даде, дава душа; создаде, создава цртани филмови. Во почетокот на својата кариера тој ги анимира најдобрите кусометражни цртани филмови што беа видени дотогаш."},{"word":"анимозен","type":"прид.","description":"Што е злобен, непријателски расположен."},{"word":"анимозитет","type":"м.","description":"Особина на тој што е анимозен; анимозност."},{"word":"Анкара","type":"ж.","description":"Главен град на Турција."},{"word":"анкета","type":"ж.","description":"Собирање податоци преку однапред подготвени прашања чиишто одговори нудат информации за определено истражување. Тој вршеше масовни анкети. Овој статистички преглед е направен врз основа на анкетите за потеклото на родовите во село Лабуништа. Анкетата покажа дека мислењата се поделени."},{"word":"анкетар","type":"м.","description":"Лице што спроведува собирање податоци преку анкета за да се определи општо мислење за одделни прашања. Групата беше составена од десет анкетари."},{"word":"анкетен","type":"прид.","description":"Анкетен лист. Анкетно испитување."},{"word":"анкетира","type":"св. и несв.","description":"Собере, собира податоци со помош на анкета, на прашалник. Таа ги анкетира студентите на филолошкиот факултет. Обично новинарите анкетираат ненадејно."},{"word":"Анкона","type":"ж.","description":"Град во Италија."},{"word":"анода","type":"ж.","description":"Позитивна електрода."},{"word":"аноден","type":"прид.","description":"Што се однесува на анода."},{"word":"аномален","type":"прид.","description":"Што е неправилен, што е ненормален. Аномална појава."},{"word":"аномалија","type":"ж.","description":"Состојба, појава која не одговара на она што е нормално; неправилност, ненормалност. Овде се лекуваат аномалии на човечкиот организам, но не и пороци."},{"word":"анонимен","type":"прид.","description":"Што нема свое име, безимен. Анонимен воден простор без сеќавање и без историја."},{"word":"анонимка","type":"ж.","description":"Анонимен допис, пријава до надлежен орган."},{"word":"анонимус","type":"м.","description":"Непотпишано лице."},{"word":"аноргански","type":"прид.","description":"Што не подлежи на законите на живата, органска природа, неоргански. Анорганскиот свет е свет на целосна независност."},{"word":"анотација","type":"ж.","description":"Белешка, објаснение. Анотациите имаат чисто тематски карактер."},{"word":"ансамбл","type":"м.","description":"Уметничка група. Театарски ансамбл. Музички ансамбл. Актерски ансамбл."},{"word":"Ант","type":"м.","description":"Припадник на племе од Јужните Словени."},{"word":"антагонизам","type":"зам.","description":"Непомирлива спротивност, противречност, непријателство, соперништво. Верски антагони Социјален антагони"},{"word":"антагонист","type":"м.","description":"Непомирлив противник, непријател, соперник. Тој беше главниот антагонист во драмата."},{"word":"Анталија","type":"ж.","description":"Град во Турција на Средоземно Море."},{"word":"Антананариве","type":"ср.","description":"Главен град на Мадагаскар."},{"word":"антанта","type":"ж.","description":"Голема антанта ‒ сојуз меѓу Англија, Франција, САД, Русија и некои помали држави во времето на Првата светска војна. Мала антанта ‒ сојуз меѓу Кралството Југославија, Романија и Чехословачка во времето меѓу Првата и Втората светска војна."},{"word":"Антарктик","type":"м.","description":"Континент во најјужниот дел од Земјината топка."},{"word":"Антверпен","type":"м.","description":"Град во областа Фландрија, Белгија."},{"word":"антена","type":"ж.","description":"Спроводник за испраќање и примање радиобранови. Им требаше десетина минути да ја инсталираат антената, а потоа се подготвија за емисијата."},{"word":"антерија","type":"ж.","description":"Старинска горна облека, долга до под колена или куса до појас. Беше облечен во антерија на риги и модри шалвари."},{"word":"анти-","type":"претс.","description":"Како прв дел од сложенки со значење против ‒ која изразува спротивност од значењето на основниот збор: антидемократски, антидржавен, антитеза, антициклон и др."},{"word":"антиалкохолизам","type":"м.","description":"Движење против уживањето алкохолни пијалаци."},{"word":"антиалкохоличар","type":"м.","description":"Човек што не пие алкохол, што е противник на употребата на алкохолни пијалаци. Друштво на антиалкохоличари."},{"word":"антибиотик","type":"м.","description":"Лек што го уништува развојот на микроорганизмите (пеницилин, стрептомицин и др.)"},{"word":"Антига и Барбуда","type":"ж.","description":"Островска држава во Средна Америка."},{"word":"антидржавен","type":"прид.","description":"Противдржавен. Почнаа претреси кај сомнителните антидржавни елементи."},{"word":"антика","type":"ж.","description":"(само едн.) Стара грчко-римска култура."},{"word":"антиквар","type":"м.","description":"Трговец што се занимава со купопродажба на стари предмети и книги. Тој е прочуен антиквар што се занимава со трговија со ретки уметнички дела."},{"word":"антикварен","type":"прид.","description":"Што се однесува на антикварница. Антикварна книжарница."},{"word":"антикварница","type":"ж.","description":"Продавница за стари предмети. Таа лично го имаше купено портретот во една антикварница."},{"word":"антиквитет","type":"м.","description":"Стар предмет со уметничка вредност. На изложбата имаше антиквитети од разни временски периоди."},{"word":"Антили","type":"и.","description":"Група острови во Карипското Море."},{"word":"антилоп","type":"м.","description":"Кожа од антилопа. Чантата беше од антилоп."},{"word":"антилопа","type":"ж.","description":"Вид тропско животно слично на срна што живее во Африка; Antilope cervicarpa."},{"word":"антимон","type":"м.","description":"Кристален металоид со сребренобела боја што се користи за изработка на легури и др.; симбол Sb."},{"word":"антимонов","type":"прид.","description":"Што се однесува на антимон. Антимонова руда."},{"word":"антиномија","type":"зам.","description":"Противречност, спротивност, меѓусебно исклучување на два закона или на два суда (теза и антитеза). Во неговото творештво се препознаваше антиномијата реализам ‒ модерни"},{"word":"антипатија","type":"ж.","description":"Чувство на одвратност, одбивност спрема некого; Чувствуваше голема антипатија спрема новодојденецот."},{"word":"антипатичен","type":"прид.","description":"Што предизвикува антипатија, несимпатичен. Тој беше богат, антипатичен сноб од некое високо општество."},{"word":"антипод","type":"м.","description":"Лице, предмет или појава спротивно на друго лице, предмет или појава по квалитет, положба и сл. Другарувал за истата цел не само со ангелите, туку и со нивниот антипод ‒ ѓаволот."},{"word":"антиподен","type":"прид.","description":"Што се однесува, што има својство на антипод."},{"word":"антисемит","type":"м.","description":"Приврзаник на антисемитизмот."},{"word":"антисемитизам","type":"м.","description":"Непријателство, нетрпеливост спрема еврејскиот народ врз расна и национална основа."},{"word":"антиталент","type":"м.","description":"Човек без дарба, ненадарен. Перо беше антиталент за музика."},{"word":"антитеза","type":"ж.","description":"Спротивност, контраст. Појавите беа антитеза една на друга."},{"word":"антитело","type":"ср.","description":"Противотров што се создава во организмот за одбрана од болест."},{"word":"антифашизам","type":"м.","description":"Политичко движење против фашистичката идеологија."},{"word":"антифашист","type":"м.","description":"Тој што се бори против фашизмот."},{"word":"антихрист","type":"м.","description":"Безбожник, атеист, еретик. Не сакам јас на такви антихристи молитви да им читам."},{"word":"Антихрист","type":"м.","description":"Според христијанската религија, противник на Христос кој ќе се појави на Земјата пред Судниот ден."},{"word":"антиципација","type":"ж.","description":"Земање нешто однапред, аванс."},{"word":"антиципира","type":"св. и несв.","description":"Направи, правиили земе, зема нешто предвреме, пред истекот на некој рок, однапред."},{"word":"антологија","type":"ж.","description":"Збирка на одбрани дела од различни автори. Антологија на современата македонска поезија."},{"word":"антоним","type":"м.","description":"Збор со спротивно значење: лошо ‒ добро, лично ‒ грдо."},{"word":"антонимен","type":"прид.","description":"Што се однесува на антоним. Антонимен однос."},{"word":"антонимија","type":"ж.","description":"Својство на спротивно значење кај некои зборови."},{"word":"антракс","type":"м.","description":"Црн пришт, заразна болест кај животните и кај луѓето."},{"word":"антрацит","type":"м.","description":"Камен јаглен со висока калоричност и со сјајна црна боја."},{"word":"антре","type":"ср.","description":"Мало претсобје, предворје. Малечкото претсобје, некој вид антре на ателјето, беше полно народ."},{"word":"антропо-","type":"претс.","description":"Како прв дел од сложенки што означуваат дека нешто е во врска со човек, за човек, човечки (антропологија)."},{"word":"антрополог","type":"м.","description":"Специјалист по антропологија."},{"word":"антропологија","type":"ж.","description":"Наука за потеклото, развитокот и биолошката природа на човекот."},{"word":"ануитет","type":"м.","description":"Износ со кој се отплаќа долгорочен заем."},{"word":"анулира","type":"св. и несв.","description":"Поништи, поништува, прогласи, прогласува за неважечки."},{"word":"анус","type":"м.","description":"Заден отвор на дебелото црево кај човек или кај животно."},{"word":"анфас","type":"прил.","description":"Отспреди. Сликарот го црташе анфас, а не од профил."},{"word":"анџак","type":"прил.","description":"Бидејќи, и така, штом. Анџак си тука, да ја завршиме работата."},{"word":"анџар","type":"м.","description":"Долг, тенок и извиен нож, остар од двете страни."},{"word":"анџија","type":"м.","description":"Сопственик на ан. Анџијата рано го отвори анот."},{"word":"аншлус","type":"м.","description":"Присилно приклучување, присоединување на туѓа територија."},{"word":"аорист","type":"м.","description":"Минато определено свршено време: дојдов; видов; реков."},{"word":"аорта","type":"ж.","description":"Главната артерија што излегува од левата преткомора на срцето."},{"word":"ап","type":"м.","description":"Лек во вид на плочка, таблета. Зема по два апа на ден."},{"word":"Апалачки Планини","type":"и.","description":"Планински масив во Северна Америка."},{"word":"апанажа","type":"ж.","description":"Годишна сума пари што му се исплаќа на владетелско семејство од државниот буџет. Апанажата на принцот претставуваше голема сума пари."},{"word":"апансаз","type":"прил.","description":"Ненадејно, одненадеж, неочекувано. Апансаз се појави, од никаде."},{"word":"апарат","type":"м.","description":"Сложено, готово изработено техничко средство што со вклучување врши или овозможува вршење определена работа. Фотографски апарат. Телефонски апарат."},{"word":"апаратура","type":"ж.","description":"Вкупност од апарати. Телефонска апаратура."},{"word":"апартман","type":"м.","description":"Стан со повеќе простории, комфорен стан. Имаше апартман во центарот на градот."},{"word":"апартхејд","type":"м.","description":"Политика на расна дискриминација, делење на населението врз расна основа."},{"word":"апатија","type":"ж.","description":"Отапеност на чувствата, рамнодушност, безволие, незаинтересираност. Беше во апатија, не забележуваше ништо наоколу."},{"word":"апаш","type":"м.","description":"Крадец, разбојник, џепчија. Ми влегле апаши во куќата."},{"word":"апе","type":"несв.","description":"Каса, гризе. Јас си ги апев во бес прстите. Ова куче многу апе."},{"word":"апеж","type":"м.","description":"Јадеж, непријатно чувство на кожата што тера на чешање. Беше готов да се расплаче од ужасен апеж."},{"word":"апел","type":"м.","description":"Повик (за солидарност, за помош и сл.). Упати апел. Одговори на апел."},{"word":"апелација","type":"ж.","description":"Повисок суд до кој осудениот може да се жали. Апелацијата ќе ги разгледа нивните жалби и навремено ќе им одговори."},{"word":"апелационен","type":"прид.","description":"Што се однесува на апелација. Апелационен суд. Апелациона комисија."},{"word":"апелира","type":"св. и несв.","description":"Упати, упатува повик; се обрати, се обраќа кон некого за помош, за соработка или за поткрепа. Мисирков апелира кон македонската интелигенција да се откине од силите што ја разединуваат. Министерството за здравство апелира да не се користи водата за пиење."},{"word":"Апенини","type":"и.","description":"Планински масив во Европа."},{"word":"Апенински Полуостров","type":"м.","description":"Полуостров во Европа."},{"word":"аперитив","type":"м.","description":"Алкохолен пијалак што се пие пред јадење за зголемување на апетитот. Пред вечерата нè послужија со аперитив."},{"word":"апетит","type":"м.","description":"(само едн.) Желба за јадење. Има апетит. Нема апетит. Го изгубил апетитот."},{"word":"Апија","type":"ж.","description":"Главен град на Самоа."},{"word":"апла","type":"прил.","description":"Отворено, директно. Не ме сака повеќе, апла ми кажа!"},{"word":"аплаудира","type":"несв.","description":"Одобрува, поздравува со ракоплескање определен настап, постапка, говор и сл. На таква храброст секој ќе аплаудира. Публиката почна да аплаудира уште во средината на претставата. Народот аплаудираше како поздрав до високиот гостин."},{"word":"аплауз","type":"м.","description":"Ракоплескање, одобрување со ракоплескање. Настапот беше проследен со силен аплауз."},{"word":"апликативен","type":"прид.","description":"Применлив, погоден за употреба. Апликативна програма. Апликативен модел."},{"word":"апликација","type":"ж.","description":"Примена, употреба. Авионот и хеликоптерот се користат за апликација на хербицидите."},{"word":"аплицира","type":"св. и несв.","description":"Примени, применува, практично употреби, употребува нешто. Овие барања треба да ги аплицирате во оценувањето на знаењето."},{"word":"апне","type":"св.","description":"Касне; апе. Оваа жена ја апна куче. Него го апнала змија, сега бега и од гуштер."},{"word":"апогеј","type":"м.","description":"(астр.) Најоддалечената точка меѓу Земјата и Месечината, или меѓу Земјата и Сонцето."},{"word":"апоен","type":"м.","description":"Износ за целосно исплаќање долг."},{"word":"Апокалипса","type":"ж.","description":"(рел.) Последниот дел од Новиот завет во кој се зборува за крајот на светот, „Откровението на апостол Јован“."},{"word":"апокриф","type":"м.","description":"Религиозен спис со библиска содржина што не е канонски признаен за веродостоен. Средновековни апокрифи."},{"word":"апокрифен","type":"прид.","description":"Што настанал како апокриф, што има обележје на апокриф. Ракописите имаа апокрифен карактер."},{"word":"аполитичен","type":"прид.","description":"Што е незаинтересиран за политика."},{"word":"апологет","type":"м.","description":"Бранител на христијанството."},{"word":"апологетика","type":"ж.","description":"Специјалност во теологијата што има задача да го брани христијанското учење."},{"word":"апологија","type":"ж.","description":"Пофалба, говор или спис за одбрана на некого или на нешто."},{"word":"апостол","type":"м.","description":"Ученик на Христос. Апостол Петар. Апостол Јован. Апостол Павле."},{"word":"апостолка","type":"ж.","description":"Вид лесни сандали или влечки кои имаат дел меѓу палецот и соседниот прст. Неговите апостолки се беа излижале кај петиците."},{"word":"апостолство","type":"ср.","description":"Служба, дејност кај апостолите; проповедање."},{"word":"апостроф","type":"м.","description":"Знак за одбележување испуштен глас."},{"word":"апострофира","type":"св. и несв.","description":"Стави, става апостроф. Во некои примери го апострофираме е."},{"word":"апотеоза","type":"ж.","description":"Во антиката: обред на воздигнување, прогласување некого (владетел, цар и сл.) за божество."},{"word":"април","type":"м.","description":"Четвртиот месец во годината; тревен."},{"word":"априли-ли-ли","type":"изв.","description":"Се употребува на први април, денот на шегите, кога некој ќе се пошегува."},{"word":"априорен","type":"прид.","description":"Што му претходи на искуството и практиката, независен од нив."},{"word":"априори","type":"прил.","description":"Независно од искуството, без претходни знаења, произволно. Предноста и неопходноста на таквиот назив се априори очигледни."},{"word":"апс","type":"м.","description":"Затвор. А мене ме држеа по цел месец в апс секоја година."},{"word":"апсанџија","type":"м.","description":"Лице што работи како чувар во затвор. Апсанџијата одеше полека зад мене."},{"word":"апсеник","type":"м.","description":"Затвореник, казненик. Чу од разговорот на апсениците дека управникот на затворот бил некој арен човек."},{"word":"апси","type":"несв.","description":"Става некого во затвор; лишува од слобода. Тие ќе го апсат како што ги апселе сите што ја сакаат земјата и својот народ. Него го апсеа кога треба и кога не треба."},{"word":"апсида","type":"ж.","description":"Полукружна и полусводеста ниша во ѕидот на некоја градба."},{"word":"апсолвент","type":"м.","description":"Студент што ги запишал и што ги заверил сите семестри и добил право да ги полага завршните испити. Апсолвентите отидоа на еднодневен излет."},{"word":"апсолвира","type":"св. и несв.","description":"Заврши, завршува со слушање на предавањата на некој факултет. Откако апсолвира на Економскиот, тој се запиша на Правниот факултет."},{"word":"апсолутен","type":"прид.","description":"Полн, потполн, чист, совршен; независен, неограничен, безусловен. Апсолутна победа. Апсолутна чистота. Апсолутна тишина. Апсолутна власт. Апсолутен господар."},{"word":"апсолутизам","type":"м.","description":"Неограничено владеење на еден човек (или на група луѓе) без контрола и ограничување; самовластие, самодржавие."},{"word":"апсолутизира","type":"св. и несв.","description":"Земе, зема некој став, оцена за нешто, некое мислење за некоја појава како неограничено, безусловно применливо и за други нешта или појави."},{"word":"апсолутист","type":"м.","description":"Апсолутен владетел."},{"word":"апсорбира","type":"св. и несв.","description":"Впие, впива, прими, прима во себе, во својот состав. Ситните ресички ги апсорбираат хранливите материи. Хартијата ја апсорбира течноста и се обојува од неа."},{"word":"апсорбираност","type":"ж.","description":"Резултат, состојба од впивање, примање во себе. Апсорбираноста се зголемува со зголемувањето на хумусот во почвата."},{"word":"апсорпција","type":"ж.","description":"Впивање, примање во себе. Апсорпцијата на течноста при овој обид се извршува многу бргу. Во тенките црева се одвива речиси целосната апсорпција."},{"word":"апстинент","type":"м.","description":"Лице што се воздржува од нешто, не сака да учествува во некаква дејност. Toj е еден таков апстинент кога се во прашање млади жени. Апстиненти имаше и меѓу студентите, тие само седеа и молчеа."},{"word":"апстиненција","type":"ж.","description":"Воздржаност, присебност со откажување од нешто, од некаква дејност. Мојата апстиненција не му пречеше никому. Долгата апстиненција го направи своето."},{"word":"апстинира","type":"св. и несв.","description":"Се воздржи, се воздржува од учество во некаква дејност. Во последно време тој апстинира на семејните веселби, ниту јаде ниту пие."},{"word":"апстракт","type":"м.","description":"Кус извадок од некој текст, расправа, студија; резиме."},{"word":"апстрактен","type":"прид.","description":"Што потекнува од апстракција, замислен, обопштен; што постои само како поим."},{"word":"апстракција","type":"ж.","description":"Изделување на особини на предмети и појави со цел да се најде заедничкото, општото, суштественото."},{"word":"апстрахира","type":"св. и несв.","description":"Оддели, одделува, издвои, издвојува; групира одделно за да се добие заклучок за нешто, оттргне, оттргнува нешто од целост. Тој ги апстрахираше примерите кои ја потврдуваат оваа појава."},{"word":"апстрахираност","type":"ж.","description":"Исклученост, издвоеност од определена целина. Апстрахираноста на субјективното изнесување ја зголемува вредноста на делото. Принципот на апстрахираност или изделеност е основната карактеристика на тој метод."},{"word":"апсурд","type":"м.","description":"Бесмислица, нелогичност, глупост, невозможност."},{"word":"апсурден","type":"прид.","description":"Бесмислен, нелогичен, глупав, невозможен. Со своето однесување често се доведува во апсурдни и невозможни ситуации."},{"word":"апсцес","type":"м.","description":"Гноен оток, гноење."},{"word":"аптека","type":"ж.","description":"Продавница во која се подготвуваат и се продаваат лекови."},{"word":"аптекар","type":"м.","description":"Човек што подготвува и што продава лекови; фармацевт."},{"word":"аптекарство","type":"ср.","description":"Аптекарска дејност."},{"word":"ар","type":"м.","description":"Просторија за коњи и говеда, обор, штала. Ги поведе коњите кон арот."},{"word":"ар","type":"м.","description":"Единица за мерење површина, сто квадратни метри."},{"word":"араба","type":"ж.","description":"Запрежна кола."},{"word":"арабаџија","type":"м.","description":"Човек чиешто занимање е да превозува стока со запрежна кола."},{"word":"арабаџилак","type":"м.","description":"Арабаџиска дејност."},{"word":"арабеска","type":"ж.","description":"Орнамент, шара карактеристична за ориенталната уметност изведена со геометриски и растителни елементи. Ѕидовите беа ишарени со арабески од цвеќиња врз светлосина боја."},{"word":"Арабиска Пустина","type":"ж.","description":"Пустина на Арабискиот Полуостров."},{"word":"Арабиски Полуостров","type":"м.","description":"Полуостров во Азија."},{"word":"Арабиско Море","type":"ср.","description":"Море што го опколува јужниот дел и дел од источниот брег на Арабискиот Полуостров."},{"word":"арабистика","type":"ж.","description":"Наука за арапскиот јазик, литература и култура."},{"word":"Арабјанец","type":"м.","description":"Жител на средновековиот Арабиски Калифат."},{"word":"арак","type":"м.","description":"Единица за мерење хартија; табак."},{"word":"Аралско Езеро","type":"ср.","description":"Солено езеро во Азија, меѓу Казахстан и Узбекистан."},{"word":"арам","type":"и.","description":"(само едн.) м. Проклетство."},{"word":"арамбаша","type":"м.","description":"Водач на арамии."},{"word":"арамија","type":"м.","description":"Крадец, разбојник. Кој беше арамијата, а кој чесниот, кој грабаше, а кој чуваше? Ме држи пред минувачите како фатен арамија."},{"word":"арамилак","type":"м.","description":"Кражба, разбојништво. Живееше од арамилак."},{"word":"арамолебец","type":"м.","description":"Неработник, легач, мрзлив човек. Вие сите сте трутови, арамолепци!"},{"word":"аранжер","type":"м.","description":"Уредувач, подготвувач, лице што средува нешто (цвеќе, излог и сл.). Момчето работеше неколку години како аранжер на скопските излози."},{"word":"аранжира","type":"св. и несв.","description":"Убаво, со смисла уреди, уредува, подготви, подготвува. Ученици од уметничкото училиште ги аранжираа излозите. Млади девојчиња го аранжираа цвеќето. Одборот ја аранжира целата свеченост."},{"word":"аранија","type":"ж.","description":"Голем бакарен котел. Куќа без аранија не бидува."},{"word":"Арап","type":"м.","description":"Припадник на народ во Северна Африка и Блискиот Исток."},{"word":"арар","type":"м.","description":"Голема вреќа. Грабнаа јутени вреќи и арари. Дојде со два козинави арара."},{"word":"арач","type":"м.","description":"Данок што се собирал во времето на османската власт од немуслиманското население. Собираа арач по една лира од глава."},{"word":"арачлија","type":"м.","description":"Човек што собирал арач, даночник. Идат арачлии арач да собираат"},{"word":"арбитер","type":"м.","description":"Судија. Спортските арбитри не се покажаа во вистинска светлина оваа сезона. Браќата беа арбитри на ова светско првенство."},{"word":"арбитража","type":"ж.","description":"Судење и пресуда на определен суд. Тој не ја прифати нивната арбитража. Судијата изврши арбитража и со тоа го затвори процесот."},{"word":"арбитрира","type":"св. и несв.","description":"Земе, зема учество во арбитража; пресуди, пресудува, донесе, донесува оцена за определена ситуација. Претставниците на овие држави арбитрираа во спорот."},{"word":"аргат","type":"м.","description":"Наемен работник. Аргатите се враќаа од полето. Аргатот стискаше в раце едно парче сув пченкарник. Немаше што да работи, та се стори аргатин."},{"word":"аргатлак","type":"ж.","description":"Наемна работа. Никој не се збогатил од аргатлак по туѓи ниви."},{"word":"аргатува","type":"несв.","description":"Работи како аргат, е аргат. Мајка ми преку цело лето аргатуваше за по два гроша на ден во селото. Тој аргатуваше по туѓи ниви."},{"word":"аргач","type":"м.","description":"Простор пред трло ограден со прачки каде што се чува ситен добиток, обично овци. Овците останаа сами во аргачот, пред колибата."},{"word":"Аргентина","type":"ж.","description":"Држава во Јужна Америка."},{"word":"арго","type":"ср.","description":"Таен јазик на еден социјален слој или на група луѓе неразбирлив за другите."},{"word":"аргумент","type":"м.","description":"Доказ, образложение, тоа со кое може да се докаже нешто. Во случај на спор, неговото присуство е најсилниот аргумент."},{"word":"аргументација","type":"ж.","description":"Целокупност на документи со кои се докажува нешто. Целата аргументација беше сместена во досието на осудениот. Лажната аргументација беше приложена до надлежниот судија. Научна аргументација."},{"word":"аргументира","type":"св. и несв.","description":"Изнесе, изнесува аргументи. Таа ја аргументира секоја негова постапка. Доајенот аргументираше со логиката на научник."},{"word":"Ардени","type":"и.","description":"Планински масив во Европа."},{"word":"ареал","type":"м.","description":"Област, подрачје на распространетост на некој вид, род, растенија, животни. Во тој ареал одредени растителни видови не успеваат."},{"word":"арен","type":"прид.","description":"Добар. Арен човек. Арна работа."},{"word":"арена","type":"ж.","description":"(истор.) Ограден простор на кој во античко време се изведувале разни игри или борби. Гладијаторот страдаше во арената."},{"word":"аренда","type":"ж.","description":"Закупување на обработливо земјиште. Ја зедов земјата под аренда."},{"word":"ареса","type":"св.","description":"Почувствува симпатија кон некого, кон нешто. Мајсторот го ареса момичето, го ареса и си го зеде. Свекрвата ја ареса постапката на сватовите."},{"word":"Ариец","type":"м.","description":"Термин за припадник на индоевропските народи."},{"word":"арија","type":"ж.","description":"Пеење со инструментална придружба, најчесто во опера; мелодија, напев. Оперска арија. Позната арија."},{"word":"аристократ","type":"м.","description":"Човек од благородничко потекло или произведен во благородник. По дух е аристократ, а по тело плебеец."},{"word":"аристократија","type":"ж.","description":"Политичко уредување во кое владеат аристократи, благородници; благородништво, висока класа. Револуцијата го искоренува кралството во кралот, аристократијата во благородникот."},{"word":"аристократски","type":"прид.","description":"Што припаѓа, што се однесува на аристократ, аристократка и на аристократија."},{"word":"аритметика","type":"ж.","description":"Дел од математиката; наука за броевите, изразени со бројки, и за сметањето со нив."},{"word":"аритмија","type":"ж.","description":"Неправилен, нерамномерен ритам."},{"word":"аритмичен","type":"прид.","description":"Што се однесува на аритмија."},{"word":"арка","type":"ж.","description":"Брод со кој, според Библијата, се спасил Ное од потопот."},{"word":"аркада","type":"ж.","description":"(архит.) Отворен трем со столбови под низа од арки, лакови. На аркадите и на покривите има модерни варијанти на арабеска."},{"word":"Арктик","type":"м.","description":"Област во најсеверниот дел од Земјината топка."},{"word":"Арктички Океан","type":"м.","description":"Океан во Арктикот."},{"word":"армада","type":"ж.","description":"Голема воздушна или морска воена флота. Оружјата и армадите што се кревале против неа не можат да се добројат."},{"word":"армас","type":"м.","description":"Свршувачка. По една недела направија армас. Армасот не им се погоди."},{"word":"армаса","type":"св.","description":"Посврши; направи свршувачка. За Велигден соседите ја армасаа ќерката."},{"word":"армасар","type":"м.","description":"Стројник, посредувач за да дојде до свршувачка. Бојан беше единствениот армасар во селото."},{"word":"армасник","type":"м.","description":"Свршеник. По една година тој ѝ стана армасник. Тие беа армасници неколку години."},{"word":"арматура","type":"ж.","description":"Метални делови во градежништвото кои претставуваат конструкција што ја држи градбата. Проверката покажа дека арматурата била слаба и затоа се урнале двата столба. Арматурата на мостот попушти бидејќи беше од неквалитетно железо."},{"word":"армија","type":"ж.","description":"Целокупна воена сила на една држава; војска. Армија на нашата држава."},{"word":"армира","type":"св. и несв.","description":"Направи, прави метална конструкција на градежен објект, постави, поставува арматура. Секоја рамка ја армираа со повеќе редови поцинкуван тел. Тие ги армираа и страничните ѕидови за да ја зацврстат градбата."},{"word":"армирач","type":"м.","description":"Градежен работник што се занимава со армирање, што армира. Армирачите дојдоа до местото каде што требаше да се гради мостот."},{"word":"аро","type":"ср.","description":"Стар човек, најчесто во изразот старо-аро."},{"word":"арогантенарогантниот","type":"прид.","description":"Надмен, вообразен, дрзок, наперчен. Се покажа како одбивна личност, арогантна и неподнослива."},{"word":"ароганција","type":"ж.","description":"Надменост, вообразеност, дрскост, наперченост. Ме одби со невидена ароганција."},{"word":"арома","type":"ж.","description":"Пријатен мирис. Липата и без лимон има пријатна арома."},{"word":"аромат","type":"м.","description":"Зачин; мирисливо средство."},{"word":"ароматен","type":"прид.","description":"Мирислив. Ароматна состојка. Ароматичен чај"},{"word":"арпа","type":"ж.","description":"Нелупен ориз. Го мереа степенот на влажност на арпата."},{"word":"арпаџик","type":"м.","description":"Кокар, ситен кромид за расад, лут кромид со тригодишен циклус на развиток. Веднаш по садењето на арпаџикот од дното се појавува сноп коренчиња, кој подоцна се зголемува во должина."},{"word":"арсен","type":"м.","description":"Хемиски елемент, еден од најсилните отрови; симбол As."},{"word":"арсенал","type":"м.","description":"Место за изработка и за чување оружје."},{"word":"арслан","type":"м.","description":"Лав."},{"word":"артерија","type":"ж.","description":"(мед.) Крвен сад што ја пренесува крвта од срцето кон другите органи на телото."},{"word":"артизам","type":"м.","description":"Стремеж во уметноста за искористување на сите стилски и технички средства за создавање врвно уметничко дело; висока уметност. Неговата уметност иако се одликуваше со артизам, беше ценета од публиката."},{"word":"артикл","type":"м.","description":"Производ, трговски предмет, стока. Продавницата беше снабдена со разновидни артикли."},{"word":"артикулација","type":"ж.","description":"Положба и функција на говорните органи при образувањето и изговорот на гласовите. Артикулацијата на одделни гласови е зависна од физиологијата на говорните органи. Гласови со вокална артикулација."},{"word":"артикулира","type":"св. и несв.","description":"Изведе, изведува артикулација, изговори, изговора јасно. Децата тешко ги артикулираат гласовите како што се р и л."},{"word":"артилерец","type":"м.","description":"Човек што служи во артилерија; топчија."},{"word":"артилерија","type":"ж.","description":"Род во војската вооружен со тешко огнострелно оружје, со топови и сл. Тешка артилерија."},{"word":"артист","type":"м.","description":"Уметник; актер. Артистот излезе на сцената."},{"word":"артритис","type":"зам.","description":"Воспаление на зглобовите; ревмати"},{"word":"Аруба","type":"ж.","description":"Остров во Карипското Море."},{"word":"архаизам","type":"м.","description":"(лингв.) Застарен збор во ретка употреба. Преданијата се карактеризираат со постоење на многубројни архаизми."},{"word":"архаизација","type":"ж.","description":"Стремеж да се употребуваат постари форми; архаизирање. Оваа постапка претставува стремеж за архаизација на писмената реч. Тој во практиката се стреми кон архаизација на формите во сопствената поезија."},{"word":"архаизира","type":"св. и несв.","description":"Даде, дава поархаичен облик; направи, прави нешто да изгледа постаро. Некои автори го архаизираат јазикот за да постигнат специфичен стилски ефект. Тој го архаизира целиот процес на производство, означувајќи го како рачна изработка на предмети."},{"word":"архаичен","type":"прид.","description":"Стар, древен, карактеристичен за минат историски период. Овде среќаваме многу архаични форми. Неговата смисла и логика се длабоко архаични."},{"word":"архангел","type":"м.","description":"Според христијанското верување, ангел од повисок ред. Архангел Михаил."},{"word":"археолог","type":"м.","description":"Човек што се занимава со археологија."},{"word":"археологија","type":"ж.","description":"Историска наука што се занимава со ископување и проучување на материјалните остатоци од старите култури и цивилизации."},{"word":"архетип","type":"м.","description":"Образец, модел, прв примерок. Тој претставуваше архетип за потомците."},{"word":"архив","type":"м.","description":"Установа каде што се примаат, се проучуваат и се чуваат стари документи. Архив на Македонија. Државен архив. Градски архив."},{"word":"архива","type":"ж.","description":"Одделение, служба во претпријатие или установа што работи со документи, акти, списи и сл."},{"word":"архивар","type":"м.","description":"Специјалист и службеник во архив. Архиварите ја средуваа документацијата за Институтот. Тој е архивар во нашата општина."},{"word":"архиварство","type":"ср.","description":"Архивска или архиварска дејност. Сега може да се каже дека архиварството во Македонија има своја традиција."},{"word":"архивира","type":"св. и несв.","description":"Подреди, подредува, складира и чува документи, списи, акти и слични пишани материјали во определена установа за натамошно проучување и потврдување. Цела недела службата ги архивираше документите. Тие ги архивираат пристигнатите писма."},{"word":"архивист","type":"м.","description":"Специјалист за проучување архивски материјал, тој што се потпира на архивски истражувања во својата работа."},{"word":"архиѓакон","type":"м.","description":"Повисоко звање за ѓакон, прв ѓакон."},{"word":"архиепископ","type":"м.","description":"Поглавар на црковна област од неколку епископии; митрополит."},{"word":"архиепископија","type":"ж.","description":"Црковна област под управа на архиепископ."},{"word":"архијереј","type":"м.","description":"Старешина на свештениците; владика."},{"word":"архимандрит","type":"м.","description":"Највисок чин во монашкиот ред; старешина на монасите во манастирите."},{"word":"архипелаг","type":"м.","description":"Група острови."},{"word":"архитект","type":"м.","description":"Специјалист по архитектура."},{"word":"архитектоника","type":"ж.","description":"(архит.) Вештина за складно комбинирање на деловите при градење; наука за градењето."},{"word":"архитектура","type":"ж.","description":"Наука за проектирање, изградба и уметничко обликување на градежни објекти."},{"word":"архитектурен","type":"прид.","description":"Што се однесува на архитектура."},{"word":"арчи","type":"несв.","description":"Троши пари. Сите пари ги арчеше за храна. Таа многу арчеше за фустани."},{"word":"аршин","type":"м.","description":"Стара мера за должина (помеѓу 65 и 75 сантиметри)."},{"word":"аршлама","type":"ж.","description":"Едногодишно растение, со главичка во земјата и издолжени листови, пера, сладок кромид; Allium fistulosum."},{"word":"ас","type":"м.","description":"Во картите за играње ‒ единица, најсилна карта."},{"word":"асе","type":"ср.","description":"Фино памучно платно за везење, изработка на постелнина и сл."},{"word":"асептичен","type":"прид.","description":"Што е заштитен од зараза; што е без заразни микроорганизми."},{"word":"асептички","type":"прид.","description":"Што спречува зараза, што е против зараза. Асептички средства."},{"word":"асиметрија","type":"ж.","description":"Отсуство на симетрија, несразмерност, нехармоничност, нееднаквост на деловите."},{"word":"асиметричен","type":"прид.","description":"Што не е симетричен, несразмерен."},{"word":"асимилатор","type":"м.","description":"Тојшто врши асимилација"},{"word":"асимилаторен","type":"прид.","description":"Претопувачки, присоединувачки со цел да се обезличи постоечкото. Македонската национална култура има својствена отпорност кон асимилаторните стремежи однадвор."},{"word":"асимилација","type":"ж.","description":"Претопување, присоединување при што се губи обележјето и се обезличуваат основните карактеристики. Македонското културно наследство беше објект на најсурова асимилација."},{"word":"асимилира","type":"св. и несв.","description":"Изврши, врши асимилација."},{"word":"Асирија","type":"ж.","description":"Древна држава во Месопотамија."},{"word":"асистент","type":"м.","description":"Почетно наставно и научно звање на универзитет или во научна институција. Тој е асистент на филолошкиот факултет."},{"word":"асистира","type":"несв.","description":"Извршува работа на асистент. Две помлади колешки му асистираа на професорот при операцијата."},{"word":"аскер","type":"м.","description":"Војска. Голем аскер мина низ селото и зад себе пустош остави. Селата се наполнија со аскер."},{"word":"аскет","type":"м.","description":"Човек што се откажува од сетилните задоволства и се стреми кон морална и духовна чистота"},{"word":"аскетизам","type":"м.","description":"Религиозно учење што проповеда самоодрекување."},{"word":"аскетство","type":"ср.","description":"Начин на живот на аскетите."},{"word":"асли","type":"прид.","description":"прид. Вистински, прав. Се покажа асли човек."},{"word":"Асмара","type":"ж.","description":"Главен град на Еритреја."},{"word":"асолен","type":"прид.","description":"Добар, вреден, корисен. Зетот се погоди асолен човек."},{"word":"асонанција","type":"ж.","description":"Повторување на исти самогласки во еден стих."},{"word":"асортиман","type":"м.","description":"Избор на разни видови трговска стока. По продавниците можеше да се најде голем асортиман на производи."},{"word":"асоцијален","type":"прид.","description":"Што не е вклучен во општеството, незаинтересиран за општествениот живот и неговите норми; недружељубив."},{"word":"асоцијативен","type":"прид.","description":"Што се однесува на асоцијација; што здружува, што обединува. Асоцијативно размислување."},{"word":"асоцијација","type":"ж.","description":"Поврзување во свеста на едни поими и претстави со други."},{"word":"асоцира","type":"св. и несв.","description":"Поврзе, поврзува во свеста една појава со друга, предизвика, предизвикува асоцијација на нешто. Жолтата боја асоцира на нешто несакано, а виолетовата асоцира на таинственост. Овие стихови асоцираат на народната поезија. Советот ги асоцира двете здруженија во сојуз."},{"word":"аспарагус","type":"м.","description":"Повеќегодишно растение со долги, кревки, разгранети стебленца со ситни лушпести светлозелени ливчиња и бели или жолтеникави ситни цветчиња; некои подвидови се користат за исхрана, а некои како украсни растенија."},{"word":"аспект","type":"м.","description":"Гледиште, гледна точка, стојалиште. Тоа треба да се разгледа и од друг аспект."},{"word":"аспирант","type":"м.","description":"Човек што се стреми кон нешто, што сака да постигне нешто. Ќе се најде и евентуален аспирант на оваа фотелја."},{"word":"аспиратор","type":"м.","description":"Смукалка за гасови, прав, течности и др."},{"word":"аспирација","type":"ж.","description":"Желба, стремеж кон нешто. Аспирација за успех."},{"word":"аспирин","type":"м.","description":"Фабричко име за ацетилсалицилна киселина којашто се користи за намалување на зголемена телесна температура и на болки."},{"word":"аспра","type":"ж.","description":"Ситна сребрена пара (монета)."},{"word":"астал","type":"м.","description":"Маса. Асталот беше преполн со најразлични јадења."},{"word":"астар","type":"м.","description":"Постава; ткаенина за постава."},{"word":"астарка","type":"ж.","description":"Штица за конструкција за покрив."},{"word":"астма","type":"ж.","description":"Вид хронично заболување што се карактеризира со отежнато дишење и задушување; задув."},{"word":"астматичен","type":"прид.","description":"Што има астма, што боледува од астма, што потекнува од астма. Астматично кашлање. Астматично дишење."},{"word":"астраган","type":"м.","description":"Скапоцено јагнешко кадраво крзно со црна или темнокафеава боја. Шубара од астраган."},{"word":"астрален","type":"прид.","description":"Ѕвезден, што потекнува од ѕвезда. Астрален објект."},{"word":"Астрахан","type":"м.","description":"Град во Русија."},{"word":"астролог","type":"м.","description":"Човек што се занимава со астрологија."},{"word":"астрологија","type":"ж.","description":"Верување дека според поставеноста на ѕвездите може да се одреди човечката судбина."},{"word":"астроном","type":"м.","description":"Човек што се занимава со астрономија."},{"word":"астрономија","type":"ж.","description":"Наука за небесните тела."},{"word":"Асуан","type":"м.","description":"Град во Египет."},{"word":"Асунсион","type":"м.","description":"Главен град на Парагвај."},{"word":"асура","type":"ж.","description":"Рогозина. За пакување се користат слама, струганица или мов, заврзани во асури."},{"word":"асфалт","type":"м.","description":"Вид црна смола добиена како производ од нафта. Тие произведуваат асфалт во големи количини."},{"word":"асфалтен","type":"прид.","description":"Што е од асфалт, што се однесува на асфалт. Асфалтна облога. Асфалтен пат."},{"word":"асфалтира","type":"св. и несв.","description":"Обложи, обложува со слој од асфалт. Работниците за неколку дена ја асфалтираа улицата."},{"word":"ат","type":"м.","description":"Коњ. Јаваше на црн ат и мавташе со сабјата."},{"word":"атавизам","type":"м.","description":"Случај кога кај некои живи суштества се јавуваат некои особини наследени од многу далечни предци."},{"word":"атак","type":"ж.","description":"Вооружен напад. Атаките врз селото не престануваа."},{"word":"Атакама","type":"ж.","description":"Пустина во Јужна Америка."},{"word":"атакува","type":"св. и несв.","description":"Изврши, врши атака. Сега е време да се атакува, а не да се седи и да се молчи."},{"word":"атаман","type":"м.","description":"Старешина, водач на козаците."},{"word":"атар","type":"м.","description":"Подрачје што припаѓа на некое село или општина. Селски атар."},{"word":"аташе","type":"м.","description":"Дипломатски службеник што врши функција на советник за одредена област (за култура, за печат, за воени прашања и др.)."},{"word":"атеизам","type":"м.","description":"Безбожност, неверување во постоењето на бог, отсуство на религиозни чувства."},{"word":"атеист","type":"м.","description":"Приврзаник на атеизмот; безбожник."},{"word":"ателје","type":"ср.","description":"Просторија за работа на уметник или занаетчија, уметничка или занаетчиска работилница. Сликарско ателје. Фотографско ателје. Модно ателје. Фризерско ателје."},{"word":"Атена","type":"ж.","description":"Антички град држава на Атичкиот Полуостров."},{"word":"атентат","type":"м.","description":"Убиство на некоја позната личност."},{"word":"атентатор","type":"м.","description":"Убиец на некоја позната личност, извршител на атентат."},{"word":"атер","type":"м.","description":"Љубов, наклонетост, добра волја. Го направив од атер. За атер на мајка му му помогнав."},{"word":"атерџија","type":"м.","description":"Човек што прави нешто за атер; пресретлив човек."},{"word":"атест","type":"м.","description":"Писмена потврда, уверение. Атест за техничка исправност."},{"word":"Атика","type":"ж.","description":"Полуостров во Грција."},{"word":"Атина","type":"ж.","description":"Главен град на Грција."},{"word":"атипичен","type":"прид.","description":"Што отстапува од образецот, моделот; невообичаен, несекојдневен. Атипично однесување."},{"word":"атка","type":"ж.","description":"Вид игра со ореви."},{"word":"атлаз","type":"м.","description":"Свилена ткаенина со висок сјај."},{"word":"атлазен","type":"прид.","description":"Што е направено од атлаз."},{"word":"Атлантски Океан","type":"м.","description":"Океан, го опкружуваат Европа, Африка, Северна и Јужна Америка."},{"word":"атлас","type":"м.","description":"Збирка географски, историски или друг вид карти."},{"word":"Атлас","type":"м.","description":"Планински масив во североисточниот дел на Африка."},{"word":"атлет","type":"м.","description":"Развиен, снажен, спортски граден маж."},{"word":"атлетика","type":"ж.","description":"Гранка на спортот што опфаќа повеќе дисциплини (трчање, скокање, фрлање копје и др.). Атлетиката е кралица на спортовите."},{"word":"атлетичар","type":"м.","description":"Спортист што се занимава со атлетика."},{"word":"атмосфера","type":"ж.","description":"(само едн.) Воздушна обвивка околу Земјата."},{"word":"атом","type":"м.","description":"(физ. и хем.) Најмал дел од еден елемент што го задржува неговиот хемиски идентитет, составен од јадро и од електрони. Атомот го држат кохезиски сили. Молекулата е составена од атоми."},{"word":"Атос","type":"м.","description":"Планина во Грција."},{"word":"ат-пазар","type":"м.","description":"Пазар за коњи, сточен пазар. Отидоа да купат коњ на ат-пазар."},{"word":"атрактивен","type":"прид.","description":"Интересен, привлечен, примамлив, необичен. Атрактивна жена. Атрактивна облека. Атрактивно место."},{"word":"атракција","type":"ж.","description":"Нешто интересно, необично, занимливо. Неговиот мелодичен глас претставуваше атракција каде и да се појавеше."},{"word":"атрибут","type":"м.","description":"Карактеристика, својство, особина, одлика. Коњот се сметал за аристократски атрибут во класична Атика."},{"word":"атрибутивен","type":"прид.","description":"Што се однесува на атрибут; што врши служба на атрибут"},{"word":"атриум","type":"м.","description":"Претсобје; преден дел од храм."},{"word":"атрофија","type":"ж.","description":"(мед. и биол.) Смалување, слабеење, сушење на некој орган или ткиво поради негова недоисхранетост или долга неактивност. Специјалистот констатира атрофија на едниот бубрег. Атрофијата на стеблото на растенијата е знак за заболување."},{"word":"атрофира","type":"св. и несв.","description":"(мед.) Заостане, заостанува во развојот, не се развие, не се развива нормално. Органите за варење кај јагулите полека атрофираат во текот на целото патување. При оваа болест дел од мозочното ткиво постапно атрофира."},{"word":"ау","type":"изв.","description":"За изразување на изненадување или на чудење. Ау, колку си пораснал!"},{"word":"аугментатив","type":"м.","description":"Збор со наставка која го означува како големо, зголемено тоа што го именува зборот во своето основно значење; на пр.: куќа ‒ куќиште, човек ‒ човечиште."},{"word":"аугментативен","type":"прид.","description":"Што има својство на зголемување."},{"word":"аудиенција","type":"ж.","description":"Официјален прием кај лице на висока општествена положба. Претставниците на политичките партии беа примени на аудиенција кај Претседателот."},{"word":"аудитивен","type":"прид.","description":"Што се однесува на слухот; слушен. Аудитивен апарат."},{"word":"аудиториум","type":"м.","description":"Сала во којашто се држат предавања, слушална. Аудиториумот беше полн со публика."},{"word":"аудиција","type":"ж.","description":"Пробен настап на актери и пејачи пред комисија; проверување на гласовни, музички или актерски способности. Аудиција за пејачи. Аудиција за актери."},{"word":"аукција","type":"ж.","description":"Јавна продажба со наддавање. Аукција на уметнички слики."},{"word":"аула","type":"ж.","description":"Широка, отворена просторија, свечена сала, обично на факултетите, во училиштата и сл. Комеморацијата се одржа во аулата на факултетот."},{"word":"ауспух","type":"м.","description":"Цевка за испуштање на искористените гасови кај автомобилите."},{"word":"аут","type":"прил.","description":"Излегување на топката надвор од обележаниот простор на игралиштето."},{"word":"аутопсија","type":"ж.","description":"(мед.) Откривање на причината за смрт со сецирање. На умрениот му беше извршена аутопсија."},{"word":"аутсајдер","type":"м.","description":"(спорт.) Човек или тим, екипа од кои не се очекува победа на натпревар."},{"word":"аух","type":"изв.","description":"За изразување на изненадување, страв, чудење и сл. Аух, ме преплаши!"},{"word":"афазија","type":"ж.","description":"Неспособност за зборување, онеменост, намалена способност за разбирање на одделни зборови поради повреда на мозокот."},{"word":"афект","type":"м.","description":"Возбуда, вознемиреност, силно емоционално чувство манифестирано како несвесна активност и како ненормална психолошка состојба. Таа во афект не знае што зборува. Писмото го напиша во афект, но не го испрати. Можеш во афект да сториш страшни злосторства, неконтролирањето при афектот е страшна работа."},{"word":"афектација","type":"ж.","description":"Афектирање."},{"word":"афектен","type":"прид.","description":"Што се однесува на афект. Афектна состојба."},{"word":"афективен","type":"прид.","description":"Возбудлив, вознемирен, чувствителен, осетлив. Сето ова тој го изјави во афективна состојба. Неговото викање беше толкувано само како афективна реакција. Во неговото зборување е присутен и афективниот елемент."},{"word":"афектира","type":"св. и несв.","description":"Се преправи, се преправа, се однесува, реагира неприродно. Тој афектираше, паѓаше во буновна патетика, но јас не го ни погледнав. Таа пред луѓе афектира, покажувајќи неизмерна среќа."},{"word":"афера","type":"ж.","description":"Недозволена работа или непријатен случај што ќе дојде до очите на јавноста; скандал. Деновиве весниците беа преполни со афери од политиката."},{"word":"аферим","type":"изв.","description":"Браво!"},{"word":"аферист","type":"м.","description":"Човек што шири, што предизвикува афери."},{"word":"афинитет","type":"м.","description":"(хем.) Сила на хемиските елементи да се соединуваат меѓу себе."},{"word":"афион","type":"м.","description":"Едногодишно растение со високо тенко стебло, со крупни листови и со бели, сино-виолетови и црвени цветови; плодовите му се крупни шапки, чушки од кои се добива опиум."},{"word":"афионар","type":"м.","description":"Човек што обработува афион."},{"word":"афионов","type":"прид.","description":"Што е од афион. Афионова чушка."},{"word":"афирмативен","type":"прид.","description":"Потврден, успешен. Одговорот на ова прашање сам по себе е афирмативен."},{"word":"афирматор","type":"м.","description":"Тој што афирмира некого или нешто, некакви идеи и сл."},{"word":"афирмација","type":"ж.","description":"Потврда, поткрепа. Крсте ПетковМисирков е голем борец за афирмацијата на македонскиот народ и на неговиот јазик."},{"word":"афирмира","type":"св. и несв.","description":"Истакне, истакнува; потврди, потврдува. Тој ги афирмираше новите тенденции во македонската ликовна уметност."},{"word":"афиш","type":"ж.","description":"Оглас, плакат"},{"word":"афоризам","type":"м.","description":"Кратко, збиено искажана мудра мисла."},{"word":"афористичен","type":"прид.","description":"Што содржи афоризми, што има својство на афори"},{"word":"Африка","type":"ж.","description":"Континент."},{"word":"Африканер","type":"м.","description":"Припадник на белите староседелци со холандско потекло во Јужноафриканската Република."},{"word":"афродизијак","type":"м.","description":"Средство за зголемување на сексуалната моќ."},{"word":"ах!","type":"изв.","description":"За изразување различни расположенија и чувства (болка, тага, изненадување, чудење, радост, лутина и др.). Ах, бре детенце, јадење не јадеш, душата ми ја јадеш!"},{"word":"Ахаец","type":"м.","description":"Припадник на старогрчко племе."},{"word":"ахат","type":"м.","description":"Вид полускапоцен камен, минерал составен од повеќе видови кварц, лесно впива боја, се користи при изработка на накит."},{"word":"аха-ха!","type":"изв.","description":"За изразување смеа, смеење. Аха-ха, види си ја устата!"},{"word":"ацетон","type":"м.","description":"Безбојна течност со силен мирис што служи за растворање бои, лакови и сл."},{"word":"Ацтек","type":"м.","description":"Припадник на древен народ во денешно Мексико, Северна Америка."},{"word":"ачик","type":"прид.","description":"немен. прид. Отворен, јасен, бистар. Ачик човек. Ачик работа."},{"word":"ачиклија","type":"прид.","description":"Отворен човек."},{"word":"аџамија","type":"м.","description":"Неискусно, младо лице.Таа беше аџамија, младо девојче што не го знае животот. Млади аџамии, улави, не знаат што прават."},{"word":"аџамилак","type":"м.","description":"Неискусност, незрелост, неопитност."},{"word":"аџи","type":"претс.","description":"Збор што се става пред името за означување дека се работи за човек што бил на аџилак."},{"word":"аџија","type":"м.","description":"Човек што бил на поклонение во светите места, Мека за муслиманите и Ерусалим за христијаните."},{"word":"аџилак","type":"м.","description":"Поклонение во светите места."},{"word":"аш!","type":"изв.","description":"За нешто што е скриено, што го нема веќе, обично при обраќање на деца."},{"word":"ашик","type":"м.","description":"Љубов, мерак. Ашик се стори."},{"word":"ашик","type":"м.","description":"Коска од задното колено на животните; чашка."},{"word":"ашиќаре","type":"прил.","description":"Јавно, очигледно."},{"word":"ашка","type":"несв.","description":"Турка. Децата се ашкаа пред вратата. Девојчето го ашкаше братчето на клупата."},{"word":"ашканица","type":"ж.","description":"Турканица, бутканица, метеж. Одеднаш се стори една ашканица во чекалната и редот се загуби."},{"word":"ашколсум","type":"изв.","description":"Прекрасно, одлично, браво"},{"word":"ашладиса","type":"св.","description":"Накалеми."},{"word":"ашлак","type":"м.","description":"Неранимајко, мангуп. Таткови дворја ли дигнавте, бре ашлаци, та што сте се разгаштиле?!"},{"word":"ашлама","type":"ж.","description":"Калем."},{"word":"Ашхабад","type":"м.","description":"Главен град на Туркменистан."},{"word":"б","type":"глас","description":"Глас, звучна согласка во македонскиот стандарден јазик, уснена – според местото на образување, преградна – според начинот на образување."},{"word":"ба!","type":"изв.","description":"Изразува изненадување. Ба, ами сега што ќе правиме."},{"word":"баба","type":"ж.","description":"Мајка на родител. Мојата баба."},{"word":"баба","type":"м.","description":"вок. бабо. Татко."},{"word":"Баба","type":"ж.","description":"Планина во Македонија."},{"word":"бабаит","type":"м.","description":"Јунак, голем крупен маж. Седеле неколцина турски бабаити во една меана да пијат лута ракија"},{"word":"бабаитлак","type":"м.","description":"Јунаштво. Умните знаат дека бабаитлакот и со главата се плаќа."},{"word":"бабајко","type":"м.","description":"Доведи му ти невеста, нека работат обата како ние што му работиме на бабајка ти ..."},{"word":"бабалак","type":"м.","description":"Тест (татко на жената)."},{"word":"бабар","type":"м.","description":"Преправен човек, кој, на 14 јануари, оди по куќите и изведува игри и прави шеги во врска со празникот. Тајфите бабари што одат низ селата, од куќа на куќа, кога ќе се сретнат, стапуваат во битка. Од врв планина слегуваат бабари со ѕвонци."},{"word":"бабачко","type":"м.","description":"Човечиште, крупен и силен човек. Си станал веќе бабачко. За да биде работата уште повесела, покрај кафезот седеа тројца бабачковци со машински пушки."},{"word":"Бабелмандепски Проток","type":"м.","description":"Проток што ги дели Африка и Азија."},{"word":"бабилика","type":"ж.","description":"Шумско дрво, високо десетина метри, со плод сличен на мала круша; оскоруша; Sorbus torminalis."},{"word":"бабинбабиниот","type":"прид.","description":"Што се однесува на баба. Бабиниот двор. Бабино внуче."},{"word":"бабински","type":"прид.","description":"Што ѝ припаѓа на баба. Бабински работи."},{"word":"бабица","type":"ж.","description":"Жена што помага при породување на друга жена и се грижи за бебето во првиот период; акушерка. Старата беше бабица во селото."},{"word":"бабјак","type":"м.","description":"Двегодишна билка што расте на неплодни запуштени места како плевел, висока до два метри со жолти цветови, блостур; Verbascum phlomoides."},{"word":"баблаче","type":"ср.","description":"Мал меур или оток. По кожата ѝ се накреваа баблачиња како по полазување на гасеници."},{"word":"бабнатина","type":"ж.","description":"Оток. Ги напипа тврдите бабнатини."},{"word":"бабне","type":"св.","description":"Силно удри. Двете експлозии бабнаа одеднаш."},{"word":"бабне","type":"повр.","description":"Набрекнува жила. Жилите бабнеа, значи човекот е жив."},{"word":"бабовина","type":"ж.","description":"Оставина од татко; бабалак 4. Имам бабовина. Ова ми е и дедовина и бабовина."},{"word":"бабот","type":"м.","description":"Татнеж. Се слушаше баботот на камионите."},{"word":"баботало","type":"ср.","description":"Тој што баботи, што зборува постојано и гласно. Престани, баботало!"},{"word":"баботач","type":"м.","description":"Дрдорко. Баботач еден, престани, само баботиш!"},{"word":"баботевица","type":"ж.","description":"Силно бучење, баботење, врева. Градската баботевица се слушаше далеку. Баботевицата од дворот постепено стивнуваше."},{"word":"баботи","type":"несв.","description":"Силно удира, татни. Дождот баботи по прозорците. Митралезот далеку баботи. Усвитената печка баботи. Огнот баботеше."},{"word":"бабри","type":"несв.","description":"Се наголемува по обем, нараснува, созрева. Зрната од житото бабрат. Жилите му бабрат."},{"word":"бабува","type":"несв.","description":"За бабица - се грижи за новороденото дете и за леунката. Сака-нејќе, се нафатила, ќе го бабува ова кучило. Свекрвата ја бабуваше невестата до три дена."},{"word":"бабуле","type":"ср.","description":"Меур на кожата полн со течност. Имаше мали бабулиња по кожата. Надуено бабуле."},{"word":"бабулест","type":"прид.","description":"Што има облик на бабуле. Бабулест нос. Бабулесто лице."},{"word":"бабун","type":"м.","description":"Учесник во Богомилското движење; Нема на светов досега подруги вистини за вас и за нас освен оние во соништата на бабуните, богомилите, робјето..."},{"word":"бабун","type":"м.","description":"(зоол.) Вид мајмун, павијан."},{"word":"Бабуна","type":"ж.","description":"Планина и река во Македонија."},{"word":"бабунов","type":"прид.","description":"Што се однесува на бабун1, што му припаѓа на бабун1. Во тој крај се најдува и по некој бабунов гроб."},{"word":"бабуњосан","type":"прид.","description":"Надуен, отечен. Бабуњосан нос. Бабуњосан во лицето."},{"word":"бабуњоса (се)","type":"св.","description":"Добие оток, се подуе, отече. Не го виде знакот и толку силно се удри, што (се) бабуњоса во лицето."},{"word":"бабура","type":"ж.","description":"Вид широка дебела пиперка; Capsicum."},{"word":"бабушка","type":"ж.","description":"бабура."},{"word":"Баварија","type":"ж.","description":"Покраина во Германија."},{"word":"бавеж","type":"м.","description":"Дејство што се одвива бавно, бавење бавност. Нема да има бавеж во работата."},{"word":"бавен","type":"прид.","description":"Што е пипав, што работи со мала брзина; Бавен чекор. Бавно движење."},{"word":"бави","type":"несв.","description":"Прави да задоцни, задржува некого. Брзам, не бави ме."},{"word":"бавта","type":"несв.","description":"Мами, вешто лаже некого, матка. Го бавтаат ваму-таму."},{"word":"бавча","type":"ж.","description":"Градина. Голема бавча. Плодна бавча."},{"word":"бавчанџија","type":"м.","description":"Тој што се занимава со одгледување градинарски производи; градинар."},{"word":"бавчанџиство","type":"ср.","description":"Градинарство. Целиот свој живот се занимава со бавчанџиство."},{"word":"багаж","type":"м.","description":"Потребни работи што се носат при патување (куфери, торби и др.). Тежок багаж."},{"word":"багажен","type":"прид.","description":"Што се однесува на багаж. Багажен простор."},{"word":"багажник","type":"м.","description":"Место или направа за багаж на превозно средство (на велосипед, во автомобил и др.)."},{"word":"багатела","type":"прил.","description":"Нешто незначително, со мала цена. Го купив евтино, багатола."},{"word":"багателен","type":"прид.","description":"Што е незначително, евтино. Багателна работа. Багателна стока."},{"word":"Багдад","type":"м.","description":"Главен град на Ирак."},{"word":"багер","type":"м.","description":"Машина за копање земја, за префлување земја, песок, чакал. Голем багер. Расипан багер."},{"word":"багерист","type":"м.","description":"Човек што управува со багер. Багеристот ја собра целата земја."},{"word":"багра","type":"ж.","description":"Боја, пурпур, руменило. Багрите на пролетта."},{"word":"багрем","type":"м.","description":"Листопадно дрво, со високо тенко стебло и бел, розев или жолт цвет со опоен мирис; бела акација; Robinia pseudoacacia. Мирисот на багремот е опоен. Улица со багреми."},{"word":"багремник","type":"м.","description":"Место обраснато со багреми. Стар багремник."},{"word":"багремов","type":"прид.","description":"Багремов цвет. Старо багремово дрво. Багремов мед."},{"word":"багремовина","type":"ж.","description":"Дрво, трупец од багрем. Мирисаше на изгорена багремовина."},{"word":"багри","type":"несв.","description":"Обои, зарумени, направи румено. Крвта ги багреше камењата."},{"word":"бадем","type":"м.","description":"Многугодишно шумско дрво со бел или розов цвет и плод со јатки; Prunus amygdalus. Расцутени бадеми."},{"word":"бадемест","type":"прид.","description":"Што е сличен, што има форма на бадем. Големи, црни и бадемести очи."},{"word":"бадемка","type":"ж.","description":"Вид диња чие јадро (со семето) лесно се одвојува. Жолти дињи бадемки."},{"word":"бадемов","type":"прид.","description":"Што е од бадем. Бадемова семка. Бадемови дрвја. Бадемово масло."},{"word":"бадијала","type":"прил.","description":"Често во состав: за бадијала. Бесплатно, под цена, залудно, напразно, попусто, без корист. Бадијала ги даде. Не давам пари бадијала. Зборува за бадијала. Цел ден чека за бадијала."},{"word":"бадијалџија","type":"м.","description":"Безработник, готован, мрзливец, тој што денгуби. Селски бадијалџија. Стани, бадијалџијо!"},{"word":"бадминтон","type":"м.","description":"Спортска игра слична на тенис, која се игра со топче и рекети."},{"word":"бадник","type":"м.","description":"Верски православен празник, ден спроти Божиќ. Вечер чекаме Бадник, никаде не се оди."},{"word":"бадникар","type":"м.","description":"Учесник во бадниковата вечер. Бадникарите седеа покрај огнот до зора."},{"word":"бадников","type":"прид.","description":"Што се однесува на бадник. Бадникова вечер. Бадниково дрво. Се прерипува бадниковиот оган. Бадничко расположение"},{"word":"бае","type":"несв.","description":"Шепоти таинствени зборови за лекување болен. Многу баби му баеја."},{"word":"баеги","type":"прил.","description":"Во голема мера, многу. Баеги далеку. Баеги работи. Баеги стар. Баеги пари потрошив. Настана баеги викотница."},{"word":"баждар","type":"м.","description":"Такса за тезга на пазар. Плати баждар."},{"word":"баждарен","type":"прид.","description":"Предмет врз којшто е извршено баждарење. Баждарена стока."},{"word":"баждари","type":"несв.","description":"Проверува точност на мерите што се употребуваат во прометот, проверува исправност на инструментите со кои се мери. Еднаш годишно ги баждариме терезиите (вагите)."},{"word":"баждарина","type":"ж.","description":"Трошарина, такса;"},{"word":"баждарница","type":"ж.","description":"Јавна установа, обично поставена на влезот од градот, каде што на селаните им се наплатувало; трошарина. Пред секој град постоела баждарница."},{"word":"баз","type":"м.","description":"Парче земја со густа трева ископано од горниот слој на необработувана почва. Откорна еден баз. Копањето на базјето беше тешко."},{"word":"база","type":"ж.","description":"Основа, темел, подлога."},{"word":"базалт","type":"м.","description":"Многу тврда вулканска карпа, црна или зелена; добар градежен материјал. Статуи направени од базалт."},{"word":"базалтов","type":"прид.","description":"Што е направен од базалт. Базалтови плочи."},{"word":"базар","type":"м.","description":"Покриена ориентална чаршија; пазар."},{"word":"базд","type":"м.","description":"Лоша миризба, реа, смрдеа. Се чувствува силен базд."},{"word":"базди","type":"несв.","description":"Шири непријатна силна миризба, реа. Базди на ракија. Баздело наоколу од мртвиот труп."},{"word":"баздлив","type":"прид.","description":"Што базди, што е со силна непријатна миризба. Сети еден одвратен, баздлив здив."},{"word":"баздриѓан","type":"м.","description":"Трговец. Трговијата со текстил била развиена и имало многу баздриѓани."},{"word":"баздриѓанлак","type":"м.","description":"Трговија. Одбил да биде во баздриѓанлакот."},{"word":"базен","type":"м.","description":"Област од која истечни води се слеваат во некоја друга истечна вода или во неистечни води; басен. Охридски базен. Дунавски базен."},{"word":"базер","type":"м.","description":"Вид бел крин, што расте до еден метар, со бели цветови без мирис; Asphodelus albus."},{"word":"базилика","type":"ж.","description":"Стара христијанска црква, христијански храм со правоаголна форма и со високи столбови."},{"word":"базира","type":"св. и несв.","description":"Втемели, втемелува, заснове, засновува. Тој ги базира своите кажувања на (врз) неточни, лажни податоци."},{"word":"базичен","type":"прид.","description":"Што се однесува на базата; основен. Базична индустрија. Базични принципи."},{"word":"базука","type":"ж.","description":"(воен.) Рачен противтенковски фрлач на гранати на ракетен погон."},{"word":"баир","type":"м.","description":"Рид, брдо. Замина преку баирите. Ќе се качиш по баирот."},{"word":"Баирики","type":"ср.","description":"Главен град на Кирибати."},{"word":"бај","type":"м.","description":"Чичко. Бај Петре."},{"word":"бај","type":"изв.","description":"За довикување овци. Бај, ба-ај!"},{"word":"бај","type":"изв.","description":"Поздрав. Бај-бај!"},{"word":"бајалдиса","type":"св.","description":"Снеможе. Кобилата бајалдиса."},{"word":"бајат","type":"прид.","description":"Што е застојан, стар, што не е свеж (обично за храна). Бајат леб. Бајато пиво. Бајати чоколади. Бајата новост."},{"word":"бајати","type":"несв.","description":"Расипува. Топлото го бајати млекото."},{"word":"бајач","type":"м.","description":"Гаталец, вражач, вражалец, тој што бае, гата. Познавам многу бајачки, а знам и еден бајач."},{"word":"бајка","type":"ж.","description":"Кус расказ исполнет со фантастични случки и со натприродни суштества, приказна, сказна. Раскажува бајка. Класична бајка. Руска бајка."},{"word":"Бајкал","type":"м.","description":"Езеро во азискиот дел на Русија."},{"word":"бајонет","type":"м.","description":"Студено оружје, нож со кој се сече и се боде, а може да се стави на цевката од пушката. Прободени и исечени со бајонет. Пушка со бајонет."},{"word":"бајпас","type":"м.","description":"Пат што овозможува проток на сообраќај во случај кога регуларниот е оневозможен."},{"word":"бајрак","type":"м.","description":"Знаме. Развиорен бајрак. Црковни бајраци и литии."},{"word":"бајрактар","type":"м.","description":"Тој што го носи знамето, бајракот, знаменосец (во војска и на свадба). Прв бајрактар да бидам. Бајрактар за на свадба. Бајрактарот оди пред сите."},{"word":"Бајрам","type":"м.","description":"Муслимански празник. Таа година се погоди Прочка и Бајрам во еден ден."},{"word":"бајрамува","type":"несв.","description":"Празнува Бајрам. Бајрамува три дена."},{"word":"бајт","type":"м.","description":"Основна единица за меморија во информатиката. Еден килобајт содржи илјада дваесет и четири бајта."},{"word":"бајче","type":"ср.","description":"Детски назив за јагне. Бело бајче. Рипкаат бајчиња."},{"word":"бака","type":"ж.","description":"Сад во кој се става крмата за стоката. Бака со крма."},{"word":"бакал","type":"м.","description":"Трговец на различни ситни производи, обично прехранбена стока. Работеше како бакал. Ја свршија за бакал(ин). Селски бакалин"},{"word":"бакалар","type":"м.","description":"Вид риба од северните мориња. Мириса на сушен бакалар."},{"word":"бакаллак","type":"м.","description":"Бакалска стока. Почна да му реди разен бакаллак: две оки шеќер, пол ока кафе, сто драм црвен пипер, една вреќа сол, тенекија газија и др."},{"word":"бакалница","type":"ж.","description":"Продавница со бакалска стока. Селска бакалница. Отвори бакалница."},{"word":"бакалува","type":"несв.","description":"Врши бакалска работа. Успешно бакалува."},{"word":"бакам","type":"м.","description":"Растение со кое се вапсуваат велигденски јајца, варзило; Caesalpinia bahanmensis. Бакам за боење јајца."},{"word":"бакар","type":"м.","description":"Само еднина. Хемиски елемент, метал со темноцрвена боја; симбол Cu. Мек бакар. Позеленет бакар. Не е од чисто злато, туку од бакар или од тенекија."},{"word":"бакарен","type":"прид.","description":"Што содржи бакар или што е од бакар. Бакарна руда. Бакарен котел. Бакарна жица. Бакарни садови. Бакарни пари. Бакарни пафти."},{"word":"бакари","type":"несв.","description":"Почитува, цени некого или нешто. Воопшто не ме бакари. Непара го бакареше ни Велигден, ни Ѓурѓовден."},{"word":"бакариса","type":"св.","description":"Обложи со бакар. Ги бакариса садовите."},{"word":"бакарисан","type":"глаг. прид.","description":"Што е обложено со бакар. Бакарисани садови."},{"word":"бакарлија","type":"прид.","description":"Што има боја на бакар, обично за човек, за неговиот темен тен, за бојата на очите и сл. Бакарлија човек. Очи бакарлии."},{"word":"бакарник","type":"м.","description":"Котел од бакар. Голем бакарник."},{"word":"бакарџија","type":"м.","description":"Човек што изработува бакарни садови; казанџија, котлар. Бакарџијата е стар занаетчија."},{"word":"бакелит","type":"м.","description":"Вид пластична маса, вештачка смола што служи за изработка на изолатори, копчиња, кутии и др. Кутија од бакелит."},{"word":"бакелитен","type":"прид.","description":"Што е направено од бакелит. Бакелитна кутија."},{"word":"бакенбарди","type":"и.","description":"Брада од двете страни на лицето, додека средниот дел е избричен. Господин со бакенбарди."},{"word":"бакла","type":"ж.","description":"Градинарско растение со бели цветови и плод од зрна покрупни од грав; Viciafaba. За готвење се користи недозреаното зрно од зелените мешунки од баклата. Баклата се бере во мај."},{"word":"бакла","type":"ж.","description":"Мал дрвен сад со рамна површина во кој се става вино или ракија; буклија, матарка. Две бакли вино."},{"word":"баклава","type":"ж.","description":"Ориентална пита од тенки кори со мелени ореви, по печењето прелиена со шербет. Донесоа тепсија со баклава. Суче кори за баклава."},{"word":"баклавар","type":"м.","description":"Лице што прави и продава баклава; слаткар. И баклавар и тулумбар, слаткар е."},{"word":"баклица","type":"ж.","description":"Метален сад за вода, што обично се користи во војска; матарка. Баклица со вода."},{"word":"бакне","type":"св.","description":"Даде бакнеж некому во знак на љубов, почит; баци, целива. Го бакне на разделување. Ја бакна старски, во челото. Му бакна рака. Го бакна крстот."},{"word":"бакнеж","type":"м.","description":"Допир, доближување на усните во знак на љубов, пријателство, почит кон некого или кон нешто. Долг бакнеж. Бакнеж в чело. Илјада бакнежи. Врел бакнеж."},{"word":"бакнирака","type":"ж.","description":"Ритуално бакнување рака, обичај во кој невестата им бакнува рака на сватовите. Од бакнирака ми се собраа многу пари."},{"word":"бакрач","type":"м.","description":"Бакарен котел или воопшто котел, во долниот дел поширок, кој има лак (рачка) од железо или од дебела жица за која се држи или за која се обесува. Бакрач на оган."},{"word":"бакрдан","type":"м.","description":"Јадење направено од пченкарно брашно; качамак. Бакрдан со кисело млеко. Вари бакрданик"},{"word":"бакрорез","type":"м.","description":"Техника на цртање со врежување во бакарна плоча."},{"word":"бакрорезец","type":"м.","description":"Лице што изработува бакрорези. Тој беше иконописец и бакрорезец."},{"word":"баксуз","type":"м.","description":"Човек што го следи лоша среќа, кому едно по друго му се случуваат лоши работи, несреќен човек. Мајка ми ме родила баксуз."},{"word":"баксузен","type":"прид.","description":"Што се однесува на баксуз. Баксузен човек. Баксузна жена. Баксузна работа."},{"word":"бактерија","type":"ж.","description":"Микроскопски мал, едноклеточен жив организам, подвижен или неподвижен, кој живее како паразит. Некои од бактериите предизвикуваат заразни болести."},{"word":"бактериолог","type":"м.","description":"Тој што се занимава со проучување на особините и на животот на бактериите."},{"word":"бактериологија","type":"ж.","description":"Наука што се занимава со проучување на особините и на животот на бактериите."},{"word":"бактиса (се)","type":"св.","description":"Ми (ти, му, ...) стане досаден, здодевен; боктиса. Ми (се) бактиса оваа работа."},{"word":"Баку","type":"ср.","description":"Главен град на Азербејџан."},{"word":"баќушка","type":"м.","description":"Назив за Русите и руските војници. Православниот баќушка нема да позволи војната да трае долго."},{"word":"бакшиш","type":"м.","description":"Подарок, дар, награда за направена услуга. Купи бакшиш. Снаата ќе донесе бакшиши за сите."},{"word":"бал","type":"м.","description":"Свечена вечерна игранка само за поканети гости, обично во сала. Кнегиницата ми помага да го направам балов повесел и поубав."},{"word":"бала","type":"ж.","description":"Голем и цврсто стегнат врзоп, обично од платно. Спакува сè во една бала и се врати во селото."},{"word":"балабан","type":"м.","description":"Висок, крупен човек. Го врзаа балабанот во синџири."},{"word":"балада","type":"ж.","description":"Лирско-епска песна со тажна содржина. Сестрата трујачка ја наоѓаме во народната балада."},{"word":"баладен","type":"прид.","description":"Што има карактер на балада, романтичен и тажен. Го потенцира основниот баладен пример."},{"word":"баладичен","type":"прид.","description":"Таа тема добива еден баладичен звук."},{"word":"балалајка","type":"ж.","description":"Вид руска триаголна тамбура со три жици."},{"word":"балама","type":"м.","description":"Глуп, глупав, умствено ограничен човек. Жените знаеле за ноќната игра на своите брадати балами."},{"word":"баланѕа","type":"ж.","description":"Кантар, уред за мерење. На баланѕата легнува денк по денк."},{"word":"баланс","type":"м.","description":"Рамнотежа. Има баланс помеѓу двете страни."},{"word":"балансира","type":"св. и несв.","description":"Одржи, одржува рамнотежа. Тој сака да балансира меѓу двете работи."},{"word":"баласт","type":"м.","description":"Товар за одржување на стабилност на брод, балон, авион и сл."},{"word":"Балатон","type":"м.","description":"Езеро во Унгарија."},{"word":"балван","type":"м.","description":"Неизделкано дебело дрво, неизделкана дебела греда, подолг трупец. Се превртував врз густиот вител греди, балвани, откорнати брестови. На малата река немаше мост туку балвани."},{"word":"балган","type":"м.","description":"Слуз, шлајм."},{"word":"балдаза","type":"ж.","description":"Свеска, сестра на сопругата. Имал снаа и балдаза."},{"word":"балдахин","type":"м.","description":"Свечена покривка над престол, над носилка, кревет или над олтар, обично од скапоцен материјал. Султански балдахин. Според големината на просторот на христијанските храмови, резбите биле распоредени на: иконостаси, балдахини, амвони, владички столови, певници."},{"word":"балдиса","type":"св.","description":"Папса, премали, се истошти, изнемошти, капне, премре. Тој папса, балдиса, одвај си ги влече излижаните копита."},{"word":"бале","type":"м.","description":"Вок. од брат. ‒ Тале ‒ викна по него цецка му, ‒ ела малце кај мене, бале! Кажи, бале, мило брате, / од што болка лежиш? Та слушајте море, балевци!"},{"word":"Балеарски Острови","type":"и.","description":"Шпански острови во Средоземно Море."},{"word":"балега","type":"ж.","description":"Животински измет. Смрди на мувла и балега."},{"word":"балегар","type":"м.","description":"Вид бумбар, тврдокрилен инсект што живее во балеги; Geotrupes stercorarius."},{"word":"балерина","type":"ж.","description":"Балетска уметница, балетска танчарка. Живееше со една балерина."},{"word":"балет","type":"м.","description":"Уметнички танц придружен со музика што прикажува симболично различни чувства и страсти. Немаме класичен балет, но го имаме Тешкото."},{"word":"балетан","type":"м.","description":"Балетски уметник, балетски танчар. На сцената излегуваат тројца балетани."},{"word":"балетанка","type":"ж.","description":"Обувки што ги носат балетските уметници при настап."},{"word":"балетен","type":"прид.","description":"На подиумот се изведува балетна точка."},{"word":"Бали","type":"ср.","description":"Остров во Индонезија."},{"word":"балира","type":"св. и несв.","description":"Врзе, врзува во бали, обично за сено или слама."},{"word":"балирка","type":"ж.","description":"Машина што врзува бали."},{"word":"балист","type":"м.","description":"Припадник на албанската националистичка организација, албански фашист. Се стоварија илјадници Германци и балисти од Гостивар и Струга."},{"word":"балистика","type":"ж.","description":"Наука што ги проучува законите за движењето на проектилите. Денес балистиката е многу развиена во САД."},{"word":"балистичар","type":"м.","description":"Тој што се занимава со балистика. Тој е најдобар балистичар."},{"word":"балка","type":"ж.","description":"Вид слива. Овоштарникот со балки многу роди."},{"word":"балкан","type":"м.","description":"Планина. Крвта ја остави на балканите. По балканите тревожни камбани бијат."},{"word":"Балканец","type":"м.","description":"Човек што живее или потекнува од Балканскиот Полуостров."},{"word":"балканизам","type":"м.","description":"Карактеристична особеност на балканските народи, односно целокупноста на таквите особености. Историјата на балканските народи е именувана како балканизам."},{"word":"балканизација","type":"ж.","description":"Пренесување обележја, карактеристични за животот, обичаите и јазиците на балканските народи. Да не дозволиме балканизација на Африка!"},{"word":"балканизира","type":"св. и несв.","description":"Воведе, воведува балкански методи и балкански начини на управување. Европските колонизатори сакаа да ја балканизираат Африка."},{"word":"балканијада","type":"ж.","description":"Спортски натпревари на претставници од балканските народи. На оваа балканијада Македонија го освои првото место."},{"word":"балканистика","type":"ж.","description":"Наука што го проучува животот, културите, јазиците и др. на балканските народи. Во тематската област балканистика авторите на трудовите навлегуваат во повеќе потесни тематски подрачја."},{"word":"балканолог","type":"м.","description":"Научник кој се занимава со балканологија."},{"word":"Балкански Полуостров","type":"м.","description":"Полуостров во Европа."},{"word":"балкон","type":"м.","description":"Издадена мала заградена тераса на куќата. Куќа со два балкона."},{"word":"бало","type":"ср.","description":"Танц, игра. Со сатаната бало сте играле. Ги свиреше најновите бала."},{"word":"балон","type":"м.","description":"Шупливо, еластично, по форма елипсовидно, топчесто и сл. тело, исполнето со гас полесен од воздухот за да може да се крева, да се движи високо над земјата, служи за летање, посматрање, мерење и сл.; аеростат. Со балонов ќе одам на Марс."},{"word":"балон","type":"м.","description":"Голем стаклен сад за течност (обично оплетен со прачки). Држеше в раце балон од десетина литри. Од искршените балони се цедеше вино."},{"word":"балсам","type":"м.","description":"Мирислива смеса од етерични масла и смоли што се употребува како лековита маст. Стави балсам врз отворените рани."},{"word":"балсамира","type":"св. и несв.","description":"Заштити, заштитува труп (мртво тело) од распаѓање со специјална постапка и со специјални средства."},{"word":"балтаџија","type":"м.","description":"Тој што прави балтии."},{"word":"балтија","type":"ж.","description":"Секира. Ја остави балтијата до стеблото."},{"word":"Балтик","type":"м.","description":"Море во Северна Европа."},{"word":"балчак","type":"м.","description":"Рачка на сабја, на јатаган, на меч и сл. Имаше крива сабја со бакрен балчак. Влезе, држејќи го рожниот балчак од својата кама."},{"word":"бам!","type":"изв.","description":"За подражавање силен звук со низок тон што трае кратко (обично од камбана, од пушка, од тапан и др.). Камбаната бие: Бам!"},{"word":"Бамако","type":"ср.","description":"Главен град на Мали."},{"word":"бамбадијала","type":"прил.","description":"Обично во составот: за бадијала ‒ бесплатно. Што чудо пари фрлив за бамбадијала."},{"word":"бамбашка","type":"прид.","description":"Особен, необичен, своевиден. Тој е бамбашка човек."},{"word":"бам-бум","type":"изв.","description":"За подражавање силен звук со низок тон што се повторува (обично од камбана, од пушка, од тапан и др.). И бам‒бум! бам‒бум! ‒ тапани тропаа."},{"word":"бамбус","type":"м.","description":"Вид тропска трска висока од 25 до 30 метри што се користи за мебел, за спортска опрема и сл.; Bambusa arundinacea. Бамбусите се брануваа на слабиот ветрец."},{"word":"бамбусов","type":"прид.","description":"Што е од бамбус. Носи бастун од бамбусова трска. Бамбусова трска. Бамбусово масиче."},{"word":"бамја","type":"ж.","description":"Вид зеленчук со месеста мешунка, полна со зрна; Hibiscus esculentus. Бамјата е зеленчукова култура што се одгледува кај нас пренесена од Средниот Исток."},{"word":"бамка","type":"несв.","description":"Тропа, удира. Цел ден бамка."},{"word":"бамкалец","type":"м.","description":"Дрдорко, мрморко."},{"word":"бан","type":"м.","description":"Самостоен или вазален владетел на држава."},{"word":"банален","type":"прид.","description":"Обичен, излитен, секојдневен, општ. Мојата работа е обична, банална. Оваа игра е монотона и банална. Банални примери. Случајна и банална споредба. Работата е сосема банална."},{"word":"банализација","type":"ж.","description":"Банализирање. Се спротивставува на тенденцијата за банализација."},{"word":"банализира","type":"св. и несв.","description":"Направи, прави нешто да биде банално. Не дозволувам да се банализира тоа што било."},{"word":"банана","type":"ж.","description":"Тропско дрво со големи лисје и со жолтеникави долгнавести плодови што се јадат; Musa paradisiaca. Бананата му се истопи в уста."},{"word":"Банат","type":"м.","description":"Регион во Војводина."},{"word":"Бангкок","type":"м.","description":"Главен град на Тајланд."},{"word":"Бангладеш","type":"м.","description":"Држава во Азија."},{"word":"Бангуи","type":"м.","description":"Главен град на Централноафриканска Република."},{"word":"банда","type":"ж.","description":"Толпа, група, дружина што врши злосторства. Арамиско-качачките банди го пљачкосувале селото и вршеле терор на неговото население."},{"word":"бандаж","type":"м.","description":"Преврска на голема рана, на скршеница и сл. Нејзе ѝ ги одврзаа бандажите од нозете."},{"word":"бандажира","type":"св. и несв.","description":"Преврзе, преврзува рана, скршеница да не биде подвижно; става бандаж."},{"word":"Бандар Сери Бегаван","type":"м.","description":"Главен град на Брунеи."},{"word":"бандаџија","type":"м.","description":"Член на музичка банда, музикант."},{"word":"бандера","type":"ж.","description":"Столб за електрична, телеграфска и друга инсталација. Улична бандера. Телефонска бандера."},{"word":"бандерола","type":"ж.","description":"Лента од хартија со царински или даночен жиг; се обвива околу предметите што биле подложени на царинење."},{"word":"бандит","type":"м.","description":"Разбојник, друмски разбојник, арамија. Бандити од ридиштата ги напаѓале градовите и селата."},{"word":"бандитизам","type":"м.","description":"Организирано разбојништво. Бандитизмот претставува обична, најдиректна, најнесокриена кражба."},{"word":"бандори","type":"несв.","description":"Брбори, дрдори. Бандореше и бандореше, та се начудував како устата уште не му фатила павлака."},{"word":"баник","type":"м.","description":"Вид сукано тесто, обично со сирење или без фил во корите; колпите."},{"word":"баница","type":"ж.","description":"Вид сукано тесто; пита. Останаа старите жени да им прават зелници и баници."},{"word":"баница","type":"ж.","description":"Жена на бан. Баницата се загледала во своето чедо."},{"word":"баничар","type":"м.","description":"Тој што сака многу баница, пита."},{"word":"банка","type":"ж.","description":"Установа за парично и кредитно работење. Парите ги чуваше во нашите банки. Се вработи во банката. Банките имаа многу пари и кредитираа насекаде."},{"word":"банкар","type":"м.","description":"Лице што се занимава со банкарски, парични работи. Банкарот му препорача поволен кредит."},{"word":"банкарство","type":"ср.","description":"Банкарска дејност. Во стопанството главно место имаат банкарството и трговијата."},{"word":"банкет","type":"м.","description":"Свечен ручек или вечера во чест на некого или при некоја прослава. Утревечер прави банкет за синот што му оди војска. Беше приреден банкет за учесниците на симпозиумот."},{"word":"банкин","type":"прид.","description":"Што припаѓа на банката, што се однесува на банка."},{"word":"банкина","type":"ж.","description":"Раб што го ограничува патот и служи како заштита на коловозот од одронување."},{"word":"банкнота","type":"ж.","description":"Книжна пара. На свирачите им лепи банкноти. Најде банкнота од пет илјади денари."},{"word":"банковен","type":"прид.","description":"Што се однесува на банка. Банковен капитал."},{"word":"банкократ","type":"м.","description":"Приврзаник на банкократијата."},{"word":"банкократија","type":"ж.","description":"Владеење на големите парични заводи и на нивните претставници, владеење на големиот капитал."},{"word":"банкрот","type":"м.","description":"Неспособност за плаќање; материјална пропаст на банка, на фирма. Неговата фирма доживеа банкрот."},{"word":"банкротира","type":"св. и несв.","description":"Падне, паѓа под банкрот; огласи, огласува дека е неспособен за извршување на своите парични обврски. Банкротира зашто многу го практикуваше барбутот и покерот. По цели дни пиеше и банкротира."},{"word":"банкротство","type":"ср.","description":"Распаѓање на деловниот систем на банка или на друга стопанска огранизација којашто се нашла во таква ситуација што со својот имот веќе не е во состојба да ги намирува обврските. По банкротството на претпријатието вработените останаа на улица."},{"word":"банов","type":"прид.","description":"Што припаѓа на бан. Зел банова ќерка. Стоел под бановото знаме. Пребледна намесникот банов."},{"word":"бановина","type":"ж.","description":"Област со која управува бан. Живееше во една земја, во една нејзина бановина. Ја запозна бановината со сите нејзини драми."},{"word":"Банско","type":"ср.","description":"Село во Струмичко."},{"word":"банство","type":"ср.","description":"Власт и достоинство на бан. Тој го застапуваше банството."},{"word":"банува","type":"несв.","description":"Управува со бановина. Долго време банува со оваа област."},{"word":"Банџул","type":"м.","description":"Главен град на Гамбија."},{"word":"бања","type":"ж.","description":"Минерални извори со уреди за капење, лекувалиште. Ја запозна во бањата, каде што се лечеше од ревма."},{"word":"бања","type":"несв.","description":"Капе некого. Ги бањаа малите деца."},{"word":"бањар","type":"м.","description":"Тој што одржува ред во бањата и ги услужува капачите. Бањарот ги упати гостите во базенот."},{"word":"бањарка","type":"ж.","description":"(За жена) бањар."},{"word":"бањач","type":"м.","description":"Капач. Беше прв и последен бањач во реката."},{"word":"бап!","type":"изв.","description":"За подражавање звук (обично ненадеен) што се слуша при брз пад на нешто или при удар со тап предмет. Скокна од крушата и на земјата направи ‒ бап!"},{"word":"бапка","type":"несв.","description":"Удира некого со нешто. Го бапка затвореникот со тупаници. Го бапка во грбот."},{"word":"бапка","type":"ж.","description":"Гуша. Пчелата има и една мала бапка, ќесе за собирање на нектарот. Мравите матицата ја хранат од содржината на бапката."},{"word":"бапне","type":"св.","description":"Падне со тресок, тресне; грубо удри со тресок. Бапна наземи шишенцето. Главечки бапна од колата."},{"word":"бапски","type":"прид.","description":"Што припаѓа, што се однесува на баба. Не плаши се од бапски јуриш нити од старска клетва. Тоа се бапски приказни."},{"word":"баптиса","type":"св.","description":"Се умори, премали, се истошти. На коленици баптисала."},{"word":"баптист","type":"м.","description":"Припадник на Сојузот на баптистите, кој проповеда доброволно крштавање само на возрасни луѓе. Приврзаник на баптизмот."},{"word":"бар","type":"м.","description":"Ноќен локал со музика и забавна програма. Имаше голем бар, елегантно украсен со слики во масло, а црнечки оркестар свиреше секоја ноќ."},{"word":"бара","type":"ж.","description":"Застојана вода во подлабоко место на површината на земјата. Жабите крекале во барите околу селото. Стапнал во некоја кална, смрдлива бара."},{"word":"бара","type":"несв.","description":"Сака, посакува нешто од некого; му сака нешто на некого. Гостите бараа вечера од домаќинот. Тој му бараше само еден сок, ништо друго."},{"word":"бараба","type":"м.","description":"Разбојник, арамија, никаквец, пропаднат човек. Еден бараба ми ја украде чантата. Ноќе по улиците шетаат пијани бараби."},{"word":"барабан","type":"м.","description":"Ударен музички инструмент со цилиндрична форма, обложен од двете страни со кожа. Барабаните бијат зачестено. Се слушаа глуви удари на барабан."},{"word":"барабани","type":"несв.","description":"Удира на барабан. Почна да барабани. Барабанеше со прстите."},{"word":"барабанџија","type":"м.","description":"Тој што удира на барабан во оркестар, музичар што исполнува партии за барабан. Тој бил царски барабанџија. Седумте барабанџии ги удрија барабаните."},{"word":"барабар","type":"прил.","description":"Заедно. Тој сака барабар со нас да биде. Дигав вреќи барабар со амалите."},{"word":"бараж","type":"м.","description":"Брана, пречка, преграда."},{"word":"баражен","type":"прид.","description":"Топовска стрелба што го спречува приближувањето на непријателот. Се враќаат назад низ баражен оган од двете страни на фронтот."},{"word":"барака","type":"ж.","description":"Ниска зграда од штици што служи за живеење или привремено сместување. Луѓето живеле во оставените бараки. Работниците се сместени во една барака."},{"word":"барање","type":"ср.","description":"Документ со кој нешто се бара од надлежен орган, молба, претставка. Пристигнаа многу барања за потрошувачки кредити."},{"word":"барач","type":"м.","description":"Барател. Наишол еден барач на засолниште."},{"word":"Барбадос","type":"м.","description":"Островска држава во Карипското Море, Средна Америка."},{"word":"барбут","type":"м.","description":"Хазардна игра со зарови. Играше барбут и покер."},{"word":"Баргала","type":"ж.","description":"Древен град во близината на Штип."},{"word":"бард","type":"м.","description":"Народен поет и пејач кај старите Келти што пеел во придружба на харфа."},{"word":"бардак","type":"м.","description":"Земјан или бакарен сад со рачка и дулец за вода, вино или за ракија. Го наполни бардакот вода. Му дадоа бардак вино. Одеше со бардак блага ракија."},{"word":"бардакчија","type":"м.","description":"Тој што прави или што продава бардаци и други земјани садови."},{"word":"барел","type":"м.","description":"Мерка за нафта и деривати од нафта, мерка во која се искажува цената на нафтата и според која се продава."},{"word":"барелјеф","type":"м.","description":"Вајарско дело на камена, на метална или на дрвена подлога, каде што фигурите се со блага издаденост над рамната површина. Барелјефот на Антонијан е изработен на италијански мермер."},{"word":"барем","type":"чест.","description":"Изразува извесно ограничување. Сакам барем уште еднаш да те видам. Се обиде да присобере барем трошка сила."},{"word":"Баренцово Море","type":"ср.","description":"Море во Северниот Леден Океан."},{"word":"баретка","type":"ж.","description":"Тркалезна или аглеста капа без штит. Дојде млада жена со баретка на главата. Луѓето беа со накривени баретки."},{"word":"барз","type":"прид.","description":"Назив за коза или за овца со бели пруги по главата или по телото."},{"word":"бари","type":"несв.","description":"Вари малку, до извесен степен. Баба ми бари пиперки секоја година."},{"word":"бариера","type":"ж.","description":"Брана, пречка, преграда. Двете пречки, ровот и бариерата, беа поминати лесно. Освојувачите на Австралија не наидоа на никакви бариери."},{"word":"барикада","type":"ж.","description":"Преграда направена од разни предмети како засолниште при улични борби. Тој со другарите ќе прави барикади, ќе ги одбиваат јуришите на напаѓачите."},{"word":"барикаден","type":"прид.","description":"Што се однесува на барикада."},{"word":"барикадира","type":"св. и несв.","description":"Направи, прави барикада. Полицијата ја барикадира главната улица. Го барикадираа влезот на зградата."},{"word":"баритон","type":"м.","description":"Машки глас меѓу бас и тенор, длабок тенор или висок бас. Го чув пробивниот баритон на отецот. Зборуваше со длабок баритон."},{"word":"барка","type":"несв.","description":"Бара по малку, внимателно, со напипување. Туѓите луѓе со чудни инструменти баркаа по дното на езерото."},{"word":"бармен","type":"м.","description":"Сопственик или раководител на бар. Барменот располагаше со два бара."},{"word":"барок","type":"м.","description":"Стил во европската уметност (архитектурата, вајарството, сликарството, декоративната уметност, литературата) од крајот на XVI до средината на XVIII век, чии главни карактеристики се претеран декоративен раскош и патетичност (во пишувањето)."},{"word":"барокен","type":"прид.","description":"Што е во стилот на барокот: претрупан со украси, китнест, раскошен; патетичен."},{"word":"барометар","type":"м.","description":"Направа за мерење на воздушниот притисок; со извесно приспособување може да ја мери и надморската височина."},{"word":"барон","type":"м.","description":"Благородничка титула пониска по ранг од грофовската. Им се додворуваа на своите барони, новите господари."},{"word":"бароница","type":"ж.","description":"Жена или ќерка на барон. Тој е љубовник на бароницата."},{"word":"баронство","type":"ср.","description":"Феудален посед на барон. Тој доби баронство во оваа област."},{"word":"Барселона","type":"ж.","description":"Град во областа Каталонија, Шпанија."},{"word":"барут","type":"м.","description":"Експлозивна материја за полнење муниција за огнено оружје. Беа тоа едни фишеци, полни со црн барут. Загинаа без зрно барут."},{"word":"барутана","type":"ж.","description":"Зграда во која се чува барут и друг експлозивен материјал. Ја отворија барутаната."},{"word":"барутен","type":"прид.","description":"Што се однесува на барут, што е од барут. Барутен чад. Експлодирал барутниот магацин."},{"word":"барутница","type":"ж.","description":"Работилница за правење барут. Во неговата барутница се правеше барутот и секоја година по неколку товари се носеа во тврдината."},{"word":"барутчија","type":"м.","description":"Тој што прави или што продава барут."},{"word":"бархет","type":"м.","description":"Вид памучна ткаенина со ленена основа; Порхет. Пижамата е од бархет."},{"word":"барџав","type":"прид.","description":"Што е црномурен, што има црни очи и коса и потемна боја на кожата. Барџаво момче."},{"word":"бас","type":"м.","description":"Најдлабокиот машки глас. Војводата викна со дебелиот бас."},{"word":"бас","type":"м.","description":"Облог. На бас се фаќам во што сакаш."},{"word":"басамак","type":"м.","description":"Скала, лествица. Басамаците беа дрвени."},{"word":"басен","type":"м.","description":"Област од којашто водите се слеваат во некоја река, езеро или море."},{"word":"Басетер","type":"м.","description":"Главен град на Свети Китс и Невис."},{"word":"басист","type":"м.","description":"Пејач што пее бас."},{"word":"баскија","type":"ж.","description":"Летва. Ќерамидите се ставаат на баскии."},{"word":"Баскија","type":"ж.","description":"Автономна покраина во Шпанија."},{"word":"басма","type":"ж.","description":"Вид шарена памучна ткаенина; циц. Фустанот ѝ беше од обична басма. Девојчињата носеа шарена басма."},{"word":"басмар","type":"м.","description":"Тој што продава басма. Басмарот секогаш скусувал, ама никој не го фатил."},{"word":"басмен","type":"прид.","description":"Што е од басма. Се покри со еден басмен јорган. Девојчето беше облечено во шарено басмено фустанче."},{"word":"басна","type":"ж.","description":"(лит.) Кратка епска творба во стих или во проза со поучна содржина, во која луѓето и нивните карактеристики обично се претставени преку животни, растенија или предмети. Волкот е редовен актер во басните."},{"word":"баснар","type":"м.","description":"Бајач, вражалец, гаталец. Човекот беше познат баснар во градот."},{"word":"баснарка","type":"ж.","description":"Бајачка, вражалка, гаталка."},{"word":"баснописец","type":"м.","description":"Составувач, писател на басни."},{"word":"баснословен","type":"прид.","description":"Измислен, необичен, фантастичен. Волшебниот роман, полн со баснословни авантури, настанал од вечерните приспивни приказни што ги измислил таткото за својот син."},{"word":"басра","type":"ж.","description":"Разни видови патогени габички (на листот и на плодовите) кај некои растенија. Басра кај тутунот."},{"word":"Басра","type":"ж.","description":"Град во Ирак."},{"word":"баста","type":"несв.","description":"Блада. Овој нешто басташе без врска, плетејќи со јазикот."},{"word":"баста","type":"ж.","description":"Набор на фустан, фалта. Девојчето беше облечено во фустанче со басти."},{"word":"бастион","type":"м.","description":"Издаден дел од бедем на тврдина; кула на тврдина. Во градот имаше неколку бастиони."},{"word":"бастиса","type":"св.","description":"Изврши претрес, нападне, опколи. Аскерот целото село го бастиса."},{"word":"бастун","type":"м.","description":"Специјално изработен стап со свиткана рачка за потпирање при одење. Ја накриви шапката и со бастунот во рацете отиде на шетање."},{"word":"батак","type":"м.","description":"Блато, мочуриште, кално место. Водата од изворот над текот на реката правеше голем батак околу куќичето. Зацапа во батакот, започнаа да му пропаѓаат нозете."},{"word":"батаклив","type":"прид.","description":"Блатен, блатски, каллив, каловит. Ме доведоа во батакливо место."},{"word":"батакчија","type":"м.","description":"Нечесен, расипан човек. Не гледаш ли дека и тој тргнал со батакчиите."},{"word":"батакчилак","type":"м.","description":"Измама, нечесно работење."},{"word":"батал","type":"прид.","description":"Запуштен, неприбран, неуреден, запоставен. Батал човек. Батал работа."},{"word":"батали","type":"св.","description":"Остави, напушти. Штотуку се чу дека војната завршила, баталив и жена и деца, тргнав. Му било советувано да ги батали песните."},{"word":"баталјон","type":"м.","description":"Воена единица составена од две до четири чети. Вториот баталјон изврши јуриш."},{"word":"бате","type":"ср.","description":"Батета многу да ми го поздравиш. Што ќе речат батевци ако нè видат."},{"word":"батев","type":"прид.","description":"Што му припаѓа на бате. Ќе го чувам батевиот дар."},{"word":"батенце","type":"ср.","description":"Каде е сега мајчето Минадора да ти помогне, батенце?"},{"word":"батерија","type":"ж.","description":"(елек.) Спој на неколку галвански елементи или на акумулатори заради добивање на поголема електромоторна сила или на поголема јачина на струјата."},{"word":"батиса","type":"св.","description":"Потоне, пропадне, упадне. Последниот камион батисал во глибавото мочуриште."},{"word":"батист","type":"м.","description":"Вид многу фино и густо ткаено платно. Фустан од батист. Марамче од батист."},{"word":"батистен","type":"прид.","description":"Тоа што е од батист. Облече фина батистена кошула. Во торбичето ги пакуваше батистените шамичиња."},{"word":"батка","type":"несв.","description":"Дрдори, пљампа."},{"word":"батка","type":"м.","description":"Вок. од брат. Батка, дај една цигара!"},{"word":"батко","type":"м.","description":"Дома ли е батко ти Мирче, моме?"},{"word":"бато","type":"м.","description":"Бато е поголем од мене и тој ми помага многу во учењето."},{"word":"батрдиса","type":"св.","description":"Упропасти. Го батрдисаа човекот."},{"word":"бау!","type":"изв.","description":"За подражавање истрел и сл."},{"word":"бау-бау!","type":"изв.","description":"За плашење на децата."},{"word":"бауч","type":"м.","description":"Замислено зло суштество кое влева страв, страшило (според народното верување). Му се чини дека сум некој огромен бауч до небо."},{"word":"Бафинов Остров","type":"м.","description":"Остров во Арктичкиот Архипелаг."},{"word":"Бахама","type":"ж.","description":"Островска држава во Карипското Море, Средна Америка."},{"word":"баханалија","type":"ж.","description":"Повеќедневни свечености и оргии во чест на Бах, богот на виното."},{"word":"Бахреин","type":"м.","description":"Островска држава во Персискиот Залив."},{"word":"баца се","type":"несв.","description":"Се валка, се бербати."},{"word":"баце","type":"ср.","description":"Вок од брат. Разбра ли, баце Трајане?"},{"word":"баци","type":"св.","description":"Бакне. Го баци в чело. Ги баци двете момички. Дај да те бацам."},{"word":"бацил","type":"м.","description":"Бактерија во облик на стапче, предизвикувач на некои болести."},{"word":"бацилен","type":"прид.","description":"Што е во врска со бацилот, што има бацил."},{"word":"бацилоносител","type":"м.","description":"Тој што има заразни бацили кај себе. Пронајдени се петмина бацилоносители."},{"word":"бацко","type":"м.","description":"Вок. од брат. Море, како така, бацко Толе, ами роднина сме! Си дојде бацко им. Настојува на некој начин да дојдат до бацко ми."},{"word":"бацло","type":"м.","description":"Тој што е валкан."},{"word":"бацувка","type":"ж.","description":"Бакнеж. Тоа беше нејзината прва бацувка."},{"word":"бач","type":"м.","description":"Старешина на бачило, најстар овчар на бачило. Стариот бач ги молзеше овците."},{"word":"бачевина","type":"ж.","description":"Образувањето бачевина се среќава во Кривопаланечко."},{"word":"бачилар","type":"м.","description":"Овчар, работник на бачило. Ова се бачиларите, одат на бачило."},{"word":"бачило","type":"ср.","description":"Летна сточарска дрвена колиба или населба каде што во текот на летото сточарите го чуваат добитокот и подготвуваат млечни производи. Чорбаџиите се групираат по четворица и прават едно бачило. Имал стадо на бачило."},{"word":"Бачка","type":"ж.","description":"Рамнина меѓу Тиса и Дунав во Војводина."},{"word":"бачува","type":"несв.","description":"Живее и работи на бачило."},{"word":"баџ","type":"м.","description":"Наплата за премин или превоз преку гранична вода или граница. Митрополитот не подлежи на царски давачки, ни на ѓумрук, ни на баџ, ниту пак на некоја друга такса или пристојба."},{"word":"баџа","type":"ж.","description":"Оџак, димник. Низ баџата излегуваше густ чад."},{"word":"баџак","type":"м.","description":"Бут, бедро."},{"word":"баџанак","type":"м.","description":"Маж на свеската, роднинска врска помеѓу сопрузите на сестри. Тој му стана баџанак. Со него беа баџанаци."},{"word":"баџанаков","type":"прид.","description":"Што му припаѓа на баџанакот."},{"word":"баџин","type":"прид.","description":"Што се однесува на баџа. Баџино вратниче."},{"word":"баш","type":"чест.","description":"За истакнување на некој исказ; навистина. Баш ми е мило што се видовме. Баш нема да ве пуштам. Не, напиши, баш сакам да видам."},{"word":"баш","type":"прил.","description":"Токму на тоа место. Слезе в село, не прашајќи зошто се збираат, и тоа баш во неговото село."},{"word":"баш-","type":"претс.","description":"Како прв дел од полусложенки со значење ‒ прв, главен, најдобар, најважен; првокласен: башмајстор, башместо, башпријател итн."},{"word":"башари се","type":"св.","description":"Се излежува, се шири, се расположува. Не ги оставам да ми се башарат туѓи деца на моето огниште."},{"word":"башибозук","type":"м.","description":"(истор.) Нередовна турска војска; недисциплинирана неуредна војска воопшто; припадник на таква војска. Аскерот и башибозукот го запалија целото село."},{"word":"башка","type":"прид.","description":"Друг, посебен. Спиеше на башка постела. Тој цел ден во бавчата ти седи... Башка човек!"},{"word":"башка","type":"прил.","description":"Посебно, одделно. Сето тоа ние башка ќе го платиме. Порача по мајстори да направат затворени прегради во тремот за секое од кучињата башка."},{"word":"башкари се","type":"несв.","description":"Се одмора лежејќи, се излежува. Кој ти дозволил да се башкариш на мојата постела? Со раскопчан мундир, гологлав, со нога преку нога се башкареше средниот начелник."},{"word":"башмајстор","type":"м.","description":"Најдобар, главен мајстор."},{"word":"башместо","type":"ср.","description":"Најдобро место. На башместо во рајот ќе те кладат."},{"word":"башпријател","type":"м.","description":"Најдобар пријател. Ми дојде на гости башпријателот."},{"word":"баштина","type":"ж.","description":"Целокупното наследство на зачуваното богатство од минатото. Се собира и обогатува културната баштина на минатите генерации."},{"word":"башчауш","type":"м.","description":"Подофицер во отоманската војска. Башчаушот на заптиите беше страв и трепет за нарушителите на внатрешниот ред."},{"word":"башчорбаџија","type":"м.","description":"Прв чорбаџија."},{"word":"бдее","type":"несв.","description":"Не спие, ја поминува ноќта без сон. Во долгите ноќи кога сите спијат, тој бдее. Саноќ бдееше над нејзината постела."},{"word":"бдејач","type":"м.","description":"Тој што бдее. Тој е оној ноќник, бессоник, бдејач кој го минува светот буден. Тој е бдејач крај самовилските вирови."},{"word":"бдение","type":"ср.","description":"Ноќна служба во православната црква спроти големи празници. Клисарот повикува в црква на бдение пред Велигден. Се разретчија некако редовите жени на бдение тргнати."},{"word":"бе!","type":"изв.","description":"За истакнување, за нагласување на исказот: бре, море. Мое е бе! А бе, ние така ја тераме. А бе, не разбирам јас, ами и јас деца ранам!"},{"word":"бе!","type":"изв.","description":"За подражавање блеење на овци. Кога се приближуваше до трлото, овците блееја: бе‒е, бе‒е‒е. Овцата фати да блее кога виде дека е врзана, блее зачестено и се потажно, бее, беее."},{"word":"бебе","type":"ср.","description":"Новороденче, мало дете уште непроодено, доенче."},{"word":"бев","type":"несв.","description":"Минато несвршено прво лице еднина од сум. (бев, беше, беше; бевме, бевте, беа). Јас бев дојден. Јас бев замислен. Да бев јас во неговата кожа истото ќе го сторев."},{"word":"бег","type":"м.","description":"Благородничка титула, титула на феудален земјопоседник или на заповедник во Турското Царство; кога стои со името обично се става по името. Пред него стои бег со чалма и димискија в раце. Сулејман-бег. Осман-бег. Рустем-бег."},{"word":"бег","type":"м.","description":"Бегство, бегање, забрзано движење, движење нанекаде со трчање. Непријателот се даде во бег кон планината. При бегот од поплавата ги оставија куќите."},{"word":"бега","type":"несв.","description":"Се оддалечува со трчање. Си удрил да бегаш надолу кон селото. Летна да бега дома."},{"word":"бегалец","type":"м.","description":"Тој што избегал од местото каде што требало да биде, од своето живеалиште или од својата татковина, што го напуштил родниот крај, што отишол од родната земја. Стигна една композиција од дваесетина вагони со бегалци што се враќаа од Војводина. Дел од бегалците решиле да се вратат во родниот крај."},{"word":"бегалка","type":"ж.","description":"Девојка која бега од родителите кај младичот за да се мажи. Јас бев бегалка во неговата куќа. Ја зел невестата бегалка."},{"word":"бегалко","type":"м.","description":"Бегалец, обично од некоја работа. Тој е бегалко од училиште."},{"word":"беганица","type":"ж.","description":"Панично бегство, бегање. Започна страшна беганица. Тој поинаку ја разбираше таа нејзина беганица."},{"word":"бегач","type":"м.","description":"Тој што бега. Бегачот бега и се спасува."},{"word":"беглербег","type":"м.","description":"Врховен заповедник, воен и граѓански старешина на некоја област или покраина во Турското Царство."},{"word":"беглик","type":"м.","description":"Административна единица управувана од бег."},{"word":"бегликчија","type":"м.","description":"Собирач на данок (во натура) во Турското Царство."},{"word":"бегов","type":"прид.","description":"Што припаѓа на бег. Бегова стока. Беговите волови. Бегова куќа. Бегов син."},{"word":"беговина","type":"ж.","description":"Бегова земја, бегов имот."},{"word":"беговица","type":"ж.","description":"Бегова жена."},{"word":"беговски","type":"прид.","description":"Што припаѓа на бег. Се шеташе низ беговскиот сарај. бегов."},{"word":"бегол","type":"прид.","description":"Што е направен набрзина, без задржување и задлабочување, површен; краткотраен, моментален. Само со бегол поглед ги опфаќаше луѓето. Фрли бегол поглед на постарите жени во салонот."},{"word":"бегство","type":"ср.","description":"Нагло напуштање на некое место, бегање обично за да се избегне некоја опасност или непријатност. Безглавото бегство на луѓето во мене роди невиден страв. Народните патила се често повод за бегство од родното место."},{"word":"бегува","type":"несв.","description":"(истор.) Врши беговска власт."},{"word":"бегум","type":"прил.","description":"Брзо, со трчање."},{"word":"беда","type":"ж.","description":"Немање доволно средства за живот; сиромаштија. Животот станал неснослив, поради социјалната беда. Притиснати од бедата, многумина заминувале на печалба."},{"word":"бедевија","type":"ж.","description":"Кобила од арапска раса."},{"word":"бедем","type":"м.","description":"Висок, дебел ѕид, насип околу тврдина, град и др. Од височините на бедемот стражарите гледале што се случува во дворот. На бедемот од пристаништето бранови се разбиваат со зовриена пена."},{"word":"беден","type":"прид.","description":"Тој што нема доволно средства за живот; сиромав. Уште како дете татко ти мораше да печали за да ја издржува својата бедна мајка. Имаше во него место и за бедната питачка. Беше родена во бедно семејство."},{"word":"беди","type":"несв.","description":"Обвинува, клевети. Тој ги бедеше луѓето дека му украле нешто."},{"word":"бедник","type":"м.","description":"Тој што е во немаштија, сиромав. Пред мене изигруваше милионер, а тој бил најобичен бедник."},{"word":"бедничок","type":"м.","description":"Дојдов по маката на еден бедничок."},{"word":"бедрен","type":"прид.","description":"Што се однесува на бедро. Бедрена коска."},{"word":"бедреница","type":"ж.","description":"Една од трите карлични коски во која е вглавена бедрената коска."},{"word":"бедро","type":"ср.","description":"Надворешниот горен дел од бутот од коленото до трупот. Мускулите на бедрата му играа поради качувањето по угорницата."},{"word":"бедствува","type":"несв.","description":"Живее во сиромаштија, во голема беда."},{"word":"бедуин","type":"м.","description":"Припадник на арапски номадски племиња."},{"word":"бежов","type":"прид.","description":"Бледокафеав. Прстите џбараат по камчињата; некои бели, некои шарени, некои бежови."},{"word":"без","type":"претс.","description":"а) Отсуство, немање, недостиг, лишеност или изземање на нешто. Јадење без сол. Деца без родителска грижа. Куќа без стопан. Ќе одиме без тебе бидејќи си болен. б) Особина, карактеристика, квалификација. Човек без душа. Жена без морал. Воин без страв. в) Отсуство на мал дел од целина, мал недостиг. Помина месец без два дена. Часот е десет без една минута. г) Начинско значење. Работевме без волја. Одеше без починка. д) Условно значење. Без ука нема наука. Со такви луѓе тешко се комуницира без трпение. ѓ) Допусно значење. Го избрале за шеф без исполнување на конкурсните услови."},{"word":"без-","type":"претс.","description":"Претставка / префикс за образување на именки и придавки, а поретко на прилози и глаголи, со значење на отсуство, немање, недостиг на нешто што е именувано во основата или лишеност од нешто. Безработица, безумство, безгласен, безводен, безделничи, безбоен, безгласен, безверник, беззаконие. Бездруго ‒ сигурно, секако."},{"word":"безалкохолен","type":"прид.","description":"Што не содржи алкохол. Безалкохолни пијалаци."},{"word":"безалтернативен","type":"прид.","description":"Што е без алтернатива, без друга можност. Безалтернативна постапка. Безалтернативно решение. Безалтернативни одговори."},{"word":"безбеден","type":"прид.","description":"Што е надвор од некаква опасност, сигурен, безопасен. Безбеден живот. Безбедна дистанца. Безбедно место. Безбедни простори."},{"word":"безбели","type":"мод.","description":"Без сомнение, секако, сигурно. Без божја волја, безбели, ниту се бере, ниту се жние. Безбели, таа повеќе си го сака нејзиното чедо отколку ние."},{"word":"безбоен","type":"прид.","description":"Што е без боја, необоен; проѕирен. Безбоен отров.Чистата вода за пиење е безбојна. Безбојна стаклена чаша. Безбојно светло."},{"word":"безбожен","type":"прид.","description":"Што не верува во бога, што го одрекува постоењето на бога и на натприродните сили. Не чувствуваше нетрпеливост против безбожните луѓе."},{"word":"безбожие","type":"ср.","description":"Отсуство на верата во бога; атеизам. Владееше безбожие. Со години живееше во безбожие и во суеверие"},{"word":"безбожник","type":"м.","description":"Тој што не верува во бога, безверник; атеист. Со клетви се нафрлиле врз безбожникот. Безбожници и многубошци."},{"word":"безбожништво","type":"ср.","description":"Состојба на безбожник."},{"word":"безболен","type":"прид.","description":"Што е без болка, што не предизвикува болка, што не боли. Безболно породување. По целата кожа му избиваа црвени безболни плускавци."},{"word":"безбрачен","type":"прид.","description":"Што не живее во брак, што не е во брачни односи; неженет. Само безбрачен свештеник може да биде ракоположен за архиереј. Многу безбрачни луѓе се чувствуваат несреќно. За себе го избрал безбрачниот живот и се оддал на богомолство."},{"word":"безбрежен","type":"прид.","description":"Што не е ограничен од брегови, бескраен, неограничен, непрегледен. Безбрежен свет. Безбрежна морска ширина. Безбрежни простори."},{"word":"безброден","type":"прид.","description":"Што е без брод, без газалиште; што нема можност да се прегази, да се премине, непреоден (обично за река, вода). Безбродна река."},{"word":"безброен","type":"прид.","description":"Што е во многу голем број, што не може да се изброи, многуброен. Безброен народ се собра да те испрати. Дали сум сторил нешто што би ги намалило безбројните страдања на мојот народ?"},{"word":"безброј","type":"м.","description":"Тоа што не може да се изброи, неброено множество. Во безбројот ѕвезди се истакнуваше младата месечина."},{"word":"безброј","type":"прил.","description":"Многу, неброено. Остави безброј злато и со оки сребро. Се одржаа безброј здравици. Го навасаа безброј нови впечатоци. Човекот создаде безброј чуда. Се туфкав безброј пати."},{"word":"безверен","type":"прид.","description":"Што не верува во бога, безбожен, нерелигиозен. Безверните жени разговараа гласно и пречеа во црковниот обред."},{"word":"безверие","type":"ср.","description":"Неверување во бога, атеизам. Со сјај и раскош го маскираат своето безверие. Како да го видоа пеколот, се исплашија од своето безверие."},{"word":"безверник","type":"м.","description":"Тој што не верува во бога, безбожник, атеист. Се појавија многу еретици и безверници."},{"word":"безветрен","type":"прид.","description":"Што е без ветер, тивок. Беше безветрена ноќ. Безветрено време."},{"word":"безветрина","type":"ж.","description":"Време без ветер; затишје. Летни безветрини. Фустанот ѝ беше виснат како фронтовско знаме на безветрина."},{"word":"безвкусен","type":"прид.","description":"Што е без пријатен вкус, блуткав, невкусен. Безвкусна храна."},{"word":"безвластен","type":"прид.","description":"Што е без организирана државна власт; анархичен. Безвласна држава."},{"word":"безвластие","type":"ср.","description":"Состојба без државна власт, беззаконие; анархија. Луѓето се плашат од безвластие, се плашат за својот имот."},{"word":"безводен","type":"прид.","description":"Што е без вода, сиромашен со вода. Безводен бунар. Безводна пустина. Безводна почва. Безводно земјиште. Безводните пусти чукари го криеја непријателот."},{"word":"безвоздушен","type":"прид.","description":"Што е без воздух, што не е исполнет со воздух. Безвоздушен простор."},{"word":"безволен","type":"прид.","description":"Што е без волја, нерешителен, рамнодушен. Безволен, неамбициозен, млад човек. Безволен болник. Тој ги осудуваше безволните луѓе."},{"word":"безволие","type":"ср.","description":"Отсуство на волја, рамнодушност, апатија. Се пожали на безволие и чудна премаленост. Тој беше занесен со безволието што ги зафаќа луѓето кога ќе се исплашат."},{"word":"безволник","type":"м.","description":"Тој што е без волја. Безволникот талка попусто, сам, со вџашен лик."},{"word":"безволно","type":"прил.","description":"Без волја, рамнодушно, апатично. Одговори безволно. Пијаниот чекореше безволно и тромо кон домот."},{"word":"безвреден","type":"прид.","description":"Што е без вредност; без значење, бескорисен, неупотреблив. Безвредни стари пари. Безвредна акција. Безвредно оружје."},{"word":"безвремен","type":"прид.","description":"Што не се случува во соодветно време; предвремен, преран. Безвремена умирачка. Безвремено стареење."},{"word":"безвучен","type":"прид.","description":"Што е без јасен звук. Одговори со безвучен глас."},{"word":"безглав","type":"прид.","description":"Што е без глава, што нема глава. Безглава птица. Безглава статуа."},{"word":"безгласен","type":"прид.","description":"Што е без глас, без шум; нечуен, тивок. Безгласен револвер. Безгласните волци со скокови се ближеа до трлото. Безгласен ветер. Водата беше безгласна."},{"word":"безграничен","type":"прид.","description":"Што е без граници, неограничен; бескраен. Безграничен појас. Безгранична пустина. Безгранично поле. Безгранични простори. Се синее безграничната вода."},{"word":"безгревен","type":"прид.","description":"Што не знае за грев; бездушен, немилосрден. Безгревен убиец. Безгревно обвинување."},{"word":"безгревник","type":"м.","description":"Тој што е безгревен, бездушник. Безгревниците ги ограбуваа и ги палеа куќите."},{"word":"безгрешен","type":"прид.","description":"Што нема грев, непорочен, што е без вина, невин. Безгрешна, ангелска душа.Човекот не е безгрешен. Гневот го истури на безгрешните деца."},{"word":"безгрешник","type":"м.","description":"Тој што е безгрешен, што е непорочен."},{"word":"безгрижен","type":"прид.","description":"Што е без грижа, што е ослободен од грижи; спокоен, мирен. Безгрижен живот. Безгрижна игра. Безгрижна младост. Безгрижни години."},{"word":"безгрижник","type":"м.","description":"Тој што е безгрижен, спокоен. Безгрижникот уживаше во животот."},{"word":"безгробен","type":"прид.","description":"Што е без гроб, што е во незнаен гроб. На мајката ѝ го дадоа синот да не остане безгробен. Татко му е безгробен. Најстрашна е безгробната умирачка."},{"word":"бездарен","type":"прид.","description":"Што е без дарба, ненадарен, неспособен. Бездарен писател. Бездарен кројач."},{"word":"бездарник","type":"м.","description":"Тој што е без дарба, без талент, што е неспособен. Бездарници има во секоја уметност. Бадијала го јаде лебот, отсекогаш бил бездарник."},{"word":"бездеен","type":"прид.","description":"Што е без дејност, што е без активност; неактивен. Бездејниот човек се затвори во себе."},{"word":"бездејство","type":"ср.","description":"Отсуство на дејство, неактивност. Го напушти своето семејство да седи некаде во темница и во бездејство.Забележа дека книгите го спасувале човека од бездејство."},{"word":"бездејствува","type":"несв.","description":"Не е активен, не врши никаква дејност, ништо не работи. Мажите бездејствуваа. Тие денови ние не бездејствувавме, водевме дискусии до длабоко во ноќта, тоа беше еден начин на активност, нешто што не можевме да го сметаме за бездејствување."},{"word":"безделен","type":"прид.","description":"Што поминува време во безделие, што не се занимава со ништо. Безделните и богати луѓе пронајдоа нова забава."},{"word":"безделие","type":"ср.","description":"Отсуство на желба за работење, безделничење."},{"word":"безделник","type":"м.","description":"Тој што е безделен, што безделничи, што не сака да работи поради мрзливост, што го поминува времето во денгуба. Селската кафеана беше полна со безделници."},{"word":"безделничи","type":"несв.","description":"Не работи; не сака да работи, денгуби. Градинарот безделничеше во сенките од големите дрвја. По цел ден пиеја и безделничеа."},{"word":"безделништво","type":"ср.","description":"Состојба на безделник."},{"word":"бездетен","type":"прид.","description":"Што нема деца; што не може да има свои деца. Бездетен брак. Бездетна вдовица. Бездетно семејство."},{"word":"бездетка","type":"ж.","description":"Таа што нема дете; што не може да роди, неротка. Несреќна бездетка."},{"word":"бездимен","type":"прид.","description":"Што е без дим; што гори без дим. Бездимни оџаци. Бездимен барут."},{"word":"бездна","type":"ж.","description":"Длабочина без дно, во која не може да се види дното, бескрајна длабочина; амбис. Голема бездна. Се најде на раб од бездна. За малку ќе се струполеше во бездна."},{"word":"бездожден","type":"прид.","description":"Што е без дожд. Бездожден ден. Бездождна есен. Бездождни години."},{"word":"бездомен","type":"прид.","description":"Што е без дом и семејство, што нема сопствена куќа, живеалиште. Сам, бездомен човек. Бездомна питачка. Толпа гладни, бездомни деца. Бездомно куче. Се умилкува како бездомна мачка."},{"word":"бездомник","type":"м.","description":"Тој што е без дом, без куќа, без живеалиште. Во ноќта, околу огнот се греат сите бездомници од војната."},{"word":"бездомништво","type":"ср.","description":"Состојба на бездомен човек."},{"word":"бездрвен","type":"прид.","description":"Што не е од дрво, што не содржи во себе дрво. Бездрвна хартија."},{"word":"бездржавен","type":"прид.","description":"Што е без државна власт. Бескласно и бездржавно општество."},{"word":"бездруго","type":"мод.","description":"Сигурно, без сомнение, несомнено; секако, неминовно. Бездруго, тоа е убаво смислена работа. Бездруго, тоа е јасно. Бездруго ќе се обогатите."},{"word":"бездушен","type":"прид.","description":"Што нема душа, безмилосен, нечувствителен, немилосрден, нечовечен. Бездушен, крвав грабеж. Бездушна тиранија. Бездушни даночници."},{"word":"бездушник","type":"м.","description":"Тој што е бездушен, нечовек. Човекот може да биде бездушник. Проклети крвници, бездушници."},{"word":"безел","type":"м.","description":"Едногодишно растение што ползи виејќи се околу друго растение (обично пченка), со ситни, зелени, топчести плодови во мешунка, грашок; Pisum sativum."},{"word":"безжален","type":"прид.","description":"Што е без жал, без сожалување, бездушен, безмилосен. Безжален убиец. Безжални луѓе."},{"word":"безжалник","type":"м.","description":"Тој што е безжален, бездушник. Таа се молела за сите праведници и за сите безжалници."},{"word":"безжалосен","type":"прид.","description":"Безжалосниот џелат."},{"word":"безживотен","type":"прид.","description":"Што е без живот, мртов. Безживотен човек лежеше на асфалтот. Безживотните тела ги влечеа до ископаните дупки."},{"word":"безжитен","type":"прид.","description":"Што е без жито, неплоден. Безжитна година. Безжитен клас."},{"word":"безжичен","type":"прид.","description":"Што е без жици, што функционира без жици, без спроводници. Безжичен телефон. Безжична телеграфија."},{"word":"безжолчен","type":"прид.","description":"Што е без жолчност, без зајадливост. Безжолчен разговор. Безжолчна иронија."},{"word":"беззаб","type":"прид.","description":"Што е без заби, што нема заби. Беззабиот старец ги валка залците во устата. Испушта шепот од беззабата уста. Ја гледаше мајка си беззабна, побелена, вудвосана. Беззабни вилици"},{"word":"беззаветен","type":"прид.","description":"Приврзан, верен, пожртвуван. Беззаветна мајка. Беззаветни родители."},{"word":"беззаконие","type":"ср.","description":"Состојба на непочитување на законите и прописите во една држава, противзаконитост. Владееше варварство и беззаконие."},{"word":"беззаконик","type":"м.","description":"Тој што не го почитува законот, престапник. Беззакониците приграбија туѓи имоти."},{"word":"беззаконски","type":"прид.","description":"Што се однесува на беззаконие, незаконит. Беззаконска постапка. Беззаконски работни односи."},{"word":"беззаконствува","type":"несв.","description":"Постапува бесправно, противправно, дејствува незаконски. Некои беззаконствуваа и не одговараа за своите недела."},{"word":"беззаштитен","type":"прид.","description":"Што е без заштита, беспомошен, незаштитен. Беззаштитна жена. Им се одмаздуваа на беззаштитните селани."},{"word":"безземјаш","type":"м.","description":"Тој што нема своја земја, што не е сопственик на земја. Многу безземјаши работеа по имотите на наемодавците."},{"word":"безземјен","type":"прид.","description":"Што нема своја земја, што е без земја. Сиромашните безземјени луѓе беа принудени да работат за многу ниски надници."},{"word":"беззимен","type":"прид.","description":"Што е без зима, што е со блага зима. Некои делови од Земјата се беззимни. Беззимна година."},{"word":"безѕвезден","type":"прид.","description":"Што е без ѕвезди, темен. Безѕвездено небо. Плетенките ѝ беа црни како безѕвездени ноќи."},{"word":"безидеен","type":"прид.","description":"Што е без идејна ориентација, без припадност кон политичка идеологија. Безидејна борба."},{"word":"безизлезен","type":"прид.","description":"Што е без излез, без можност за успешно решение, безнадежен. Безизлезна ситуација. Безизлезна положба. Безизлезни маки."},{"word":"безизразен","type":"прид.","description":"Што е без израз, што нема карактеристични црти, што не изразува мисли и чувства, нејасен. Безизразен поглед. Безизразен плач. Безизразно лице. Безизразна група незадоволници."},{"word":"безимен","type":"прид.","description":"Што е без свое име; некрстен; неименуван. Безимено дете. Безимено дело. Мала и безимена улица."},{"word":"безистен","type":"м.","description":"Пазар под покрив, покриена чаршија. Трговците од безистенот биле многу богати. Постојат повеќе јавни објекти од турскиот период: анови, амами, безистени, конаци."},{"word":"безлебен","type":"прид.","description":"Што е без леб, безжитен; неплоден. Безлебна година. Безлебно пченично зрно."},{"word":"безлетен","type":"прид.","description":"Што е без лето. Безлетни поларни предели."},{"word":"безлистен","type":"прид.","description":"Што е без лисје; што останува без лисје. Безлисни растенија. Безлисни дрвја. Безлисни гранки."},{"word":"безличен","type":"прид.","description":"Што не ја истакнува својата личност, што не се истакнува со индивидуалност; што не пројавува посебни карактеристики или особен квалитет. Безличен човек без некаква перспектива во животот. Безличен поглед. Безличен глас. Власта беше безлична."},{"word":"безлобен","type":"прид.","description":"Што е без злоба, незлоблив, добродушен. Безлобен поглед. Безлобна душа."},{"word":"безмеѓен","type":"прид.","description":"Што е без меѓа, што не е омеѓен; што е без граници, неограничен. Безмеѓно поле. Безмеѓни ниви."},{"word":"безмерен","type":"прид.","description":"Што не може да се измери, неизмерен, премногу голем, пресилен; што се пројавува во највисок степен. Безмерна широчина. Безмерни пространства. Безмерен копнеж. Безмерна љубов. Безмерно богатство. Безмерни маки."},{"word":"безмесен","type":"прид.","description":"Што е без месо, што не содржи месо; вегетаријански. Безмесен ручек. Безмесна исхрана."},{"word":"безметежен","type":"прид.","description":"Што е без метеж, тивок, спокоен. Безметежна улица.Тивки, безметежни утра. Безметежен живот."},{"word":"безмилосен","type":"прид.","description":"Што е без милост, немилостив, бездушен, немилосрден. Суров, безмилосен убиец. Безмилосна борба. Безмилосни закони."},{"word":"безмирисен","type":"прид.","description":"Што е без некаков мирис. Безмирисен воздух. Безмирисна течност."},{"word":"безмлечен","type":"прид.","description":"Што е без млеко, што не содржи млеко; што нема млеко, што не дава млеко. Безмлечен сладолед. Безмлечна крава."},{"word":"безнадежен","type":"прид.","description":"Што е без надеж, очаен. Безнадежен плач. Безнадежно довикување."},{"word":"безнадежник","type":"м.","description":"Тој што е без секаква надеж, очајник. Безнадежник на смртна постела."},{"word":"безначаен","type":"прид.","description":"Што е без значење, без вредност, неважен, безвреден. Безначаен повод. Безначајна работа. Безначајни зборови. Водевме ситни, безначајни разговори. Купчиња од безначајни партали."},{"word":"безобѕирен","type":"прид.","description":"Што нема обѕири, безогледен, дрзок. Тој бил подлец како човек, безобѕирен и поткуплив. Безобѕирен непријател. Безобѕирен начин. Безобѕирни трговци. Безобѕирно дете."},{"word":"безоблачен","type":"прид.","description":"Што е без облаци, ведар, јасен, сончев. Безоблачен ден. Небото над градот беше ведро, безоблачно. Беше зима со безоблачни студови."},{"word":"безобличен","type":"прид.","description":"Што е без определен облик. Огромен и безобличен ѕвер. Безобличен камен. Безоблична крвава локва. Безоблични сенки."},{"word":"безобразен","type":"прид.","description":"Што е без образ, што не се срами од своите постапки, бесрамен, непристоен. Тој е безобразен. Нечесна и безобразна жена. Безобразни, невоспитани деца."},{"word":"безобразие","type":"ср.","description":"Отсуство на срам, безобразност, бесрамност, непристојност. Невидено безобразие."},{"word":"безобразник","type":"м.","description":"Тој што е безобразен, бесрамник. Види го ти безобразникот!"},{"word":"безопасен","type":"прид.","description":"Што не е опасен, што не може да наштети; сигурен, безбеден. Безопасен противник. Безопасно куче. Безопасна светлина. Безопасни игри."},{"word":"безопасна","type":"ж.","description":"Игла што служи за привремено прикрепување на облека во замена на копче; средство за прикачување на некаков моден детаљ."},{"word":"безосновен","type":"прид.","description":"Што е без основа, што нема основа, неоснован, неоправдан. Безосновна дискусија. Безосновно прашање."},{"word":"безотпорен","type":"прид.","description":"Што не може да даде отпор, неотпорен, неиздржлив, слаб. Безотпорна ситуација. Слаби, безотпорни луѓе."},{"word":"безочен","type":"прид.","description":"Безочен грабеж. Безочен геноцид. Безочен судија. Безочна клевета. Безочни лаги."},{"word":"безработен","type":"прид.","description":"Што е без работа, невработен. Тој беше безработен и не знаеше што да прави од здодевност. Им дадовме работа на безработните луѓе."},{"word":"безработица","type":"ж.","description":"Состојба на недостиг од работа, невработеност. Тоа е период на општа безработица и сиромаштија. Двајцата лесно ја поднесуваа безработицата."},{"word":"безработник","type":"м.","description":"Тој што не сака да работи, неработник, безделник. За него мнозина велат дека е мрзливец и безработник. Безработниците стоеја и немо гледаа во кавгаџиите."},{"word":"безрадосен","type":"прид.","description":"Што е без радост, нерадосен, невесел, тажен. Безрадосен живот. Безрадосни моменти."},{"word":"безразборен","type":"прид.","description":"Неразумен, непромислен. Безразборна постапка."},{"word":"безразумен","type":"прид.","description":"Што е без разум, што не произлегува од разумот, неразумен. Безразумна жена. Безразумно дете."},{"word":"безрасуден","type":"прид.","description":"Што е без расудување, неразумен, непромислен. И натаму беше безрасуден, ироничен и весел.Тој не ја ценеше таа безрасудна жена."},{"word":"безрбетник","type":"м.","description":"(зоол.) Вид животни коишто се без 'рбет и без скелет, спрот. 'рбетник; Invertebrata."},{"word":"безреден","type":"прид.","description":"Што е без утврден ред, несреден, неправилен. Безредна состојба."},{"word":"безредие","type":"ср.","description":"Отсуство на ред и поредок, несредена состојба, неред; хаос. Се случуваа безредија и злосторства, а немаше кој да заведе ред. Напаѓачите направија безредие во куќата. Безредие постои во неговите мисли."},{"word":"безрезервен","type":"прид.","description":"Што се поддржува, што се врши без резерва, без ограничување, во целост. Безрезервен став. Безрезервна поддршка."},{"word":"безрезултатен","type":"прид.","description":"Што е без резултат, безуспешен, неуспешен. Безрезултатен крај. Безрезултатно измачување. Безрезултатна дискусија. Безрезултатни напори."},{"word":"безризичен","type":"прид.","description":"Што е без ризик, што не е ризичен. Безризичен потфат. Безризична акција."},{"word":"безроден","type":"прид.","description":"Што нема роднини. Безродна невеста."},{"word":"безродница","type":"ж.","description":"Таа што не родила, што нема пород; неротка. На снаата ѝ префрлуваа што беше безродница."},{"word":"безропотен","type":"прид.","description":"Што е без ропот, без шум. Безропотен дожд."},{"word":"безумен","type":"прид.","description":"Што е без ум, луд; спрот. паметен. Безумен човек. Безумно дело. Безумна игра. Безумни работи."},{"word":"безумие","type":"ср.","description":"Состојба на тој што е безумен, безумност, лудост. Тој беше преплашен до безумие. Во моменти на своето безумје таа ја кинеше облеката"},{"word":"безуми се","type":"несв.","description":"Останува без ум, губи памет. Детето се безуми од страв. Луѓето се безумеа од злосторствата на непријателот."},{"word":"безумник","type":"м.","description":"Тој што е безумен, лудак. Го нашле безумникот вкочанет на плочникот."},{"word":"безуморен","type":"прид.","description":"Што е без умор, многу вреден; неуморен. Безуморен човек."},{"word":"безумство","type":"ср.","description":"Состојба на безумен човек; безумие. Таа одеше со безумство на раздразнет бик. Во своето безумство личеше на непресметлив човек што се радува на смртна опасност."},{"word":"безумствува","type":"несв.","description":"Се однесува безумно, лудува. Момчињата безумствуваа по кафулињата."},{"word":"безусловен","type":"прид.","description":"Што се врши без никакви услови. Безусловна капитулација."},{"word":"безуспешен","type":"прид.","description":"Што е без успех, неуспешен. Безуспешен обид. Безуспешно лекување. Безуспешни напори."},{"word":"безутешен","type":"прид.","description":"Што е без утеха, неутешен, очаен. Како кукавица црна кука безутешна мајка."},{"word":"беј","type":"м.","description":"Со имиња: Арслан беј, Мурат беј и сл.;"},{"word":"бејзбол","type":"м.","description":"Игра со дрвени палки и мала топка, меѓу два тима со по девет играчи"},{"word":"Бејрут","type":"м.","description":"Главен град на Либан."},{"word":"бек","type":"м.","description":"Играч од одбраната на фудбалски тим. Лев бек. Десен бек."},{"word":"беќар","type":"м.","description":"Неженет човек, момче, ерген. Стар беќар. Селски беќар. Двајца беќари."},{"word":"беќарство","type":"ср.","description":"Период на животот што се минува како беќар. Младо беќарство."},{"word":"беќарува","type":"несв.","description":"Оди беќар, ергенува. Тој уште беќарува."},{"word":"бекне","type":"св.","description":"За овца, јагне – испушти карактеристичен глас. Не бекна ниедна овца во трлото."},{"word":"бекрија","type":"м.","description":"Љубител на пијалак и ноќен живот; пијаница; боем. Тој беше бекрија и безделник од рана младост. Момчиња, млади бекрии."},{"word":"бекташ","type":"м.","description":"Припадник на дервишкиот ред, по името на основачот Бекташ."},{"word":"бекче","type":"ср.","description":"Младо бекче."},{"word":"бел","type":"прид.","description":"Што има боја на снег, на млеко и сл.; спрот. црн. Бел гулаб. Бел коњ. Бел цвет. Бели лебеди. Бел мермер. Бело платно."},{"word":"Беласица","type":"ж.","description":"Планина во Македонија."},{"word":"белач","type":"м.","description":"Тој што бели, варосува; молер."},{"word":"белвица","type":"ж.","description":"Вид ситна слатководна риба со бели, седефести крлушки; Samothymus ohridanus."},{"word":"белвичар","type":"м.","description":"Вид рибарска мрежа за ловење белвици."},{"word":"Белгија","type":"ж.","description":"Држава во Европа."},{"word":"Белград","type":"м.","description":"Главен град на Србија."},{"word":"белевче","type":"ср.","description":"Дем. од белешка 2."},{"word":"белег","type":"м.","description":"Природен или вештачки знак за распознавање. Покусата нога била само белег. На овците им ставаа белег на десното уво."},{"word":"белее","type":"несв.","description":"Обелува, губи од интензитетот на својата боја. Облеката белее на сонце. Од често перење алиштата белеат."},{"word":"бележан","type":"прид.","description":"Обележен, означен. Бележан пат. Евреите се движеа бележани."},{"word":"бележи","type":"св. и несв.","description":"Става белег, ознака. Јагнињата ги бележат на Благовец. Говедата ги бележеа со усвитено железо. Тој го бележеше просторот до шумата."},{"word":"бележит","type":"прид.","description":"Значаен, познат, изразит. Тој е бележит претставник на четвртата генерација повоени поети. Тој е најбележитиот ученик на солунските браќа. Бележита е неговата активност на научен план."},{"word":"бележник","type":"м.","description":"Тетратка за белешки; нотес. Во рака носеше бележник и прирачен магнетофон. Бележникот му е исполнет со податоци за убиецот. Масата беше покриена со подвиткани бележници."},{"word":"белезица","type":"ж.","description":"Накит за на раце, гривна. Тој од џебот извади златна белезица. На панаѓурите се продаваа белезици од модар каучук."},{"word":"беленка","type":"ж.","description":"Бел знак, белег. По нивите имаше камени беленки. Тој ораше до беленките."},{"word":"белетрист","type":"м.","description":"Автор на белетристички дела, писател."},{"word":"белетристика","type":"ж.","description":"Уметничка литература во проза (романи, раскази, новели итн.) и поезија. Оригинална и преводна белетристика."},{"word":"белец","type":"м.","description":"Припадник на белата раса. Тројцата белци седеа околу огнот. Црнците работеа во продавниците на белците."},{"word":"белец","type":"м.","description":"Припадник на белата раса."},{"word":"белешка","type":"ж.","description":"Црта, линија. Стави белешка под прочитаниот текст."},{"word":"бели","type":"несв.","description":"Прави нешто да стане бело. Билјана платно белеше на Охридските извори. Фабриката ги бели платната со разни хемиски средства."},{"word":"Белиз","type":"м.","description":"Островска држава во Атлантскиот Океан, Средна Америка."},{"word":"беликав","type":"прид.","description":"Беликав чад. Беликава фонтана. Беликави мразулци. Беликави камења."},{"word":"белило","type":"ср.","description":"Козметичко средство за белење лице. Таа ставаше многу белило на лицето. Тој купи турско белило."},{"word":"белина","type":"ж.","description":"Обележје на тоа што е бело. Снежна белина. Женска белина. Белина на небото. Веќе ја немаше белината на ѕидовите. На исток се појавуваше белина."},{"word":"белица","type":"ж.","description":"Име за бела овца, коза."},{"word":"белич","type":"м.","description":"Прекар за изразито бел човек."},{"word":"белка","type":"ж.","description":"Проѕирна течна материја околу жолчката во јајцето. Таа измати белки со шеќер."},{"word":"белканто","type":"ср.","description":"Италијански начин на оперско пеење што ја истакнува убавината на гласот и вокалната техника."},{"word":"белки","type":"мод.","description":"Изразува можност, веројатност, претпоставка, надеж. Белки гревот ќе ми се намали. Има надеж, белки ќе си најде чаре. Не знам, белки нешто ќе измисли. Белки не мислиш да ја преспиеш целата претстава!"},{"word":"белковина","type":"ж.","description":"белковини и Природно соединение што содржи јаглерод, кислород, азот и водород, составен дел од ткивата на живите организми."},{"word":"Белмопан","type":"м.","description":"Главен град на Белиз."},{"word":"белне се","type":"св.","description":"Се појави нешто бело, се забелее. Се белна нешто низ густите гранки. Во темнината се белна нејзината шамија. Главата се белна на слабата виделина. Се белнаа два реда ситни заби."},{"word":"белоборка","type":"ж.","description":"Бел бор; Pinus silvestris."},{"word":"белобоска","type":"ж.","description":"Крава со бело виме."},{"word":"белобрад","type":"прид.","description":"Што има бела, побелена брада. Белобрад старец. Белобради свештеници."},{"word":"белобрадец","type":"м.","description":"Тој што е белобрад. Со децата одеше стар белобрадец."},{"word":"беловина","type":"ж.","description":"Средишниот дел од дрвото, делот меѓу кората и срцевината."},{"word":"беловица","type":"ж.","description":"Вид слива и цреша што е со белузлава боја на плодот; Prunus domestica."},{"word":"белогазец","type":"м.","description":"Тој што е со бел газ, со бели бедра."},{"word":"белогардеец","type":"м.","description":"Припадник на контрареволуционерната војска во Октомвриската револуција во Русија или на „белата гарда“ во Словенија за време на Народноослободителната борба."},{"word":"белоглав","type":"прид.","description":"Што има бела, седа коса; белокос. Светлината паѓаше врз свенатото лице на белоглавиот старец."},{"word":"белоглавец","type":"м.","description":"За човек – тој што е белоглав, побелен, старец. Слушај и послушај што ќе ти каже еден белоглавец! Во првиот ред седеа белоглавци."},{"word":"белогрив","type":"прид.","description":"Што има бела грива. Коњот крена белогрива глава."},{"word":"белогрлест","type":"прид.","description":"Што има бело грло. На орото наредени белогрлести невести."},{"word":"белоденски","type":"прил.","description":"Преку ден. Окупаторите белоденски ги ограбуваа селаните што се враќаа од пазар. Белоденски излезе од участокот."},{"word":"белодробен","type":"прид.","description":"Што се однесува на белите дробови. Белодробни крила. Белодробна туберкулоза."},{"word":"белокож","type":"прид.","description":"в. белец"},{"word":"белокор","type":"прид.","description":"За растение – што има бела кора. По мазното стебло на белокората топола во врвица се качуваа големи мравки. Притаено зашумеа белокорите буки од блиската шума."},{"word":"белокос","type":"прид.","description":"Што има бела, побелена, седа коса. Белокос старец."},{"word":"белокрил","type":"прид.","description":"Што има бели крилја. Белокрил галеб. Белокрила птица. Гинат белокрили јата."},{"word":"белокрилка","type":"ж.","description":"Штетник кај растенијата кој има жолто тело со два пара свилести, бели крилца, покриени со бел восочен налеп; Trialeurodes vaporariorum westv."},{"word":"белолик","type":"прид.","description":"Што има бело лице, што е со изразито бела боја на лицето. Тој беше висок и белолик, а таа црномуреста. Белоликата, витка селанка ја симна шамијата."},{"word":"беломешест","type":"прид.","description":"Што има бело меше, што е со бел стомак."},{"word":"белоног","type":"прид.","description":"Што има бели нозе (најчесто за коњ). Белоног коњ."},{"word":"белоперка","type":"ж.","description":"Слатководна риба со сребренест мев, а со црвени перки; Leuciskus rutilus."},{"word":"белорун","type":"прид.","description":"Што има бело руно. Белоруна овца."},{"word":"Белорусија","type":"ж.","description":"Држава во Источна Европа."},{"word":"белосветски","type":"прид.","description":"Што е од далеку, од туѓа земја, туѓ. Од стариот касетофон се слушаа македонски и белосветски песни."},{"word":"белотија","type":"ж.","description":"Силно изразена белина."},{"word":"белотртка","type":"ж.","description":"Птица пејачка; Oenanthe (saxicola) oenanthe."},{"word":"белоушка","type":"ж.","description":"(зоол.) Водна, неотровна змија со бела дамка зад ушите; Tropidonotus natrix."},{"word":"белоцветен","type":"прид.","description":"Што има бел цвет. Белоцветен багрем. Белоцветна овошка. Белоцветно растение."},{"word":"белузлав","type":"прид.","description":"Што во мала мера го изразува својството на бел. Белузлав фустан. Белузлава магла. Белузлави облачиња."},{"word":"белутрак","type":"м.","description":"Вид тврд камен со зрнест состав и со бела боја; кварц, кремен. Потковиците удираа на белутракот и искри летаа во мракот. Реката се гребеше од крупните белутраци."},{"word":"белушина","type":"ж.","description":"Вид глинено-варовита земја. Над куќата имаше белушина, а во шумата црвеница."},{"word":"Белфаст","type":"м.","description":"Главен град на Северна Ирска."},{"word":"белчо","type":"м.","description":"Име за сосем рус човек."},{"word":"беља","type":"ж.","description":"Зло, несреќа; штета. Ќе стане некоја беља ноќеска или утре. Каде и да оди само бели прави. Голема беља се стори, изгореа повеќе куќи."},{"word":"бељаџија","type":"м.","description":"Тој што прави беља. Малечок е, ама голем бељаџија."},{"word":"Бенгази","type":"ср.","description":"Град во Либија."},{"word":"Бенгал","type":"м.","description":"Област во Индија."},{"word":"Бенгалски Залив","type":"м.","description":"Залив во Индискиот Океан."},{"word":"бенд","type":"м.","description":"Помала инструментална група, мал оркестар. Тоа е нов бенд на музичката сцена. Во Скопје настапија повеќе странски бендови."},{"word":"бендер","type":"м.","description":"Вид петел. По гумното колваа кокошки и еден бендер петел."},{"word":"бендери се","type":"несв.","description":"Се перчи, се прави важен; се качува на високо. Тој се бендереше, без срам, пред туѓинците. Кај се бендериш таму!"},{"word":"бендиса","type":"св.","description":"Се допадне некому. Тој од едно видување ја бендиса девојката."},{"word":"беневреци","type":"и.","description":"Дел од машката носија, шајачни панталони, широки во горниот дел, тесни од колена надолу. Тој беше во шарена облека, во тесни беневреци. Беневреците му биле влажни до колениците."},{"word":"бенефиција","type":"ж.","description":"Повластеност, привилегија, корист. Австралиската влада дава извесни бенефиции во случај на болест. Секретарката ужива големи бенефиции од директорот. Социјалните случаи добиваат бенефиции од државата."},{"word":"бенефицира","type":"св. и несв.","description":"Повласти, повластува некого, нешто."},{"word":"бенефициран","type":"прид.","description":"Повластен. Бенефициран стаж. Бенефицирана отплата на кредит. Бенефицирани услови."},{"word":"бензин","type":"м.","description":"Течен, безбоен нафтен дериват со различни степени на чистота и со различен состав што се употребува како погонско гориво. Цистерни со бензин. Ноќеска поскапе бензинот. Автомобилот остава зад себе мирис на бензин."},{"word":"бениген","type":"прид.","description":"Што се лечи, што заздравува, не го доведува животот во опасност; Бениген тумор. Бенигна болест. Бенигни клетки."},{"word":"Бенин","type":"м.","description":"Држава во Западна Африка."},{"word":"бенка","type":"ж.","description":"Мало темно петно, пигментен израсток на кожата на човекот во големина на зрно леќа. Бенката под окото придонесуваше за убавината на нејзиното лице."},{"word":"бенкичав","type":"прид.","description":"Што е со бенки, што има бенки по кожата. Се штрекна кога го виде бенкичавото лице."},{"word":"бенкичка","type":"ж.","description":"Горен дел од бебешка облека (обично памучен), што е во директен допир со кожата. На бебето му облекоа бела бенкичка."},{"word":"берат","type":"м.","description":"Царско писмо, указ, повелба од султан со што се одредува некаква повластеност. Кадијата им нареди на сејмените да ги одврзат селаните за да собираат пари, зашто старите берати не важеа веќе. Македонскиот народ пролеа крв за да добие владички берат."},{"word":"берач","type":"м.","description":"Тој што бере, што собира плодови и сл. Многу берачи по лозјата."},{"word":"берба","type":"ж.","description":"Берење, собирање плодови, тутун, дрва и сл. Оваа година имаше берба на шипинки во селото. Време е за берба на јаболката. Годинава дождовите ја попречија бербата на доматите."},{"word":"бербат","type":"прид.","description":"Нечист, валкан (само во изрази)."},{"word":"бербатен","type":"прид.","description":"Нечист, валкан. Со бербатни прсти мешаше во ваганот. Старецот тешко ги креваше нозете по бербатното сокаче."},{"word":"бербер","type":"м.","description":"Лице што се занимава со бричење и потстрижување на лица од машки пол. Најстариот син беше бербер по занает. Болнички бербер."},{"word":"берберка","type":"ж.","description":"Жена на бербер."},{"word":"берберница","type":"ж.","description":"Просторија во која се врши берберскиот занает, берберски дуќан. Пред да се отвори најстарата берберница, берберската работа се вршела на сокак. Старците се збираа во берберницата. Навечер берберницата живнуваше."},{"word":"берберство","type":"ср.","description":"Берберски занает."},{"word":"берберува","type":"несв.","description":"Врши берберска работа, е бербер. Томе сè уште дома берберува. Некогаш во маалото берберуваа три бербери."},{"word":"бердана","type":"ж.","description":"Пушка од втората половина на 19 век"},{"word":"бере","type":"несв.","description":"Собира плодови, растенија или делови од нив (со кинење, со тресење, со корнење и сл.). Селаните ги берат јаболката. Децата скришум береа цреши. Од големата круша беревме многу круши. Нема лозје што не го копал или брал."},{"word":"берза","type":"ж.","description":"Институција за организиран промет на хартии од вредност (акции и обврзници), пари и други услуги, според определени правила, обично преку посредници."},{"word":"берзијанец","type":"ж.","description":"Тој што работи во берза, член на берза."},{"word":"берибери","type":"и.","description":"Заболување како последица од недостаток на витаминот Б1 во исхраната на човекот, вид авитаминоза."},{"word":"бериќет","type":"м.","description":"Род, плод, благодат. Ако не фати суша и град, ќе има бериќет. Земјата раѓаше бериќет. Селаните го собраа бериќетот од нивите."},{"word":"бериќетен","type":"прид.","description":"Многу плоден, плодороден. Бериќетна година. Бериќетно лето."},{"word":"Берингов Проток","type":"м.","description":"Проток меѓу северноамериканскиот и азискиот континент."},{"word":"Берлин","type":"м.","description":"Главен град на Германија."},{"word":"бермуди","type":"и.","description":"Летни, лесни панталони од шарен материјал што имаат ногавици до колена."},{"word":"Бермудски Острови","type":"и.","description":"Британски острови во Атлантскиот Океан."},{"word":"Берн","type":"м.","description":"Главен град на Швајцарија."},{"word":"Берово","type":"ср.","description":"Град во Македонија."},{"word":"берокуќен","type":"прид.","description":"Што бере куќа, што печали."},{"word":"берокуќник","type":"м.","description":"Тој што бере куќа, што печали; добар, вреден домаќин. Женачката е за берокуќници."},{"word":"бес","type":"м.","description":"Гнев, лутина, јарост. Ќерката се обидуваше да го совлада бесот. Бесот му ги грчеше усните.Се тресеше од бес. Лутината се издигна до убиствен бес."},{"word":"беса","type":"ж.","description":"Чесен збор, даден збор што се смета за светост во традиционалната култура на Албанците; ветување, заклетва. Крвната одмазда, бесата и побратимството ја штителе заедницата, но не и поединецот во неа. Ако се навистина од збор, ако во нив не умрела нивната исконска беса, тогаш и натаму ќе чади нашиов оџак. Ја исполни бесата."},{"word":"бесалија","type":"и.","description":"Човек од збор."},{"word":"Бесарабија","type":"ж.","description":"Историска област во Источна Европа, денес поделена меѓу Молдавија, Романија и Украина."},{"word":"бесач","type":"м.","description":"Тој што беси, одзема некому живот со бесење."},{"word":"бесвесен","type":"прид.","description":"Што е во бесвест, во бесознание, што привремено изгубил свест. Бесвесен лежеше на подот."},{"word":"бесвест","type":"ж.","description":"Состојба на тој што е бесвесен; бесвесност, несвесност. Беше паднал во бесвест. Го дави до бесвест. Пијан до бесвест."},{"word":"беседа","type":"ж.","description":"Говор при свечен собир, посебно подготвена реч. Тој одржа беседа за улогата на поетот и поезијата. Поздравна беседа. Збирка на излагања и беседи."},{"word":"беседи","type":"несв.","description":"Држи беседа, држи говор. Таму ги учеа како да беседат."},{"word":"беседник","type":"м.","description":"Тој што држи беседа, говорник. Тој се пројави како активен полемичар и беседник за актуелните книжевни прашања. Беседникот одржа беседа за делото на уметникот."},{"word":"беседништво","type":"ср.","description":"Говорничка особина, говорништво; проповедништво."},{"word":"бесеже","type":"ср.","description":"Вакцина против туберкулоза според француската скратеница БСГ; Bacil Calmette-Guerin. Новороденчињата веднаш примаат бесеже."},{"word":"бесен","type":"прид.","description":"Што е болен од беснило. Кога кучето ќе го прогласат за бесно, секој ќе најде камен да фрли по него. Бесен коњ. Бесен волчјак. Бесни пци."},{"word":"беси","type":"несв.","description":"Врзува, закачува нешто да виси. Овчарите бесат ѕвонци на овенот, предводник на стадото. На плотот селанките ги бесат волнените килими да се ветреат."},{"word":"бесилка","type":"ж.","description":"Дрвена направа на која е прицврстена ортома со јамка за извршување на смртна пресуда со бесење. Некои заробеници ги завршиле своите животи на бесилка. Му ги врзаа рацете и го однесоа на бесилка."},{"word":"бескаматен","type":"прид.","description":"Што се дава без камата. Бескаматен кредит. Бескаматни заеми."},{"word":"бескарактерен","type":"прид.","description":"Што е без карактер, што има лош карактер. Бескарактерен човек. Бескарактерно однесување."},{"word":"бескласен","type":"прид.","description":"Што е без класи, што не е поделен на класи. Првобитно бескласно општество."},{"word":"бескомпромисен","type":"прид.","description":"Што не е за компромис, непомирлив. Бескомпромисен став. Бескомпромисна борба. Бескомпромисен реалист. Бескомпромисни луѓе."},{"word":"бесконечен","type":"прид.","description":"Што нема крај, бескраен. Бесконечен пат. Бесконечна оддалеченост. Бесконечни простори."},{"word":"бескорисен","type":"прид.","description":"Од кој нема корист, што не придонесува, некорисен. Бескорисен труд. Немоќен е и бескорисен. На патот плачливи, бескорисни деца што постојано бараат некој да се грижи за нив. Алпинизмот му изгледаше како бескорисен напор."},{"word":"бескраен","type":"прид.","description":"Што нема крај (за простор, време, големина). Бескраен лавиринт. Бескрајна морска ширина. Бескрајна ноќ. Бескрајно поле. Бескрајни височини."},{"word":"бескрај","type":"м.","description":"Својство на тоа што е бескрајно, бескрајност; неизмерност. Бескрајот на просторот. Сите се стремеа кон бескрајот и вечноста. До бескрај се шири белината на снегот."},{"word":"бескрвен","type":"прид.","description":"Што е без доволно крв, слабокрвен; блед. Старечка бескрвна рака. Бескрвни усни."},{"word":"бескрилен","type":"прид.","description":"Што е без крила. Бескрилна мравка. Бескрилните вошки се со жолтеникава боја."},{"word":"бескрупулозен","type":"прид.","description":"Што е без скрупули, безобѕирен. Бескрупулозен родител. Лик на бескрупулозен човек. Се служат со бескрупулозни методи."},{"word":"бескуќен","type":"прид.","description":"Бескуќен никаквец."},{"word":"бескуќник","type":"м.","description":"Тој што нема куќа, бездомник. Пијан бескуќник. Беше слуга, бескуќник, туѓа среќа. Меѓу младите бескуќници имаше и девојчиња."},{"word":"бесмислен","type":"прид.","description":"Што е без смисла, што е против здравиот разум, што е логички неповрзан; апсурден. Бесмислен одговор. Бесмислен сон. Бесмислена идеја. Бесмислена смрт. Бесмислена војна. Бесмислено тврдење. Бесмислено дрдорење. Бесмислени прашања."},{"word":"бесмислица","type":"ж.","description":"Својство на тоа што е бесмислено (обично за збор, постапка и сл.), бесмисленост. Ја сфатив сета бесмислица на зборовите. Тоа беше некаква грда шега, бесмислица. Зборува што-годе, бесмислици."},{"word":"бесмртен","type":"прид.","description":"Што е без смрт, што не умира. Духот е бесмртен."},{"word":"бесмртник","type":"м.","description":"Тој што е бесмртен."},{"word":"беснее","type":"несв.","description":"Лудува, води распуштен, распашан живот. Детето беснееше од разгаленост. Младите беснееја до раните утрински часови. Луѓето се опиваат, беснеат, место достојно да го празнуваат сведенот."},{"word":"бесник","type":"м.","description":"Тој што е немирен, ѓаволест; немирко. Селаните ги знаеја бесниците од селото. Од малечок е голем бесник."},{"word":"беснило","type":"ср.","description":"Заразна болест кај животни (кучиња, лисици, волци) што се пренесува на човекот со каснување или од директен контакт со заболено животно. Го касна бесно куче и млад умре од беснило."},{"word":"беснотија","type":"ж.","description":"Состојба на бес."},{"word":"беспаќе","type":"ср.","description":"Предел, место без пат. Снежно беспаќе. Планински беспаќа. Беспаќа, проколнати места на кои ни дивината не остава трага."},{"word":"беспарица","type":"ж.","description":"Скудност во пари, немање пари. Беспарицата ги притиска луѓето. Беспарицата го присили да ги откаже договорите."},{"word":"беспартиски","type":"прид.","description":"Што не припаѓа на партија; што не се раководи од определени партиски принципи."},{"word":"беспатен","type":"прид.","description":"Што е без пат, непрооден. Беспатен прнар. Беспатна земја. Беспатна пустина."},{"word":"беспатица","type":"ж.","description":"Беспаќе. Згустена беспатица. Талкач по беспатици."},{"word":"бесперспективен","type":"прид.","description":"Што е без перспектива. Бесперспективен живот. Бесперспективна иднина."},{"word":"беспигментен","type":"прид.","description":"Што е без пигменти. Беспигментна кожа."},{"word":"бесплатен","type":"прид.","description":"Што не се плаќа, што се користи без плаќање. Бесплатен билет. Бесплатна настава. Бесплатно возење."},{"word":"бесплоден","type":"прид.","description":"Што е без плод, неплоден, јалов. Бесплодно растение. Бесплодна земја. Бесплодна жена."},{"word":"бесплотен","type":"прид.","description":"Бестелесен. Бесплотна сила. Бесплотна сенка."},{"word":"бесповратен","type":"прид.","description":"Што е без враќање, неповратен, неповторлив. Бесповратен лет. Бесповратно заминување. Човечкиот род е осуден на бесповратна гибел."},{"word":"беспоговорен","type":"прид.","description":"Што се прифаќа без приговор, безусловен, апсолутен. Беспоговорен факт. Беспоговорно тврдење."},{"word":"беспогрешен","type":"прид.","description":"Што е без грешки, непогрешен, совршен. Беспогрешен суд. Беспогрешна сигурност."},{"word":"беспокоен","type":"прид.","description":"Вознемирен, неспокоен. Беспокоен глас. Беспокојна душа."},{"word":"беспокои","type":"несв.","description":"Предизвикува неспокој; Војната ги беспокоеше луѓето."},{"word":"беспокој","type":"м.","description":"Состојба на немир, неспокој. Силен беспокој."},{"word":"бесполезен","type":"прид.","description":"Што е без полза, без корист, некорисен. Бесполезен обид. Бесполезна заштита. Бесполезни зборови."},{"word":"бесполов","type":"прид.","description":"Што е без одлика на пол. Бесполово разможување."},{"word":"беспомошен","type":"прид.","description":"Што не може самиот да си помогне, немоќен, бессилен. Беспомошен човек. Беспомошна девојка. Беспомошно дете. Беспомошни суштества."},{"word":"беспорен","type":"прид.","description":"Што не може да се оспори, неоспорен. Беспорен збор. Беспорен факт. Беспорни вистини."},{"word":"беспорочен","type":"прид.","description":"Што е без порок. Беспорочен човек. Беспорочна девица. Беспорочно детство."},{"word":"беспоштеден","type":"прид.","description":"Што не е поштеден; суров, безмилосен. Беспоштеден напор. Беспоштедна борба. Беспоштедни зборови."},{"word":"бесправен","type":"прид.","description":"Што е без почитување, без примена на правото, на законот. Бесправен акт. Бесправна акција."},{"word":"бесправие","type":"ср.","description":"Бесправност, беззаконие."},{"word":"беспреболен","type":"прид.","description":"Што не може да се преболи, што не преболува. Беспреболна загуба на синот. Беспреболна рана."},{"word":"беспрегледен","type":"прид.","description":"Што не може да се догледа, непрегледен. Беспрегледно пространство."},{"word":"беспредел","type":"м.","description":"Бескрајност, безграничност. Барам шир што се вика беспредел."},{"word":"беспределен","type":"прид.","description":"Што е бескраен, безграничен. Беспределен спокој. Беспределна тишина."},{"word":"беспредметен","type":"прид.","description":"Што е без основа, значење, важност, што нема причина да се појави; неумесен. Беспредметно барање. Беспредметно прашање."},{"word":"беспрекорен","type":"прид.","description":"Што е без недостаток, на кој не може нешто да му се забележи; совршен. Беспрекорен син. Беспрекорна девојка. Беспрекорен расказ."},{"word":"беспризорен","type":"прид.","description":"Што е без родители и без дом, препуштено на улицата, без грижа на општеството. Беспризорно дете."},{"word":"беспримерен","type":"прид.","description":"Што нема рамен на себе, единствен, исклучителен. Беспримерен херои Беспримерна заштита. Беспримерно дело."},{"word":"беспринципен","type":"прид.","description":"Што е без принцип, непринципиелен, недоследен. Беспринципен човек."},{"word":"беспристрастен","type":"прид.","description":"Што е непристрастен, заснован на објективни факти. Беспристрастен коментар. Беспристрасна награда."},{"word":"беспричински","type":"прид.","description":"Што е без причина, неоправдан, неоснован. Беспричински страв. Беспричинска нетрпеливост."},{"word":"бесрамен","type":"прид.","description":"Што е без срам, што нема чувство на срам. Бесрамна жена. Бесрамен пијаница. Бесрамна постапка"},{"word":"бесрамие","type":"ср.","description":"Отсуство на срам, бесрамност."},{"word":"бесрамник","type":"м.","description":"Тој што нема срам. Бесрамник ниеден."},{"word":"бессемеен","type":"прид.","description":"Што е без семејство. Бессемеен човек."},{"word":"бессемен","type":"прид.","description":"Што нема, што не дава семе. Бессемена сорта. Бессемено растение."},{"word":"бессилен","type":"прид.","description":"Што е без сила, слаб, немоќен. Бессилен маж. Бессилна војска."},{"word":"бессилие","type":"прид.","description":"Бессилност, слабост, немоќ. Страшно бессилие. бесславен, бесславниот Што е без слава, неславен. Бесславен водач."},{"word":"бессовесен","type":"прид.","description":"Што е без совест, несовесен. Бессовесен човек."},{"word":"бессовесник","type":"м.","description":"Тој што е без совест, несовесен човек."},{"word":"бессодржаен","type":"прид.","description":"Што е без содржина, безвреден, некорисен. Бессодржаен разговор. Бессодржајна дискусија."},{"word":"бессознание","type":"ср.","description":"Длабоко бессознание."},{"word":"бессолен","type":"прид.","description":"Што е без сол. Бессолен леб. Бессолна храна."},{"word":"бессолзен","type":"прид.","description":"Што е без солзи. Ти, бессолзна мајко, проголтни најгорчлив јад! Бессолзно липање."},{"word":"бессолица","type":"ж.","description":"Појава на недостиг на сол. Ќе изумрат од бессолица."},{"word":"бессонен","type":"прид.","description":"Што е без сон. Бессона ноќ."},{"word":"бессоник","type":"м.","description":"бессоници Тој што нема сон, што не може да спие; што води ноќен живот. Стана бессоник од тага. Тој е оној ноќник, бессоник, бдејач кој го минува ноќниот свет буден."},{"word":"бессоница","type":"ж.","description":"Состојба на отсуство на сон, несоница. Долга бессоница. Бессоницата и стравот го пустошеја неговиот ум."},{"word":"бессончев","type":"прид.","description":"Што не е сончев, што е без сонце. Бессончева есен."},{"word":"бессочен","type":"прид.","description":"Што е без сок, што нема доволно сок. Бессочен плод. Бессочно месо."},{"word":"бестелесен","type":"прид.","description":"Што е без тело, што се јавува како привидение; нематеријален. Бестелесен лик. Бестелесна тежина. Бестелесно самовилско суштество. Бестелесни души."},{"word":"бестија","type":"ж.","description":"Животно, ѕвер. Дива бестија. Стара бестија."},{"word":"бестијален","type":"прид.","description":"Животински, ѕверски; суров, дивјачки. Бестијален напад. Бестијална страст."},{"word":"бестрага","type":"прил.","description":"Непознато каде, во неврат. Одовде е посигурно, но бестрага е далеку. Како стрела згина писарот бестрага."},{"word":"бестрастен","type":"прид.","description":"Што е без страст. Бестрастен бакнеж. Бестрасна љубов."},{"word":"бестрашен","type":"прид.","description":"Што нема страв, храбар. Бестрашен војник. Бестрашна борба. Бестрашни луѓе."},{"word":"бестрашие","type":"ср.","description":"Бестрашност, храброст."},{"word":"бестрашник","type":"м.","description":"Тој што е бестрашен, јунак."},{"word":"бестревен","type":"прид.","description":"Што е без трева, на кој нема или не расте трева. Бестревна долина. Бестревни терени."},{"word":"бестрепетен","type":"прид.","description":"Што не трепети. Бестрепетна месечина."},{"word":"бестселер","type":"м.","description":"бестселери Книга што во одреден временски период била продадена во најголем број примероци, најдобро продавано дело. Македонски бестселер. Книгата стана бестселер кај читателите на тој жанр."},{"word":"бесформен","type":"прид.","description":"Што нема определена форма; безобличен. Бесформен куп. Ги растура стапалките во бесформена ровкост."},{"word":"бесцветен","type":"прид.","description":"Што нема цвет, што не цвета. Бесцветна грмушка. Бесцветен бршлен. Бесцветно растение."},{"word":"бесцветница","type":"ж.","description":"(бот.) Растение без цвет."},{"word":"бесцелен","type":"прид.","description":"Што е без цел, залуден, бесмислен. Бесцелен живот. Бесцелна работа. Бесцелни прошетки."},{"word":"бесценет","type":"прид.","description":"Што има неограничено висока цена; непроценлив, скапоцен. Бесценет камен. Бесценета дијадема. Бесценети реликвии."},{"word":"бесцутен","type":"прид.","description":"Што нема цут, што не цути. Бесцутно дрво."},{"word":"бесчаден","type":"прид.","description":"Што е без чад, што не испушта чад при согорување. Бесчаден оган. Бесчаден барут. Бесчадна просторија."},{"word":"бесчеден","type":"прид.","description":"Што е без чедо, бездетен. Бесчеден брак. Бесчедна жена."},{"word":"бесчесен","type":"прид.","description":"Што е без чест; нечесен. Бесчесен маж. Бесчесна жена."},{"word":"бесчесник","type":"м.","description":"Тој што не е чесен; никаквец. Бесчесникот ги напаѓаше незаштитените девојки. Бесчесници ги ограбуваа напуштените манастири."},{"word":"бесчести","type":"несв.","description":"Зема чест некому, осрамотува. Војниците ги бесчестеа жените и девојките. Тој убива, бесчести."},{"word":"бесчестие","type":"ср.","description":"Немање чест, чесност; нечесност. Владееше бесчестие."},{"word":"бесчовечен","type":"прид.","description":"Што е без човечност, нечовечен. Бесчовечен однос. Бесчовечна постапка."},{"word":"бесчувствен","type":"прид.","description":"Што е без чувства, нечувствителен. Бесчувствен набљудувач. Бесчувствена душа. Бесчувствено срце."},{"word":"бесшеќерен","type":"прид.","description":"Што е без шеќер, незасладен, незашеќерен. Бесшеќерен чај."},{"word":"бесшумен","type":"прид.","description":"Што е без шум, што не предизвикува звук; нечуен, тивок. Бесшумен чекор. Бесшумна ноќ. Бесшумни бранови."},{"word":"бетер","type":"прид.","description":"Прид. Полош. Бетер од животно те сметаат."},{"word":"бетон","type":"м.","description":"Градежен материјал, смеса од цемент, песок и вода. Квалитетен бетон. Кашест бетон. Студен бетон. Скали од бетон."},{"word":"бетонира","type":"св. и несв.","description":"Постави, поставува бетон, обложи, обложува со бетон. Соседите ја бетонираа патеката."},{"word":"бетониран","type":"прид.","description":"Што е обложен со бетон. Бетониран под."},{"word":"бетономешалка","type":"ж.","description":"Машина за мешање бетон. Нова бетономешалка."},{"word":"бетонски","type":"прид.","description":"Што е од бетон. Бетонски столб. Бетонска ограда."},{"word":"бечвар","type":"м.","description":"Кројач на бечви. Стар бечвар. Добар бечвар."},{"word":"бечви","type":"и.","description":"Дел од машката носија, шајачни панталони со посебен крој. Износени бечви. Бели бечви со црни гајтани. Две рала бечви. Волнени бечви."},{"word":"беџ","type":"м.","description":"Значка, обележје. Голем беџ. Беџ со натпис. Повеќе беџови. Два беџа."},{"word":"бешлик","type":"м.","description":"Стара турска сребрена монета од пет гроша. Куп бели меџидии, бешлици, златни лири."},{"word":"би","type":"чест.","description":"Формообразувачка, за образување можен начин (потенцијал). Тој би викнал, би зборувал. Тие би останале."},{"word":"би","type":"св.","description":"Стана, се случи. И би светлост. Би свадба и помина."},{"word":"би-","type":"претс.","description":"Претставка во зборови од туѓо потекло со значење два, на пр.: биполарен, билингвален, бигамија, бинокл."},{"word":"Библија","type":"ж.","description":"Збирка од стари канонски текстови кај Евреите и христијаните во два дела: Стар завет и Нов завет; Свето писмо. Словенскиот превод на Библијата го направиле браќата Кирил и Методиј"},{"word":"библиограф","type":"м.","description":"Составувач на библиографија. Научен библиограф. Личен библиограф."},{"word":"библиографија","type":"ж.","description":"Список на објавени дела од определена област или на објавени трудови од определен автор."},{"word":"библиотека","type":"ж.","description":"Збирка книги. Голема библиотека. Богата библиотека. Лична библиотека."},{"word":"библиотекар","type":"м.","description":"Лице со стручна подготовка оспособено за работа во библиотека и со специјалните фондови и ракописи. Библиотекар за специјализирана библиотека. Љубезен библиотекар, секогаш подготвен да услужи."},{"word":"библиотекарство","type":"ср.","description":"Севкупната дејност на библиотеките и библиотечните работници. Библиотекарството во Македонија многу напредна. Неговото библиотекарство го паметат многу генерации."},{"word":"библиотечен","type":"прид.","description":"Што се однесува на библиотека, што припаѓа на библиотека. Библиотечен фонд. Библиотечен каталог. Библиотечна ознака. Библиотечна секција."},{"word":"библиофил","type":"м.","description":"Љубител на книги. Голем библиофил. Библиофил на стари книги."},{"word":"библиски","type":"прид.","description":"Што се однесува на Библијата, што припаѓа на Библијата. Библиска историја. Библиски текст."},{"word":"бивак","type":"м.","description":"Војнички логор за привремен престој."},{"word":"бивакува","type":"несв.","description":"Престојува во бивак, логорува."},{"word":"бивол","type":"м.","description":"Преживар од родот на говедата со црна кожа и јаки рогови; Bos bubalus. Црн бивол. Два бивола. Џевгар биволи."},{"word":"биволар","type":"м.","description":"Тој што води, чува биволи."},{"word":"биволица","type":"ж.","description":"Женка од бивол. Млеко од биволица. Стадо биволи и биволици."},{"word":"бивш","type":"прид.","description":"Поранешен, некогашен. Бивш учител. Бивши комита. Бившиот претседател. Бивша сопруга. Бивши чорбаџии"},{"word":"бигамија","type":"ж.","description":"Брачна заедница на еден маж со две жени. Бигамијата во многу земји се казнува. Некои граѓани живеат во бигамија."},{"word":"бигамист","type":"м.","description":"Маж што живее во бигамен брак."},{"word":"бигор","type":"м.","description":"Шуплив варовит камен што се создава во извори и слапови. Шуплив бигор. Плочи од бигор."},{"word":"бигорен","type":"прид.","description":"Што е од бигор. Бигорен камен. Бигорна земја."},{"word":"бигориште","type":"ср.","description":"Место со бигорен камен. Бигоришта под Чука."},{"word":"бигорлив","type":"прид.","description":"Што содржи бигор; варовит. Бигорлив предел. Бигорлива вода."},{"word":"бигороса","type":"св.","description":"Фати бигор. Лонецот бигороса од водата."},{"word":"биготизам","type":"м.","description":"Претерана набожност, верска заслепеност."},{"word":"биде","type":"ср.","description":"Вид мала порцеланска када во санитарна просторија што служи за подмивање. Бело биде. Италијански бидеа."},{"word":"биде","type":"св.","description":"Како самостоен полнозначен глагол само со формите за идно време се доближува до значењата стане, се случи, има. Не оти од овие ќе биде луѓе, велеше татко ми. Ќе биде и тоа ќе биде, само да сме живи и здрави. Ќе биде кркање! Војна ќе биде! Утре ќе биде таква збрка што не ќе можам ни да се видам со него."},{"word":"бидејќи","type":"сврз.","description":"За поврзување зависносложени причински реченици. Не излегов бидејќи не ме пуштија."},{"word":"бидермаер","type":"м.","description":"(само едн.) Декоративен стил во применетата уметност во првата половина на 19 век. Во стил на бидермаерот."},{"word":"бидува","type":"несв.","description":"Во функција на спојка во именскиот прирок. Димитар бидува затворен и спроведен прво во Битола, а потоа во цариградската зандана. Тој бидува натоварен со таа задача."},{"word":"бие","type":"несв.","description":"Тепа, удира. Таткото го биеше синот. Стопанот го биеше магарето со ластегарка."},{"word":"биенале","type":"ср.","description":"Културна манифестација што се одржува секоја втора година. Второ биенале. Биенале на народни песни и игри."},{"word":"бижутерија","type":"ж.","description":"Накит од евтини материјали што заменува скапоцен. Злато или бижутерија. Колекција од убава бижутерија. Се занимава со бижутерија."},{"word":"бизарен","type":"прид.","description":"Необичен, чуден. Бизарен детаљ. Бизарна слика."},{"word":"Бизерта","type":"ж.","description":"Град во Тунис."},{"word":"бизмут","type":"м.","description":"Метал, обично служи за градење легури; симбол Bi."},{"word":"бизнис","type":"м.","description":"Работа, деловност, ангажираност во некоја дејност што донесува економска корист."},{"word":"бизнисмен","type":"м.","description":"Лице што се занимава со бизнис, деловен човек, трговец. Бизнисмен од странство. Богат бизнисмен."},{"word":"бизон","type":"м.","description":"Преживар од родот на диви говеда, особено развиен и обрастен во предниот дел на телото, со куси нозе. Црн бизон. Бизон бафало."},{"word":"бик","type":"м.","description":"Нескопено говедо што најчесто служи за приплод. Млад бик. Разјарен бик. Два полудиви бика."},{"word":"бикарбонат","type":"м.","description":"Сол на јаглеродната киселина. Сода бикарбонат. Натриумов бикарбонат."},{"word":"бикини","type":"и.","description":"Дводелен женски костим за капење со минимални димензии. Атрактивна девојка во бикини."},{"word":"биланс","type":"м.","description":"(екон.) Состојба на приходите и расходите за определен период. Годишен биланс. Позитивен биланс. Трговски биланс. Платен биланс."},{"word":"билансен","type":"прид.","description":"Што се однесува на биланс. Билансен ефект. Билансно салдо."},{"word":"билансира","type":"св. и несв.","description":"Направи, прави биланс. Сметководството ги билансира приходите и расходите."},{"word":"билатерала","type":"ж.","description":"Заемна обврска, двостраност."},{"word":"билатерален","type":"прид.","description":"Што се воспоставува меѓу две страни, двостран. Билатерален договор. Билатерална соработка. Билатерални односи."},{"word":"билдер","type":"м.","description":"Тој што развива мускули со вежбање за подобар физички изглед."},{"word":"билен","type":"прид.","description":"Што е од билје, што се однесува на билје. Билен сок. Билни екстракти. Билна аптека. Билно семе."},{"word":"билет","type":"м.","description":"Карта за превоз. Резервира билет. Автобуски билет. Возен билет. Повратен билет. Повластени билети. Три билета."},{"word":"билетарница","type":"ж.","description":"Место каде што се продаваат билети. На меѓуградската автобуска станица работи само една билетарница. Билетарница во театар."},{"word":"билингвален","type":"прид.","description":"Што е даден на два јазика, двојазичен. Билингвален речник. Билингвално изразување."},{"word":"билингвизам","type":"м.","description":"Употреба на два јазика од страна на еден говорител или во една заедница, двојазичност. Билингвизам на македонското и турското население. Лексичките интерференции се природна појава при масовен билингвизам."},{"word":"билион","type":"м.","description":"Број што изразува вредност од милион милиони. Билион денари."},{"word":"билјард","type":"м.","description":"(само едн.) Вид игра со топчиња од слонова коска и со долг стап (так) што се игра врз специјална маса. Играа билјард. Девојката беше прочуена по билјардот."},{"word":"билјарка","type":"ж.","description":"Таа што собира и продава билје, треварка. Излегла мома билјарка в ливада билје да бере. Песна на билјарките."},{"word":"билје","type":"ср.","description":"Општ назив за билки, тревки. Ситно билје. Свежо билје. Суво билје."},{"word":"билјоса","type":"св.","description":"Се опие, се замае од билје, се маѓоса."},{"word":"билјосан","type":"прид.","description":"Омаен, маѓепсан со билје."},{"word":"билјур","type":"м.","description":"Кристално стакло."},{"word":"билјурен","type":"прид.","description":"Што е направен од билјур."},{"word":"билка","type":"ж.","description":"Тревка, растение со лековита или со магиска моќ. Старецот прави мелем од билки. Од коприва, штавеј и од други билки може да се свари чорба за појака крв. Не сум билка лековита, туку сум билка разделита. Билките се чуваат далеку од урочливи очи."},{"word":"билкар","type":"м.","description":"Собирач и трговец на билки. Билкари се движеа по планините."},{"word":"билкарство","type":"ср.","description":"Професионална дејност на билкар. Се занимава со билкарство. Фабриката го разви билкарството во нашата земја."},{"word":"билмез","type":"м.","description":"Глупак, незнајко. Голем билмез. Го чувте ли овој билмез?"},{"word":"било","type":"ср.","description":"Планински гребен. Се качува по билото над селото. Летото го поминав по скрките и билата."},{"word":"било-било","type":"сврз.","description":"За поврзување зборови или реченици приредени меѓу себе; повторен разделен сврзник, како алтернатива; Било таа не пуштала, било тој се лутел."},{"word":"билтен","type":"м.","description":"Официјален извештај за некоја актуелна состојба што е во интерес на јавноста. Билтен посветен на јазични прашања. Читаше билтен за борбата."},{"word":"биљбиљ","type":"м.","description":"Мала преселна птица што пее убаво, славеј; Luscinia megarhynchos. Шарен биљбиљ. Пее како биљбиљ."},{"word":"бим!","type":"изв.","description":"За подражавање на краткотраен звук со висок тон; Камбаната чука: бим, бам, бим, бам."},{"word":"бимбашија","type":"м.","description":"Турски офицер, командант на 1000 војници во османлиската војска. Бимбашијата и кајмакамот го коментираа случајот со конзулот."},{"word":"бина","type":"ж.","description":"Посебно уреден простор на кој се изведуваат театарски претстави, културно-уметнички програми и сл.; сцена. Широка бина. Монтажна бина.Театарска бина."},{"word":"бина","type":"ж.","description":"Зграда, куќа. За три дена направија голема бина, сите жители се почудија."},{"word":"бинарен","type":"прид.","description":"Што се состои од два дела, две целини, двоен. Бинарен спој. Бинарна опозиција. Бинарна структура."},{"word":"бинек","type":"м.","description":"Коњ што служи за јавање."},{"word":"бинекташ","type":"м.","description":"Голем камен што служи за качување на коњ."},{"word":"бинекчија","type":"м.","description":"Коњаник, добар јавач."},{"word":"биниш","type":"м.","description":"Широка наметка со долги ракави."},{"word":"бинлак","type":"м.","description":"Голем стаклен сад за течност, во форма на шише, оплетен со прачки или заштитен на друг начин. Бинлак од десетина оки. Бинлаци со вино. Два бинлака ракија."},{"word":"бинокл","type":"м.","description":"Оптичко средство за набљудување во далечина што се фиксира на носот со мал лост или со една рачка, што се држи в рака. Командантите со бинокли ги гледаа јавачите. Држи бинокл в рака. Театарски бинокл."},{"word":"бинт","type":"м.","description":"Завој за преврска на рани. Извади бинт од торба. Го пресече бинтот. Ногата ја носеше завиткана во бинтови."},{"word":"био-","type":"претс.","description":"Како прв дел од сложенки, обично термини од различни науки што ги означуваат односите со живата природа, на пр. биографија, биологија, биохемија."},{"word":"биограф","type":"м.","description":"Пишувач на биографија, животопиец. Голем биограф."},{"word":"биографија","type":"ж.","description":"биографии Опис на животот на некоја личност, животопис. Биографија на писател. Биографија од младоста."},{"word":"биоенергија","type":"ж.","description":"Енергија извлечена од живи ткива."},{"word":"биолог","type":"м.","description":"Специјалист по биологија."},{"word":"биологија","type":"ж.","description":"Наука за живата природа, за законитостите во развојот на живиот свет. Студира биологија."},{"word":"биопсија","type":"ж.","description":"Земање делче од орган или од ткиво на жив организам за микроскопски преглед заради утврдување на промените на клетките."},{"word":"биоритам","type":"м.","description":"Промените во човечкиот организам условени од неговата околина."},{"word":"биосфера","type":"ж.","description":"Целокупниот простор на Земјата и на атмосферата населен со живи организми."},{"word":"биохемија","type":"ж.","description":"Наука што ги проучува хемиските својства на живите организми."},{"word":"биохемичар","type":"м.","description":"Специјалист по биохемија."},{"word":"биполарен","type":"прид.","description":"Што е со два спротивни пола. Биполарно динамо."},{"word":"бир","type":"м.","description":"Тоа што го давале верниците на манастир или на свештеник, давачка во пари или прехранбени продукти."},{"word":"бира","type":"ж.","description":"Пиво. Ладна бира. Една бира."},{"word":"биринџи","type":"прид.","description":"Прв, најдобар, најспособен. Биринџи чедо. Биринџи тутун. Биринџија мајстор. Биринџија рибар"},{"word":"биринџија","type":"м.","description":"Многу способен човек; првенец. На татка е кавгаџија, на вујко му е биринџија. Прилепски биринџии."},{"word":"бирник","type":"м.","description":"бирници Тој што собира данок, даночник."},{"word":"биро","type":"ср.","description":"Одделение на претпријатие, установа. Проектантско биро. Информативно биро."},{"word":"бирократ","type":"м.","description":"Претставник на бирократскиот систем на управа. Млад бирократ. Градски бирократ."},{"word":"бирократизација","type":"ж.","description":"Воведување на бирократија; бирократизирање."},{"word":"бирократизира","type":"св. и несв.","description":"Спроведе, спроведува бирократски методи во управата."},{"word":"бирократија","type":"ж.","description":"Систем и начин на управување, на владеење на чиновничкиот апарат."},{"word":"биртија","type":"ж.","description":"Кафеана од ниска категорија. Селска биртија. Оди по биртии."},{"word":"бис!","type":"изв.","description":"Уште еднаш, повторно; извик со кој се изразува желба за повторување на некоја точка од културна програма. Публиката ракоплескаше, бис, бис!"},{"word":"Бисао","type":"ср.","description":"Главен град на Гвинеја-Бисао."},{"word":"бисексуален","type":"прид.","description":"Што има признаци на двата пола, двополов. Бисексуален човек."},{"word":"бисер","type":"м.","description":"Бело, блескаво, скапоцено зрно создадено во внатрешноста на одреден вид школки. Ниже бисер. Фустан, сиот извезен од бисер. Бел бисер. Охридски бисер. Ситен бисер. Светнаа два бисера. Раскошна капа шиена со бисери и скапоцени камења."},{"word":"бисерен","type":"прид.","description":"Што е направено од бисер. Бисерен ѓердан. Бисерна низа. Бисерно зрно."},{"word":"бисерка","type":"ж.","description":"Вид мисирка со сиво-црни пердуви ишарани со бели точки; Numida meleagris."},{"word":"бисерница","type":"ж.","description":"Тамбура со врвен квалитет, со примат кај овој вид инструменти."},{"word":"Бискајски Залив","type":"м.","description":"Залив во Франција, во Атлантскиот Океан."},{"word":"бисквит","type":"м.","description":"Тенки, тврди колачи од брашно, шеќер и јајца."},{"word":"бискуп","type":"м.","description":"Католичко свештено лице што управува со бискупија; епископ."},{"word":"бискупија","type":"ж.","description":"Црковна област со која управува бискуп."},{"word":"бискупов","type":"прид.","description":"Што припаѓа на бискуп. Бискупов двор. Бискупова капа. Бискупова мисла."},{"word":"биста","type":"ж.","description":"Вајарско дело што го претставува човечкото тело до појас. Бронзена биста. Мермерна биста. Биста на млад херој."},{"word":"бистар","type":"прид.","description":"Што е проѕирен и чист; спрот. матен. Бистар кладенец. Бистра вода. Бистра ракија. Бистро езеро. Бистри реки."},{"word":"Бистра","type":"ж.","description":"Планина во Македонија."},{"word":"бистри","type":"несв.","description":"Прави нешто да биде бистро. Специјални филтри ја бистрат водата. Рибата чистач ја бистри водата во аквариумот."},{"word":"бистрина","type":"ж.","description":"Својство на тоа што е бистро, проѕирност. Позната е бистрината на Охридското Езеро."},{"word":"бистрица","type":"ж.","description":"Бистра вода."},{"word":"бистро","type":"ср.","description":"Мал ресторан за брза храна, експрес-ресторан. Бистро на плоштадот. Неколку бостроа во центарот на градот."},{"word":"бистроумен","type":"прид.","description":"Што е со бистар ум; Бистроумен човек."},{"word":"бистроумник","type":"м.","description":"Тој што е со бистар ум. Познат бистроумник."},{"word":"бит","type":"м.","description":"Општите животни услови, обичаи и традиции на еден народ. Македонски бит. Патријархален бит."},{"word":"битен","type":"прид.","description":"Што ја прави суштината на нешто, што е главно обележје, што е основен, главен; суштествен. Битен факт. Битна претпоставка. Битно прашање. Битни карактеристики."},{"word":"битие","type":"ср.","description":"Тоа што живее, суштество. Сопствено битие. Слабо битие. Новородено битие."},{"word":"битиса","type":"св.","description":"Заврши, скончи. Муабетот битиса. Војната битиса."},{"word":"битисан","type":"прид.","description":"Пропаднат. Битисан човек. Битисана работа."},{"word":"битка","type":"ж.","description":"Вооружен судир меѓу две војски. Жестока битка. Крвава битка."},{"word":"битов","type":"прид.","description":"Што се однесува на бит, начин на живот. Битов амбиент. Битови приказни."},{"word":"Битола","type":"ж.","description":"Град во Македонија."},{"word":"бит-пазар","type":"м.","description":"Пазар за сè и сешто. Голем бит-пазар."},{"word":"битумен","type":"м.","description":"Смола што се добива како резултат на распаѓањето на животински и растителни остатоци (петролеј, нафта, асфалт и сл.)."},{"word":"бифе","type":"ср.","description":"Мала гостилница или просторија во која се пие, најчесто стоејќи. Студентско бифе. Бифе до театарот. Во центарот на градот има повеќе бифеа. Неколку бифиња еднододруго."},{"word":"бифеџија","type":"м.","description":"Човек што држи бифе."},{"word":"бифеџика","type":"ж.","description":"Жена што држи бифе."},{"word":"бифтек","type":"м.","description":"бифтеци, Парче говедско месо од задниот дел на грбот, покрај 'рбетот. Пржен бифтек. Печени бифтеци. Два бифтека во чинија."},{"word":"бич","type":"м.","description":"Плетена врвца од кожа, прицврстена за дрвена прачка што служи за терање добиток, камшик. Црн бич. Со бич во рака. Секој ден е сведен, та нема господари, нема бич. Два замавтани бича."},{"word":"биче","type":"ср.","description":"Мало од бик. Слабо биче. Стадо бичиња."},{"word":"бичен","type":"прид.","description":"Што е обработен со бичење. Збиваа маските под товарите борина и бичени штици."},{"word":"бичи","type":"несв.","description":"Сече, реже трупци за штици, греди и сл. Бичкиџијата бичеше ноќе. Аврам бичи тополи."},{"word":"бичкија","type":"ж.","description":"Рачна пила од дрвена рамка и челичен лист со остри запци на долниот раб. Запците од бичкијата. Секирите на дрварите и бичкиите на бичкиџиите."},{"word":"бичкиџија","type":"м.","description":"Тој што бичи со бичкија."},{"word":"бичкиџилница","type":"ж.","description":"Место каде што се бичи."},{"word":"бичува","type":"несв.","description":"Удира, тепа со бич. Бичува силно."},{"word":"Бишкек","type":"м.","description":"Главен град на Киргистан."},{"word":"бла!","type":"изв.","description":"За подражавање на човек што многу зборува или зборува што било. Жените на улица, цел ден бла, бла. Тој читаше, а потоа продолжи бла, бла."},{"word":"благ","type":"прид.","description":"Што е со сладок вкус. Благ чај. Благи пијачки. Тиква блага како шеќер. Благо кафе. Круши благи како мед."},{"word":"благајна","type":"ж.","description":"Орман во кој се чуваат пари, хартии од вредност, каса. Голема, метална благајна."},{"word":"благајник","type":"м.","description":"Тој што раководи со благајната. Началник и благајник."},{"word":"благо","type":"ср.","description":"Слатко, густо сварено овошје со многу шеќер. За добредојде едно благо."},{"word":"благо","type":"ср.","description":"Пари, злато, разни скапоцености. Три товари благо. Скриено благо. Закопани блага. Неброени блага."},{"word":"благо-","type":"претс.","description":"Како прв дел од сложенки со значење добар, пријатен, мил, на пр. благодушен, благозвучен, благороден."},{"word":"благоверен","type":"прид.","description":"Правоверен (обично пред титулите на старите владетели). Благоверната царица Милица. Благоверни и христољубиви господари. Благоверна дружина."},{"word":"благоверник","type":"м.","description":"Тој што е правоверен, чист во верата, со христијанска доблест. Императорот на Византија, благоверникот Михаил Трети."},{"word":"Благовец","type":"ср.","description":"Христијански празник што се празнува на 7 април според православниот календар"},{"word":"благоглаголив","type":"прид.","description":"Што сака, што умее многу да зборува; речовит, слаткоречив. Благоглаголив учител. Благоглаголиво добредојде."},{"word":"благогласен","type":"прид.","description":"Што е со благ глас, милозвучен. Благогласен човек. Благогласна песна."},{"word":"благодарејќи","type":"прил.","description":"Со помош, со посредство. Само благодарејќи на големата братска љубов, делбата стана со арно."},{"word":"благодарен","type":"прид.","description":"Признателен. Тој беше благодарен за укажаната помош. Благодарен сопруг. Благодарни деца."},{"word":"благодари","type":"св. и несв.","description":"Изрази, изразува благодарност, признателност за сторено добро. Ви благодарам многу. Благодариме за вниманието. Благодарете му на Бога! Децата благодареа за подароците. Валијата учтиво му благодари."},{"word":"благодарница","type":"ж.","description":"Писмена изјава на благодарност за нешто. Благодарници и плакети добија установи, организации и поединци."},{"word":"благодарствен","type":"прид.","description":"Што изразува благодарност. Благодарствен одговор. Благодарствена реч. Благодарствено писмо. Благодарствени химни."},{"word":"благодат","type":"м.","description":"(црков.) Благослов, милост што се бара од Бога; божји дар. Божји благодат. Архиерејот побара благодат и мир од Господ Бог. Благодат од небеса. Изговорен благослов носи благодат во животот."},{"word":"благодатен","type":"прид.","description":"Што дава, носи благодат, благотворен, корисен. Благодатна роса. Благодатен порој."},{"word":"благодушен","type":"прид.","description":"Што е со блага, со добра душа, добродушен, милостив, благороден. Благодушен војник. Благодушна болничарка. Благодушен градител на цркви."},{"word":"благодушие","type":"ср.","description":"Благодушност, добродушност."},{"word":"Благоевград","type":"м.","description":"Град во Бугарија."},{"word":"благозвучен","type":"прид.","description":"Што има благ звук, што звучи пријатно, милозвучен. Благозвучен збор. Благозвучна фраза."},{"word":"благолик","type":"прид.","description":"Што има благ лик, пријатен израз на лицето. Благолик, сериозен човек. Благолики деца."},{"word":"благонаклонет","type":"прид.","description":"Пријателски расположен, пресретлив, љубезен. Благонаклонет човек. Благонаклонет однос. Благонаклонета насмевка."},{"word":"благопријатен","type":"прид.","description":"Што потпомага во нешто, корисен; што води до успех, поволен. Благопријатен ветер. Благопријатна зима. Благопријатна светлина. Благопријатно дејство. Благопријатен исход. Благопријатен знак. Благопријатна позиција."},{"word":"благоразумен","type":"прид.","description":"Што добро обмислува, мудар, разумен. Благоразумен човек. Чесни и благоразумни занаетчии."},{"word":"благороден","type":"прид.","description":"Што има високи морални својства, хуман, великодушен. Благороден пријател. Благородно момче. Благородни луѓе."},{"word":"благородник","type":"м.","description":"Припадник на висок, аристократски род. Благородник по крв и по род. Благородник и прислужник. Вљубен благородник. Полски благородници. Двајца благородници од замокот."},{"word":"благородништво","type":"ср.","description":"Благороднички сталеж, аристократија. Домашно благородништво. Средноимотно благородништво. Привилегии на благородништвото."},{"word":"благородство","type":"ср.","description":"Особина на благороден човек, благородност. Човечко благородство. Гордост и благородство. Од неа блика благородство."},{"word":"благослов","type":"м.","description":"Зборови што изразуваат добри желби со повикување на божја милост, придружени со крстење, прекрстување. Божји благослов. Старецот се прекрсти за благослов. Невестата влезе во куќата со благослов од попот."},{"word":"благословен","type":"прид.","description":"Што примил благослов. Благословен свештеник. Благословено новороденче. Благословени младенци."},{"word":"благослови","type":"св.","description":"Даде благослов. Тој ја благослови куќата. Кумот го благослови невороденчето да расте големо. Селаните ќе го благословат."},{"word":"благосостојба","type":"ж.","description":"Добар и удобен живот, богатство, материјална сигурност. Народна благосостојба. Општа благосостојба. Ред, мир и благосостојба. Материјална благосостојба. На старост живееше во благосостојба."},{"word":"благост","type":"ж.","description":"в. блажина 1"},{"word":"благота","type":"ж.","description":"в. блажина 1"},{"word":"благотворен","type":"прид.","description":"Што има добро дејство, полезен, корисен. Благотворен стремеж. Благотворна топлина. Благотворна критика. Благотворно влијание. Благотворно дејство. Благотворни зраци."},{"word":"благочестив","type":"прид.","description":"Набожен. Благочестив живот. Благочестиви луѓе."},{"word":"благочестие","type":"ср.","description":"Набожност."},{"word":"благува","type":"несв.","description":"Ужива, се насладува на животот, живее во задоволство. Маалските момчиња благуваа по цела ноќ. Скокаше од радост, без мисла благуваше во раскошна убавина."},{"word":"благун","type":"м.","description":"Вид даб што има благи лисја или благи желади; Quercus sessiliflora."},{"word":"благунов","type":"прид.","description":"Што е од благун. Благунов желад. Благунова фиданка. благуново дрво."},{"word":"блада","type":"несв.","description":"Изговара нејасни зборови, зборува неразбирливо (обично во состојба на сон или бунило). Детето се плаши во сонот и постојано блада. Братчето беше во бунило, бладаше некои весели зборчиња. Бладаш, ништо не те разбирам."},{"word":"блажен","type":"прид.","description":"Што е исполнет со чувство на голема среќа, на големо задоволство; што изразува чувство на среќа, радост, блаженство. Блажен живот. Блажена насмевка. Блажено спокојство."},{"word":"блаженство","type":"ср.","description":"Состојба на голема радост, среќа. Блаженството е ретка привилегија. Блаженство ми се разлева низ душата."},{"word":"блажи","type":"несв.","description":"Има благ, сладок вкус. Шеќерот и медот блажат."},{"word":"блажина","type":"ж.","description":"Својство на благ, сладок. Усти полни блажина. Ја вкуси блажината на лубениците."},{"word":"блажникав","type":"прид.","description":"Сладникав, со не многу сладок вкус. Децата ги полнеа устите со сладникави капинки."},{"word":"блазе","type":"изв.","description":"Набожност."},{"word":"блазиран","type":"прид.","description":"Што е заситен од сите задоволства, рамнодушен на сè. Блазирана девојка. Блазирани млади луѓе."},{"word":"бламажа","type":"ж.","description":"Срамота. Каква бламажа поради пијанењето!"},{"word":"бламира","type":"св. и несв.","description":"Осрамоти, осрамотува некого, предизвика, предизвикува чувство на срам. Некои деца ги бламираат родителите. Мажот ја бламираше жената пред гостите."},{"word":"бланкет","type":"м.","description":"Формулар, образец за разни потреби. Еден бланкет за уплата. Купи два бланкета за пријавување испити!"},{"word":"бланко","type":"прид.","description":"Неиспишан, непополнет (обично во изрази: бланко-кредит, бланко-меница, бланко-потпис)."},{"word":"бланш","type":"м.","description":"Козметичко средство за белење коса."},{"word":"бланшира","type":"св. и несв.","description":"Обели, обелува; кратко проврие, проврива, попари, попарува. Домаќинката најпрвин ја бланшираше боранијата."},{"word":"бласфемија","type":"ж.","description":"Богохулство, хулење."},{"word":"блатен","type":"прид.","description":"Мочурлив. Блатно земјиште. Блатна површина. Блатни почви."},{"word":"блатиште","type":"ср.","description":"Место каде што има блато, мочуриште. Исушено блатиште. Во блатиште со трска."},{"word":"блато","type":"ср.","description":"Кална месност, мочурлив предел. Смрдливо блато. Над блатото имаше голема магла. По блатата се појавија роеви од муви и од инсекти."},{"word":"блед","type":"прид.","description":"Што нема природна боја, што е без руменило на лице, кожа, усни и сл. Блед образ. Со високо, бледо чело. Бледи раце."},{"word":"бледило","type":"ср.","description":"Особина на тој што е блед, на тоа што е бледо; бледост. Восочно бледило. Мртовечко бледило. Бледилото на лицето."},{"word":"бледнее","type":"несв.","description":"Станува блед, губи природна боја, руменило. Бледнеев од бес. Детето бледнееше од страв."},{"word":"бледникав","type":"прид.","description":"Што не е многу блед. Бледникав образ. Бледникав отсјај. Бледникава светлина. Бледникаво месо."},{"word":"бледожолт","type":"прид.","description":"Што е жолт со бледа нијанса. Бледожолт пламен. Бледожолта светлина. Бледожолто сонце."},{"word":"бледозелен","type":"прид.","description":"Што е зелен со бледа нијанса. Бледозелен папрат. Бледозелена рамка. Бледозелено лисје. Бледозелени очи."},{"word":"бледолик","type":"прид.","description":"Што е со бледо лице. Средовечен бледолик човек. Бледолика девојка. Бледолико момче. Бледолики жители."},{"word":"бледосин","type":"прид.","description":"Што е син со бледа нијанса. Бледосина светлина. Чисто и бледосино небо. Бледосини очи."},{"word":"бледоцрвен","type":"прид.","description":"Што е црвен со бледа нијанса. Бледоцрвен оган. Бледоцрвена коса. Бледоцрвена патека."},{"word":"блее","type":"несв.","description":"За овца, јагне – испушта карактеристичен глас. Јагнето блее. Во трлото блееја овците."},{"word":"блејзер","type":"м.","description":"Лесно машко или женско спортско палто; сако."},{"word":"блека","type":"несв.","description":"Блекаат јагнињата."},{"word":"блекне","type":"св.","description":"За овца, јагне – испушти карактеристичен глас. Белото јагне блекна два-три пати."},{"word":"бленда","type":"ж.","description":"Уред со кој се регулира количеството светлина што доаѓа низ објективот на фотографскиот апарат, микроскопот или рендгенскиот апарат."},{"word":"блеска","type":"несв.","description":"Силно сјае, силно свети, одразува силна светлина, силен сјај. Августовското сонце блескаше. Во полутемнината блеска месечината. Блеска златниот медал. Езерото блеска со стаклест отсјај."},{"word":"блескав","type":"прид.","description":"Што блеска, многу сјаен. Блескав сјај. Блескав ден. Блескав меч. Блескава светлина. Блескаво небо. Блескаво сечило. Блескаво сребро."},{"word":"блескот","type":"м.","description":"Блесок, сјај. Силен блескот. Блескот од молња. Блескот од езерото. Блескотот на чистата река. Блескот од нож. Блескотот на хеленизмот."},{"word":"блескотен","type":"прид.","description":"Што е со блескот, што блескоти. Блескотен водопад. Блескотни ѕвезди."},{"word":"блескоти","type":"несв.","description":"Блеска, сјае. Сонцето блескоти по снегот. Силно блескоти површината на езерото. Блескотат кристалите."},{"word":"блесне","type":"св.","description":"Наеднаш испушти силна светлина; силно светне. Блесна молња. Блесна сјај.Сонцето ќе блесне меѓу облаците. Блесна светлина од фарови. Градските светилки блеснаа."},{"word":"блесок","type":"м.","description":"Силен, заслепувачки сјај, силен отсјај. Блесок на месечева светлина. Блесок на громови. Утрински блесок. Две сини очи истураа влажен блесок. Чудесен блесок во очите."},{"word":"блести","type":"несв.","description":"Светла блестат. Езерото блестеше на сонцето.Очите блестеа. Блештат молњи. Блешти круната. Блешти витрината.Блешти убавината."},{"word":"блеф","type":"м.","description":"Измама преку преувеличување или лажно претставување на вистинската состојба. Политички блеф. Блеф од реклама. Тој не е за блеф. Многу блефови."},{"word":"блефира","type":"несв.","description":"Прави блеф, измамува, залажува. Играчот на покер блефираше во играта. Не блефирај, ти синоќа најмалку пиеше. Тој блефира на секој чекор."},{"word":"блех-музика","type":"ж.","description":"Музика што се изведува на лимени дувачки инструменти. Дочек со блех-музика, народни песни и ора. Се одгласуваа фолкорни звуци, блех-музика."},{"word":"ближен","type":"прид.","description":"Тој што е во блиски родниниски или пријателски односи. За доброто на ближниот. Да најдеме некој ближен за да помогне. Таткото и ближните ја нарекуваат убавица."},{"word":"ближи се","type":"несв.","description":"Се приближува просторно. Познат чекор се ближи. Се ближи колона војници. Се ближеше кон излезот. Се ближевме кон селото. Се ближат коњите."},{"word":"близина","type":"ж.","description":"Мало растојание меѓу две точки, предмети во просторот; спрот. далечина. Определена близина. Непосредна близина. Дуќанот се наоѓа во близина на булеварот. Нема луѓе во нивната близина."},{"word":"близнак","type":"м.","description":"Машко дете од (обично) две деца родени при едно породување. Близнак за близнак умира. Роди близнаци по вторпат. Две деца близнаци, брат и сестра. Количка за близнаци."},{"word":"близначка","type":"ж.","description":"Женско дете од близнаци. Едната е близначка. Две сестри близначки."},{"word":"близни се","type":"несв.","description":"Раѓа близнаци. Баба ми двапати се близнела. Овците се близнат. Стадо ми се објагнило, половината се близнило."},{"word":"близок","type":"прид.","description":"Што се наоѓа на мала оддалеченост; спрот. далечен. Близок пожар. Свежина од блиската вода. Отидоа до блиската ливада. Од блиските конаци се слушаат пискоти. Среќавав жени од блиските села."},{"word":"близу","type":"прил.","description":"На мало растојание, во близина, недалеку. Изворот е близу. Војниците беа блиску."},{"word":"блик","type":"м.","description":"Тенок истек на течност од нешто. Блик вода. Бликот од чешмата. Тенок блик млеко му се цеди во устата. Врелите бликови на минералната вода."},{"word":"блика","type":"несв.","description":"Тече, истекува, се разлева силно, во големо количество. Меѓу камењата блика чиста вода.Од носот му бликаше крв."},{"word":"бликне","type":"св.","description":"Шурне; потече силно, изобилно. Од челото му бликна крв и му го облеа лицето. На жената ѝ бликнаа солзи. Бликнаа солзи ко немирни води."},{"word":"блиндира","type":"св. и несв.","description":"Заштити, заштитува со челичен оклоп (обично автомобил, воз, врата и сл.)."},{"word":"блиндиран","type":"прид.","description":"Што е заштитен со челичен оклоп. Блиндиран воз. Блиндирана кола. Блиндирани возила."},{"word":"блинкер","type":"м.","description":"Вештачки мамец, направен од метал или од друг материјал што служи за ловење риби, обично во спортскиот риболов. Рибата го скина конецот сосе блинкерот. Некои рибари се враќаа со блинкери в раце, а торбите им беа празни."},{"word":"блиска","type":"несв.","description":"Се излева силно. Крвта блиска како бразда."},{"word":"Блиски Исток","type":"м.","description":"Географски регион во Азија, ги опфаќа државите од Источен Медитеран, Арабискиот Полуостров, како и Иран и Ирак."},{"word":"блискот","type":"м.","description":"Излив на течност од нешто. Чашата падна со блискот вино."},{"word":"блискотен","type":"прид.","description":"Што е со блискот, што блиска. Таа во безброј водопади се прелива блискотна."},{"word":"блисне","type":"св.","description":"Истури, излее одеднаш. Ја грабнува чашата ракија и целата в уста ја истури, речиси ја блисна."},{"word":"блиц","type":"м.","description":"Блесок, краткотрајно силно светло."},{"word":"блок","type":"м.","description":"Големо, масивно парче од нешто (камен, метал, мраз и сл.). Дождовите ја изделкале лавата, ја измоделирале во блокови. Таа ги заобиколуваше огромните камени блокови, напукнати и изглодани од времето. Надолу се гледаа блокови од гранит."},{"word":"блокада","type":"ж.","description":"(воен.) Целосно опколување на некое место, област и сл. со вооружена сила. Денес имаше претреси, утре сигурно ќе има блокада. Никој не успеа да се извлече од блокадата. Цврста поморска блокада и постојано бомбардирање ќе ги натера противниците да се предадат."},{"word":"блокира","type":"св. и несв.","description":"Направи, прави блокада, опколи, опколува, запре, запира нешто преку блокада. Силни воени единици го блокираа градот. Полицијата ги блокира излезите од селото."},{"word":"блокче","type":"ср.","description":"Дем. од блок."},{"word":"блондинка","type":"ж.","description":"Русокоса жена. Таа беше убава блондинка, со прекрасни сини очи."},{"word":"блостур","type":"м.","description":"Билка со сиви, мовливи листови, со цврсто стебло и со гроздеста, жолта розета од цветови што шират непријатен мирис; Verbaskum."},{"word":"блуд","type":"м.","description":"Полово дејство што е осудено од средината, распуштеност, разврат. Таму се оддаде на блуд."},{"word":"блуден","type":"прид.","description":"Што се оддава на блуд. Селаните ја истераа блудната девојка."},{"word":"блудец","type":"м.","description":"Чинија со пченица, шеќер и ореви, пригодена според православниот обичај. Одеше по колата мртовечка со блудецот в раце. Жените се вратија од гробишта, ги растоварија празните кошници и останатите лепчиња и блудците."},{"word":"блуди","type":"несв.","description":"Скита, лута. Тој блудеше по светот."},{"word":"блудник","type":"м.","description":"Човек што прави блуд, развратник. Тој е стар блудник."},{"word":"блудничи","type":"несв.","description":"Врши блуд, полови дејства врз друго лице. Тројца гостиварци блудничеле со малолетничка."},{"word":"блуе","type":"несв.","description":"(разг.) Повраќа, ја исфрла храната назад од желудникот. Таа цела ноќ блуеше."},{"word":"блуеница","type":"ж.","description":"Тоа што се повраќа, што е изблуено. Тој со крпата ги бришеше блуениците од подот."},{"word":"блуз","type":"м.","description":"Стил во музиката, песни, музика со меланхоличен призвук, карактеристичен за американските црнци. Блузот ‒ тоа е гласот на црна Америка."},{"word":"блуза","type":"ж.","description":"Горен дел од женска облека, направен од тенок материјал или плетен. Девојката беше во бела памучна блуза и здолниште во боја."},{"word":"блуткав","type":"прид.","description":"Храна, пијалак без одреден вкус. Храната имаше блуткав вкус. Водата е млака и блуткава."},{"word":"бљуд","type":"м.","description":"Тркалезна штица на која се меси или се јаде;"},{"word":"бљудо","type":"ср.","description":"Чинија. Домаќинката пред нив ставила големо бљудо."},{"word":"боа","type":"ж.","description":"Вид змија, змиски цар; Boa constrictor. Околу вратот на животното беше замотана боа."},{"word":"боб","type":"м.","description":"Бакла; грав; Vicia faba L."},{"word":"боб","type":"м.","description":"Санка за лизгање со повеќе места со два пара лизгалки од кои предниот е подвижен и служи за управување. Лизгањето со боб е опасен спорт."},{"word":"бобинка","type":"ж.","description":"Општ назив за секој зрнест ситен плод. Грмушката беше начичкана со некакви црвени бобинки."},{"word":"бобо","type":"ср.","description":"Детски израз за зрнеста храна. Мамо, дај ми бобо."},{"word":"боболка","type":"ж.","description":"Дудинка, бела црница; Morus. Во дворот имавме голема боболка."},{"word":"боболкница","type":"ж.","description":"Листопадно дрво со сладок плод; дрво на дудинка, бела црница; Morus. Од боболкницата ми падна една гасеница во вратот. Децата сакаа да се качуваат на боболкницата и да зобаат боболки."},{"word":"бовча","type":"ж.","description":"Врзоп со предмети, обично алишта, шамија, чаршаф, скутник и сл. Донка со бовчите пред неа се намести до пајтонџијата."},{"word":"бовчалак","type":"м.","description":"Бовча со подарок што го подготвува невестата за сватовите. Тука зетот го даруваат со бовчалак."},{"word":"бог","type":"м.","description":"Создател и господар на светот во монотеистичките религии. Имај ум, имај срце, и бог нема да те остави."},{"word":"богами","type":"мод.","description":"За потсилување на тоа што се кажува. Грмеше, богами, пол саат, прописно. А сега, богами, ни со години нема да ја поправиш положбата."},{"word":"богат","type":"м.","description":"Богаташ, богаташка. Богатите од плашиците прават мезе со вино, а сиромасите прават коркутка, вкусна густа чорба. Тој се ожени за богата"},{"word":"богат","type":"прид.","description":"Кој има големи материјални блага, што има голем имот, пари; сиромашен, беден. Богат човек. Богати куќи."},{"word":"богаташ","type":"м.","description":"Човек што е многу богат (кон зн."},{"word":"богаташка","type":"ж.","description":"Богата жена;"},{"word":"богатее (се)","type":"несв.","description":"Станува сè побогат. Таа почна да (се) богатее сè повеќе и повеќе."},{"word":"богати","type":"несв.","description":"Прави да биде богат. Тој го богати својот јазичен израз читајќи секојдневно."},{"word":"богатник","type":"м.","description":"Богаташ. Тој беше угледен богатник."},{"word":"богатство","type":"ср.","description":"Големо количество материјални добра што некој ги поседува. Бесценето богатство. Тој стекна големо богатство тргувајќи со брашно."},{"word":"Богданци","type":"ср.","description":"Град во Македонија."},{"word":"богобојазлив","type":"прид.","description":"Што се плаши од Бога. Богобојазливите жители на селото покорно стоеја пред портите на црквата."},{"word":"боговски","type":"прид.","description":"Што се однесува или што му припаѓа на бог."},{"word":"Богојавление","type":"ср.","description":"Црковен празник што се слави на 19 јануари; Водици."},{"word":"богољубен","type":"прид.","description":"Што го љуби Бога, побожен."},{"word":"богољубец","type":"м.","description":"Што го љуби Бога. Побожен човек, праведник. Легионерите до еден ги испотепале богољупците ни криви ни должни."},{"word":"богољубив","type":"прид.","description":"Што го љуби, сака Бог; побожен. Богољубивиот народ мирно слушал."},{"word":"богомил","type":"м.","description":"Следбеник, припадник на богомилското движење."},{"word":"богомилски","type":"прид.","description":"Што им припаѓа, што се однесува на богомилите и на богомилството. Богомилско движење."},{"word":"богомилство","type":"ср.","description":"Христијанско еретичко движење што се појавило во Македонија во 9 век, па се проширило и кај соседните народи."},{"word":"богомолец","type":"м.","description":"Тој што се моли многу често на бога. Богомолците почнаа да се крстат."},{"word":"богомолка","type":"ж.","description":"богомолец."},{"word":"богомолство","type":"ср.","description":"Наклоност, почит кон Бога. Прочистувајќи го Лука од секакво богомолство, Прличко го дава како живо старче, што поминало пеш по целата земја."},{"word":"Богородица","type":"ж.","description":"вок. Богородице"},{"word":"богородичен","type":"прид.","description":"Што се однесува на Богородица. Богородични пости."},{"word":"богослов","type":"м.","description":"Специјалист по богословие; теолог."},{"word":"богословец","type":"м.","description":"Тој што го изучува богословието, ученик во богословија."},{"word":"богословие","type":"ср.","description":"Учење за догмите на дадена религија, верско учење; теологија. Православно богословие."},{"word":"богословија","type":"ж.","description":"Училиште во кое се изучува богословието, зграда во која е сместено ваквото училиште. Јас знаев само дека богословија значи учење за поп."},{"word":"богослужба","type":"ж.","description":"Литургија, богослужение, обично во црква. Велигденска богослужба. Вечерна богослужба."},{"word":"богослужение","type":"ср.","description":"Служба во чест на Бога од страна на свештено лице според одредени црковни канони, обично во црква; литургија. Утринското богослужение заврши."},{"word":"Богота","type":"ж.","description":"Главен град на Колумбија."},{"word":"боготвори","type":"несв.","description":"Обожава. Ќе ѝ ги исполни сите желби, ќе ја боготвори како ангел. Тие го боготвореле својот учител."},{"word":"богоугодник","type":"м.","description":"Човек што живее според законите на христовата вера; праведник."},{"word":"богохулен","type":"прид.","description":"Што се однесува на богохулење. Богохулни зборови."},{"word":"богохули","type":"несв.","description":"Хули на Бога, го напаѓа Бога."},{"word":"богохулник","type":"м.","description":"Тој што го хули Бога, што го напаѓа Бога."},{"word":"богохулство","type":"ср.","description":"Хулење на Бога."},{"word":"богочовек","type":"м.","description":"Човек со божји особини; Исус, синот божји во лик и тело на човек."},{"word":"бод","type":"м.","description":"Убод со игла или со друг шилест предмет. Еден бод во прстот и се појави црвена капка крв."},{"word":"бод","type":"м.","description":"(спорт.) Поен, единица со која се означува степенот на успешност при натпреварување. Нашата екипа освои два бода."},{"word":"бодар","type":"прид.","description":"Што е многу витален, исполнет со енергија. Тој беше низок, весел, бодар човек."},{"word":"боде","type":"несв.","description":"Со шилест предмет пробива нешто. Надрилекарот со игла ја бодеше жената во дланките. Фурнаџијата ја боде погачата со виљушка и ја става да се пече."},{"word":"бодеж","type":"м.","description":"Остро сечило, ладно оружје, нож. Бодежот се зари во вратот на жртвата."},{"word":"бодибилдер","type":"м.","description":"Лице што вежба, се занимава со бодибилдинг."},{"word":"бодибилдинг","type":"м.","description":"Систем од вежби со тегови и други помагала и справи за зголемување на мускулната маса, за обликување на телото."},{"word":"бодило","type":"ср.","description":"Шило, предмет со кој се боде. На фатениот дивеч во примката бодилото му се забива во месото."},{"word":"бодина","type":"несв.","description":"Јава на коњ терајќи го силно да трча, да галопира. Сватовите цел ден ги бодинаа коњите."},{"word":"бодинаница","type":"прил.","description":"Галоп, начин на трчање на коњот. Момчето јаваше бодинаница низ улицата."},{"word":"бодира","type":"св. и несв.","description":"Одреди, одредува, додели, доделува бодови; бодува. Судиите го бодираа овој скок со 2 бода."},{"word":"бодлест","type":"прид.","description":"Што има боцки. Бодлест кактус."},{"word":"бодлив","type":"прид.","description":"Што има боцки. Низок бодлив багрем растеше крај патот."},{"word":"бодликав","type":"прид.","description":"Што може да боде. Бодликава жица."},{"word":"бодне","type":"св.","description":"Командирот го бодна коњот со мамузите."},{"word":"бодри","type":"несв.","description":"Поттикнува на некаква позитивна активност. Швајцарците несебично ќе го бодрат својот шампион."},{"word":"Бодрум","type":"м.","description":"Приморски град во Турција."},{"word":"боем","type":"м.","description":"Човек што живее неконвенционално, од редовите на интелектуалците (поети, сликари, уметници), што живее безгрижен и неуреден живот."},{"word":"боен","type":"прид.","description":"Што се однесува на бој, битка, војна. Боен отров. Бојно поле. Бојни бродови."},{"word":"боенка","type":"ж.","description":"Книшка со цртежи за боење. Дечињата боеја во боенките."},{"word":"божанка","type":"ж.","description":"Булка, едногодишна билка со големи црвени цветови, од фамилијата афиони; Papaver rhoeas L. Божанките на насипот пленеа со црвените цветови."},{"word":"божевен","type":"прид.","description":"Побожен."},{"word":"божем","type":"чест.","description":"За воведување сомневање во тоа што се тврди, како да било, како да е така. Се преправа, божем ништо не знае. Тогаш наскоро било објавено дека божем Кушо е убиен, а наместо него бил погребан некој друг."},{"word":"божемен","type":"прид.","description":"Што не е вистински; привиден. Целата куќа се управуваше според божемните наредби на сопругот. Детето мавта со рацете регулирајќи го божемниот сообраќај."},{"word":"божествен","type":"прид.","description":"Што припаѓа, што се однесува на божество, што има одлики на божество. Божествена сила."},{"word":"божество","type":"ср.","description":"Суштество со својства на бог, со натприродни, божествени одлики. Митолошки антички божества. Пагански божества."},{"word":"Божик","type":"м.","description":"Раѓањето Христово, голем христијански празник"},{"word":"божикен","type":"прид.","description":"Што се однесува на Божик. Божиќна песна. Божиќна литургија. Божикна елка"},{"word":"божилак","type":"м.","description":"Виножито, атмосферска појава по дожд; ѕуница. На небото се појави раскошен божилак."},{"word":"божица","type":"ж.","description":"Женско божество. Античка божица."},{"word":"божјак","type":"м.","description":"Просјак, питач. Неколкумина божјаци седеа пред црковните порти со испружени раце."},{"word":"божјачи","type":"несв.","description":"Проси, пита. Тој божјачи пред црковните порти секоја недела."},{"word":"божји","type":"прид.","description":"(од бог)"},{"word":"божур","type":"м.","description":"Декоративна билка со прекрасни цветови, најчесто црвени, со назабени крупни листови; Paeonia officinalis. Околу бунарот расцветале црвени божури."},{"word":"божурига","type":"ж.","description":"Булка, божанка; Papaver rhoeas L. Низ нивата цветаа божурики и синчец."},{"word":"божуриште","type":"ср.","description":"Место обраснато со божур."},{"word":"божуров","type":"прид.","description":"Што се однесува на божур. Божуров цвет."},{"word":"боз","type":"м.","description":"Грмушка или помало дрво со бели цветови со силен пријатен мирис и црни ситни плодови со црвеномодар сок; бозел; Sambucus nigra. Седеше во меѓата заграден со боз, мирудија, коприви и капини."},{"word":"боза","type":"ж.","description":"Ориентален, безалкохолен, матен пијалак од квасец и пченкарно брашно. Се освеживме со ладна боза."},{"word":"бозаџија","type":"м.","description":"Произведувач и продавач на боза."},{"word":"бозаџилак","type":"м.","description":"Занает што го опфаќа производството на боза."},{"word":"бозаџилница","type":"ж.","description":"Работилница и слаткарница во која се прави, односно се продава боза. Тие наминуваа често во бозаџилницата на крајот од улицата."},{"word":"боздоган","type":"м.","description":"Средновековно ладно оружје, железна топка со боцки и со куса рачка погодна за фрлање и удирање на противникот. На самарот од шарениот коњ стоеше голем и тежок боздоган."},{"word":"бозел","type":"м.","description":"Sambucus nigra. Крај изворот растеа грмушки од бозел и пелин. Сок од бозел."},{"word":"бои","type":"несв.","description":"Бојосува, прави да биде во друга боја. Децата боеја на часот по ликовно во боенките."},{"word":"бои се","type":"несв.","description":"Се плаши. Не бој се, нема ништо да стане."},{"word":"боица","type":"ж.","description":"Училиштен прибор за боење. Водени боици. Темперни боици."},{"word":"боиште","type":"ср.","description":"Место каде што се бие битка, бојно поле. И даде господ, некако се стиши боиштето."},{"word":"бој","type":"м.","description":"Битка, вооружен судир. Бој се биеше за секој човек, за секоја куќа. Закипе страшен бој."},{"word":"бој","type":"м.","description":"Висина, раст. Фенерот беше кренат во висина на човечки бој. Водата имаше два човечки боја длабочина"},{"word":"боја","type":"ж.","description":"Впечатокот што го остава на очите обоеноста на предметот. За килимот употребуваше волна во различни бои. Сината боја ги опушта нервите, виолетовата боја внесува нерасположение, тажно чувство, црвената боја буди страст, љубов."},{"word":"бојадиса","type":"св.","description":"Направи нешто да добие определена боја, премачка со боја. Вратите и прозорците ќе ги бојадисаме со бела боја."},{"word":"бојазлив","type":"прид.","description":"Што се плаши, плашлив. Момчето имаше бојазлив и тажен поглед."},{"word":"бојаџија","type":"м.","description":"Занаетчија што се занимава со боење на разни материјали, најчесто текстил. Во чаршијата остана само еден бојаџија."},{"word":"бојаџилак","type":"м.","description":"Бојаџиски занает, бојаџиство. Од бојаџилак денес не се живее."},{"word":"бојаџилница","type":"ж.","description":"Бојаџиска работилница."},{"word":"бојаџиство","type":"ср.","description":"Дејност, занает поврзан со боење на материјали. Појавата на анилинските бои придонела да се прекине со домашниот начин на бојосување, а со тоа и до појавата на бојаџиството."},{"word":"бојкот","type":"м.","description":"Прекин на врските, отфрлање или исклучување на некоја општествена група или поединец, најчесто како средство за притисок во политичка или во економска борба. Бојкотот против него траеше четири години. Економскиот бојкот беше еден од основните причинители на судирот на црковно-просветното поле."},{"word":"бојкотира","type":"несв.","description":"Прави бојкот. Ние ги бојкотиравме нивните состаноци."},{"word":"бојлер","type":"м.","description":"Затворен, метален сад за греење вода. Во бањата имавме голем бојлер."},{"word":"бојлија","type":"прид.","description":"Стасит, висок. Момчето беше високо, бојлија."},{"word":"бојник","type":"м.","description":"Слатководна риба, вид крап; Chondrostoma nasus. Рибарите фатија два бојника и неколку мрени."},{"word":"бојник","type":"м.","description":"Војник. Момчето беше облечено како старовремски бојник со оклоп, копје и штит."},{"word":"бок","type":"м.","description":"Страна. Стариот лежеше на бок. Бродот беше свртен на левиот бок."},{"word":"Бока Которска","type":"ж.","description":"Залив во Црна Гора."},{"word":"бокал","type":"м.","description":"Сад за вода или вино. Крчмарката стави два бокала со вино пред гостите. Бокалот со вода одеше од рака на рака меѓу жените што ручаа."},{"word":"боклук","type":"м.","description":"Ѓубре, буниште, отпадоци."},{"word":"бокс","type":"м.","description":"(само едн.) Борба со тупаници меѓу двајца противници во ринг, со специјални ракавици и со определени правила. Пред војната тој се занимавал со бокс."},{"word":"бокс","type":"м.","description":"Посебно обработена телешка кожа за обувки. Тој носеше чевли од јак црн бокс."},{"word":"бокс","type":"м.","description":"Преградено место во некој објект со одредена намена. Гардеробата на железничка станица има многу боксови за багаж. Свињите на фармата се сместени во посебни боксови."},{"word":"боксер","type":"м.","description":"Спортист што се занимава со бокс."},{"word":"боксит","type":"м.","description":"Руда од која се добива алуминиум."},{"word":"бокситен","type":"прид.","description":"Што се однесува на боксит Бокситна руда."},{"word":"боксува","type":"несв.","description":"Се занимава со бокс. Тој боксува веќе десет години."},{"word":"боктиса","type":"св.","description":"Додее, досади. На сите им боктиса."},{"word":"болва","type":"ж.","description":"Ситен инсект со нозе прилагодени за скокање, без крила, кој живее како паразит по луѓето и животните; Pulex iritans"},{"word":"болвосерка","type":"ж.","description":"Трага од болви, на постелнина, на долна облека. Везеното не се познава од болвосерки."},{"word":"боледува","type":"несв.","description":"Болен е, е во состојба на болест. Девојката боледува од тифус."},{"word":"боледување","type":"ср.","description":"Отсуство од работа поради болест. Тој е на боледување веќе три недели. Неговите боледувања биле лажни."},{"word":"болезлив","type":"прид.","description":"Што е често болен. Таа беше сува, жолта, болезлива и нервозна жена."},{"word":"болен","type":"прид.","description":"а) Што боледува, што го боли нешто. Таа е тешко болна. Тој бил болен од маларија. б) За дел од телото опфатен од болест. Болни гради. Болни нозе."},{"word":"болест","type":"м.","description":"Нарушување на нормалните животни функции на организмот. Тешка болест. Срцева болест. Шеќерна болест."},{"word":"болешлив","type":"прид.","description":"Што често се разболува, неотпорен, што има слабо здравје. Болешлива жена."},{"word":"болештина","type":"ж.","description":"пејор. од болест. Војната донесе болештини и патила. Тоа е легло на болештини. Тешка болештина ме налегнала."},{"word":"боливач","type":"м.","description":"Едногодишна лековита билка со ситен бел цвет и пријатна миризба, камилица; Matricaria chamomilla. Низ тревата се белееја малите главички на боливачот."},{"word":"Боливија","type":"ж.","description":"Држава во Јужна Америка."},{"word":"болид","type":"м.","description":"Голем метеор што паѓа на земјата во вид на сјајна топка видлива и дење."},{"word":"боли (ме)","type":"несв.","description":"(само во 3 л. со кратка заменска форма: ме, те, го...) Чувствува болка. Половината ја боли од седење."},{"word":"болјар","type":"м.","description":"Феудален земјопоседник, припадник на повисокиот слој на феудалната класа во Русија и во некои други земји; големец, великаш, властелин. Некој угледен влашки болјар ги поканил на гости."},{"word":"болка","type":"ж.","description":"Чувство предизвикано од болест, од телесно и духовно патење. Острата болка во градите го кинеше. Почувствува остра болка што се ширеше по телото."},{"word":"болникав","type":"прид.","description":"Што се разболува често, што има слабо здравје. Жената излезе мрзлива и болникава."},{"word":"болница","type":"ж.","description":"Установа за сместување и стручно лекување на болни. Душевна болница. Детска болница. Полска болница. Тој лежеше во болница три месеци."},{"word":"болничар","type":"м.","description":"Човек што работи околу болните во болница; што се грижи за болен."},{"word":"болнички","type":"прид.","description":"Што се однесува на болница. Болнички мантил. Болничка соба."},{"word":"Болоња","type":"ж.","description":"Град во Италија."},{"word":"болска","type":"несв.","description":"За молскавица ‒ молска, сека. На небото болскаа секавици."},{"word":"болскав","type":"прид.","description":"Сјаен. Болскава месечина."},{"word":"болскот","type":"м.","description":"Сјај, блесок. Болскотот на кристалите ги заслепуваше."},{"word":"болскоти","type":"несв.","description":"Силно свети, сјае. Ден снежеше, ден болскотеше скржавото сонце."},{"word":"болсне","type":"св.","description":"За молскавица ‒ молсне, секне. На небото болсна веда."},{"word":"болшевизам","type":"м.","description":"Политичко движење во руската социјалдемократија од крајот на 19 и почетокот на 20 век, и воопшто, обележје на комунистичка партија и именување за целокупната стратегија и тактика на класната борба."},{"word":"болшевик","type":"м.","description":"Припадник, приврзаник на болшевизмот."},{"word":"болшевички","type":"прид.","description":"Што се однесува на болшевик и болшеви Болшевичка партија. Болшевичко движење."},{"word":"бољме","type":"ср.","description":"Тенок ѕид од плитар. Куќата беше со плитар и бољме. Немалтерисаните бољмиња се црнееја во далечината."},{"word":"бомба","type":"ж.","description":"Метално тело, предмет исполнет со експлозив, наменет за уништување објекти и жива сила. Атомска бомба. Рачна бомба."},{"word":"Бомбај","type":"м.","description":"Пристаништен град во Индија."},{"word":"бомбардер","type":"м.","description":"Авион наменет за бомбардирање. Лесни бомбардери. Тежок бомбардер."},{"word":"бомбардира","type":"св. и несв.","description":"Исфрли, исфрла бомби од авион, врши бомбардирање. Италијанците ја бомбардираа пругата и урнаа дел од тунелот."},{"word":"бомбастичен","type":"прид.","description":"Претерано накитен, патетичен, страстен говор. Неговата бомбастична изјава сите ја слушаа со климање на главата."},{"word":"бомбаш","type":"м.","description":"Тој што фрла бомби. Први удрија бомбашите."},{"word":"бомбе","type":"ср.","description":"Полуцилиндер. Луѓето ги оставаа парите во црно големо бомбе."},{"word":"бон","type":"м.","description":"Паричен знак. Бонови за топол оброк."},{"word":"Бон","type":"м.","description":"Град во Германија."},{"word":"бонбон","type":"м.","description":"Ситен сладок производ од стопен ароматизиран шеќер или од чоколада и др. Желе бонбона. Чоколадни бонбони"},{"word":"бонбониера","type":"ж.","description":"Убаво спакувана кутија со бонбони, обично чоколадни."},{"word":"бонбонџија","type":"м.","description":"Продавач на бонбони. Бонбонџијата во дуќанот на аголот секогаш имаше прекрасни бонбони."},{"word":"бонвиван","type":"м.","description":"Човек што е склон на уживање, што сака лесен живот. Уметниците го сметаа за голем бонвиван."},{"word":"бонитет","type":"м.","description":"Белези што го прават субјектот добар и сигурен должник; кредитоспособен и ликвиден, солвентен; добра позиција и репутација на должникот во деловните односи. Сите пријавени на тендерот доставија документи за бонитет."},{"word":"бонсек","type":"м.","description":"Пила за сечење метал, железни предмети."},{"word":"бонтон","type":"м.","description":"Правила за убаво однесување. Тоа не е по бонтон."},{"word":"бор","type":"м.","description":"Високо зимзелено иглолисно дрво; Pinus; бел бор; Pinus silvestris. Полјанчето беше опколено со високи борови и буки. Седнаа на ледината под борјето."},{"word":"бор","type":"м.","description":"Хемиски елемент; симбол B."},{"word":"боравалка","type":"ж.","description":"Мешалка, лажица за мешање при готвење, обично дрвена. Жената боравеше со боравалката во тенџерето."},{"word":"боравенка","type":"ж.","description":"Шарена кошула, везена со повеќе бои. Таа ѝ остави пет везени кошули, три алови и две боравенки."},{"word":"борави","type":"несв.","description":"Меша, обично храна при приготвување. Жената ги борави тепсиите ориз да не заварат."},{"word":"боравица","type":"ж.","description":"Мешаница. Во таа боравица не се знаеше кој јаде, кој пие."},{"word":"боракс","type":"м.","description":"Натриумова сол на борот, хемиско соединение што се употребува во домаќинството и индустријата."},{"word":"боранија","type":"ж.","description":"(бот.) Вид зеленчук, зелен, млад грав во мешунка; Phaseolus vulgaris L. Стаса боранијата во зеленчуковите градини"},{"word":"борач","type":"м.","description":"Спортист што се занимава со борење. Борач во грчко-римски стил."},{"word":"борачки","type":"прид.","description":"Што се однесува на борач. Борачки спорт. Борачка вештина."},{"word":"борба","type":"ж.","description":"Упорно дејствување, умствен и физички напор за совладување на некакви пречки, за постигање определена цел. Борба за мир. Борба за рамноправност. Борба за зголемување на производството. Борба со природната стихија. Политичка борба."},{"word":"борбен","type":"прид.","description":"Што е готов, што има желба да се бори."},{"word":"бордел","type":"м.","description":"Јавна куќа."},{"word":"бордеро","type":"ср.","description":"Листа, извод, сметка што се издава со одредена намена. Во менувачницата ми дадоа бордеро за разменетите девизи."},{"word":"бордо","type":"прид.","description":"Темноцрвена боја. Таа купи бордо здолниште и бела блуза."},{"word":"бордура","type":"ж.","description":"Украсен раб, шара по раб на ткаенина. Бордурата е многу често застапена кај килимите, најчесто на црвено поле со најразлични орнаментирани форми и мотиви."},{"word":"борење","type":"ср.","description":"Вид спорт, борба на двајца противници заради совладување со физичка сила. Натпреварот во борење ќе се одржи идната недела."},{"word":"борец","type":"м.","description":"Учесник во борба. Тие биле неразделни другари и бестрашни борци."},{"word":"борилиште","type":"ср.","description":"Место каде што се одвива борба, борење. Борилиштето беше преполно со луѓе."},{"word":"борина","type":"ж.","description":"Смолесто дрво од бор што служи за осветлување или за потпалување оган. Домаќинката кладе неколку страка борина на светалникот. Старата го запали огнот со борина."},{"word":"боринар","type":"м.","description":"Човек што бере борина. Некои дрвари, боринари врват по патот."},{"word":"боринов","type":"прид.","description":"Што е од борина. Боринови деланки."},{"word":"бориновина","type":"ж.","description":"Мирис на борина. Замириса бориновина и тој мирис му дојде како мевлем за душата."},{"word":"бори се","type":"несв.","description":"Прави физички напор да победи, да надвие некого во борба еден со друг. Нашиот борач ќе се бори со првакот на вашата земја во борење. Тој се бореше во мојата бригада."},{"word":"бормашина","type":"ж.","description":"Електрична или рачна дупчалка."},{"word":"Борнео","type":"ср.","description":"Остров во Индонезија."},{"word":"боров","type":"прид.","description":"Што е од бор. Борова шума. Борови иглички."},{"word":"боровина","type":"ж.","description":"Борово дрво, градежен материјал од борово дрво."},{"word":"боровинка","type":"ж.","description":"(бот.) Вид зрнесто, планинско овошје; Vaccinium myrtillus. Момчињата набрале некои темјанужни малини и боровинки."},{"word":"боровиште","type":"м.","description":"Место обраснато со борова шума. Колоната скршна во боровиштето."},{"word":"боровник","type":"м.","description":"Место обраснато со борова шума. Боровникот е млад и чест, ветките ниско појдуваа од земја, се вплетуваа една во друга и се свиваа под снегот."},{"word":"борч","type":"м.","description":"Долг, тоа што некој некому му должи. Куќата му ја продадоа за борчови."},{"word":"борчи","type":"несв.","description":"Должи некому нешто, најчесто пари. Вашето село му борчи на царот сто илјади аспри."},{"word":"борчлија","type":"прид.","description":"прид. Што е заборчен, што должи некому пари. Борчлија човек."},{"word":"бос","type":"прид.","description":"Што е без чорапи или обувки; обуен. Децата шлапкаа боси по реката. Купи му опинци да не оди бос."},{"word":"босак","type":"м.","description":"Го лапнува босакот на дувалото."},{"word":"босилек","type":"м.","description":"Едногодишно градинарско растение со ситни цветчиња и пријатен мирис; Osymum basilicum. Одајата мирисаше на босилек"},{"word":"босилков","type":"прид.","description":"Што е од босилок, што се однесува на босилок. Китка босилкова."},{"word":"босилковина","type":"ж.","description":"Мирис од босилок."},{"word":"босичок","type":"прид.","description":"Убаво променета, но босичка."},{"word":"боска","type":"ж.","description":"Млечна жлезда, дојка, града, цицка кај жена. Во возбудата ѝ набабреа боските од надојденото млеко."},{"word":"Босна и Херцеговина","type":"ж.","description":"Држава во Европа."},{"word":"босоног","type":"прид.","description":"Што оди со боси нозе; Децата босоноги трчаа крај плотовите."},{"word":"босота","type":"ж.","description":"Состојба на тој што е бос;"},{"word":"бостан","type":"м.","description":"Нива, место насадено со бостан. Застанал како плашило сред бостан."},{"word":"бостаниште","type":"ср.","description":"Аугм. од бостан."},{"word":"бостанџија","type":"м.","description":"Човек што одгледува и/или продава бостан. Бостанот го одгледуваше еден стар бостанџија."},{"word":"Бостон","type":"м.","description":"Град во САД."},{"word":"Босфор","type":"м.","description":"Морски проток кој ги поврзува Мраморното и Црното Море."},{"word":"ботаника","type":"ж.","description":"Наука за растенијата, дел од биологијата."},{"word":"ботаничар","type":"м.","description":"Тој што се занимава со ботаника."},{"word":"ботее","type":"несв.","description":"Расте бујно, се развива, напредува. Полето ботееше под пролетното сонце."},{"word":"бофл","type":"м.","description":"Стока со лош квалитет. Бофл стока."},{"word":"боц!","type":"изв.","description":"Извик за означување дека нешто боде, обично на шега, во игра и сл"},{"word":"боца","type":"ж.","description":"Сад под притисок со вентил во кој се чува гас. Плинска боца."},{"word":"Боцвана","type":"ж.","description":"Држава во Африка."},{"word":"боцка","type":"ж.","description":"Тврд шилест израсток кај некои билки и животни. Магарешкиот трн е целиот обрастен со боцки. Ежови боцки."},{"word":"боцка","type":"несв.","description":"Боде, притискајќи со нешто остро. Тој ги боцкаше децата со трн во грбот. Ежот боцка со боцките."},{"word":"боцкав","type":"прид.","description":"Што боцка, што има боцки, што има својство да боцка. Боцкав тел. Боцкава брада."},{"word":"боцкач","type":"м.","description":"Тој што многу боцка, бреца; Тој е голем боцкач."},{"word":"боцлив","type":"прид.","description":"Што боцка, што има боцки. Боцлива жица. Боцлива ограда."},{"word":"боцне","type":"св.","description":"Пробие во нешто со шилест предмет. Стариот го боцна компирот со виљушката. Лаборантот го боцна детето во прстето со специјална игла."},{"word":"бочва","type":"ж.","description":"Голем дрвен сад со два газера стегнат со обрачи во кој се чуваат течности, најчесто вино; големо буре. За зима остававме вино во бочвите. Бочва од најдобар планински даб дише, пропушта воздух, иако не е за верување."},{"word":"бочвар","type":"м.","description":"Тој што изработува бочви. Тој две години учеше за бочвар кај еден мајстор."},{"word":"бочварница","type":"ж.","description":"Место каде што се чуваат бочви. Во бочварницата се чувствуваше кисел мирис на комиње."},{"word":"бочварство","type":"ср.","description":"Бочварски занает. Бочарството изумира во последниве години како занает."},{"word":"бочен","type":"прид.","description":"Страничен. Бочната страна на бродот беше малку оштетена од ударот."},{"word":"бош","type":"прид.","description":"Празен, несодржаен, јалов. Бош муабет. Бош работа."},{"word":"Бошавија","type":"ж.","description":"Област во Македонија во подножјето на планината Кожув."},{"word":"Бошавица","type":"ж.","description":"Река во Македонија."},{"word":"Бошњак","type":"м.","description":"Припадник на мнозински народ во Босна и Херцеговина."},{"word":"брав","type":"м.","description":"Овен. Постариот брат ги пасеше бравите, а помалиот јаловиците. Пушти им ги бравите навреме на овците да се измркаат и да се објагнат совреме, да ги извадиш јагнињата од зимата."},{"word":"брава","type":"ж.","description":"Метална направа за затворање врата со клуч. Сандачето со пари беше од полирано дрво со цврста месингана брава."},{"word":"бравар","type":"м.","description":"Занаетчија што изработува брави. Детето изучи за бравар."},{"word":"браво!","type":"изв.","description":"За воодушевување, одобрување; одлично, прекрасно."},{"word":"брада","type":"ж.","description":"Дел од лицето под устата. Се покри до брадата. Неколку пати со дланката си ги истри очите, брадата и носот."},{"word":"брадавица","type":"ж.","description":"Мал испапчен израсток на кожата. Војникот ја кубеше влакнестата брадавица на образот."},{"word":"брадавичав","type":"прид.","description":"Што е со многу брадавици. Лицето му беше брадавичаво."},{"word":"брадавичест","type":"прид.","description":"Што личи или има форма на брадавица. На крушката имаше безброј брадавичести израстоци."},{"word":"брадат","type":"прид.","description":"Човек што носи брада. Брадат човек."},{"word":"брадва","type":"ж.","description":"Дрводелска секира, алат за делање штици за каци и сл."},{"word":"брадест","type":"прид.","description":"Што има брада; брада 2."},{"word":"брадина","type":"ж.","description":"Тој што носи голема брада."},{"word":"брадоса","type":"св.","description":"Обрасне со брада. Целиот брадосал."},{"word":"Бразавил","type":"м.","description":"Главен град на Република Конго."},{"word":"бразда","type":"ж.","description":"Тесен долг трап, плиток ров по површината на почвата што го остава плугот или направен со друго орудие за обработка на земјата, појас од разорана земја што се протега по должина. Тракторот зад себе оставаше свежо изорани бразди."},{"word":"браздест","type":"прид.","description":"Што се однесува на бразда, што има форма на бразда. Браздеста ерозија."},{"word":"бразди","type":"несв.","description":"Прави вдлабнатина во форма на бразда. Ралото ја браздеше црната земја. Момчето во песокот браздеше некакви искривени браздички."},{"word":"Бразил","type":"м.","description":"Држава во Јужна Америка."},{"word":"Бразилија","type":"ж.","description":"Главен град на Бразил."},{"word":"бразлетна","type":"ж.","description":"Накит што се носи на рака; гривна, белезица."},{"word":"брак","type":"м.","description":"Општествено регулирана, озаконета врска меѓу две лица од спротивен пол; заедница од таа врска. Склучи брак. Граѓански брак. Црковен брак."},{"word":"браќа","type":"м.","description":"Множина од брат."},{"word":"браколомен","type":"прид.","description":"Што растура брак."},{"word":"браколомник","type":"м.","description":"Тој што растура брак; прељубник. Сите браколомници и распуштеници."},{"word":"браколомство","type":"ср.","description":"Неверство, прељуба, растурање брак."},{"word":"бракоразвод","type":"м.","description":"Развод на брак по судски пат."},{"word":"бракоразводен","type":"прид.","description":"Што се однесува на развод на брак. Бракоразводна парница."},{"word":"бран","type":"м.","description":"Издигнат дел водена маса што се движи. Големи бранови ги заплиснуваа бреговите на јужните мориња."},{"word":"брана","type":"ж.","description":"Дрвена направа или железно, запчесто орудие, за претсеидбена површинска подготовка на почвата или за негување на културите по сеењето. Разбивањето на корката на почвата се врши со железни брани."},{"word":"брана","type":"ж.","description":"Насип, вештачка преграда од земја, од бетон што го спречува течењето, движењето на водена маса до одредена височина. Кај Маврови Анови ќе се крене голема земјена брана."},{"word":"браненик","type":"м.","description":"Место каде што е забрането сечење дрвја; забел."},{"word":"бранест","type":"прид.","description":"Што има форма, што е во вид на бран. Ридовите се спуштаа бранесто сè до реката. Бранестата земја во подножјето на ридиштата беше изорана и подготвена за сеење."},{"word":"брани","type":"несв.","description":"а) Чува, штити некого од напад. Комитите го бранеа народот од турскиот аскер. Квачката ги бранеше своите пилиња од јастребот. б) Застапува некого на суд, е негов бранител."},{"word":"браник","type":"м.","description":"Предмет или дел од предмет што е во функција да брани, да штити. Браник на автомобил."},{"word":"бранител","type":"м.","description":"Тој што брани од нешто. Бранители на татковината."},{"word":"бранлив","type":"прид.","description":"Што се однесува на бран, што е како бран. Бранлива нерамнина."},{"word":"бранов","type":"прид.","description":"Што се однесува на бран. Бранова должина."},{"word":"брановиден","type":"прид.","description":"Што има облик на бран. Под патот се простираше пространа брановидна ливада. Брановидно движење."},{"word":"брановит","type":"прид.","description":"Што е во вид на бранови, што има бранови. Брановити коси. Брановито море. Брановита долина."},{"word":"браноса","type":"св.","description":"Поминува со брана преку орана нива. Тој вчера ја браноса нивата."},{"word":"бранува","type":"несв.","description":"Предизвикува бранови на голема водна површина. Југот го брануваше езерото."},{"word":"бранша","type":"ж.","description":"Гранка во некоја дејност: во трговијата, занаетчиството, индустријата; струка. Луѓето од нашата бранша не дејствуваат на тој начин."},{"word":"браон","type":"прид.","description":"Кафена боја, нешто што е во кафена боја. Браон палто."},{"word":"брат","type":"м.","description":"Син во однос на друго или на другите деца од исти родители. Имав јас двајца браќа и една сестра. Постариот брат беше висок и убав човек."},{"word":"братија","type":"ж.","description":"Монашка заедница на еден манастир."},{"word":"братими се","type":"несв.","description":"Станува брат некому, се зближува како брат. Тие се братимеа (еден со друг). Нашите две семејства се братимеа пред две години."},{"word":"Братислава","type":"ж.","description":"Главен град на Словачка."},{"word":"братко","type":"м.","description":"Хипокорисник од брат, при обраќање кон брат, другар. Пеј ми братко за чаршијата, / за онаа ‒ старата скопска чаршија."},{"word":"братов","type":"прид.","description":"Што се однесува, што му припаѓа на брат"},{"word":"братовина","type":"ж.","description":"Братов имот, оставина на брат. Тоа ми е братовина."},{"word":"братоубиец","type":"м.","description":"Тој што го убива својот брат, својот близок. Во свеста на потенцијалниот братоубиец егзистира само една единствена стварност ‒ стварноста на веќе сторениот грев, оттука и појавата на силно каење."},{"word":"братоубиствен","type":"прид.","description":"Што се однесува на убиство на својот брат, воопшто близок, од ист род, народ. Братоубиствена војна."},{"word":"братоубиство","type":"ср.","description":"Убиство на својот брат."},{"word":"братски","type":"прид.","description":"Што се однесува на брат, што е својствен на брат. Само благодарение на големата братска љубов се поделија без кавга."},{"word":"братство","type":"ср.","description":"Однос меѓу браќа и меѓу браќа и сестри; братски однос меѓу пријатели, големо пријателство."},{"word":"братучед","type":"м.","description":"Роднина по мајка или по татко, син на чичко, вујко или на тетка."},{"word":"братучеда","type":"ж.","description":"Роднина по мајка или по татко, ќерка на чичко, вујко или на тетка. Таа ми е мене прва братучеда. Бев кај една братучетка на гости"},{"word":"брачен","type":"прид.","description":"Што се однесува на брак. Брачна двојка. Брачната постела. Брачен другар."},{"word":"брашнар","type":"м.","description":"Тој што продава брашно. Брашнарот не беше во дуќанот."},{"word":"брашнарка","type":"ж.","description":"Жена на брашнар"},{"word":"брашнарница","type":"ж.","description":"Продавница за брашно. Тој отворил брашнарница во нашето соседство."},{"word":"брашнен","type":"прид.","description":"Што е од брашно. Брашнена алва."},{"word":"брашненик","type":"м.","description":"Сандак за чување брашно."},{"word":"брашнест","type":"прид.","description":"Што е како брашно, што личи на брашно. Брашнест шеќер."},{"word":"брашно","type":"ср.","description":"Производ добиен со мелење на житни култури. Пченично брашно. Пченкарно брашно. 'Ржано брашно."},{"word":"брашноса","type":"св.","description":"Направи нешто да биде прекриено со брашно. Сеејќи го брашното, брашноса сè околу себе."},{"word":"брбешка","type":"несв.","description":"Валка, прави да биде нечисто. Децата ги брбешкаат алиштата."},{"word":"брбешкав","type":"прид.","description":"Што се брбешка, нечист. Тој е секогаш брбешкав."},{"word":"брбла","type":"несв.","description":"Зборува многу, брбори. Жените на чешма брблаат по цел ден."},{"word":"брблавица","type":"ж.","description":"Жена што многу брбла, што многу зборува. Жена брблавица е како празна воденица."},{"word":"брблив","type":"прид.","description":"Што многу зборува. Брбливи жени."},{"word":"брбливец","type":"м.","description":"Човек што многу брбла, што многу зборува. Ти си брбливец беден и измамник итар на зборови."},{"word":"брбне","type":"св.","description":"Наеднаш испушти глас по воздржување од смеење и сл. Не реков ништо, брбна Борис. Брбна да се смее."},{"word":"брбор","type":"м.","description":"Звук што се слуша при брборење. Пристигнува доста тивок брбор што таа не е во состојба да го разбере јасно."},{"word":"брбори","type":"несв.","description":"Зборува многу, сè и сешто, за сè и сешто. Таа везден брбори со сосетките."},{"word":"брборка","type":"ж.","description":"Жена што многу брбори. Таа е голема брборка."},{"word":"брборко","type":"м.","description":"Човек што многу зборува, што брбори. Брборко е тој и знае само да брбори."},{"word":"брборлив","type":"прид.","description":"Што многу брбори. Брборлив маж. Брборлива жена."},{"word":"брборливец","type":"м.","description":"Човек што многу зборува, што брбори. Тој е голем брборливец."},{"word":"брбушка","type":"ж.","description":"Измет од ситен добиток, од зајак, глушец и сл."},{"word":"брго","type":"прил.","description":"Брго чини абер на пашата. Коњот заоди побргу"},{"word":"бргошен","type":"прид.","description":"Што е од неодамна, скорашен."},{"word":"брдило","type":"ср.","description":"Дел од разбојот за ткаење каде што се става брдото. Ткајачката со сета сила ги повлече брдилата."},{"word":"брдо","type":"ср.","description":"Рид, брег. Тврдината беше на врвот на тумбестото брдо."},{"word":"брдо","type":"ср.","description":"Дел од разбојот за ткаење низ кој се воведува основата. Ова платно се ткае кога во нишките се воведуваат по две, а во брдото по една жица."},{"word":"бре!","type":"изв.","description":"При обраќање. Синко, зошто, бре синко, куќа затвори?"},{"word":"бревта","type":"несв.","description":"Тешко, напрегнато дише, испуштајќи придушен звук. Човекот бревташе забрзувајќи го одот со последните сили."},{"word":"брег","type":"м.","description":"Гранична линија меѓу копно и вода, земјата во појасот покрај река, езеро или море. Езерото лесно го заплиснува песочниот брег. Овој мост спои два брега..."},{"word":"Брегалница","type":"ж.","description":"Река во Македонија."},{"word":"бреговит","type":"прид.","description":"Што има брегови. Бреговити долини."},{"word":"Брегот на Слоновата Коска","type":"м.","description":"Држава во Африка."},{"word":"брее","type":"несв.","description":"За елен ‒ рика. Во гората брееше елен самјак."},{"word":"брез","type":"прид.","description":"Со бела пега на главата, обично за животно. Брезото јаре тргна по детето."},{"word":"бреза","type":"ж.","description":"Листопадно дрво со бела кора и ситни ливчиња; Betula alba. Околу дворецот имаше липи и бреза."},{"word":"бреза","type":"ж.","description":"Бела дамка на челото кај некои животни. Кобилата имаше бреза на челото."},{"word":"брезов","type":"прид.","description":"Што се однесува на бреза, што е од бреза. Брезова шума."},{"word":"брекина","type":"ж.","description":"Листопадно дрво од родот оскоруша; Sorbus torminalis."},{"word":"брекне","type":"св.","description":"Набабри, набрекне, се подуе. Жилите му брекнаа."},{"word":"бреме","type":"ср.","description":"Тежок товар што го носи еден човек. Девојките дрварки слегуваат од планина со бремиња дрва."},{"word":"бремен","type":"прид.","description":"Жена што е трудна, што носи плод. Сосетката беше бремена, очекуваше пород. Мода за бремени жени."},{"word":"бременост","type":"ж.","description":"Состојба кога жената носи плод, од зачнувањето до породувањето. Жената беше во првите месеци на бременоста."},{"word":"бренди","type":"ср.","description":"Вид ракија, жесток пијалак. Келнерот ги послужи со бренди."},{"word":"бреслика","type":"ж.","description":"Млад брест. Селаните сечеа смреки и бреслики."},{"word":"брест","type":"м.","description":"Листопадно шумско дрво; Ulmus. Меѓу нив, по личнотија двои еден млад брест."},{"word":"брестов","type":"прид.","description":"Што е од брест. Брестова шума. Брестови гранки."},{"word":"Бретања","type":"ж.","description":"Област во Франција."},{"word":"бреца","type":"несв.","description":"Пецка, навредува, префрлува нешто некому."},{"word":"брецлив","type":"прид.","description":"Навредлив, што бреца. Брецливи зборови."},{"word":"брецне (се)","type":"св.","description":"Пецне, навреди некого, префрли нешто некому. Тој сака да брецне."},{"word":"брз","type":"прид.","description":"Што во кусо време поминува поголемо растојание. Брзата вода им ги режеше нозете. Најбрзото дете ќе добие награда."},{"word":"брза","type":"несв.","description":"Настојува да изврши некакво дејство за што покусо време. Таа брзаше да ги нахрани свињите."},{"word":"брзак","type":"м.","description":"Место на река, на поток каде што водата тече брзо. Рибарите се веќе излезени кај брзаците, со завртени ногавици."},{"word":"брзаница","type":"ж.","description":"Дејство што се одвива со голема брзина, со брзина поголема од вообичаеното, со брзање, со итање. Со брзаница се врати. Во брзаницата пукнав, па не знам дали го погодив."},{"word":"брзга","type":"несв.","description":"Прска, брзо тече во кратки струи. Водата брзга на сите страни. Од вената брзгаше крв."},{"word":"брзина","type":"ж.","description":"Степен на остварување на дадено дејство во однос на изминатото време. Брзина на пишување. Брзина на решавање задача."},{"word":"брзиномер","type":"м.","description":"Направа за мерење брзина. Брзиномерот во колата не ми работи."},{"word":"брзне","type":"св.","description":"Протече кратко и брзо, прсне. Од устата му брзна крв."},{"word":"брзозборка","type":"ж.","description":"Детска песна што се кажува брзо. Меѓу највеселите детски стихови спаѓаат брзозборките."},{"word":"брзометен","type":"прид.","description":"Што стрела, пука брзо. Брзометен топ."},{"word":"брзоног","type":"прид.","description":"Што е со брзи нозе, што трча брзо. Брзоног елен. Трчал брзоног зајак низ цветни ливади."},{"word":"брзопис","type":"м.","description":"Вид писмо, обично во старите ракописи. Текстот е напишан со брзопис."},{"word":"брзописец","type":"м.","description":"Човек што пишува брзо. Тој побара двајца попови, вешти брзописци."},{"word":"брзопотезен","type":"прид.","description":"Во шахот ‒ партија во која се влечат брзи потези. Одиграа една брзопотезна партија шах."},{"word":"Бриг","type":"м.","description":"(обично во мн.) Припадник на древен народ на Балканскиот Полуостров."},{"word":"бригада","type":"ж.","description":"(воен.) Здружена единица од батаљонски, полковски или појак состав, помала од дивизија."},{"word":"бригаден","type":"прид.","description":"Што се однесува на бригада. Бригаден офицер. Бригаден весник."},{"word":"бригадир","type":"м.","description":"Командант на бригада. Бригадирот на нашата бригада беше добар човек."},{"word":"бригадирка","type":"ж.","description":"Лице од женски пол член на бригада; бригадир. Бригадирките пееја една песна одејќи на работа."},{"word":"Бриж","type":"м.","description":"Град во областа Фландрија, Белгија."},{"word":"брикет","type":"м.","description":"Гориво добиено со пресување на ситни делови од јаглен, дрво и сл. Тие се греат со брикети."},{"word":"брикетира","type":"св. и несв.","description":"Произведе, произведува брикети. Тие брикетираа струготини од дрво."},{"word":"брилијант","type":"м.","description":"Природен бесценет камен, дијамант, брусен и обработен како накит."},{"word":"брилијантен","type":"прид.","description":"Што се однесува на брилијант, брилијантски."},{"word":"брилијантин","type":"м.","description":"Козметичко средство, масло за коса. Косата му беше зачешлана на патец и намачкана со брилијантин."},{"word":"брилијантски","type":"прид.","description":"Што е од брилијант. Рацете ѝ беа искитени со два брилијантски прстена."},{"word":"брилира","type":"св. и несв.","description":"Свети, сјае. Кристалот брилира на сончевата светлина."},{"word":"Брисел","type":"м.","description":"Главен град на Белгија."},{"word":"брич","type":"м.","description":"Нож за бричење. Дедо ми се бричеше со брич."},{"word":"бричи","type":"несв.","description":"Отстранува влакна од телото, најчесто од лицето, со брич. Тој ја бричи брадата, а јас не ги бричам ни мустаќите ни брадата."},{"word":"бриџ","type":"м.","description":"Вид игра со карти."},{"word":"Бриџтаун","type":"м.","description":"Главен град на Барбадос."},{"word":"бришалка","type":"ж.","description":"Крпа за бришење, бришка. Белата бришалка ѝ е префрлена на рамото додека ги мие чиниите."},{"word":"брише","type":"несв.","description":"Трие по одредена површина со одредена цел, чисти нешто од некоја површина. Таа ја бришеше правта од сликите."},{"word":"бришка","type":"изв.","description":"Извик со кој некој се брка ‒ бегај. Бришка!"},{"word":"бришка","type":"ж.","description":"Крпа за бришење во кујната. Како со бришка помината куќата, нема ништо."},{"word":"брка","type":"несв.","description":"Гони, тера. Ловците и кучињата го бркаа волкот. Аскерот ги брка голораките селани по полето."},{"word":"бркалка","type":"ж.","description":"Лажица со која се меша, се брка тоа што се готви; боравалка. Бркалката обично е поголема дрвена лажица."},{"word":"брканица","type":"ж.","description":"Бркање, гонење воопшто. Опасната брканица по планината продолжува."},{"word":"бркне","type":"св.","description":"Изгони, истера малку, еднаш."},{"word":"бркотија","type":"ж.","description":"Брканица, мешаница, метеж, дармар. Во салата настана невидена бркотија."},{"word":"бркотница","type":"ж.","description":"Бркотија, мешаница. Штрајкот на камионџиите направи невидена бркотница во градот."},{"word":"брл","type":"м.","description":"Болест кај овците во мозокот од која овцата само се врти."},{"word":"брле","type":"ср.","description":"Оној што е брлив, глупав, будала. Брле ниедно! Тој е брле."},{"word":"брлив","type":"прид.","description":"Што е болен од брл. Брлива овца."},{"word":"брливи се","type":"несв.","description":"Се будали, се однесува како болен од брл."},{"word":"брлог","type":"м.","description":"Легло за диви животни. Превртената земја мириса на некаков брлог од бозје и скапани лисја."},{"word":"брмне","type":"св.","description":"Испушти звук со стиснати усни. Детето брмнало, а вие мислите прднало. Тој брмна нешто под носот и налутено ја тресна вратата."},{"word":"брмчало","type":"ср.","description":"Дел од гајдата низ кој таа испушта звук на брмчење; брчало. Дулецот, писката и брмчалото ги подмачкуваат со маслиново масло за да не се исушат и да испукаат."},{"word":"брмчи","type":"несв.","description":"Испушта звук на брмчење, зуење. Наоколу брмчеа пчели и бумбари."},{"word":"Брно","type":"ср.","description":"Град во Чешка."},{"word":"брод","type":"м.","description":"Премин преку река каде што е водата поплитка. Длабоко море брод нема / убава Јана род нема."},{"word":"брод","type":"м.","description":"Превозно средство што се движи по вода; кораб. Товарен брод. Рибарски брод. Патнички брод. Воен брод."},{"word":"Брод","type":"м.","description":"Село во областа Гора, Косово;"},{"word":"бродар","type":"м.","description":"Тој што работи со бродови, на кој му е струка бродарството. Од четиристотини бродари, во трпезаријата беа на ручек педесетина."},{"word":"бродарство","type":"ср.","description":"Стопанска дејност што се занимава со производство и трговија со бродови. Таму е развиено бродарството."},{"word":"броди","type":"несв.","description":"Плови. Домородците бродеа по океанот со примитивни кораби."},{"word":"бродоградилиште","type":"ср.","description":"Претпријатие за градење и за ремонт на бродови, место каде што се градат бродови."},{"word":"бродолом","type":"м.","description":"C_бродолома"},{"word":"бродоломен","type":"прид.","description":"Што се однесува на бродолом. Бродоломен бран."},{"word":"бродоломец","type":"м.","description":"Човек што доживеал бродолом. Бродоломците поминале три месеци на овој гостољубив остров."},{"word":"броен","type":"прид.","description":"Што се однесува на број. Бројна состојба. Броен однос."},{"word":"броеница","type":"ж.","description":"Детска песна во која се набројуваат повеќе работи во определен ритам. Браќата Миладиновци, Кузман Шапкарев и Марко Цепенков запишале и публикувале значаен број детски песни, броеници, залагалки и детски игри"},{"word":"брои","type":"несв.","description":"Изговара броеви по ред. Тој ги броеше ударите на градскиот часовник. Таа брои до сто."},{"word":"броило","type":"ср.","description":"Апарат, направа за мерење на потрошена енергија. Броило за електрична енергија."},{"word":"броител","type":"м.","description":"Горниот број на дропката. Колку пати броителот се содржи во именителот?"},{"word":"број","type":"м.","description":"Точно определена вкупност на единици во едно количество; множество. Бројот на заболените се намалува. По бројот на снопјето се одредувал данокот за спахијата."},{"word":"бројач","type":"м.","description":"Лице што брои."},{"word":"бројка","type":"ж.","description":"Знак за број. Покрај секое име запишуваше бројка."},{"word":"бројници","type":"ж.","description":"Низа од зрна, најчесто од килибар, наменети за забава или молитва во одделни религии со префрлање на зрната натаму‒наваму. Низ прстите му минуваат дрвени бројници"},{"word":"бројчаник","type":"м.","description":"Плоча со бројки, цифри, на часовник, на телефонски апарат и сл. Врти на телефонскиот бројчаник: 20‒371."},{"word":"бројчен","type":"прид.","description":"Нешто што се изразува, што се претставува со бројки. Бројчена табела. Бројчена оценка."},{"word":"броќ","type":"м.","description":"Растение со кое се бојадисува во жолто-црвена боја; Rubia tinctorum L. Пред да бојадисуваме, беревме броќ."},{"word":"брокат","type":"м.","description":"Вид свилена ткаенина со специфично ткаење, проткаена со златни или сребрени нишки. Купивме бел брокат за невестински фустан."},{"word":"брокатен","type":"прид.","description":"Што е направен од брокат. Брокатен фустан."},{"word":"брокер","type":"м.","description":"Тој што ги следи движењата на берзата, што тргува со вредносни хартии и посредува во берзанските работи."},{"word":"бром","type":"м.","description":"Хемиски елемент, неговите соединенија се применуваат во фотографијата и во медицината; симбол Br."},{"word":"бромен","type":"прид.","description":"Што се однесува на бром, што содржи бром."},{"word":"бронза","type":"ж.","description":"Легура на бакар, цинк и железо. Бронзата од свешникот на малото масиче светкаше како злато."},{"word":"бронзен","type":"прид.","description":"Што е од бронза. Бронзен штит. Бронзен сад."},{"word":"бронка","type":"ж.","description":"Мал воспален израсток на кожата; мозолче. Косата му се наежи, а околу тукушто никнатите влакна од брадата, му се појавија бронки."},{"word":"бронкав","type":"прид.","description":"Што се однесува на бронка, што е во некоја релација со бронка; Бронкаво лице."},{"word":"бронхии","type":"и.","description":"Душници, гранчиња од душник составени од 'рскавичави прстени меѓусебно поврзани со сврзливо ткиво и мускули."},{"word":"бронхнтис","type":"м.","description":"Воспаление на слузницата на бронхиите. Децата во Скопје често заболуваат од бронхитис."},{"word":"брончест","type":"прид.","description":"Дебела, брончеста и масна, таа не ја пушташе сестра си од око."},{"word":"брош","type":"м.","description":"Женски накит што служи за украс или за закопчување на фустанот во висина на градите. Лесниот шал поигруваше на неа, а брошот од аметист се поместуваше од едната страна на градите на другата."},{"word":"брошира","type":"св. и несв.","description":"Прошие, прошива, подврзе, подврзува книга во мека подврска."},{"word":"брошура","type":"ж.","description":"Книга со помал број страници, во мека подврска за некое актуелно прашање, со информативна содржина и сл."},{"word":"бррр","type":"изв.","description":"Глас што се испушта при ненадејно стресување на телото поради студ или некакво друго чувство што предизвикува потресување на организмот. Ја крена главата, ја стресе и направи брррр."},{"word":"Брсјак","type":"м.","description":"Припадник на племе од македонските Словени."},{"word":"брст","type":"м.","description":"Гранчиња и шума, лисје/лисја од дрвја за хранење на добитокот; лисник. Во својата собичка донесе само една китка брст, што ја накрши кога се сети за своето срнче."},{"word":"брсти","type":"несв.","description":"За животно ‒ јаде лисја и млади гранчиња откинувајќи ги од стеблото. Козата брстеше врзана за стеблото со долго јаже."},{"word":"Брунеј","type":"м.","description":"Држава на островот Борнео, Азија."},{"word":"брус","type":"м.","description":"Камен за точење, острење и за обработка на стакло, камен и сл."},{"word":"брусен","type":"прид.","description":"Што се однесува на брусење. Брусено стакло. Брусен камен."},{"word":"бруси","type":"несв.","description":"Обработува камен или стакло, мазни, точи. Тие брусат кристал."},{"word":"брусилка","type":"ж.","description":"Машина, алатка за брусење."},{"word":"брусница","type":"ж.","description":"Црвена боровинка, дрво и плод; Vaccinium vitis idaea L."},{"word":"брут","type":"м.","description":"Долгнавест метален шилест предмет со главче на другиот крај што може да се закове, да спои, да зацврсти нешто; клинец, шајка."},{"word":"брутален","type":"прид.","description":"Претерано груб, суров, безобѕирен. Тие биле мачени и брутално убивани."},{"word":"бруто","type":"прид.","description":"Тежина на стока заедно со обвивката и амбалажата."},{"word":"бруцелоза","type":"ж.","description":"Заразна болест кај животните која се пренесува и на луѓето преку производите од заразено животно или при директен допир со него. Од бруцелоза заболуваат најчесто овчарите, краварите и ветеринарните работници."},{"word":"бруцош","type":"м.","description":"Студент на прва година без положен испит. Бруцошите ги прими деканот на факултетот."},{"word":"брца","type":"несв.","description":"Става нешто во некоја течност, најчесто во вода; топи, потопува. Детето ги брцаше рацете во нечистата вода."},{"word":"брцне","type":"св.","description":"Стави, потопи нешто во некоја течност, најчесто вода. Тој ја брцна перодршката во мастилницата и започна да го пишува писмото."},{"word":"брчало","type":"ср.","description":"Дел од гајдата кој дава монотон низок тон. Стана, им отиде на гајдаџиите, им ги затна брчалата и запреа свирките."},{"word":"брчи","type":"несв.","description":"За инсекти ‒ брмчи. Брчеа пчелите околу улиштето."},{"word":"брчка","type":"ж.","description":"Набор, бразда, нерамнина на кожата предизвикана најчесто од старост. Лицето ѝ беше покриено со мрежичка од неподвижни брчки."},{"word":"брчка","type":"несв.","description":"Прави брчки на лицето, ја набира кожата во вид на брчки. Годините сè повеќе му го брчкаа лицето на старецот."},{"word":"брчкав","type":"прид.","description":"Што има брчки; набран во вид на брчки, што личи на брчки. Неизбричената брада му падна со брчкавите подгушки на градите."},{"word":"брчкоса","type":"св.","description":"Направи брчки на лицето; Пашата го брчкоса челото и веѓите се искосија со краиштата нагоре."},{"word":"брчне","type":"св.","description":"Забрчи малку, кратко. Мува да брчнеше, ќе се слушнеше."},{"word":"бршлен","type":"м.","description":"Зимзелено растение со долги гранки што се јази по цврста потпора; Hedera hilix. Од предната страна нашата куќа беше обрастена со бршлен."},{"word":"бршленов","type":"прид.","description":"Што е од бршлен. Бршленов венец."},{"word":"бу","type":"изв.","description":"Извик со кој се плаши некој. Одеднаш излезе едно дете што се криеше зад дрвото и викна силно бу!"},{"word":"буба","type":"несв.","description":"Учи механички, напамет. По малку делува изгубено, како студент што многу буба."},{"word":"буба","type":"ж.","description":"Инсект воопшто. И в трева еве малечкава буба / со крилцата плете невидливи ора."},{"word":"бубаќерен","type":"прид.","description":"Што е од памук, бубаќ. Бубаќерни чаршафи."},{"word":"бубалка","type":"ж.","description":"Инсект. Ако нема бубалки, ќе изумрат птиците."},{"word":"бубамара","type":"ж.","description":"Инсект тврдокрилец со црвена или жолта боја и со црни дамки; Coccinella septempunctata. Лет, лет бубамаро/ донеси ми гости."},{"word":"бубар","type":"м.","description":"Одгледувач на свилена буба."},{"word":"бубарство","type":"ср.","description":"Одгледување на свилени буби за добивање на свила."},{"word":"бубачка","type":"ж.","description":"Бубалка, инсект. Тие го слушаа брмчењето на бубачките."},{"word":"бубин","type":"прид.","description":"Што се однесува, што припаѓа на буба 2; свилена буба. Бубини црви. Бубини пеперуги."},{"word":"бубнува","type":"несв.","description":"Бацува нежно; дем. од бакне. Едно бакнешче, ѝ вели и ја бубнува во нажубравениот образ."},{"word":"буботи","type":"несв.","description":"Гори со силен пламен и испушта специфичен звук. Ќумбето буботи."},{"word":"бубрег","type":"м.","description":"Еден од двата органи од системот за излачување урина."},{"word":"бубреговиден","type":"прид.","description":"Што има облик, форма на бубрег. Ларвите имаат бубреговиден облик и секогаш се покриени со лигава материја."},{"word":"бубрежен","type":"прид.","description":"Што се однесува на бубрег. Бубрегот е обвиен со бубрежна ципа."},{"word":"був","type":"м.","description":"Ноќна птица грабливка; Bubo bubo. Во старата бука живееше еден був."},{"word":"бува","type":"несв.","description":"Испушта звук што го подражава гласот на бувот. Бууу, бууу! ‒ од куќата на кантарџиите бува бувот стар."},{"word":"бува","type":"несв.","description":"Удира, тупа, бие по нешто предизвикувајќи специфичен звук. Жените буваа матеница. Војниците го буваа (бувтаа) заробеникот со кундаците во грбот."},{"word":"бувалка","type":"ж.","description":"Дрво за удирање, пиралка, за чукање 'рж и сл. Со бувалката се чука 'рж."},{"word":"бувка","type":"ж.","description":"Туфка, пувка од пердуви на главата на некои птици. Убава беше шатката, со црна бувка на глава и со црвени нозе."},{"word":"бувка","type":"несв.","description":"Турка некого, удира, бува, предизвикувајќи специфичен звук; Тој бувка одвреме-навреме."},{"word":"бувне","type":"св.","description":"Тресне, силно удри. Тој ја бувна вратата и си отиде."},{"word":"бувта","type":"несв.","description":"Удира, бие, тупа по нешто. Тапаните цел ден бувтаа и свиреа зурли."},{"word":"бувтамбек","type":"м.","description":"Ќотек. Таму дошло до силни пресметки со бувтамбеци и ластегарки."},{"word":"Бугарија","type":"ж.","description":"Држава во Европа."},{"word":"будала","type":"и.","description":"ж./м. Глупак, нетокму, човек што не е сосема здрав со паметот. Будалите слепи се при очи. Пуштете го овој будала. Сандар будалиот."},{"word":"будалаштина","type":"ж.","description":"Будалско однесување, будалеста постапка"},{"word":"будалее","type":"несв.","description":"Станува будала. Тој старееше и будалееше сè повеќе и повеќе."},{"word":"будалест","type":"прид.","description":"Што покажува особини на будала, што се однесува како будала. Некогаш ми доаѓа будалеста мисла да дојдам во вашата соба и да ве гледам како спиете."},{"word":"будалетина","type":"м.","description":"Аугументатив и пејоратив од будала."},{"word":"будали (се)","type":"несв.","description":"Зборува или се однесува како будала, се прави будала. Си се натрескал, па се будалиш. Не будали (се)!"},{"word":"будалиште","type":"ср.","description":"Пејоратив од будала."},{"word":"Будва","type":"ж.","description":"Приморски град во Црна Гора."},{"word":"буден","type":"прид.","description":"Што не спие. Будниот чувар стражарел цела ноќ."},{"word":"буди","type":"несв.","description":"Прекинува состојба на спиење, прекинува некому сон. Мајката секое утро нежно го будеше синчето. Ме будат грмежи што доаѓаат откај планината."},{"word":"будизам","type":"м.","description":"Религија настаната врз основа на филозофското учење на Сидарта Гаутама, наречен Буда ‒ просветен. Во Индија будизмот е основна религија."},{"word":"будилник","type":"м.","description":"Часовник со ѕвоно или друга направа за будење. Будилникот заѕвони точно во шест часот."},{"word":"Будимпешта","type":"ж.","description":"Главен град на Унгарија."},{"word":"будист","type":"м.","description":"Припадник на будистичката религија. Тие се будисти."},{"word":"будоар","type":"м.","description":"Мал, елегантно украсен женски салон во станот."},{"word":"буен","type":"прид.","description":"Густ, што расте многу, во изобилство. Бујна трева. Бујно зеленило."},{"word":"Буенос Аирес","type":"м.","description":"Главен град на Аргентина."},{"word":"буза","type":"ж.","description":"Усни. Ги напрчила бузите."},{"word":"буи","type":"несв.","description":"Расте многу, во изобилство. Во мрежа од капки / буи густ честак. Овошките бујат и растат, но немаат цветни пупки и не раѓаат."},{"word":"буица","type":"ж.","description":"Вода што тече силно, брзо, што надоаѓа, обично по пороен дожд. Матни буици ги риеја патиштата, или нанесуваа купишта песок, камења и дрва."},{"word":"бујак","type":"м.","description":"Честак, густеж. Од бујакот, одвреме-навреме, ќе спрпоти потплашена шумска птица."},{"word":"бујрум","type":"изв.","description":"Повели, повелете. Бујрум, коџабаши, бујрум, повели седни, да направиме еден муабет."},{"word":"бука","type":"ж.","description":"(бот.) Вид листопадно, планинско дрво со широка крошна; Fagus silvatica. Среде лединката како стожер стоеше една голема расчаталена бука."},{"word":"бука","type":"ж.","description":"Шум, врева. Звучниците крескаат и се трудат да го надвладеат сиот брмчеж и бука."},{"word":"букагии","type":"ж.","description":"Метални алки со кои ги оковувале затворениците, пранги. Чифт букагии на нозе / и дробен синџир на раце."},{"word":"букар","type":"м.","description":"Дрвен сад за вода со синџир за носење преку рамо или за товарање на добиток. Жените ги наполнија букарот, бардачето и ѓумовите со вода и си тргнаа назад."},{"word":"буква","type":"ж.","description":"Знак со кој се означуваат одделните гласови во јазикот. Мала буква. Голема буква."},{"word":"буквален","type":"прид.","description":"Што одговара на напишаното од збор до збор, доследно, целосно. Буквален превод. Буквална смисла. Буквално значење."},{"word":"буквар","type":"м.","description":"Книга од која се учат буквите, за почетно учење. Разликата меѓу разгледаните буквари е во редоследот на буквите."},{"word":"букет","type":"м.","description":"Китка цвеќиња, обично уредно аранжирани. Тој ѝ подари букет од темјанушки."},{"word":"букле","type":"ср.","description":"Предено или ткаенина, набрчкано, што има кадрави нишки. Букле волница. Букле џемпер."},{"word":"буклија","type":"ж.","description":"Дрвен сад за вода или за вино со синџир за носење преку рамо или за товарање на добиток. Едно овчарче дојде на чешмата со голема буклија да наполни вода."},{"word":"буклинка","type":"ж.","description":"Буков желад."},{"word":"букне","type":"св.","description":"Пламне, наеднаш почне силно да гори. Пука камен, земја гори, / в пламен букнал селски плот."},{"word":"буков","type":"прид.","description":"Што е од бука. Букова шума. Букова граѓа. Буков паркет."},{"word":"буковец","type":"м.","description":"Вид зачин од истолчени суви пиперки, сол и зачини."},{"word":"буковина","type":"ж.","description":"Буково дрво, градежен материјал од буково дрво. Од одајчето идеше киселикава миризба на сурова буковина."},{"word":"буковка","type":"ж.","description":"Вид печурка што се јаде и се одгледува индустриски, во природата расте на паднати стебла, најчесто букови; Pleurotus ostreatus."},{"word":"букоглав","type":"прид.","description":"Тврдоглав. Тој е букоглав."},{"word":"букот","type":"м.","description":"Звук што се слуша при дејство проследено со силен звук, експлозија и сл. Уште беше темна ноќ кога кај Планина се зачу букот."},{"word":"букоти","type":"несв.","description":"Оддава силен звук. Топовите цела ноќ букотеа."},{"word":"букотница","type":"ж.","description":"Звук, силна бука, букотење. Зад ридиштата се слушаа букотници."},{"word":"Букурешт","type":"м.","description":"Главен град на Романија."},{"word":"була","type":"ж.","description":"Жена во традиционална женска муслиманска облека со зар и фереџе."},{"word":"була","type":"ж.","description":"Двостран метален печат на документите, повелбите на владарите и црковните поглавари."},{"word":"була","type":"ж.","description":"Во загуба, во минус, во економска смисла. Отиде во була."},{"word":"булдог","type":"м.","description":"Раса на куче со куса, сплескана муцка, со силно развиено тело и со куси нозе."},{"word":"булдожер","type":"м.","description":"Градежна машина. Ниските, трошни куќарки ги уриваа со булдожер."},{"word":"буле","type":"ср.","description":"Погачка, обично за раздавање за покоен."},{"word":"булевар","type":"м.","description":"Широка улица со дрворед."},{"word":"булјон","type":"м.","description":"Супа од месо (обично говедско) или од зеленчук во која непосредно пред служењето се разматува јајце. Жената му донесе шолја булјон."},{"word":"булка","type":"ж.","description":"Вид полско цвеќе, едногодишно растение со големи црвени цветови, див афион; Papaver rhoeas L. Кога се качивме на ридот, пред нас се рашири житно поле со румени булки низ него."},{"word":"булук","type":"м.","description":"Стадо, крдар, мноштво животни. Горе во тумбата излезе булук брави."},{"word":"бум","type":"м.","description":"Настан што оддекнува, за кој се слуша и се зборува, сензационален успех, напредок. Иако не свиреа комерцијална музика, направија бум на рок-сцената."},{"word":"бум","type":"изв.","description":"За подражавање звук при силен тресок, експлозија, истрел и сл. По десетина минути чув: бум, бум."},{"word":"бумбар","type":"м.","description":"Инсект од видот на тврдокрилци, со топчесто, влакнесто тело што брмчи при летањето. Одвреме навреме ќе залуташе бумбар или оса или пчела или некој од оние инсекти што упорно и непрестајно брмчат."},{"word":"бумбарест","type":"прид.","description":"Што има форма, облик на бумбар. Тој беше бумбарест, со бело валчесто лице. Бумбаресто лице."},{"word":"бумбаров","type":"прид.","description":"Што се однесува на бумбар. Бумбарово брчење. Бумбаров лет."},{"word":"бумеранг","type":"м.","description":"Вид оружје на австралиските домородци во вид на срп, кое се враќа на местото од каде што е фрлено ако не ја погоди целта. Домородците биле вооружени со копја и дрвени бумеранзи."},{"word":"бумка","type":"несв.","description":"Удира, треска, предизвикувајќи силен, тап звук. Тапаните бумкаа, зурлите пиштеа."},{"word":"бумтеж","type":"м.","description":"Силен, тап звук, трескот. Цела ноќ се слушаа бумтежи."},{"word":"буна","type":"ж.","description":"Бунт. Селанска буна."},{"word":"бунар","type":"м.","description":"Ископана и обѕидана длабока јама за вадење подземна вода. Луѓето градеа куќи, копаа бунари, оградуваа дворови."},{"word":"бунарџија","type":"м.","description":"Тој што копа бунари. Ѓуро бунарџијата копаше бунари во сите околни села."},{"word":"бунгалов","type":"м.","description":"Приземна дрвена куќичка за летување. За празникот изнајмивме бунгалов."},{"word":"бунгур","type":"м.","description":"Дробена пченица. Домаќинката секој ден мелеше бунгур."},{"word":"бунда","type":"ж.","description":"Горна облека од крзно. Дамите се завиткаа во бели бунди."},{"word":"буни","type":"несв.","description":"Поттикнува на бунт, бунтува. Тој отсекогаш го бунел народот."},{"word":"бунило","type":"ср.","description":"Состојба на полусвест, обично при болест со висока температура. Братчето беше во бунило."},{"word":"буништарец","type":"м.","description":"Вид инсект што живее на буниште; Geotrupes stercorarius."},{"word":"буниште","type":"ср.","description":"Место каде што се исфрла гнојот, ѓубрето од шталата. Ја рине пондилата, го изнесува гнојот на буниште, им дроби зелје на свињите."},{"word":"бункер","type":"м.","description":"Складиште. Дрогата била сместена во бункер во автомобилот."},{"word":"бунт","type":"м.","description":"Отворено противење, изразување незадоволство. Бунтот во училиштето започна со исклучувањето на неколку ученици."},{"word":"бунтовен","type":"прид.","description":"Што е секогаш готов на бунт. Тој е со бунтовен темперамент. Тој верно ги слика настаните од бунтовната историја на македонскиот народ."},{"word":"бунтовник","type":"м.","description":"Тој што учестува во бунт, што крева бунт. Врзаните бунтовници, откако влегоа во градот, ги кренаа главите високо."},{"word":"бунтовнички","type":"прид.","description":"Што се однесува на бунтовник. Бунтовнички водачи. Бунтовнички дух."},{"word":"бунтовништво","type":"ср.","description":"Активност, дејство на бунтовници. Тој се истакнал со верски фанатизам, шовинизам и бунтовништво."},{"word":"бунтува","type":"несв.","description":"Поттикнува на бунт. Тој ги бунтуваше слугите против експлоатацијата што ја вршеа над нив нивните господари."},{"word":"Бур","type":"м.","description":"Поранешен назив за Африканерите во Јужноафриканската Република."},{"word":"бура","type":"ж.","description":"Силен студен ветер со невреме, обично со дожд или снег. Се очекуваше езерска бура. Малото облаче се претвори во силна бура. Песочна бура. Снежна бура."},{"word":"Бургас","type":"м.","description":"Пристаништен град во Бугарија."},{"word":"бургија","type":"ж.","description":"Алатка за дупчење на разновиден материјал; сврдел. Од торбата вади тесла, турпии, бургии."},{"word":"буре","type":"ср.","description":"Дрвен или метален сад за течности, со два газера. Старецот по цел ден ги миеше дабовите буриња. Носел буриња маслинки по ерменските дуќани."},{"word":"бурек","type":"м.","description":"Вид ориентална пита. Бурекот беше топол и мирисно чуреше кога под малото виличе корите крцкаво му се двоеја."},{"word":"бурекчија","type":"м.","description":"Тој што прави бурек. Бурекчиите отвораа први во чаршијата."},{"word":"бурекчилница","type":"ж.","description":"Дуќан каде што се продава бурек. Од татка си ја наследи онаа бурекчилница сместена во предниот дел на куќата."},{"word":"бурен","type":"прид.","description":"Раздвижен, зафатен од бура. Бурно море."},{"word":"буреносен","type":"прид.","description":"Што навестува, што носи бура. Буреносните, темни и парталави облаци го покрија небото."},{"word":"бурет","type":"м.","description":"Вид ткаенина, најчесто од свила со специфично ткаење. Девојката носеше црвен фустан од бурет."},{"word":"буржоазија","type":"ж.","description":"Владејачка класа на капиталистичкото општество, сопственик на средствата за производство. Будењето на словенските традиции станува суштествена состојка на мирогледот на младата македонска буржоазија од половината на 19 век. Западноевропски буржоазии."},{"word":"буржоаски","type":"прид.","description":"Што припаѓа, што се однесува на буржоазија. Буржоаска класа. Буржоаска револуција."},{"word":"буржуј","type":"м.","description":"Припадник на буржоаската класа. Тапанџијата стои пред градските големци и новопечени буржуи."},{"word":"бурило","type":"ср.","description":"Дрвен сад за течности, обично со долгнавест облик, со два газера, погоден за товарање на добиток. Бурилото од сто оки беше полно вино. Празно бурило од масло стоеше во аголот."},{"word":"буричка","type":"несв.","description":"Меша нешто. Домаќинката го буричка бакрданикот над огнот."},{"word":"буричканица","type":"ж.","description":"Мешаница, бркотница. Меѓу селаните се направи буричканица."},{"word":"буричне","type":"св.","description":"Брцне. Трговецот бурична во џебот и извади една рака златници."},{"word":"бурјан","type":"м.","description":"Трајна зелена билка, висока од 1 до 2 метри, со ситни бели цветови и црни бобинки како плод; див бозел; Sambukus ebulus. Седеше во меѓата заграден со боз, бурјан, мирудија, коприви и плет од капини."},{"word":"бурјаниште","type":"ср.","description":"Земја зарасната во бурјан. Го прегази џадето, го помина и бурјаништето, стаса до беловицата."},{"word":"бурјаноса","type":"св.","description":"Зарасне во бурјан. Бавчата бурјаносала."},{"word":"Буркина Фасо","type":"ж.","description":"Држава во Африка."},{"word":"бурлеска","type":"ж.","description":"Литературно-сценски вид кој се одликува со претераност на комичните ефекти. Комичниот репертоар на театарот се движи од бурлеска до карактерна комика."},{"word":"бурлескен","type":"прид.","description":"Што личи или што е како бурлеска. Таа фантастика е бурлескна, игрива и духовита."},{"word":"бурма","type":"ж.","description":"Вид прстен, вообичаено златен, венчален или свршенички. Младоженците пред кумот и старосватот разменија златни бурми."},{"word":"Бурма","type":"ж.","description":"Поранешно име на Мјанмар."},{"word":"бурмалија","type":"прид.","description":"Прстен во форма на бурма. Прстен бурмалија."},{"word":"бурмут","type":"м.","description":"Прав од тутун за шмркање. Димитрија застана да шмркне бурмут и пак продолжи по патот."},{"word":"бурмутица","type":"ж.","description":"Кутивка за бурмут. Стариот кашла, пие јако црно кафе и шмрка бурмут од златна бурмутица."},{"word":"Бурса","type":"ж.","description":"Приморски град во Турција."},{"word":"Бурунди","type":"ср.","description":"Држава во Африка."},{"word":"бусија","type":"ж.","description":"Заседа. Комитите фатија бусија зад грмушките."},{"word":"бут","type":"м.","description":"(анат.) Дел од телото на човекот, од коленото до колковите; бедро. Беше ранет во рамото и во бутовите на двете нозе."},{"word":"бута","type":"несв.","description":"Турка. Тој го бута од себе детето."},{"word":"Бутан","type":"м.","description":"Држава во Азија."},{"word":"бутен","type":"прид.","description":"Што се однесува на бут. Бутна коска."},{"word":"бутик","type":"м.","description":"Современ дуќан, продавница за облека што се изработува по сопствени модели и во мали серии. Фустанот го купивме во еден бутик на кејот."},{"word":"бутин","type":"м.","description":"Тесен, долгнавест, дрвен сад за матење матеница. Жените врзуваа на бутините мартинки од смил и матерка."},{"word":"бутина","type":"ж.","description":"Бедро, колк. До него седеше таа, рацете ѝ беа на бутините."},{"word":"бутка","type":"несв.","description":"Турка. Селаните ги буткаа жените со децата поблиску до огнот."},{"word":"бутка","type":"ж.","description":"Киоск, трафика. Цигари купи во бутката на аголот."},{"word":"бутканица","type":"ж.","description":"Турканица, метеж. За да нема бутканици, ќе нè водат во редици ‒ рече жената."},{"word":"бутне","type":"св.","description":"Турне. Тој ја бутна вратата сосила и влезе."},{"word":"бутур","type":"м.","description":"Болест кај коњите со кашлање. Некои од добиците пцовисуваа природно, тивко и мирно ќе ги оптегнеа нозете, други пак си ги кршеа нозете или фаќаа бутури, имели и красти."},{"word":"бутуриса","type":"св.","description":"Јако и силно турне, бутне некого. Ја фати за раменици и ја бутуриса во отворената порта."},{"word":"бутурлив","type":"прид.","description":"Болен од бутур. Во таа куќа сите беа бутурничави"},{"word":"буф!","type":"изв.","description":"Извик со кој се имитира нешто што го предизвикува, или го испушта овој глас. И буф, буфна нешто зад ридон."},{"word":"буфка","type":"ж.","description":"Китка, туфка. На главата имаше голема буфка од пердуви."},{"word":"буфка (се)","type":"несв.","description":"Треска, удира силно предизвикувајќи шум, соодветен звук, Тој се буфкаше на земјата."},{"word":"буфне (се)","type":"св.","description":"Тресне, удри предизвикувајќи соодветен шум. Одејќи занесено тој буфна во затворената врата."},{"word":"буфта (се)","type":"несв.","description":"Треска, удира силно предизвикувајќи соодветен шум. Крај бреговите се буфтаа крупни крапови."},{"word":"буц!","type":"изв.","description":"За дејство на буцкање, Треба да му направиш буц, па да тргне"},{"word":"буца (се)","type":"несв.","description":"а) Боде, прободува. Детето со прстето ги буца сите присутни. б) (прен.) Козинавите покрови буцаат."},{"word":"буцка","type":"несв.","description":"Боде, прободува. Тој ме буцкаше со прстот во слабината."},{"word":"буцкало","type":"ср.","description":"Сврдел, шило, тоа со што може да се буцка."},{"word":"буцканица","type":"ж.","description":"Везало, сè во што се боцка со игла со цел да се навезе, закрпи, сошие и сл. Доста ми е од твоите буцканици."},{"word":"буцне","type":"св.","description":"Прободе. Стариот со бастунчето буцна во вреќата."},{"word":"бучава","type":"ж.","description":"Бука, ширење силни звуци. На полноќ се чу бучава, потоа татнеж."},{"word":"бучен","type":"прид.","description":"Што прави многу бучава. Бучните караници обично завршуваа со тепачка."},{"word":"бучи","type":"несв.","description":"Прави бука, бучава. Нашиот лифт бучи. Бучеа снежните води на Бабуна."},{"word":"буџа","type":"м.","description":"Важна личност најчесто од политичкиот свет."},{"word":"буџет","type":"м.","description":"Пресметка на приходите и расходите на државата, на установа, претпријатие итн., за определен период. Средствата од буџетот се намалени за 3 отсто."},{"word":"буџетар","type":"м.","description":"Лице што работи во буџетска установа."},{"word":"буџетски","type":"прид.","description":"Што се однесува на буџет. Буџетска организација. Буџетски дефицит."},{"word":"Буџумбура","type":"ж.","description":"Главен град на Бурунди."},{"word":"буша","type":"ж.","description":"Раса домашно говедо."},{"word":"бушав","type":"прид.","description":"Што не е исчешлан. Таа имаше долга бушава руса коса."},{"word":"бушави","type":"несв.","description":"Растура исчешлана коса, прави да изгледа неуредно. Стариот му ја бушавеше косата на внукот галејќи го по главата."},{"word":"Бушман","type":"м.","description":"Припадник на етничка група што живее во пустината Калахари во Африка."},{"word":"в","type":"предл.","description":"Глас, звучна согласка во македонскиот стандарден јазик, уснена според местото на образување, фрикативна според начинот на образување."},{"word":"в-","type":"претс.","description":"Претставка/префикс"},{"word":"ваа","type":"зам.","description":"Показна заменка за трето лице еднина, женски род."},{"word":"ваби","type":"несв.","description":"Вика, повикува, мами, примамува животно."},{"word":"Вавилон","type":"м.","description":"Древен град и држава во Месопотамија."},{"word":"Вавилонија","type":"ж.","description":"Античка држава во Месопотамија, денешен Ирак."},{"word":"вага","type":"ж.","description":"Направа за мерење тежина. Сточна вага. Децимална вага."},{"word":"вага","type":"несв.","description":"Мери тежина на нешто, премерува. Препорачливо е овие грла повремено да се вагаат, да се следи нивната жива маса."},{"word":"вагабонт","type":"м.","description":"Скитник, безделник, мангуп. Се плашеше да не ме нападнат чапкани, вагабонти."},{"word":"ваган","type":"м.","description":"Сад од кој се јаде; чинија. На масата лежеше ваган со густа чорба."},{"word":"вагина","type":"ж.","description":"Канал што води од надворешниот дел на женскиот полов орган до матката."},{"word":"вагинален","type":"прид.","description":"Што се однесува на вагина. Вагинални мускули. Вагинален секрет."},{"word":"вагон","type":"м.","description":"Железничка кола. Товарни вагони. Патнички вагон. Вагон-ресторан."},{"word":"вагонетка","type":"ж.","description":"Мал вагон за превоз на градежен материјал, руда и сл. Со вагонетки ја разнесуваа рудата."},{"word":"вада","type":"ж.","description":"Мал јаз, бразда што служи за доведување вода за наводнување. Потекоа бранчиња на првата вада на пченките озгора."},{"word":"вадалка","type":"ж.","description":"Градинарска канта за вадење, за полевање. Носеше од чешмата вода и ја прскаше со вадалката по леите."},{"word":"вадар","type":"м.","description":"Тој што вади, што полева цвеќиња, растенија и сл."},{"word":"вадарина","type":"ж.","description":"Такса за наводнување, за вадење."},{"word":"вадачка","type":"ж.","description":"Заработка. Тешко дека ќе има вадачка од оваа работа."},{"word":"вади","type":"несв.","description":"а) Извлекува нешто од некаде (надвор). Го вади часовникот од џебот на панталоните. Ги вади и ги распоредува своите хартии врз масата. Зафати да вади вода од бунарот. б) Извлекува, отстранува нешто (од човечко или животинско тело). Итар Пејо му вади заб на еден селанец. Лекарот му го вадеше куршумот на ранетиот. в) Извлекува нешто од друг, посебен предмет. Мајсторот ги вадеше шајките од штиците."},{"word":"вади","type":"несв.","description":"Наводнува, полева со вода. Селаните ги вадеа своите ниви."},{"word":"вадидуша","type":"м.","description":"Мачител. Ти да не можеш да му ја вратиш душата, вадидушо?"},{"word":"вадилка","type":"ж.","description":"Машина за вадење од земја компири, кромид и сл."},{"word":"вадици","type":"и.","description":"Вид рибарска мрежа."},{"word":"Вадуц","type":"м.","description":"Главен град на Лихтенштајн."},{"word":"важен","type":"прид.","description":"Што е значаен, влијателен, ценет. Мојот татко оставаше впечаток на деловен, важен жовек."},{"word":"важечки","type":"прид.","description":"Што важи, што има важност, вредност, што е во сила. Тоа отстапува од важечките општествени конвенции. Важечки правила."},{"word":"важи","type":"несв.","description":"Е во сила, во оптек. Тука важат други правила."},{"word":"важничи","type":"несв.","description":"Се прави важен. Се коцоревме, се важничевме, парадно марширавме."},{"word":"важност","type":"ж.","description":"Значење, сила, моќ, влијание. Тој не му придаваше никаква важност."},{"word":"ваза","type":"ж.","description":"Декоративно изработен сад што служи за ставање цвеќе или како украс. Во собата, на масичката, секогаш имаше ваза со свежо цвеќе"},{"word":"ваза","type":"ж.","description":"Горски брест; Ulmus montana. Под ведро небо вазата има стас и глас на девојче."},{"word":"вазал","type":"м.","description":"Во феудалниот период, благородник кој од друг повисок благородник добива земја во владеење. Кога потпораснал, вујко му му одделил една мала област од своето кралство и го направил свој вазал."},{"word":"вазален","type":"прид.","description":"Што има својство на вазал, што се однесува на вазал. Вазални земји. Вазални односи."},{"word":"вазалство","type":"ср.","description":"Однос меѓу феудалецот и вазалот."},{"word":"вазелин","type":"м.","description":"Маст што се користи во медицината, козметиката и во техниката."},{"word":"вазне се","type":"св.","description":"Зјапне. Што си се вазнал!?"},{"word":"вај!","type":"изв.","description":"Изразување на болка или жалост."},{"word":"ваја","type":"несв.","description":"Изработува, обликува уметнички пластични предмети, фигури од гипс, глина, дрво, мермер и сл."},{"word":"вајар","type":"м.","description":"Уметник што се занимава со вајање; скулптор."},{"word":"вајарство","type":"ср.","description":"Уметност на вајање, на изработување скулптури. Современо сликарство и вајарство."},{"word":"вајкар","type":"м.","description":"Вткаени линии по должината на платното, по основата."},{"word":"вака","type":"прил.","description":"На овој начин. Би се согласиле и вака. Сепак сето тоа мораше да заврши вака."},{"word":"вакантен","type":"прид.","description":"Што е празен, испразнет, слободен. Вакантно место."},{"word":"ваканција","type":"ж.","description":"Распуст. Доаѓаа неколку пати во Тетово за време на школските ваканции."},{"word":"вакат","type":"м.","description":"Време. И наши тргнаа дури таму, во Стамбол, против векот и вакатот наш."},{"word":"вакаф","type":"м.","description":"Имот добиен со завештание во верски и хуманитарни цели на џамија или црква; таков вид на верско задолжување."},{"word":"ваков","type":"прид.","description":"Што е како овој. На свое место ќе ги истакнеме и другите вакви несоодветства."},{"word":"вакол","type":"прид.","description":"За овци или други животни – што се бели со црно околу очите. Вакло јагне."},{"word":"вакуум","type":"м.","description":"(физ.) Празен, безвоздушен простор. Сите системи на машински уреди не работат врз принципот на вакуум."},{"word":"вакцина","type":"ж.","description":"Препарат од ослабени микроби, вируси или нивни излачувања што се дава заради заштита на организмот од заразни болести. Тој доби вакцина против грип."},{"word":"вакцинален","type":"прид.","description":"Што се однесува на вакцина и вакцинирање. Вакцинален пункт."},{"word":"вакцинација","type":"ж.","description":"Внесување на вакцина во организмот, вакцинирање. Сите добиени вакцини се внесуваат во картонот за вакцинација."},{"word":"вакцинира","type":"св. и несв.","description":"Внесе, внесува вакцина во организмот, даде, дава вакцина некому. Тој мора да се вакцинира пред да замине во таа земја."},{"word":"вала","type":"несв.","description":"Со тркалање преместува, обично тоа што е тркалесто; тркала."},{"word":"валавец","type":"м.","description":"Растение во вид на зелје со боцкав лист; Eryngium campestre."},{"word":"валавица","type":"ж.","description":"Направа или објект за валање платно и други ткаенини. Јамболијата уште не беше помината под валавица."},{"word":"валавичар","type":"м.","description":"Сопственик или работник со валавица."},{"word":"валавиште","type":"ср.","description":"Место каде што се вала стока или зајаци."},{"word":"валалница","type":"ж.","description":"Фабрика или работилница во која се валаат метали заради добивање помала дебелина или определен профил."},{"word":"Валандово","type":"ср.","description":"Град во Македонија."},{"word":"валанка","type":"ж.","description":"Вид капа, слична на кече. Тие баздриѓани со бели валанки на глава севезден се молат за мене."},{"word":"валач","type":"м.","description":"Огнар."},{"word":"Валенсија","type":"ж.","description":"Главен град на истоимената провинција во Шпанија."},{"word":"валентен","type":"прид.","description":"Што има валенција."},{"word":"валенција","type":"ж.","description":"(хем.) Способност на атомот на еден хемиски елемент да се врзува со атоми на други елементи, изразена со бројот на атомите на водородот или на други елементи во тој однос еднакви со него."},{"word":"валеријан","type":"м.","description":"валеријана."},{"word":"валеријана","type":"ж.","description":"Многугодишно зелјесто растение со ситни, бледорозови или бели цветови собрани во соцветија; мачетрева; Valeriana officinalis."},{"word":"валеријанов","type":"прид.","description":"Што се однесува на валеријана и валеријан. Валеријанови капки."},{"word":"Валета","type":"ж.","description":"Главен град на Малта."},{"word":"вали","type":"несв.","description":"Пали оган. Тоа е огништето каде се вали оган."},{"word":"валиден","type":"прид.","description":"Полноважен, законски заснован, важечки. Валидно решение. Валидни документи."},{"word":"валија","type":"м.","description":"Царски намесник, турски военоадминистративен старешина на една област (вилает). Ќе појдеме кај валијата и ќе се жалиме."},{"word":"валилак","type":"м.","description":"Област со која управува валијата."},{"word":"валјак","type":"м.","description":"Машина за набивање патишта."},{"word":"валка","type":"несв.","description":"Прави нешто да биде нечисто. Ги валка чевлите газејќи во калта."},{"word":"валкан","type":"прид.","description":"Што е нечист. Валкан чаршаф."},{"word":"валканица","type":"ж.","description":"Нечистотија. Снегот ги покриваше валканиците по селскиот сокак."},{"word":"валмест","type":"прид.","description":"Што е вретенест. Телото ѝ беше цврсто и валместо."},{"word":"валмо","type":"м.","description":"Вретено, оска, столб на воденично колце."},{"word":"валмоса","type":"св.","description":"Исуче во форма на валмо. Валмосани мустаќи."},{"word":"валог","type":"м.","description":"Планинска долина што се ора. Во валогот работеа неколку селани."},{"word":"Валонија","type":"ж.","description":"Област во Белгија, со франкофонско население."},{"word":"валоризација","type":"ж.","description":"Определување на вредноста, проценка; поправање или зголемување на цените на стоките, на валутата, хартиите од вредност, на инвестициите и сл. по вештачки пат. Може да се спроведе валоризација на хартиите од вредност."},{"word":"валоризира","type":"св. и несв.","description":"Изврши, врши валоризација."},{"word":"валта","type":"ж.","description":"Рамна и влажна плодна земја. Напролет лежеа на влажна и плодна валта и раскажуваа за зимата што помина."},{"word":"валуга","type":"ж.","description":"Топка направена од снег, од земја и сл. Снежни валуги."},{"word":"валугар","type":"м.","description":"Орев што се фрла во игра со ореви."},{"word":"валута","type":"ж.","description":"Паричниот систем земен во целост и паричната единица на некоја земја."},{"word":"валутен","type":"прид.","description":"Што се однесува на валута. Валутен курс на денарот."},{"word":"валцер","type":"м.","description":"Танц во такт од три четвртини."},{"word":"валчест","type":"прид.","description":"Што има издолжено тркалезна форма, тркалест. А тој беше бумбарест, со бело валчесто лице."},{"word":"валчи","type":"несв.","description":"Прави, обликува нешто во издолжено тркалезна форма."},{"word":"вам","type":"зам.","description":"Долга форма за индиректен предмет од личната заменка вие; се употребува сама или заедно со кратката форма ви. Јас вам ништо не ви велам."},{"word":"вамошен","type":"прил.","description":"Што е ваму, тукашен. Вамошни села."},{"word":"вампир","type":"м.","description":"Според народното верување, мртовец кој навечер го напушта гробот, ги дави луѓето и им ја пие крвта."},{"word":"вампири се","type":"несв.","description":"Се претвора во вампир."},{"word":"вампироса се","type":"св.","description":"Се претвори во вампир, стане вампир."},{"word":"вампирџија","type":"м.","description":"Според народното верување, тој што може да види или да убие вампир."},{"word":"ваму","type":"прил.","description":"На ова место, тука. На многумина им изгледам дека сум дојден ваму за да ја спасам својата кожа. Ела, ваму!"},{"word":"ваму-таму","type":"прил.","description":"На сите страни. Ја бараше ваму-таму под големите дрвја."},{"word":"вангелоса се","type":"св.","description":"Се исплаши, го фати ужас. Тој исцибри и се вангелоса."},{"word":"вангла","type":"ж.","description":"Поголем, обично емајлиран кујнски сад со потесно дно и поширок отвор. Нечистите садови ги ставаше во ванглата за подоцна да ги измие."},{"word":"вандак","type":"м.","description":"Врзоп, сноп, нешто врзано во сноп или куп. Вандак сено. Еден вандак алишта."},{"word":"вандал","type":"м.","description":"Човек наклонет кон уништување, особено културни вредности."},{"word":"Вандал","type":"м.","description":"Припадник на древно германско племе."},{"word":"вандализам","type":"м.","description":"Дивјаштво, уривање и разорување особено на културно–уметнички споменици."},{"word":"вандалство","type":"зам.","description":"Луѓето ги напуштаа квартовите згрозени од нашето вандалство."},{"word":"ванила","type":"ж.","description":"Вид тропско растение чиј плод поради убавиот мирис се користи како зачин; Vanilla planifolia."},{"word":"Вануату","type":"ср.","description":"Островска држава во Меланезија во Тихиот Океан."},{"word":"вапса","type":"св.","description":"Обои со боја. Ги вапса јајцата рано изутрина. Ја вапса облеката."},{"word":"вапсан","type":"прид.","description":"Обоен. Вапсано јајце. Вапсана облека. Вапсана коса."},{"word":"вапсанка","type":"ж.","description":"Невкусно напудрена, нашминкана жена."},{"word":"вапсило","type":"ср.","description":"Боја за вапсување."},{"word":"вар","type":"м.","description":"Печен варовник, што се користи за варосување и во градежништвото. Таму не беше белено со вар, ами со бела земја. Негасена вар. Хлорна вар"},{"word":"варај!","type":"изв.","description":"Извик што се употребува кога се повикува некој за да му се каже нешто чудно, жално, страшно."},{"word":"варак","type":"м.","description":"Многу тенок лист од злато, што се употребува за украс."},{"word":"вараклија","type":"прид.","description":"Позлатен, златно обоен."},{"word":"варакоса","type":"св.","description":"Позлати, обои со златна боја."},{"word":"варвар","type":"м.","description":"Кај старите Грци и Римјани ‒ име за народите и племињата што не биле од нивната етничка и културна заедница. Во овој дел на цивилизацијата народите се делеа на византијци и варвари."},{"word":"варваризам","type":"м.","description":"(само едн.) Начин на живот и мислење на варварите."},{"word":"варварство","type":"ср.","description":"(соц.) Една од етапите на развој на првобитното општество. Песните за лулање се дел од обредните песни коишто по своето потекло се пагански и веројатно се појавиле во периодот на варварството."},{"word":"варгалест","type":"прид.","description":"Вал"},{"word":"варда!","type":"изв.","description":"Извик за предупредување, чувај се, тргај се. Пат! Пат правете! Вардаа!"},{"word":"Вардар","type":"м.","description":"Река во Македонија."},{"word":"вардарец","type":"м.","description":"Ладен, северен ветар што дува по долината на реката Вардар."},{"word":"вардарка","type":"ж.","description":"Вид пченица."},{"word":"вардач","type":"м.","description":"Чувар, стражар. Биди верен вардач на сиот народ. Ти си вардачот на тоа стадо."},{"word":"варди","type":"несв.","description":"Внимава, демне, следи. Ќе треба овде да останеме и да вардиме на народот."},{"word":"вардило","type":"ср.","description":"Чевларски термин за работ од чевелот со кој се зацврстува ѓонот за кожата."},{"word":"варен","type":"прид.","description":"Што се однесува на храна приготвена со варење. Варена пченица. Варено јадење. Варено јајце."},{"word":"варен","type":"прид.","description":"Што е од вар. Варни соли."},{"word":"вареница","type":"ж.","description":"Каша направена од брашно."},{"word":"варзило","type":"ср.","description":"(бот.) Вид бразилско дрво од кое се прави црвена боја; Caesalpinia brasiliensis."},{"word":"вари","type":"несв.","description":"Готви храна во вода со загревање до степен на вриење. Вари компири. Вари качамак."},{"word":"вари","type":"несв.","description":"Загрева железо, метални делови за да ги спои."},{"word":"вариете","type":"ср.","description":"Вид театар, ноќен локал со разновидна забавна програма, музика и игри."},{"word":"вариетет","type":"м.","description":"Единка, или збир на единки од растителен или од животински вид кои се разликуваат од другите по една или повеќе незначителни карактеристики; разновидност."},{"word":"варијабила","type":"ж.","description":"Променлив дел од износ, од плата и сл."},{"word":"варијабилен","type":"прид.","description":"Што е променлив, непостојан. Тој е зависен од многу варијабилни фактори кои се меѓусебно поврзани."},{"word":"варијабла","type":"ж.","description":"Променлива големина, променлива вредност."},{"word":"варијанта","type":"ж.","description":"Еден од облиците во кои се јавува иста содржина. Јазик на нашата писменост е црковнословенскиот, се разбира во различни варијанти и со многубројни локални специфичности."},{"word":"варијантен","type":"прид.","description":"Што припаѓа, што се однесува на варијанта. Варијантно решение."},{"word":"варијација","type":"ж.","description":"варијанта."},{"word":"варилец","type":"м.","description":"Тој што заварува метал, железо."},{"word":"варило","type":"ср.","description":"Секое варено јадење, најчесто од зеленчук или од мешункаво растение."},{"word":"варимесо","type":"м.","description":"Шегобиец на свадби."},{"word":"вариола","type":"ж.","description":"Големи сипаници."},{"word":"варира","type":"несв.","description":"Се менува, се јавува во различни облици, не останува ист."},{"word":"варичела","type":"ж.","description":"Вид сипаница, овча сипаница."},{"word":"варја","type":"ж.","description":"Железен или дрвен алат во облик на чекан со кој се чука, кова или набива; голем чекан. Тие немале варји во рацете, туку тупаници и скорни."},{"word":"Варна","type":"ж.","description":"Приморски град во Бугарија."},{"word":"варница","type":"ж.","description":"Место каде што се вади варов камен."},{"word":"варовит","type":"прид.","description":"Што содржи вар. Варовити почви."},{"word":"варовник","type":"м.","description":"Варов камен. Нагоре од мостот, на стрмниот брег од сив варовник, од едната и од другата страна, се гледаат тркалести длапки."},{"word":"вароса","type":"св.","description":"Обои, обели со вар. Тој ја вароса куќата ова лето."},{"word":"варџија","type":"м.","description":"Тој што пече, прави, што произведува вар."},{"word":"варџилница","type":"ж.","description":"Место, јама каде што се гасне вар."},{"word":"Варшава","type":"ж.","description":"Главен град на Полска."},{"word":"вас","type":"зам.","description":"Долга форма за директен предмет и општа форма (со предлог) од личната заменка вие; кога не е со предлог, освен во поретки случаи, се употребува заедно со кратката форма ве. Ќе ве видиме и вас што ќе направите."},{"word":"васа","type":"несв.","description":"Одмаздува. Со нож ќе им васа."},{"word":"Василица","type":"ж.","description":"Првиот ден од Нова година по стариот календар, 14 јануари. Потоа дојде Божик, па Василица, па Водици."},{"word":"василичар","type":"м.","description":"Преправени, маскирани момчиња кои спроти Нова година, на 14 јануари по новиот календар, одат по домовите, играат разни игри и прават шеги во врска со празникот."},{"word":"василичарски","type":"прид.","description":"Што се однесува на василичар и на Василица. Василичарска облека. Василичарски песни."},{"word":"ват","type":"м.","description":"Во физиката ‒ единица за мерење електрична или механичка моќност."},{"word":"вата","type":"ж.","description":"Чист и преработен памук што служи за преврзување рани, за поставување облека, за јоргани и сл."},{"word":"вателин","type":"м.","description":"Ткаенина, обично памучна, прошиена што се користи за постава. Моето палто е исполнето со вателин."},{"word":"ватен","type":"прид.","description":"Изработен, исполнет со вата. Меки ватени полнетици."},{"word":"ватерполист","type":"м.","description":"Играч на ватерполо. Ватерполистите од нашата екипа постигнаа одлични резултати."},{"word":"ватерполо","type":"ср.","description":"Спортска, тимска игра со топка во вода. Денес започнува светскиот шампио–нат во ватерполо."},{"word":"Ватикан","type":"м.","description":"Држава-седиште на СветиотСтол во Рим."},{"word":"ватира","type":"св. и несв.","description":"Постави, поставува со вата."},{"word":"вафла","type":"ж.","description":"Вид слатки од тенки кори, исполнети со крем, чоколада и сл. Чоколадни вафли."},{"word":"ваш","type":"прид.","description":"Заменска придавка со посвојно значење ‒ што ви припаѓа вам. Вашата куќа е понова од нашата."},{"word":"Вашингтон","type":"м.","description":"Сојузна држава и главен град на САД."},{"word":"вашинец","type":"м.","description":"Сонародник, човек од ист роден крај со лицето со кое зборува."},{"word":"вашински","type":"прил.","description":"По ваше, на ваш начин, на ваш јазик. Штом не ме разбираш ќе ти кажам по вашински."},{"word":"вброи","type":"св.","description":"Вклучи, приопшти кон нешто. Евангелијата не можеме да ги вброиме во литературата, во потесното значење на тој збор."},{"word":"вѓаволи се","type":"св.","description":"Стане ѓаволест."},{"word":"вгази","type":"св.","description":"Згазне во нешто."},{"word":"вглави","type":"св.","description":"Прицврсти, постави во зглоб, во лежиште. Иконата беше вглавена на централниот столб."},{"word":"вгледа се","type":"св.","description":"Загледа се. Се вгледа во нивната палава игра."},{"word":"вглоби","type":"св.","description":"Постави во зглоб, зглоби. Невидливите 'рбети им се вглобиле во крцкави пршлени."},{"word":"вгнезди се","type":"св.","description":"Свие гнездо. Јато диви гулаби се вгнездиле во карпите."},{"word":"вгорешти се","type":"св.","description":"Премногу се затопли. Времево се вгорешти."},{"word":"вгори се","type":"св.","description":"Се вцрви, поцрвене (од сонце, оган). Силниот оган му го вгори лицето. Сиот се вгори во лицето."},{"word":"вгради","type":"св.","description":"Постави трајно, вклопи на соодветно место дел од мебел, елемент од конструкција и сл. Вграден плакар."},{"word":"вдаден","type":"прид.","description":"Што е занесен, внесен во работата. Тој си е вдаден и потресен по светите книги."},{"word":"вдаде се","type":"св.","description":"Се загне, се стрчне по некого. Тој се вдаде по крадецот, но не успеа да го стигне."},{"word":"вдахне","type":"св.","description":"Земе воздух, вдише. Таа вдахна уште еднаш, за да се надиши."},{"word":"вдахновен","type":"прид.","description":"Што е исполнет со творечки дух и со инспирација. Поетот го грее вдахновената работа."},{"word":"вдахновение","type":"ср.","description":"Состојба на творечки полет; инспирација. Филозофите и поетите во таа преселба открија извор на вдахновение, па почнаа да пишуваат студии, политички расправи, поезија."},{"word":"вдахновител","type":"м.","description":"Тој што дава вдахновение."},{"word":"вдене","type":"св.","description":"Вовлече, вовре низ нешто тесно. Таа мрзливо вденала конец во иглата."},{"word":"вдесно","type":"прил.","description":"По десната страна, надесно; Побегна во една споредна уличка, за миг застана и продолжи вдесно кон својата куќа."},{"word":"вдетини се","type":"св.","description":"Почне да се однесува, стане како дете."},{"word":"вдише","type":"св.","description":"Земе, вовлече воздух во белите дробови преку нос или уста. Со широко отворени гради вдишав свеж воздух"},{"word":"вдлаби","type":"св.","description":"Со притисок или на друг начин направи длабнатина. Тенкот го вдлаби асфалтниот пат каде што помина."},{"word":"вдлабнатина","type":"ж.","description":"Вдлабено место, дупка, во некоја површина (пат, ѕид и сл.) Стоеше пред малата вдлабнатина во ѕидот."},{"word":"вдлабнатост","type":"ж.","description":"Состојба на она што е вдлабено."},{"word":"вдлабочен","type":"прид.","description":"Што е задлабочен, внесен во нешто. Вдлабочен во работа. Вдлабочен во мислите."},{"word":"вдлабочи се","type":"св.","description":"Се задлабочи, се внесе во нешто. Од пазува извади некакво старо тефтерче и се вдлабочи над неговите пожолтени страници."},{"word":"вдовец","type":"м.","description":"Човек што по смртта на сопругата не се преженил. Кога остана вдовец, продолжи да живее со децата."},{"word":"вдовица","type":"ж.","description":"Жена што по смртта на сопругот не се премажила. Ретко ја посетуваше таа вдовица што живееше на крајот од градот."},{"word":"вдовство","type":"ср.","description":"Состојба на тој што е вдовец или на таа што е вдовица."},{"word":"вдовува","type":"несв.","description":"Живее како вдовец или вдовица."},{"word":"ве","type":"зам.","description":"Кратка заменска форма за директен предмет од вие; вие. Токму вас ве видов вчера крај патот."},{"word":"веавица","type":"ж.","description":"Силен ветер со снег, снежна бура. Вечерта фати силна веавица."},{"word":"веалка","type":"ж.","description":"Направа за веење, за прочистување на житото."},{"word":"веѓа","type":"ж.","description":"Со влакна обраснат лак над очната длабнатина. Сите погледи се свртеа кон момчето со бујни веѓи."},{"word":"веѓест","type":"прид.","description":"Што има големи, густи веѓи."},{"word":"вегетаријанец","type":"м.","description":"Тој што се храни само со растителна храна, што не јаде месо."},{"word":"вегетаријански","type":"прид.","description":"Што се однесува на вегетаријанец и на вегетаријанство."},{"word":"вегетаријанство","type":"ср.","description":"Исхрана исклучиво со растителна храна."},{"word":"вегетативен","type":"прид.","description":"Што се однесува на животните процеси (растење, исхрана, дишење и др.) на животните и растенијата."},{"word":"вегетација","type":"ж.","description":"(бот.) Растење, развивање на растенијата. Ѓубрењето на ливадите и пасиштата се применува наесен, кога ќе престане вегетацијата."},{"word":"вегетира","type":"несв.","description":"(бот.) Расте, живее. Тука успешно вегетираат различни растенија."},{"word":"веѓило","type":"ср.","description":"Гламна или смеса со маст со која се потцртуваат, истакнуваат веѓите."},{"word":"веѓица","type":"ж.","description":"Раб на платно. Пак седев на работ од креветот, врз веѓицата од старо веленце."},{"word":"веѓосува","type":"несв.","description":"Бојосува веѓи."},{"word":"веда","type":"ж.","description":"Молња, молскавица, секавица. Негде молсна веда, а потоа се слушна далечен татнеж."},{"word":"ведар","type":"прид.","description":"Што е јасен, без облаци, чист. Денот беше ведар и уште од изутрина топол. Ноќта беше ведра, полна со месечина."},{"word":"ведарница","type":"ж.","description":"Место каде што се ведат, се квачат пилиња."},{"word":"веде","type":"несв.","description":"За птици – квачи, расплодува. Квачката ги веде пилците."},{"word":"ведета","type":"ж.","description":"Позната, славна филмска или театарска актерка."},{"word":"веднаш","type":"прил.","description":"а) Во овој час, во овој момент. Не можеше веднаш да се реши да оди кај него иако неговите очи го викаа. б) Многу брзо, наскоро. Неговиот дедо веднаш по ослободувањето се пресели в град."},{"word":"ведне","type":"несв.","description":"Витка на некоја страна, наведнува. Двете кози од старецот ги веднеа гранките и им ги лупеа корите."},{"word":"ведреница","type":"ж.","description":"Вид на чаша во форма на ведро."},{"word":"ведри","type":"несв.","description":"Прави да биде ведар. Ветрот го ведреше небото."},{"word":"ведрина","type":"ж.","description":"Безоблачност, чистота, синило на небото. Ведрина полна со сонце се истури над градот."},{"word":"ведрица","type":"ж.","description":"Дрвен сад за вода, млеко и др.; Девојката се насмевна, прето–чувајќи го млекото од ведрицата во голем ѓум."},{"word":"ведро","type":"ср.","description":"Дрвен сад, обично без капак, со рачка прицврстена за една дага или со полукружна рачка, што служи за чување и пренесување вода и други течности, за вадење вода од бунар, за молзење и др. Во едната рака носеше ведро, а другата слободно ја мавташе крај себе."},{"word":"вее","type":"несв.","description":"Дува ветер. Вееше тивко, пролетно ветре."},{"word":"вежба","type":"ж.","description":"Повторување на некое дејство заради физичко или интелектуално усовршување. Во неделата имавме гимнастичка вежба пред народот."},{"word":"вежба","type":"несв.","description":"Развива кај себе или кај некого навики, вештина, способности преку често и редовно повторување на определена работа, дејство. Вежбам секое утро. Тие вежби не сум ги вежбал. Тој ги вежбаше војниците."},{"word":"вежбалиште","type":"ср.","description":"Место каде што се изведуваат вежби."},{"word":"вежбалница","type":"ж.","description":"Просторија за вежбање."},{"word":"вежбанка","type":"ж.","description":"Тетратка за вежбање. Вежбанка по математика."},{"word":"вежбач","type":"м.","description":"Тој што вежба. Тој вежбач на трапез освои прво место."},{"word":"вежбовен","type":"прид.","description":"Што се однесува на вежба. Вежбовни методи. Вежбовни активности."},{"word":"вез","type":"м.","description":"Украсна извезена шара на ткаенина или на некој друг предмет. Народен вез. Едноставен вез од црвено и црно. Богат вез."},{"word":"везаница","type":"ж.","description":"Исплетена низа од кромид, лук. Везаници кромид, лук."},{"word":"везачка","type":"ж.","description":"Жена што везе. Везачката извезе свилен појас."},{"word":"везбен","type":"прид.","description":"Што е со вез. Везбена декорација. Везбени ракотворби."},{"word":"везден","type":"прил.","description":"Цел ден, по цел ден. Тој ја праша каде разодуваше везден денеска."},{"word":"везе","type":"несв.","description":"Украсува со вез. Оваа наша девојка не сака ни да шие, ни да везе, ниту да плете."},{"word":"везен","type":"прид.","description":"Украсен со вез. Везено шамиче. Везени чорапи."},{"word":"везенка","type":"ж.","description":"Диња или пиперка со напречни рески, риги."},{"word":"везилка","type":"ж.","description":"Жена што везе;"},{"word":"везир","type":"м.","description":"Висок државен достоинственик во феудална Турција, носител на граѓанска и воена власт, министер. По краток престој во Солун тој беше поставен за везир на Босна."},{"word":"везирица","type":"ж.","description":"Жена на везирот"},{"word":"везиров","type":"прид.","description":"Што му припаѓа на везир. Везирова волја и наредба."},{"word":"везирство","type":"ср.","description":"Власт, звање, служба на везир."},{"word":"везник","type":"м.","description":"Тоа што е заврзано за носење, обично на рамо, на грб. Тој отиде во нивната корија да донесе везник шума за стоката."},{"word":"вејач","type":"м.","description":"Лице што вее жито."},{"word":"вејка","type":"ж.","description":"Гранка од дрво. Насобраа и суви вејки и веќе гореа два огна."},{"word":"вејне","type":"св.","description":"Дувне, поддувне. Навечер ќе вејне топло ветре."},{"word":"век","type":"м.","description":"Време од сто години како целина; столетие."},{"word":"веќе","type":"прил.","description":"Укажува на моментот на извршување на дејството – дека е извршено или дека е извршено пред очекувањето. Веќе сум готов. Веќе ја прочитав книгата. Зар веќе се вратил?"},{"word":"векна","type":"ж.","description":"Леб со долгнавеста форма. Обично самата месеше леб, правејќи големи, кафеави, вкусни векни."},{"word":"вековен","type":"прид.","description":"Што трае со векови, долготраен; што живее со векови. Вековна борба. Вековно ропство. Вековен даб."},{"word":"вековечен","type":"прид.","description":"Што нема ни почеток ни крај; вечен."},{"word":"вековечност","type":"ж.","description":"Особина на она што е вечно; бескрајност, бесмртност."},{"word":"вековит","type":"прид.","description":"Што трае со векови; што живее многу долго. Стар и вековит чинар."},{"word":"векот","type":"прил.","description":"Многу. А богатство имаше: векот винова лоза долу во присоите."},{"word":"вектор","type":"м.","description":"Големина што се карактеризира со својата бројна вредност и насока, која геометриски се претставува со отсечка, определена по должина и насока."},{"word":"векува","type":"несв.","description":"Живее долго време. Ете, сега неговото срце најде жена со која ќе векува."},{"word":"вел","type":"м.","description":"Парче тенка, прозрачна ткаенина со која жените си го покриваат лицето; превез."},{"word":"велар","type":"м.","description":"Заднонепчена согласка (к, г, х)."},{"word":"Велегезит","type":"м.","description":"Припадник на племе од македонските Словени."},{"word":"велеград","type":"м.","description":"Голем град."},{"word":"велемајстор","type":"м.","description":"Голем уметник; голем стручњак. Тој е велемајстор во скијање."},{"word":"велемајсторски","type":"прид.","description":"Одличен, професионален. Велемајсторска игра на нашиот шахист."},{"word":"веленце","type":"ср.","description":"Волнена прекривка, килимче. Старицата беше покриена со веленцето."},{"word":"велепосед","type":"м.","description":"Голем имот, голема површина на земјоделски имот што се наоѓа во нечија сопственост."},{"word":"велепоседник","type":"м.","description":"Сопственик на голем земјоделски имот, на велепосед."},{"word":"велепредавник","type":"м.","description":"Тој што извршил предавство спрема народот, државата."},{"word":"велепредавство","type":"ср.","description":"Предавство извршено спрема народот, државата. Тој го призна своето велепредавство."},{"word":"Велес","type":"м.","description":"Град во Македонија."},{"word":"велесила","type":"ж.","description":"Држава што се вбројува меѓу најсилните во светот, меѓу оние што решаваат за меѓународните односи. Договорот го потпишаа големите велесили."},{"word":"велеслалом","type":"м.","description":"Вид скијачка дисциплина со препреки."},{"word":"вели","type":"несв.","description":"Зборува, говори, усно соопштува. Јас како другар и пријател ти велам: нема да дозволам никаков разговор за таа работа."},{"word":"вели","type":"прид.","description":"Само во состав со имињата на деновите на страсната недела. Велипонеделник, Веливторник, Велисреда Величетврток, Велипеток, Велјасабота, Велјанедела."},{"word":"Велигден","type":"м.","description":"Христијански празник , ден на Христовото воскресение. На Велигден лупеше црвени јајца. Р Не е секој ден Велигден – не се случуваат секој ден убави, големи работи."},{"word":"Велигденски Остров","type":"м.","description":"Чилеански остров во Тихиот Океан."},{"word":"велигденче","type":"ср.","description":"Општ назив за неколку вида пролетни цвеќиња што цутат околу Велигден."},{"word":"велик","type":"прид.","description":"Што со своите особини ги надминува другите, што има големо значење. Велики дела. Великиот човек."},{"word":"Велика Британија","type":"ж.","description":"Име на остров во Атлантскиот Океан."},{"word":"великан","type":"м.","description":"Човек со исклучително ценети духовни особини, кој извршил големо влијание врз човештвото; значаен, познат, голем човек. Рацин спаѓа меѓу великаните чиешто дело е вградено во најпрогресивните традиции на македонскиот народ."},{"word":"велико-","type":"претс.","description":"Како прв дел од сложени зборови со придавката велик (великобугарски, великогрчки, великосрбин, великосрпски)."},{"word":"великови","type":"прид.","description":"Само во составот ‒ великови пости;"},{"word":"великодостојник","type":"м.","description":"Човек на висока положба во општеството или хиерархијата. Градски великодостојници. Црковен великодостојник."},{"word":"великодржавен","type":"прид.","description":"Што е својствен за голема држава."},{"word":"великодушен","type":"прид.","description":"Што е благороден, несебичен. Тој беше великодушен човек и им помагаше на сите."},{"word":"великолепен","type":"прид.","description":"Што е многу убав, раскошен."},{"word":"великомаченик","type":"м.","description":"Тој што умрел за христијанската вера трпејќи големи маки; тој што многу страдал."},{"word":"великопосен","type":"прид.","description":"Што се однесува на велики пост. Великопосниот богослужбен циклус. Великопосни недели."},{"word":"великосвештеник","type":"м.","description":"Свештеник со висок чин. Владетели и великосвештениците го држеле народот во покорност."},{"word":"Велингтон","type":"м.","description":"Главен град на Нов Зеланд."},{"word":"велици","type":"прид.","description":"Само во составот ‒ велици пости;"},{"word":"велича","type":"несв.","description":"Слави, фали. Сите го величаа херојот."},{"word":"величав","type":"прид.","description":"Што е возвишен. Величави подвизи. Величаво дело."},{"word":"величествен","type":"прид.","description":"Што предизвикува воодушевување, почитување; возвишен. Величествена глетка. Величествено откритие."},{"word":"величество","type":"ср.","description":"Титула на владател, монарх при обраќање или при споменување. Ваше величество."},{"word":"величина","type":"ж.","description":"Тој или тоа што е од извонредна вредност и значење, што е со врвни достоинства, што предизвикува почитување, восхит. Тоа што не го видоа неговите современици беше токму неговата величина. Јас уживам во твојата величина и се гордеам што имам за другар толку голем човек."},{"word":"велможа","type":"м.","description":"Богат и влијателен вршител на една од највисоките државни функции во некои земји."},{"word":"велосипед","type":"м.","description":"Превозно средство на две тркала што возачот го движи со нозете. Врвеа луѓе на велосипеди во правец на фабричкиот дел на градот. Детски велосипед. Женски велосипед."},{"word":"велосипедист","type":"м.","description":"Возач на велосипед. Поминаа двајца велосипедисти кои продаваа весници."},{"word":"Велс","type":"м.","description":"Земја во западниот дел на Велика Британија."},{"word":"велур","type":"м.","description":"Убава ткаенина со густи влакна, слична на сомот, на кадифе. Носеше фустан од црвен велур."},{"word":"вена","type":"ж.","description":"Цевчест крвен сад низ кој крвта од организмот се враќа во срцето. Повторно проструи крвта низ вените. Попуштени вени."},{"word":"венда","type":"несв.","description":"Безделничи. До квечерината вендаше по улиците."},{"word":"вене","type":"несв.","description":"За растение – губи свежина, боја, сјај, се суши. Наесен лисјето венеат и се сушат."},{"word":"венеричен","type":"прид.","description":"Што се однесува на болести на половите органи. Венерични болести. Венерично заболување."},{"word":"венеролог","type":"м.","description":"Лекар ‒ специјалист за венерични болести."},{"word":"венерологија","type":"ж.","description":"Гранка од медицината што се занимава со проучување и лекување на венеричните болести."},{"word":"венец","type":"м.","description":"Предмет со кружна или овална форма, исплетен од цвеќе, лисја и сл. или сличен предмет од метал, камен и др., како награда за победникот, во знак на почест, во радосни расположенија, во жалост и др. Сплетоа венец од полско цвеќе. Златен венец. Тие носеле венци од зелени лисје и бршлен."},{"word":"Венеција","type":"ж.","description":"Град во Италија."},{"word":"Венецуела","type":"ж.","description":"Држава во Јужна Америка."},{"word":"венозен","type":"прид.","description":"Што се однесува на вена. Венозна жила."},{"word":"венок","type":"м.","description":"Невестински венец (украс за на глава)."},{"word":"вентил","type":"м.","description":"Механичка направа со која се врши отворање и затворање на преминот на гасови или течности низ цевка. Ни по одвртувањето на вентилот не протекуваше капка вода."},{"word":"вентилатор","type":"м.","description":"Направа за проветрување на затворени простории. Големите тавански вентилатори одвај го разладуваа влажниот воздух."},{"word":"вентилација","type":"ж.","description":"(само едн.) Проветрување на затворени простории. Прозорчињата за вентилација постојано се отворени, ама воздухот е застоен и тежок."},{"word":"вентилира","type":"св. и несв.","description":"Проветри, проветрува. Просторијата се вентилира со посебен уред."},{"word":"венценосец","type":"м.","description":"Тој што е овенчан со слава."},{"word":"венча","type":"св.","description":"Склучи брак, изврши чин, обред на стапување во брак. Попе, ти нас ќе нè венчаш."},{"word":"венчавка","type":"ж.","description":"Венчање, венчавање; свадба. Венчавката беше многу убава."},{"word":"венчален","type":"прид.","description":"Што е наменет за венчавање. Венчален фустан. Венчален прстен."},{"word":"венчан","type":"прид.","description":"Што има статус на сопруг, сопруга. Јас сум венчана жена."},{"word":"венчаник","type":"м.","description":"Младоженец; сопруг. Го сретнав нејзиниот прв венчаник."},{"word":"венчанина","type":"ср.","description":"Такса за венчавка."},{"word":"венчаница","type":"ж.","description":"Извод од книгата на венчаните."},{"word":"венче","type":"ср.","description":"Дем. од венец."},{"word":"венчило","type":"ср.","description":"Венчавка, брак."},{"word":"вепар","type":"м.","description":"Машка дива свиња."},{"word":"вепровина","type":"ж.","description":"Месо од вепар."},{"word":"вера","type":"ж.","description":"Религија, вероисповед. Христијанска вера."},{"word":"веранда","type":"ж.","description":"Голем, покриен, обично застаклен балкон или трем. Тие седнаа околу една маса на големата веранда."},{"word":"вербаиист","type":"м.","description":"Човек што зборува многу, но не со некоја подлабока содржина во зборувањето."},{"word":"вербален","type":"прид.","description":"Што се состои од зборови, устен. Вербален дуел. Вербална комуникација."},{"word":"вербализам","type":"м.","description":"Употребување на многу зборови без потреба и без подлабока содржина; празно и безвредно зборување, расфрлување со зборови. Треба да се избегнува појавата на вербализам и сувопарно повторување во наставата."},{"word":"вербализација","type":"ж.","description":"(прав.) Составување на протокол, писмено сослушување."},{"word":"верверица","type":"ж.","description":"Мало шумско животно со долга опашка, цицач, живее на дрво и се храни со неговите плодови; Sciunus vulgaris. Ја виде таму на гранката од дивиот костен верверицата."},{"word":"верверичин","type":"прид.","description":"Што припаѓа на верверица, што е од верверица. Верверичина опашка."},{"word":"вергија","type":"ж.","description":"Данок. Каде се парите за вергијата и арачот во зрно што ми го должиш?"},{"word":"вергл","type":"м.","description":"Механички музички инструмент на кој со вртење на рачката се свират секогаш исти мелодии."},{"word":"вергла","type":"несв.","description":"Свири на вергл."},{"word":"верглаш","type":"м.","description":"Свирач на вергл."},{"word":"верен","type":"прид.","description":"Што е предан, приврзан, постојан во пријателството, во поддршката, во послушноста и сл. Верен другар. Верен слуга."},{"word":"вересија","type":"ж.","description":"Кредит, купување или давање на доверба, на почек. Во селскиот дуќан од вчера даваат стока на вересија."},{"word":"верзија","type":"ж.","description":"Едно од повеќе меѓусебно различни толкувања на ист факт или настан; варијанта. Споредувањето покажува дека се работи за две верзии."},{"word":"верзил","type":"м.","description":"Голема буква; начин на печатење, при што се употребуваат само големи букви."},{"word":"верзилен","type":"прид.","description":"Што се однесува на верзал. Верзална буква."},{"word":"верзира","type":"св. и несв.","description":"Упатува, информира."},{"word":"верзиран","type":"прид.","description":"Што е стручно упатен во нешто, информиран; вешт во нешто, извежбан, искусен. Тој беше добро верзиран во својата работа и можеше лесно да ги открие пропустите."},{"word":"верига","type":"ж.","description":"Низа од поврзани, преплетени метални алки; синџир. Окован во вериги."},{"word":"верижен","type":"прид.","description":"Што е во вид на верига, што се протега како верига. Верижен систем на производство."},{"word":"верижник","type":"м.","description":"Верига во оџакот над огништето на која виси котелот. Над него беше закачен верижник спуштен до жарта, а тука висеше бакарниот котел."},{"word":"верификативен","type":"прид.","description":"Верификативна фаза."},{"word":"верификатор","type":"м.","description":"Тој или тоа што врши верификација, што утврдува, што потврдува нешто. Практиката е крајниот верификатор на нашите концепции и ставови."},{"word":"верификационен","type":"прид.","description":"Што се однесува на верификација, што врши верификација. Верификациона комисија."},{"word":"верификација","type":"ж.","description":"Реалноста што ја нуди романот е подложна на верификација во стварноста."},{"word":"верифицира","type":"св. и несв.","description":"Испита, испитува, потврди, потврдува исправност. Посебна комисија ќе ги верифицира поднесените документи."},{"word":"вермут","type":"м.","description":"Вид алкохолен пијалак, вино или ракија со пелин; пелинач."},{"word":"верник","type":"м.","description":"Тој што проповеда некоја вера; тој што припаѓа на некоја верска организација. Верниците да го молеа господа да ги спаси од злото."},{"word":"вернољубец","type":"м.","description":"Тој што љуби верно; верно момче, верен маж."},{"word":"верност","type":"ж.","description":"Особина на тој што е верен."},{"word":"веровит","type":"прид.","description":"Што е достоен за верба, за доверба. Тој е веровит човек."},{"word":"веродостоен","type":"прид.","description":"На што може да се верува, што е достојно за верување, вистинит. Тој е веродостоен човек. Приказните се создадени врз веродостојни случки и настани."},{"word":"вероисповед","type":"ж.","description":"вера."},{"word":"вероисповеден","type":"прид.","description":"Што се однесува на вероисповед. Вероисповедни начела."},{"word":"веројатен","type":"прид.","description":"За кој се смета дека има можност да се оствари. Веројатен успех."},{"word":"веројатно","type":"мод.","description":"На веројатен начин, сигурно. Веројатно ќе успеам да дојдам вечерва."},{"word":"вероломен","type":"прид.","description":"Што не го држи дадениот збор, што не држи вера. Ете, колку си е човекот и сам себеси вероломен."},{"word":"вероломник","type":"м.","description":"Тој што ја прекршува верата; тој што не држи заклетва; што не држи даден збор."},{"word":"вероломност","type":"ж.","description":"(само едн.) Особина на тој што е вероломен."},{"word":"вероломство","type":"ср.","description":"Кршење на заклетва, непочитување на дадениот збор, ветувањето."},{"word":"верољубив","type":"прид.","description":"Што ја сака верата, што е побожен."},{"word":"веронаука","type":"ж.","description":"Наука за верата, верско образование како наставен предмет. Ти секогаш имаш петка по латински и по веронаука."},{"word":"вероотстапник","type":"м.","description":"Отпадник од верата; лице што се одрекло од верата. Веровит е патот што го изоди дотука и за вероотстапник него не го бива."},{"word":"вероучител","type":"м.","description":"Проповедник на некоја вера, религија."},{"word":"верс","type":"м.","description":"Стих; целина од ритмички стапки составена од слогови."},{"word":"версификатор","type":"м.","description":"Поет, стихотворец."},{"word":"версификација","type":"ж.","description":"Пишување, создавање стихови. Тој е голем мајстор на версификација."},{"word":"вертикала","type":"ж.","description":"Исправена, права линија што формира прав агол со хоризонтална површина;"},{"word":"вертикален","type":"прид.","description":"Што е исправен. Вертикална линија."},{"word":"верува","type":"несв.","description":"Смета, мисли, убеден е дека нешто е така како што се прикажува, како што се претставува, дека е вистинито, реално. Дали ти веруваш во тоа што го зборуваш? Таа веруваше дека е среќна."},{"word":"верују","type":"ср.","description":"Црковен текст во кој накратко се предадени основите на христијанската вера; кредо."},{"word":"весел","type":"прид.","description":"Што е радосен, расположен, среќен. Весел човек. Весело друштво. Весела расположба."},{"word":"веселба","type":"ж.","description":"Радост, весело расположение. Јас убаво пеам, ќе им правам веселби. Секоја категорија гости си има и свој начин за веселба."},{"word":"весели","type":"несв.","description":"Создава радост, задоволство и ведро расположение. Свирачите ги веселеа свадбарите."},{"word":"веселник","type":"м.","description":"Весел, ведар човек, кој сака шеги и смеа. Тој е добар човек, веселник, секогаш спремен за шега и песна."},{"word":"весла","type":"несв.","description":"Движи чамец или друго превозно средство на вода со помош на весло; плови со помош на весло. Цела ноќ веслал со чунот до сред езеро."},{"word":"веслач","type":"м.","description":"Тој што весла. Таа седеше напред, со лице свртена кон веслачот."},{"word":"весло","type":"ср.","description":"Дрвен предмет во вид на лопата, што служи за движење на чамецот или на друго превозно средство по вода. Со леснина замавнуваше со веслата, а потем го пушташе чунот да лизга по водата."},{"word":"весник","type":"м.","description":"Тој што носи некаква вест, порака; гласник. Над небото кружеа темни облаци, весници на оние силни дождови што паѓаат во тоа време. Низ калдрмата избивала трева, како прв весник на пролетта."},{"word":"весникар","type":"м.","description":"Продавач на весници; колпортер."},{"word":"весникарница","type":"ж.","description":"Продавница за весници."},{"word":"весникарство","type":"ж.","description":"Новинарство, журналистика."},{"word":"веспа","type":"ж.","description":"Вид мал, лесен мотоцикл."},{"word":"вест","type":"ж.","description":"Известување за нешто; глас, новост. Имам убава вест за тебе. Спортски вести."},{"word":"весталка","type":"ж.","description":"Кај старите Римјани – свештеница во храмот на божицата Веста."},{"word":"вестерн","type":"м.","description":"Популарен назив за филмови и романи во кои се прикажува американскиот Див Запад. Вестерн – филм."},{"word":"вести","type":"несв.","description":"Јавува, соопштува, навестува. Тешките темни облаци вестеа невреме."},{"word":"вестибил","type":"м.","description":"Широк трем во јавни згради. Ветерот ја беше отворил вратата во вестибилот."},{"word":"вестител","type":"м.","description":"Тој што известува за нешто; што носи вести."},{"word":"ветар","type":"м.","description":"Струење на воздухот во атмосферата предизвикано од разликата во температурата на воздушните слоеви или од разликата во притисокот. Дува ветар. Северен ветар."},{"word":"ветарлив","type":"прид.","description":"Што е проследен со ветар. Ветерливо време"},{"word":"ветвар","type":"м.","description":"Старинар."},{"word":"ветварница","type":"ж.","description":"Старинарница, антикварница."},{"word":"ветвее","type":"несв.","description":"За облека – станува ветво, избледува, се лити, се аби. Изложени на дожд и сонце, алиштата брзо ветвеат."},{"word":"ветеник","type":"м.","description":"Тој што е ветен, заветен некому или на нешто."},{"word":"ветеран","type":"м.","description":"Стар, ислужен војник. Воен ветеран."},{"word":"ветерен","type":"прид.","description":"Што работи на ветар. Ветерна мелница. Ветрени вртешки"},{"word":"ветерина","type":"ж.","description":"Наука за болестите и за лекувањето на животните."},{"word":"ветеринар","type":"м.","description":"Специјалист по ветерина; ветеринарен лекар или ветеринарен тех–ничар. Ветеринарот го прегледуваше добитокот."},{"word":"ветеринарен","type":"прид.","description":"Што се однесува на ветерина и на ветеринар. Ветеринарен лекар. Ветеринарна амбуланта."},{"word":"ветеринарство","type":"ж.","description":"ветерина."},{"word":"ветерница","type":"ж.","description":"Мелница на ветар. Во далечината се гледаа голем број ветерници."},{"word":"ветерничав","type":"прид.","description":"Што е како ветар, непостојан, променлив, лекомислен, несериозен. Ветерничав човек. Ветерничави чекори."},{"word":"вети","type":"св.","description":"Даде збор, се задолжи дека ќе исполни нешто. Тој им вети на децата дека ќе им купи учебници."},{"word":"ветици","type":"и.","description":"Невестински украс од бисери што се става околу ушите."},{"word":"ветка","type":"ж.","description":"Гранка. Ветките и цепениците што ќе преостанат, ќе изгнијат."},{"word":"веткарка","type":"ж.","description":"Жена што во пролет собира ветки за изработка на метли."},{"word":"веткач","type":"м.","description":"Вид грав што ползи, грав ползавец."},{"word":"вето","type":"ср.","description":"Право на поединец или држава да се спречи донесување на некој заклучок или одлука; забрана. Само неколку држави имаат право на вето. Стави вето."},{"word":"ветов","type":"прид.","description":"Што е стар, износен, избледен. Под куќата седеше старец во нечиста и ветва кошула."},{"word":"ветошар","type":"м.","description":"Старинар, антиквар."},{"word":"ветошина","type":"ж.","description":"Стари работи, старудии. По патот го сретнав купувачот на ветошини."},{"word":"ветрее","type":"несв.","description":"За течност ‒ испарува и ги губи своите карактеристични својства. Виното во лошо затворените шишиња полека ветреело."},{"word":"ветреник","type":"м.","description":"Ветрогон."},{"word":"ветрило","type":"ср.","description":"Ладало. Таа брзо седна и си го скри лицето со ветрилото."},{"word":"ветрина","type":"ж.","description":"Ладовина, сенка. Времето беше топло и тој се сокри во ветрината на големата крошна од дрвото."},{"word":"ветриште","type":"ср.","description":"Силен ветар. Ветриштата натрупуваат таму високи преспи и снегот се задржува понекогаш и во мај."},{"word":"ветровит","type":"прид.","description":"Што е изложен на ветар, во кој има ветар. Ветровита есен. Ветровито место. Ветровито време."},{"word":"ветровка","type":"ж.","description":"Кусо, спортско палто од непропустлива ткаенина што штити од ветер."},{"word":"ветроган","type":"м.","description":"Зелјесто растение со боцкави листови; Erungium campestre."},{"word":"ветрогон","type":"м.","description":"Лекоумен, непромислен, непостојан човек. Се прочу дека и не биле студенти, туку ветрогони, крадци."},{"word":"ветрогонест","type":"прид.","description":"Што се однесува како ветрогон, што има особини на ветрогон."},{"word":"ветроказ","type":"м.","description":"Инструмент што го покажува правецот на дувањето на ветрот. На куќите можат да се направат убави ветрокази од ламарина."},{"word":"ветромер","type":"м.","description":"Инструмент за мерење на брзината на ветрот."},{"word":"ветромет","type":"м.","description":"Место изложено на силен ветар."},{"word":"ветрометен","type":"прид.","description":"Што се наоѓа, што е изложен на силен ветер."},{"word":"ветроса","type":"св.","description":"Преплаши."},{"word":"ветроштина","type":"ж.","description":"Зол дух, авет. Не верувам во ветроштиње, ни во добри или лоши самовили."},{"word":"ветрушка","type":"ж.","description":"(зоол.) Вид мал сокол кој умее да лебди во воздухот; Falco tinnunculus. На црницата долетаа две ветрушки."},{"word":"ветувачки","type":"прид.","description":"Што ветува. Ветувачки погледи."},{"word":"вечен","type":"прид.","description":"Што не престанува да трае, што нема поче–ток ни крај, бесконечен, бескраен. Вечна љубов. Вечна благодарност."},{"word":"вечер","type":"прил.","description":"Што е во тек, што минала или што иде во текот на денот. Вечер ќе одиме в театар."},{"word":"вечер","type":"ж.","description":"Времето од зајдисонце до полна темница, првите часови на ноќта. Во долгите зимски вечери седеа крај огништето и раскажуваа приказни."},{"word":"вечера","type":"св. и несв.","description":"Јаде вечера, последен оброк во денот. Ние во летно време вечераме на чардак. Тој вечера набрзина."},{"word":"вечера","type":"ж.","description":"Оброк што се зема навечер. Вечерата беше сервирана на терасата."},{"word":"вечерава","type":"прил.","description":"Во текот на оваа вечер. Вечерава ќе имаме гости."},{"word":"вечерашен","type":"прид.","description":"Што се однесува на оваа вечер. Вечерашната претстава. Жената го сипа измолзеното вечерашно млеко во крблата и го покри со цедилото."},{"word":"вечерва","type":"прил.","description":"Во оваа вечер. Тој ќе дојде вечерва да се види со своите пријатели. Вечерва треба да се навади градинчето."},{"word":"вечерен","type":"прид.","description":"Што се однесува на вечер. Вечерен весник. Црн вечерен фустан. Вечерно училиште."},{"word":"вечерина","type":"ж.","description":"Приквечер, време пред да настапи вечер. Една вечерина се врати тој од туѓина."},{"word":"вечеринка","type":"ж.","description":"Вечерна забава. Младите приредуваа вечеринки во општинската зграда."},{"word":"вечериште","type":"ср.","description":"Место каде што пасат овците навечер, пред второто молзење."},{"word":"вечерна","type":"ж.","description":"Вечерна црковна служба. Камбаната бие за вечерна."},{"word":"вечерник","type":"м.","description":"Ветар што дува навечер. Во сувите лисја зашуме вечерникот. Вечерникот ката вечер јурнува околу полноќ од Маркукуле надолу."},{"word":"Вечерница","type":"ж.","description":"Ѕвезда што се гледа навечер прва по заоѓањето на сонцето, Венера. На темното модрило на небото се јави Вечерницата, светла и треперлива."},{"word":"вечерта","type":"прил.","description":"Во таа вечер. Го почести со една ракија и го задржа вечерта на конак дома."},{"word":"вечерум","type":"прил.","description":"Навечер. Вечерум момите одеа на вода."},{"word":"вечна","type":"ж.","description":"Пекол. Под земјата била вечната, живеалиштето на сотоната."},{"word":"вечност","type":"ж.","description":"Својство на тоа што е вечно."},{"word":"вешт","type":"прид.","description":"Што има практика, способност, умеење за лесно и брзо извршување на некоја работа. Вешт мајстор. Вешти раце."},{"word":"вештак","type":"м.","description":"Специјалист поканет пред суд да даде мислење по одделно прашање од својата струка. Мислењето на вештакот ги потврди сомневањата на судот."},{"word":"вештачи","type":"несв.","description":"Дава стручно мислење за одредено прашање пред судски орган. Во тој спор вештачеше архитектот Арсовски."},{"word":"вештачки","type":"прид.","description":"Што не е природен, што се создава, што не се добива по природен пат; Вештачко цвеќе. Вештачки заби. Вештачко ѓубре. Вештачко езеро."},{"word":"вештер","type":"ж.","description":"Мистично зло суштество, маѓесник, маѓесница. Лоша вештерка."},{"word":"вештина","type":"ж.","description":"Способност за вршење определена работа со леснотија, брзо и добро; опит, стручност, мајсторство. Вештина на изработка на предмети од дрво."},{"word":"вжарен","type":"прид.","description":"Што е усвитен, загреан до состојба на жар. Вжарено железо. Вжарена печка."},{"word":"вжари","type":"св.","description":"Усвити, загрее, доведе до состојба на жар. Ковачот го вжари железото и почна да го кове."},{"word":"вжеже","type":"св.","description":"Станува жежок до усвитеност. Го вжежа каменот и во крпа го стави на болното место да го топли."},{"word":"вжештен","type":"прид.","description":"Што е многу загреан. Вжештената печка татнеше во малото сопче. Со вжештено железо го бележеа добитокот."},{"word":"вжешти","type":"св.","description":"Загрее на висока температура. Јулското сонце ги беше вжештило асфалтните улици."},{"word":"вживее се","type":"св.","description":"Тој имал способност да се вживее во раскажувањето."},{"word":"вживи се","type":"св.","description":"Се внесе, вникне во нешто со соживување. Тој се вживи во карактерите на ликовите што ги креирал."},{"word":"вжили се","type":"св.","description":"Пушти жили, се прими, се фати (за растение). Новото дрвце изгледа добро се вжилило."},{"word":"вземи","type":"прил.","description":"Во земјата, под површината. Ги запретува гламните вземи да се изгаснат."},{"word":"взори","type":"прил.","description":"Изутрина, во зората. Другиот ден взори отиде кај него."},{"word":"вѕида","type":"св.","description":"Вгради, заѕида (во ѕид). Многу бигорни камења вѕидале мајсторите во манастирот."},{"word":"вѕира се","type":"несв.","description":"Се загледува со внимание. Јадрите очи се вѕираа напред во темнината."},{"word":"ви","type":"зам.","description":"Кратка форма за индиректен предмет од личната заменка вие; се употребува сама или заедно со долгата форма ‒ вам ви; вам. Дали ви кажаа? Ви испратиле порака. Вам не ви е доволно тоа. Вам што ви треба?"},{"word":"вибратор","type":"м.","description":"Направа, апарат, машина што дава ритмични треперења, што вибрира."},{"word":"вибрација","type":"ж.","description":"Осцилаторно движење со голема честота; треперење. Вибрации на нервните влакна. Комбајнот за берење на винско грозје работи на принцип на вибрации. Мелодиски вибрации."},{"word":"вибрационен","type":"прид.","description":"Што вибрира, што трепери; Вибрациона бормашина."},{"word":"вибрира","type":"несв.","description":"Трепери, се наоѓа во состојба на треперење. Од допирот на гудалото жиците на инструментите вибрираат. Под тежината на тешките товарни возила мостот доста забележливо вибрира."},{"word":"вива","type":"несв.","description":"Пламти, гори силно со пламен;"},{"word":"вивка","type":"ж.","description":"Колак што се подметнува на главата за носење товар. Наместете си ги вивките убаво на главите да не ви се нишаат котлињата."},{"word":"вивне","type":"св.","description":"За оган ‒ пламне, силно се разгори. Огнот вивна наеднаш. По бомбардирањето во градот вивнаа пожари."},{"word":"виѓава","type":"несв.","description":"Гледа, опфаќа со сетилото за вид. На едното око виѓава по малку."},{"word":"вигвам","type":"м.","description":"Шатор, колиба на северноамериканските Индијанци."},{"word":"вигна","type":"ж.","description":"Ковачка, железарска работилница. Влезе во вигната да потклепа палечник."},{"word":"вид","type":"м.","description":"Едно од петте сетила, чијшто орган се очите; способност на окото да реагира на светлината, да го восприема надворешниот свет. Му ослабе видот. Го загуби видот на едното око."},{"word":"вид","type":"м.","description":"Подраздел во систематиката кој влегува во системот на повисокиот раздел ‒ род; тип. Вид растение."},{"word":"вида","type":"несв.","description":"Лекува. Старата видаше од секакви болести со баење и тревки."},{"word":"видар","type":"м.","description":"Човек што лекува со народски лекови."},{"word":"видвиделија","type":"ж.","description":"Многу, премногу далеку. Сега сме навистина во видвиделија, преку сино море."},{"word":"виделен","type":"прид.","description":"Што е сјаен, светол. Ваква виделна ноќ со месечина одамна немало."},{"word":"виделина","type":"ж.","description":"Светлина. Утринската виделина го проретчуваше мракот над полето. Р Изнесе на виделина ‒ обелодени некоја тајна."},{"word":"виделниче","type":"ср.","description":"Примитивна светилка на газија, со борина или со свеќа; место каде што се поставува борина или свеќа да гори заради осветлување на просторијата. Бедното виделниче одвај ја осветлуваше собата."},{"word":"видело","type":"ср.","description":"Светлина. Си заминаа по видело. Се прибира уште со видело и се затвора вкуќи."},{"word":"виден","type":"прид.","description":"Што се однесува на вид1. Видно поле. Сите звучни и видни халуцинации што се случуваа во пустината имаа фосфоресцентна природа."},{"word":"виден","type":"прид.","description":"Што е важен, истакнат, значаен. Видни селани му доаѓаа на гости. Видни истражувачи ќе учествуваат на средбата."},{"word":"видео","type":"ср.","description":"(разг.) Краток филм снимен со помош на видеокамера."},{"word":"видео-","type":"претс.","description":"Како прв дел од сложенки, означува дека вториот дел од зборот се однесува на магнетоскопска снимка или на нејзино прикажување, на пр.: видеоигра, видеокамера, видеокасета."},{"word":"видеоигра","type":"ж.","description":"Електронска игра на екранот на телевизорот, комјутерот или на специјален уред во центрите за ваков вид забава."},{"word":"видеокамера","type":"ж.","description":"Електронска камера за снимање на магнетоскопска лента."},{"word":"видеокасета","type":"ж.","description":"Касета со намотана лента за снимање и репродуцирање на снимен материјал. Тој редовно позајмуваше видеокасети од видеотеката."},{"word":"видеоклуб","type":"м.","description":"Дуќан за изнајмување на видеокасети за репродукција во домашни услови."},{"word":"видеоматеријал","type":"м.","description":"Материјал снимен со видекамера или видеорикордер."},{"word":"видеопроекција","type":"ж.","description":"Проекција на видеоматеријал. Видеопроекцијата на најновите филмски остварувања се одржа во киното „Центар“."},{"word":"видеорикордер","type":"м.","description":"Апарат за снимање на телевизиска програма и репродукција на видеокасети на екранот на телевизорот."},{"word":"видеоспот","type":"м.","description":"Краток филм снимен како визуелна поддршка за забавномузички настапи. Неговиот најнов видеоспот доживеа голем успех."},{"word":"видеотека","type":"ж.","description":"Дуќан за изнајмување на видеокасети за репродукција во домашни услови; збирка на видеокасети."},{"word":"видеотехника","type":"ж.","description":"Апарати и инструменти поврзани со магнетоскопска снимка, снимање и прикажување."},{"word":"видеофил","type":"м.","description":"Љубител на видеотехника."},{"word":"видеофилм","type":"м.","description":"Филм снимен на видеокамера."},{"word":"видеофон","type":"м.","description":"Апарат со можност за комуницирање по аудио и визуелен пат."},{"word":"види","type":"св.","description":"а) Насочи поглед кон нешто, опфати со сетилото за вид. Оддалеку видоа дим што се дигаше од селото. Тој виде на саемот многу нови производи. Од ридот го видоа езерото. б) Здогледа, забележи некого или нешто. Видовме како идат сватови. Тој нè виде кога влегувавме. На патот виде две жени."},{"word":"види","type":"изв.","description":"При исчудување. Види, види, што голем маж си бил!"},{"word":"видик","type":"м.","description":"Простор до каде што може да се гледа со голо око, што може да се опфати со поглед. Качен на столот добива поголем видик."},{"word":"видлив","type":"прид.","description":"Што може да се види, што се гледа. Го изложуваше планот со видливи знаци на возбуда. Едвај видлива насмевка му се појави на лицето."},{"word":"видливост","type":"ж.","description":"Својство на тоа што може да се види."},{"word":"видно","type":"прил.","description":"Видливо, очевидно. Беше видно возбуден од средбата."},{"word":"видовит","type":"прид.","description":"Што може да гледа, да предвидува работи што ќе се случат во иднина, јасновидец, визионер. Видовитата жена им ја претскажуваше судбината на луѓето."},{"word":"видовиште","type":"ср.","description":"Гледање, посета, визита. Пред четири години беше на видовиште во татковината и пак се врати тука, на туѓина."},{"word":"видоизмени","type":"св.","description":"Смени изглед, форма на нешто, направи видлива промена. Комисијата го видоизмени својот првобитен предлог. Современата техника го видоизмени животот на нашите луѓе."},{"word":"видокруг","type":"м.","description":"Видик, хоризонт. Добро ги разгледа предметите што му се наоѓаа во видокругот."},{"word":"видра","type":"ж.","description":"Животно со издолжено тело приспособено за живот во и покрај вода, многу подвижно и брзо; Lutra lutra. Видрата го фати рипчето, се преврте на плеќи и слатко го изеде пред очите на љубопитните посетители."},{"word":"видрест","type":"прид.","description":"Што има изглед на видра."},{"word":"видрин","type":"прид.","description":"Што е од видра. Носеше кабаница со околувратник од видрино крзно."},{"word":"видувална","type":"ж.","description":"Просторија во која луѓето може да се видат. Затворската видувална беше речиси празна."},{"word":"видувачка","type":"ж.","description":"Видување, гледање, средба. Да бидеме со добра мисла, а видувачка пак има."},{"word":"вие","type":"несв.","description":"Прави да биде криво, свиткува, свива. витка Акробатот виеше железни прачки со голи раце."},{"word":"вие","type":"несв.","description":"За животно (волк, пес) ‒ издава силен, продолжителен глас. Кучињата виеја надвор. Волци вијат некаде во планините."},{"word":"вие","type":"зам.","description":"Лична заменка за второ лице множина; се употребува за обраќање кон множество лица или кон едно лице како претставник на множеството. Ако сакате, и вие дојдете со нас. Вие прво договорете се, па кажи ни што ви треба."},{"word":"виеж","type":"м.","description":"Виење, завивање на волк или куче; Виеж на волчица."},{"word":"Виена","type":"ж.","description":"Главен град на Австрија."},{"word":"Виентијан","type":"м.","description":"Главен град на Лаос."},{"word":"Виетнам","type":"м.","description":"Држава во Азија."},{"word":"виза","type":"ж.","description":"Дозвола од странска влада за престој, влез или за премин низ нејзината земја. Влезна виза. Транзитна виза."},{"word":"Византија","type":"ж.","description":"Средновековна држава произлезена од Источното Римско Царство."},{"word":"византиски","type":"прид.","description":"Што се однесува на Византиското, односно на Источноримското Царство. Византиска некропола. Византиски стил."},{"word":"византолог","type":"м.","description":"Научник што се занимава со византологија."},{"word":"византологија","type":"ж.","description":"Наука што се занимава со проучување на духовната и материјалната култура на Византија."},{"word":"визба","type":"ж.","description":"Просторија во куќа што се наоѓа под нивото на приземјето; подрум."},{"word":"визглавје","type":"ср.","description":"Перница, место на кое се става главата при спиење. Камен клала визглавје / со трева се покрила."},{"word":"визен","type":"прид.","description":"Што се однесува на виза. Визен режим."},{"word":"Визигот","type":"м.","description":"Припадник на древно германско племе."},{"word":"визија","type":"ж.","description":"(псих.) Халуцинација на сетилото за вид која ја сметаме за вистинита, без потпора во реалниот свет; привидение. Посегна кон снежната визија пред него, кон ликот на девојката што ја сакаше."},{"word":"визионер","type":"м.","description":"Тој што може да ги предвиди случувањата, видовит човек. Тој е визионер, човек на иднината."},{"word":"визионерство","type":"ср.","description":"Способност да се гледа во иднината. Неговото визионерство се преточува во реалност."},{"word":"визир","type":"м.","description":"(истор.) Дел од шлемот што се става преку очите, подвижна решетка, штитник. Ги спуштија визирите и тргнаа во напад."},{"word":"визира","type":"св. и несв.","description":"Стави, става виза на пасош, на патна исправа. Нашите пасоши ги визира грчкиот конзулат во Скопје."},{"word":"визира","type":"св. и несв.","description":"Насочува, управува поглед во определен предмет, зема на око, опсервира определен предмет или појава. Уметникот го визираше со моливот својот модел. Астрономите (со најмодерни инструменти) го визираа соѕвездието Лира."},{"word":"визита","type":"ж.","description":"Посета, одење на гости. Тој ги покани на визита, на кафе. Вечер одеше во проштална визита кај вујковците."},{"word":"визитација","type":"ж.","description":"Посета, смотра, преглед, особено на состојбата во која се наоѓа некоја установа. Дошол еднаш во селото и владиката од Битола во канонска визитација."},{"word":"визитен","type":"прид.","description":"Што е наменет за визити, што се однесува на визита. Ги прими во визитната одаја. Визитната картичка ја предаде на жената што му ја отвори вратата."},{"word":"визит-карта","type":"ж.","description":"Визитна карта, посетница, картичка со основните генералии на носителот, име и презиме, звање/работно место, адреса, телефон и сл.;"},{"word":"визуелен","type":"прид.","description":"Што е видлив, што се гледа. Визуелни и акустични претстави. Богата визуелна имагинација. Визуелни сензации. Визуелен ефект."},{"word":"виј","type":"м.","description":"Завивање;"},{"word":"вијадукт","type":"м.","description":"Мост над долина, пат, мочурливо место, обично со повеќе лакови."},{"word":"вијак","type":"м.","description":"Скопен овен."},{"word":"вик","type":"м.","description":"Силен глас, извикување со цел да се обрне внимание. Даде вик по него. Во долината се разлеа заглушен вик. Во селото утринската тишина почнаа да ја нарушуваат детски викови."},{"word":"вика","type":"несв.","description":"Зборува, кажува гласно. Сите викаа: „Песна да чуеме!“"},{"word":"викач","type":"м.","description":"(разг.) Тој што многу вика, прави викотница. Тој е голем викач."},{"word":"викенд","type":"м.","description":"Неделен одмор."},{"word":"викендичка","type":"ж.","description":"Куќичка во која се поминува викендот, куќичка за одмор."},{"word":"викинг","type":"м.","description":"Средновековен скандинавски морнар и воин."},{"word":"Викинг","type":"м.","description":"Припадник на средновековен народ од Скандинавскиот Полуостров."},{"word":"виклер","type":"м.","description":"Мала направа на која се витка косата за да биде кадрава. Носеше виклери на главата."},{"word":"викне","type":"св.","description":"Гласно се обрати на некого, најчесто по име или со наредба. Тој ѝ викна да слезе. Стражарот викна „Стој“."},{"word":"виконт","type":"м.","description":"Аристократ по ранг меѓу гроф и барон, во Франција, Англија и во други земји."},{"word":"викот","type":"м.","description":"Вик, врева. Однадвор дојдоа до нас викоти. Кошмарен викот се слушаше по улицата."},{"word":"викотница","type":"ж.","description":"Викање, врева, викот. До нас допреа викотници, удари, офкање. Од двете улички се зачу силна викотница."},{"word":"Викторија","type":"ж.","description":"Главен град на Сејшелите/Сејшелските Острови."},{"word":"Викторија","type":"ж.","description":"Езеро во Африка."},{"word":"викум","type":"прил.","description":"Со викање. Сите викум викаат: Амин!"},{"word":"вила","type":"ж.","description":"Орудие со два или повеќе краци, парошци за работа со сено, слама, гној и сл. Со железна вила го вадеше гнојот од шталата. Селаните најчесто имаа обични дрвени вили со кои го превртуваа сеното да се суши."},{"word":"вила","type":"ж.","description":"Убава, раскошна куќа, обично надвор од градот, резиденција или наменета за одмор. Во вилата „Атина“ живееше чичко ми."},{"word":"вила","type":"ж.","description":"Женско митско суштество со неверојатна убавина, со натприродна моќ; самовила. Дедо ни раскажуваше приказни за вили и секакви други чуда."},{"word":"вилает","type":"м.","description":"(истор.) Област во Турското Царство со која управувал валија. Битолски вилает."},{"word":"вилаетлија","type":"м.","description":"Роднокраец, земјак. Таму пак се насобраа околу нив нови вилаетлии, прилепчани, велешани, тиквешани и други од Македонија."},{"word":"вилаетски","type":"прид.","description":"Што се однесува на вилает. Бил затворен во вилаетскиот затвор во Битола. Вилаетската управа се грижеше за нив."},{"word":"Вила Зора","type":"ж.","description":"Древен град во Источна Македонија."},{"word":"вилар","type":"м.","description":"Тој што прави вили."},{"word":"вилест","type":"прид.","description":"Што има форма на вила1."},{"word":"вилин","type":"прид.","description":"Што припаѓа, што се однесува на вила3."},{"word":"вилица","type":"ж.","description":"Челусна коска во која се враснати забите. Долан вилица. Горна вилица. Беззаба вилица. Ги стегна вилиците до болка."},{"word":"виличен","type":"прид.","description":"Што се однесува на вилица. Вилична коска."},{"word":"виличест","type":"прид.","description":"Што е во облик на вила."},{"word":"виличи се","type":"несв.","description":"Се криви, ја криви устата во знак на потсмев, исмејување и сл. Детето ја развлекува устата, ја виличи."},{"word":"вилјак","type":"м.","description":"Стог сено."},{"word":"вилнее","type":"несв.","description":"Беснее, лудува; се пројавува во голема сила Водата на дотечената река вилнееше меѓу карпестите брегови. Војната вилнееше околу нас."},{"word":"Вилнус","type":"м.","description":"Главен град на Литванија."},{"word":"виљушка","type":"ж.","description":"Дел од приборот за јадење, со запци, што служи за набоднување на храната. Со виљушката набодна парче сирење."},{"word":"виљушкар","type":"м.","description":"Возило што служи за кревање и пренос на товар во магацини и сл."},{"word":"виме","type":"ср.","description":"Млечен жлездест орган кај некои домашни животни (крава, овца, коза и др.), особено преживари, кој се состои од две до четири млечни жлезди обвиени со кожа. Добитокот се враќа од пасење со полни вимиња."},{"word":"вимест","type":"прид.","description":"Што личи или има форма на виме."},{"word":"вина","type":"ж.","description":"Престап, грешка на поединец или група во однос на општоприфатените норми. Тој ја призна својата вина. Негова вина е што дошло до експлозија во погонот."},{"word":"винар","type":"м.","description":"Производител или трговец на вино. Тој е најпознатиот винар во нашиот крај."},{"word":"винарина","type":"ж.","description":"Данок или такса за вино што во времето на Турското Царство се плаќал за произведеното вино, а се плаќал со вино."},{"word":"винарница","type":"ж.","description":"Просторија за производство и чување на вино."},{"word":"винарски","type":"прид.","description":"Што се однесува на вино и на с# што е во врска со преработката на виното. Винарска визба."},{"word":"винарство","type":"ср.","description":"Производство и преработка на вино. Винарството во нашата земја е добро развиено."},{"word":"виндјакна","type":"ж.","description":"Кратка спортска јакна што штити од ветер, ветровка. Носеше кожена црна виндјакна."},{"word":"Виндхук","type":"м.","description":"Главен град на Намибија."},{"word":"винен","type":"прид.","description":"Што се однесува на вино, Винена чаша."},{"word":"Виница","type":"ж.","description":"Град во Македонија."},{"word":"вино","type":"ср.","description":"Алкохолен пијалак добиен со ферментација на сок од грозје. Младо вино. Во чашата блескаше црно тиквешко вино. Тој испил две-три чаши рујно вино и се опијанил. Три дни се точи вино и ракија."},{"word":"винов","type":"прид.","description":"Што се однесува на вино. Винова лоза."},{"word":"виновен","type":"прид.","description":"Што има вина. Тој е виновен за несреќата."},{"word":"виновник","type":"м.","description":"Тој што е виновен за нешто. Тој е виновник за сè што се случи на состанокот."},{"word":"виногорје","type":"ср.","description":"Регион каде што се одгледува винова лоза, лозарски реон. Овој систем на кроење може со успех да се применува во сите наши виногорја."},{"word":"виножито","type":"ср.","description":"Оптичка атмосферска појава во форма на лак што настанува со прекршување на сончевите зраци низ дождовните капки, при што се добива спектар на белата боја од седум бои, божилак; Arcus pluvius. Се верува дека појавата на виножито означува бериќет. Виножитото се појави веднаш по преврнувањето."},{"word":"винопиец","type":"м.","description":"Тој што пие многу вино. Тој е голем винопиец."},{"word":"винороден","type":"прид.","description":"Крај, регион богат со лоза и во кој се произведува многу вино; лозарски крај, регион. Винородна земја."},{"word":"винотека","type":"ж.","description":"Збирка на вина, бар за дегустација на вина, продавница на одбрани вина."},{"word":"вински","type":"прид.","description":"Што е од вино, што се однесува на вино. Вински оцет. Винска чаша. Винска мушичка. Винска карта."},{"word":"винт","type":"м.","description":"Машински цилиндричен (обично шестостран) елемент со спирален навој; навртка."},{"word":"вињак","type":"м.","description":"Вински дестилат, ракија добиена со печење, варење на вино, вид коњак."},{"word":"вињета","type":"ж.","description":"Украс на почетокот или на крајот од текстот, првобитно со мотив на винова лоза, орнамент. Тој црташе вињетки на секаде."},{"word":"виола","type":"ж.","description":"Гудачки инструмен со четири жици, по големина и според тонскиот регистар помеѓу виолина и виолончело. Виолите даваат плачливо ехо."},{"word":"виолетен","type":"прид.","description":"Што е со синоцрвена боја, со боја на темјанушка, Сонцето го открива виолетниот прелив на гушките од гулабите."},{"word":"виолетов","type":"прид.","description":"Што е со боја на темјанушка, Слезот има нежни виолетови цветови. Виолетова боја."},{"word":"виолина","type":"ж.","description":"Гудачки инструмент со четири жици, највисок според тонскиот регистар од сите гудачки инструменти. Концерт за виолина и оркестар. Ја земаше виолината и свиреше ориентална музика."},{"word":"виолинист","type":"м.","description":"Свирач на виолина."},{"word":"виолински","type":"прид.","description":"Што се однесува на виолина. Виолинско гудало. Виолинска футрола. Виолински оркестар."},{"word":"виолист","type":"м.","description":"Свирач, уметник на виола."},{"word":"виолончелист","type":"м.","description":"Свирач, уметник на виолончело."},{"word":"виолончело","type":"ср.","description":"Гудачки инструмент со четири жици, по тонскиот регистар меѓу контрабас и виола;"},{"word":"виор","type":"м.","description":"Многу силен ветер. Високите буки зафатени од виорот се виткаат, крцкаат, допирајќи се со врвовите. Виорот на есенските луњи се слуша низ оџакот."},{"word":"виорен","type":"прид.","description":"Што е како виор. Виорен бран. Виорен ветер. Виорна луња."},{"word":"виори","type":"несв.","description":"Виуличаво разнесува, прави да се вее во воздухот, обично нешто лесно. Силниот ветар ги виореше првите силни снегулки и исушени лисја. Ветрот виореше низ полето."},{"word":"вир","type":"м.","description":"Длабоко место во река каде што слабо истекува водата и прави вртежи, витли. Вирот што го направивме во реката не беше подлабок од мишките. Од железничкиот мост надолу почнуваа опасни вирови."},{"word":"вирее","type":"несв.","description":"За растение ‒ расте, успева. Во нашата држава виреат некои индустриски билки. Борот вирее до определена надморска височина."},{"word":"вири","type":"несв.","description":"Собира вода или друга течност во вид на вир, прави вир. Под карпава вири."},{"word":"вирман","type":"м.","description":"Документ, образец за безготовинско плаќање меѓу субјектите во платниот промет."},{"word":"вирмански","type":"прид.","description":"Што се однесува на вирман, плаќање со вирман."},{"word":"вироза","type":"ж.","description":"Болест предизвикана од вирус. Ова е време на вирози и настинки."},{"word":"виртуелен","type":"прид.","description":"Измислен, невистинит, што го има само како можност. што може да се пројави. Виртуелен свет."},{"word":"виртуоз","type":"м.","description":"Врвен репродуктивен уметник, во прв ред музичар, кој совршено владе со техниката на својата уметност. Виртуоз на виолина. Виртуоз на хармоника."},{"word":"виртуозен","type":"прид.","description":"Совршено вешт, технички совршен, извонреден. Виртуозна изведба."},{"word":"вирус","type":"м.","description":"Микроорганизам поситен од бактерија што може да предизвика заразна болест. По навлегувањето на вирусот во крвта, се јавува висока температура."},{"word":"вирусен","type":"прид.","description":"Што се однесува на вирус, што е предизвикан од вирус. Вирусна инфекција на дишните патишта."},{"word":"вирџинија","type":"ж.","description":"Тип тутун со широк лист и послаба ароматичност."},{"word":"Вирџинија","type":"ж.","description":"Сојузна држава во САД."},{"word":"виршла","type":"ж.","description":"Вид тенок колбас од фино посно месо."},{"word":"вис","type":"м.","description":"Висина, просторот далеку над земјината површина. Капите ги фрливме во вис."},{"word":"висечки","type":"прид.","description":"Што виси, што е поставено во положба да виси. Висечки мост. Висечки кујнски елементи."},{"word":"виси","type":"несв.","description":"Стои закачен, обесен на нешто без потпора од долната страна. По чардаците висеа низалки со риби. Две слики висеа на ѕидот. На ластарот висеше еден прекрасен голем грозд црно грозје."},{"word":"висина","type":"ж.","description":"Вертикална димензија, вертикално растојание од подножјето на некое тело до неговиот врв."},{"word":"виска","type":"несв.","description":"Издава висок и остар глас, обично за коњ; Жените плачеа, коњите вискаа пред жалната глетка на Мечкин Камен."},{"word":"виски","type":"ср.","description":"Алкохолен пијалак што се прави со ферментација на жито. Тој правеше евтино виски од пченка."},{"word":"вискоза","type":"ж.","description":"Густа леплива маса што се добива со преработка на целулоза по хемиски пат од која се изработуваат вештачки влакна."},{"word":"вискозен","type":"прид.","description":"Што се однесува на вискоза, што е направен од вискоза, леплив. Вискозна маса."},{"word":"вискозитет","type":"м.","description":"Отпорот што го отежнува движењето на честичките низ некоја течност."},{"word":"Висла","type":"ж.","description":"Река во Полска."},{"word":"висне","type":"св.","description":"Се закачи, се обеси на нешто без да има потпора од долната страна. Таа висна онесвестена на неговиот врат."},{"word":"висне","type":"св.","description":"Коњот нешто насети, се вознемири и висна."},{"word":"висок","type":"прид.","description":"а) Долг во вертикален правец, што е со голем раст, што има голема раз–далечина оддолу нагоре, низок. Тој е повисок од сите во класот. Највисока зграда во градот. Високи балкони. Околу куќата имаше висок плет. б) Што има димензии по вертикала поголеми од просечните. Високо чело. Високи топуци.Висок раст. в) Што има точно одредена димензија, изразена со мерна единица. Таванот е висок 2.70. Кошаркарот беше висок 2 метра и 5 сантиметри. Карпата беше висока преку сто метри."},{"word":"висок","type":"м.","description":"Ѕидарски алат во форма на конус за определување вертикала при ѕидањето."},{"word":"високо-","type":"претс.","description":"Како прв дел од сложенки со значење: а) Што се издига високо (високоградба, висококатница); б) Што го има во голема мера, во голем степен тоа што е означено со вториот дел од сложениот збор (висококвалитетен, висококвалификуван, високообразован)."},{"word":"високоградба","type":"ж.","description":"Градење на висококатници, со повеќе катови."},{"word":"висококатница","type":"ж.","description":"Зграда со многу катови."},{"word":"висококвалитетен","type":"прид.","description":"Што е со висок, голем квалитет. Виното е со висококвалитетни својства."},{"word":"висококвалификуван","type":"прид.","description":"Што има високи квалификации. Висококвалификувани кадри од црната металургија."},{"word":"високонапонски","type":"прид.","description":"Што има висок напон. Високонапонска мрежа."},{"word":"високообразовен","type":"прид.","description":"Што се однесува на високото образование. Високообразовен процес. Високообразовна институзија."},{"word":"високопарен","type":"прид.","description":"Што е изразен со висок стил, тешко разбирлив, надуен, вообразен. Високопарен говор."},{"word":"високопреосвештен","type":"прид.","description":"Титула што оди со звањето митрополит и архиепископ, што се однесува на лице со ваква титула."},{"word":"високопреосвештенство","type":"ср.","description":"(со дополнение, Ваше, Негово) Титула на архиепископ и митрополит. Ваше високопреосвештенство."},{"word":"високопродуктивен","type":"прид.","description":"Што е со голема продуктивност, што се однесува на голема продуктивност. Високопродуктивни раси свињи."},{"word":"високороден","type":"прид.","description":"Што е со голем род, што раѓа многу. Високородна пченица."},{"word":"високосен","type":"прид.","description":"Само во изразот: Високосна година ‒ престапна година."},{"word":"високоуважен","type":"прид.","description":"Што е многу уважен, почитуван. Високоуважениот господин Трајковски."},{"word":"високоучен","type":"прид.","description":"Што е многу учен."},{"word":"високофреквентен","type":"прид.","description":"Што е со висока фреквенција. Тоа е високофреквентна радиостаница која емитува програма за далечните, прекуморски земји. Високофреквентен радиопредавател."},{"word":"високошколски","type":"прид.","description":"Што се однесува на високото школство, т.е. образование. Високошколски установи."},{"word":"висорамнина","type":"м.","description":"Рамнина или благо брановита област, со надморска висина над 200, рамнина во планински крај, плато. Висорамнината Витачево е најголема висорамнина во нашата земја."},{"word":"висост","type":"ж.","description":"Со додатокот Ваша, при обраќање кон личност од висок ранг. Ваша висост."},{"word":"височество","type":"ср.","description":"Титула на член на царско, на кралско семејство, со дополнување Ваше, негово и сл. при обраќање од почит. Негово царско височество."},{"word":"височина","type":"ж.","description":"Висина воопшто, висина како вертикална димензија, висина Падна од неколку метри височина."},{"word":"вистина","type":"мод.","description":"За потврдување на кажаното. Вистина, така се случи."},{"word":"вистина","type":"ж.","description":"Тоа што одговара на стварноста, тоа што е реален приказ на објективната стварност, Тој им ја кажа вистината на селаните."},{"word":"вистинит","type":"прид.","description":"Што се заснова на вистина, што ја содржи вистината. Овие приказни во основата имаат некој вистинит настан."},{"word":"вистинољубив","type":"прид.","description":"Што ја сака вистината, што се бори за неа."},{"word":"вистински","type":"прид.","description":"Што постои, што е реален; лажен, измислен. Вистинско злато. Вистинска случка. Вистинско семејство. Вистински бисери."},{"word":"висулец","type":"м.","description":"Тоа што е обесено, што виси. На таванот имаше еден лустер со стаклени висулци."},{"word":"вит","type":"прид.","description":"Што е тенок, слаб, а висок. Вита ела. Вита става. Вити оморики. Девојката одеше пред мене висока, тенка, вита."},{"word":"витален","type":"прид.","description":"Што е полн со живот, отпорен, животоспособен. Витален старец."},{"word":"витамин","type":"м.","description":"Органско соединение неопходно за нормално функционирање на организмот."},{"word":"Витачево","type":"ср.","description":"Висорамнина во Македонија."},{"word":"витез","type":"м.","description":"Средновековен воин, коњаник; феудалец, припадник на благородничкиот сталеж што со посебен церемонијал го добивал тоа звање; ритер, рицар. Храбар витез. Витез скитник."},{"word":"вител","type":"м.","description":"Кружно движење на течност или гас (вода, воздух и др.) околу една точка или оска. Во витлите под карпите се создаваше бела пена и се вртеше во круг. По чезата се креваа витли прав."},{"word":"витештво","type":"ср.","description":"Култ на храброст, верност, гордост, благородност што го развиле витезите. Витештвото одамна не постои."},{"word":"витка","type":"ж.","description":"Свиткан крај на пита, баница. Жените месеа и печеа во фурните зелници со дебели витки."},{"word":"витка","type":"несв.","description":"Прави да биде криво, свива. Старата виткаше врбови прачки и плетеше кошници. Ветрот ги виткаше трските на брегот."},{"word":"виткав","type":"прид.","description":"Што се витка лесно."},{"word":"виткалник","type":"м.","description":"Вид пита со големи витки."},{"word":"Витлеем","type":"м.","description":"Град во Израел."},{"word":"витли","type":"несв.","description":"Се движи брзо со вртење, прави вител, се наоѓа во силно кружно движење. Витлеше лапавицата."},{"word":"виток","type":"прид.","description":"Што е тенок, слаб, вит. Витка убавица. Таа имаше долги и витки нозе. Витка јасика."},{"word":"виторог","type":"прид.","description":"Што има големи спирално извиткани рогови. Виторог елен."},{"word":"витос!","type":"изв.","description":"Извик при бркање, терање, бегај оттука. Витос, витосај се!"},{"word":"витоса","type":"св.","description":"Уништи, отстрани, тргне некого или нешто како непожелно. Козите му ги витосаа. Ја забраа жената и ја витосаа некаде."},{"word":"витосник","type":"м.","description":"Расипник, растурник."},{"word":"витраж","type":"м.","description":"Слика или украсна композиција составена од парчиња обоено стакло, обично како прозорец на згради од готски стил."},{"word":"витражен","type":"прид.","description":"Што се однесува на витраж."},{"word":"витрина","type":"ж.","description":"Застаклен орман, полица и сл. за сместување предмети што треба да се гледаат."},{"word":"витриол","type":"м.","description":"Сол на сулфурната киселина."},{"word":"виулица","type":"ж.","description":"Снежно невреме, силен ветер со снег, снежна бура. Во зимската ноќ беснееше снежна виулица."},{"word":"виуличав","type":"прид.","description":"Што е како виулица, ветричав, бурен, што се однесува на виулица. Виуличава ноќ. Виуличаво време."},{"word":"вихрогон","type":"прид.","description":"Брзоног, што трча како виор. Вихрогон коњ."},{"word":"виц","type":"м.","description":"Шега, досетка, анегдота, смешна мала приказна. Политички виц. Тој секогаш раскажуваше вицови."},{"word":"вице-","type":"претс.","description":"Како прв дел од сложенки со значење заменик, помошник. вицеадмирал, вицегувернер, вицеканцелар, вицеконзул и вицеконсул, вицепремиер, вицепремиерка, вицешампион."},{"word":"виш","type":"прид.","description":"Степен на образование меѓу средно и високо. Виша школа. Више образование."},{"word":"вишен","type":"прид.","description":"Што е висок. Вишен бор. Вишно небо."},{"word":"виши","type":"несв.","description":"Расте во височина. Крушата виши како луда."},{"word":"вишина","type":"ж.","description":"Висина, височина. Се вивна во вишина без крај. Погледот го крена во лазурните вишини."},{"word":"вишинка","type":"ж.","description":"Ритче, издигнато место во однос на околината. Селото се наоѓаше на една блага вишинка опкружено со овоштарници и лозја."},{"word":"вишист","type":"м.","description":"Ученик, студент на виша школа."},{"word":"вишлест","type":"прид.","description":"Што е висок, извишен. Вишлест човек. Една вишлеста сенка помина низ дворот."},{"word":"вишна","type":"ж.","description":"Овошно дрво слично на цреша, со темноцрвен киселкаст плод; Prunus cerasus."},{"word":"вишнов","type":"прид.","description":"Што се однесува на вишна. Вишнова градина. Вишнова боја. Вишново дрво."},{"word":"вишновка","type":"ж.","description":"Ракија или ликер од вишни. Старата подготвуваше вишновка секоја година."},{"word":"вишок","type":"м.","description":"Количество или износ што преостанува, што е повеќе од произведеното или од потребното. Вишокот жито го продававме на пазар."},{"word":"вишти","type":"несв.","description":"Таа ноќ коњите во плевната уплашено виштеа."},{"word":"вјаса","type":"несв.","description":"Брза, брзо врши некое дејство. Тој во сѐ вјаса, но никогаш навреме да стаса. Таа вјасаше да ја суреди куќата."},{"word":"вјасана","type":"прил.","description":"Брзо, на брзина. На вјасана."},{"word":"вјасаница","type":"прил.","description":"Брзо, брзајќи. Вјасаница дојде дома."},{"word":"вкалапен","type":"прид.","description":"Што е во некој, според некој калап, што е ставен во калап. Мозокот му е вкалапен во бирократската шема."},{"word":"вкалапи","type":"св.","description":"Стави во калап."},{"word":"вкаменет","type":"прид.","description":"Што станал како камен, што е како камен; Вкаменети форми."},{"word":"вкамени","type":"св.","description":"Стане како камен, претвори во камен; Мразот ги вкамени капките од стреите."},{"word":"вклештен","type":"прид.","description":"Што е како фатен со клешти, што е доведен во безизлезна положба. Се најде вклешен во неговите канџи."},{"word":"вклешти","type":"св.","description":"Фати цврсто да не може да мрда, да се движи, како фатен со клешти, приклешти. Четири раце го вклештија војникот и го ничкосаа. Мечката беше вклештена со задната нога во стапицата."},{"word":"вклопен","type":"прид.","description":"Што е во склоп, во согласност со нешто друго."},{"word":"вклопи","type":"св.","description":"Стави, состави, намести во склоп, едно во друго. Тој ги вклопи цевките една во друга."},{"word":"вклучен","type":"прид.","description":"Што е внесен во определено множество. Учениците вклучени во оваа програма успешно ја совладуваат."},{"word":"вклучи","type":"св.","description":"Внесе, приопшти нешто во определено множество. Неколку од нашите театри ја вклучија во својот репертоар таа драма."},{"word":"вклучително","type":"прил.","description":"Вклучувајќи; заедно со нешто во некаква целина."},{"word":"вкове","type":"св.","description":"Со ковење втера, закове клинец и сл. во тврд предмет."},{"word":"вкожурен","type":"прид.","description":"Што е во кожурец, што добил кожурец. Вкожурените ларви се претвораат во кокони или кукли."},{"word":"вкожури се","type":"св.","description":"Добие кожурец."},{"word":"вкопа","type":"св.","description":"Зарие, стави, намести нешто со долниот дел во земјата или во друга маса. Војниците ги вкопаа топовите."},{"word":"вкоравен","type":"прид.","description":"Што фатил кора, обвивка. Вкоравена кал."},{"word":"вкорави","type":"св.","description":"Направи да биде како кора. Мразот ги вкорави мокрите алишта."},{"word":"вкоренет","type":"прид.","description":"Што има оформено корен. Вкоренетите растенија поднесуваат и пониски температури."},{"word":"вкорени","type":"св.","description":"Цврсто всади, зацврсти нешто (во животот, во свеста, во однесувањето и сл.). Вкорени навик. Вкорени страв. Вкорени верување."},{"word":"вкоренилиште","type":"ср.","description":"Место каде што се садат калемите за формирање на резници за винова лоза."},{"word":"вкоричи","type":"св.","description":"Врзе во корици, стави напишан, отпечатен материјал во корици. Ја вкоричи дипломската работа."},{"word":"вкотви","type":"св.","description":"Спушти, фрли котва, за пловен објект, брод и сл. Екипажот го вкотви воениот брод на отворено море."},{"word":"вкочанет","type":"прид.","description":"Здрвен, смрзнат, неподвижен. Вкочането тело. Вкочанет поглед."},{"word":"вкочани","type":"св.","description":"Направи некого или нешто да стане здрвен, стврднат, смрзнат, неподвижен, вкочанет. Големиот студ во ноќта беше го вкочанил пијаниот паднат во снегот. Студот му ги вкочани прстите на стражарот."},{"word":"вкрвавен","type":"прид.","description":"Што е со крв, облиен со крв. Вкрвавени белки (очи)."},{"word":"вкрвави","type":"св.","description":"Направи некого или нешто да биде со крв, во крв. Го вкрвави од тепање."},{"word":"вкрсти","type":"св.","description":"Стави нешто, врзе во форма на крст."},{"word":"вкуќи","type":"прил.","description":"Дома, во куќата. Да влеземе вкуќи."},{"word":"вкуп","type":"прил.","description":"Заедно, на куп, одеднаш."},{"word":"вкупен","type":"прид.","description":"Што ги опфаќа сите делови, сите елементи, потполн, целосен. Вкупен износ на средства. Вкупен приход."},{"word":"вкус","type":"м.","description":"Еден од петте надворешни осети што се прима преку јазикот и внатрешноста на устата. Сладок вкус. Горчлив вкус."},{"word":"вкусен","type":"прид.","description":"Што има пријатен вкус. Вкусно јадење."},{"word":"вкуси","type":"св.","description":"Касне или пивне, проба, обиде храна, пијалак. Ти не си вкусил вода од планински извор."},{"word":"Влав","type":"м.","description":"Припадник на етничка група на Балканскиот Полуостров."},{"word":"влага","type":"ж.","description":"Мали количества вода во нешто, влажност. Влага во атмосферата. Мирис на влага. Има влага."},{"word":"влада","type":"ж.","description":"Највисок колективен орган на извршната власт на една држава. Коалициона влада. Марионетска влада."},{"word":"владар","type":"м.","description":"Врховен поглавар во монархискиот систем на владеење, господар, монарх, крал, цар и сл."},{"word":"владее","type":"несв.","description":"а) Држи под своја власт; управува, господари. Неколку векови овде владееле туѓинци. б) Управува некого или нешто. Ја владее државата. Сака да го владее сиот имот."},{"word":"владение","type":"ср.","description":"Управување, користење на некое право. Во владение на... Нарушено владение."},{"word":"владетел","type":"м.","description":"владар."},{"word":"владика","type":"м.","description":"Висок православен духовник што е на чело на епархија, епископ. Дедо владика."},{"word":"владиков","type":"прид.","description":"Што му припаѓа на владиката, што се однесува на владика."},{"word":"владикува","type":"несв.","description":"Врши служба на владика."},{"word":"владин","type":"прид.","description":"Што припаѓа, што е на располагање на владата, што потекнува од владата. Владина политика. Владина одлука. Владини фондови."},{"word":"владичество","type":"ср.","description":"Служба и достоинство на владиката."},{"word":"владичи","type":"несв.","description":"Поставува за владика, ракоположува за владика."},{"word":"владичица","type":"ж.","description":"Владарка, жена на владар."},{"word":"владички","type":"прид.","description":"Што му припаѓа на владиката, што се однесува на владика. Владички одежди. Владички стол."},{"word":"владичнина","type":"ж.","description":"Такса што му се плаќала на владиката. Погрижи се владичнината побргу да ја собереш."},{"word":"влажен","type":"прид.","description":"Што има во себе влага. Влажен воздух. Влажен бран. Влажна соба. Влажна земја."},{"word":"влажи","type":"несв.","description":"Прави да биде влажно, да има влага. Тој со јазикот си ги влажеше исушените усни."},{"word":"влажникав","type":"прид.","description":"Што е малку влажен; Влажникава земја."},{"word":"влажнина","type":"ж.","description":"Состојба на тоа што е влажно; влажност."},{"word":"влак","type":"м.","description":"Вид брана за влачење нива."},{"word":"влакнав","type":"прид.","description":"Што е обрастен со влакна,"},{"word":"влакнен","type":"прид.","description":"Што е од влакна."},{"word":"влакнест","type":"прид.","description":"Што е обрастен со многу влакна. Влакнести гради. Кучката го мамеше девојчето со својот влакнест опаш."},{"word":"влакно","type":"ср.","description":"Израсток во форма на тенка нишка на некои делови кај човекот и жи–вотните. На главата немаше ни влакно коса. Коњско влакно."},{"word":"влакноса (се)","type":"св.","description":"Обрасне во влакна, се покрие со влакна. Целиот влакносал."},{"word":"влас","type":"м.","description":"Предено, волна или друга материја, дел од кадела од која со предење се добива нишка, повеќе влакна заедно."},{"word":"власеник","type":"м.","description":"Дел од народната носија, горна облека од шајак, без ракави."},{"word":"власеница","type":"ж.","description":"Груба развласена облека од козина, облека што ја носеле калуѓерите."},{"word":"власест","type":"прид.","description":"Што има долги влакна, што е развласен."},{"word":"власи се","type":"несв.","description":"(арх.) Влачи волна рачно на гребни."},{"word":"власт","type":"ж.","description":"Право и можност да се повела некој или нешто, моќ, сила, авторитет. Има власт врз (над) некого."},{"word":"властелин","type":"м.","description":"Средновековен господар, земјопоседник, феудалец."},{"word":"властодавец","type":"м.","description":"Тој што дава некому власт, тој што држи, што поставува некого на власт. Тој доследно го слушаше својот властодавец."},{"word":"властодржец","type":"м.","description":"Тој во чии раце е власта, моќта. Новите властодршци ги убивале сите преживеани членови на старата владејачка класа."},{"word":"властољубец","type":"м.","description":"Тој што сака да владее, да управува, да наредува. Група властољупци направија заговор против царот."},{"word":"властољубив","type":"прид.","description":"Што сака да има власт, алчен за власт. Мајка му беше претставителна и властољубива жена."},{"word":"властољубие","type":"м.","description":"Желба за владеење. Себичноста раѓа властољубие."},{"word":"влачар","type":"м.","description":"Човек што се занимава со влачење волна; сопственик на влачарница."},{"word":"влачарница","type":"ж.","description":"Работилница во која се влачи волна. Старата влачарница повеќе не работеше."},{"word":"влачи","type":"несв.","description":"а) Чешла волна (со гребни). Влачи волна. Селанката сè правела сама, влачела, предела и ја бојосувала волната. б) Обработува волна во влачарница."},{"word":"влачило","type":"ср.","description":"Алатка со железни запци за влачење волна, лен и сл.; гребен. Брзо научи како да го држи влачилото."},{"word":"влева","type":"несв.","description":"Сипува, тура течност во нешто."},{"word":"влево","type":"прил.","description":"По левата страна, на лево; Скршнаа влево од патот."},{"word":"вледени","type":"св.","description":"Се претвори во лед, замрзне."},{"word":"влее","type":"св.","description":"Внесе, исполни со некакво чувство, направи некој да биде обземен од некое чувство или мисла; Тој му влеа храброст со своето однесување."},{"word":"влез","type":"м.","description":"а) Место низ кое се влегува во некој објект, или во заграден простор, врата; излез. На влезот имаше натпис со името на фирмата. Пред главниот влез имаше стража."},{"word":"влезе","type":"св.","description":"Со движење стапи, стигне во внатрешноста на определен затворен, ограничен простор. Марко влезе во собата на директорот. Во тој момент змијата влегуваше во дупката. Возот со пиштење влезе во станицата."},{"word":"влезен","type":"прид.","description":"Што се однесува на влез, на влегување; што служи за влез, влегување. Влезна виза. Влезна врата. Влезен билет."},{"word":"влезница","type":"ж.","description":"Билет со кој се стекнува право за влез, обично на културна или спортска манифестација."},{"word":"влекач","type":"м.","description":"Машина, возило за влечење, што се користи за влечење. На влекачите донесоа вагонетки."},{"word":"влепи","type":"св.","description":"Залепи, припие."},{"word":"влета","type":"св.","description":"Влезе со летање, во заграден, ограничен простор. Едно врапче влета во мојата соба."},{"word":"влече","type":"несв.","description":"Со тргање движи нешто не одвојувајќи го од површината. Ловецот го влечеше отепаниот волк по снегот. Трактори и коњи ги влечат тешките трупци од шумата до пиланата. Влече гранки."},{"word":"влечешкум","type":"прил.","description":"Влечејќи, со влечење. Влечешкум дојде до вратата."},{"word":"влечивлечка","type":"ж.","description":"Неуредна, мрзлива жена."},{"word":"влечигора","type":"ж.","description":"Неуреден човек."},{"word":"влечиортома","type":"ж.","description":"Неуреден човек, мрзлив човек, дембел."},{"word":"влечка","type":"ж.","description":"Обувка што се навлекува со отворен заден дел. Невестата се појави со влечки на нозете."},{"word":"влечка","type":"несв.","description":"Со тргање движи нешто не одвојувајќи го од површината. Офицерот ја влечка сабјата по калдрмата. Некои со волови влечкаа во селото греди и дрвја."},{"word":"влечкар","type":"м.","description":"Занаетчија што изработува влечки."},{"word":"влечко","type":"м.","description":"Човек што работи бавно и неуредно, што се влече, што се влечка. Околу пазарот имаше секакви парталковци и влечковци."},{"word":"влечлив","type":"прид.","description":"Што се влече, што има особина на влечко. Тие се влечливи луѓе."},{"word":"влечуга","type":"ж.","description":"Животно што се влече при движењето."},{"word":"влив","type":"м.","description":"Место каде што се влива една истечна вода во друга или во езеро или море; Од изворот до вливот."},{"word":"влијае","type":"несв.","description":"Врши влијание на или врз некого или нешто, насочува нечија работа, дејност, определба, постапка и сл. Многу фактори влијаат врз општествениот развиток. Директорот влијаеше врз комисијата да донесе такво решение. Новата средина влијаеше на мене позитивно."},{"word":"влијание","type":"ср.","description":"Дејствување што го врши некој или нешто врз некого или врз нешто; моќ на дејствување врз некого или врз нешто Падне под влијание. Изврши влијание. Влијание на сончевите зраци."},{"word":"влијателен","type":"прид.","description":"Што има влијание, моќ, способност да влијае врз нешто. Влијателна личност."},{"word":"влог","type":"м.","description":"Тоа што некој го вложува, најчесто паричен износ, во банка, во некоја работа, во игра на среќа и сл. Основачки влог. Штеден влог."},{"word":"вложи","type":"св.","description":"а) Употреби, потроши пари, средства, труд и др. за нешто. Ги вложи парите во нова куќа. Авторите вложиле голем труд во изработката на оваа монографија. б) Стави, внесе пари во банка. Сите девизи тој ги вложуваше в банка."},{"word":"вложувач","type":"м.","description":"Тој што вложува, обично пари, средства и сл."},{"word":"влоши","type":"св.","description":"Направи да биде лош, полош од порано (за состојба, положба, однос итн.). Војната ја влоши економската ситуација. Пиењето му го влоши здравјето."},{"word":"влошка","type":"ж.","description":"Тоа што се вложува, што се вметнува негде. Хигиенски влошки. Ортопедски влошки."},{"word":"Влтава","type":"ж.","description":"Река во Чешка."},{"word":"вљубен","type":"прид.","description":"Тој што се вљубил, што е обземен од љубов кон некого или кон нешто. Двајца млади вљубени седеа на кејот."},{"word":"вљубеник","type":"м.","description":"Тој што е вљубен, во некого или во нешто. Вљубеник во добриот збор."},{"word":"вљуби се","type":"св.","description":"Се заљуби, пројави љубов кон некого, засака некого. Се вљубиле и се зеле. Се вљуби на прв поглед."},{"word":"вметне","type":"св.","description":"Стави нешто внатре или помеѓу нешто; дополнително внесе, додаде. Авторот на студијата вметнал неколку познати цитати. На ова место ќе вметнеме апликации од кожа."},{"word":"вмеша","type":"св.","description":"Натера некого да се вклучи во нешто, во некое дејство, чин, настан. Претседателот беше вмешал поголем број влијателни граѓани во својата предизборна игра."},{"word":"внатре","type":"прил.","description":"За правец ‒ кон внатрешноста на нешто. Влеговме внатре во дуќанот."},{"word":"внатрешен","type":"прид.","description":"Што се наоѓа внатре, што потекнува, што доаѓа од внатре, Внатрешни органи. Внатрешна потреба. Внатрешен џеб. Внатрешен непријател. Внатрешни работи."},{"word":"внатрешност","type":"ж.","description":"Сп. внатрешен. Од внатрешноста на колибата се слушаше тивко плачење. Се упативме во внатрешноста на паркот."},{"word":"внедри","type":"св.","description":"Втемели, вгнезди, стане близок и постојан. Ги внедри спомените за татковината."},{"word":"внесе","type":"св.","description":"Носејќи смести, донесе нешто некаде, во внатрешноста на нешто. Бригадирите го внесоа алатот во магацинот. Двајца војници го внесоа тешко ранетиот во полската болница."},{"word":"вникне","type":"св.","description":"Се задлабочи, навлезе во суштината на нешто. Тој вникнал во животот, во мислите и во душите на обичните лиѓе."},{"word":"внимава","type":"несв.","description":"Гледа, следи будно; дејствува, постапува со претпазливост. Внимава на час. Внимава на заробениците. Внимава на својот изглед."},{"word":"внимание","type":"ср.","description":"Способност да се задржи и насочи будноста, сознајбата на определен предмет, појава и сл. Следи со внимание. Им го сврте вниманието на присутите со својот настап."},{"word":"внимателен","type":"прид.","description":"Што внимава, што се однесува со внимание. Внимателен слушател. Внимателен соговорник. Внимателната анализа тоа го покажува."},{"word":"внук","type":"м.","description":"Машко дете од син, ќерка, од брат или сестра. Неговите внуци беа умни деца."},{"word":"внуков","type":"прид.","description":"Што се однесува на внук, што му припаѓа на внук."},{"word":"внучко","type":"м.","description":"Во обраќање;"},{"word":"внуши","type":"св.","description":"Влее, всади во свеста на некого определена мисла, убедување или поведение. Тие идеи вам некој никаквец ви ги внушил."},{"word":"во","type":"предл.","description":"Просторно значење. а) Означува дека нешто се наоѓа внатре, во некоја средина или се случува внатре, во рамките, во границите на нешто. Рацете ги држеше во џебовите. Децата трчаа во трлото. Пишуваше во тетратката. Седи во фотелјата и пие чај. Ловеа риби во реката. Живее во Долна Долина. б) Упатеност, насоченост, правец. Лете доаѓа во родното место. Искачија во коријата кај црквичето. Мајсторот влезе во магацинот. Тргна во град."},{"word":"воајер","type":"м.","description":"Лице што е психички болно и сексуално се задоволува со тајно гледање на голи луѓе. Мажот ѝ е воајер. Луди воајери."},{"word":"воал","type":"м.","description":"Проѕирна покривка за лице; превез. Бел воал. Свилени воали."},{"word":"вовед","type":"м.","description":"Почетен дел од книга, статија, говор и сл. кој воведува во предметот, во содржината; предговор. Го читам воведот на книгата. Воведот од неговото излагање беше краток."},{"word":"воведе","type":"св.","description":"Внесе некого некаде со водење, со придружување. Го воведоа во една сала. Ги воведе во поповата визба. Ги воведуваа коњите на хиподромот."},{"word":"воведен","type":"прид.","description":"Што е почетен, што воведува во нешто. Воведен дел. Воведна слика. Воведни забелешки."},{"word":"вовлече","type":"св.","description":"Внесе, втера некого некаде со влечење. Жената ме вовлече во куќата. Лисицата ја вовлече кокошката во своето дувло."},{"word":"вовре","type":"св.","description":"Стави, вотне, пикне нешто некаде. Не можеше да ја вовре петлицата во иликата. Ги вовреа главите в снег. Го воврел вратот во гуњата."},{"word":"вод","type":"м.","description":"(воен.) Помала воена единица во составот на чета. Команден вод. Се построивме по водови."},{"word":"вода","type":"ж.","description":"Проѕирна безбојна течност без мирис и вкус која во чиста состојба претставува хемиско соединение на водород и кислород. Се напи вода од стомнето. Се измија во студена изворска вода."},{"word":"водар","type":"м.","description":"Лице што носи вода за пиење. На чешмата имаше многу водари."},{"word":"водарина","type":"ж.","description":"Такса што се плаќа за користење на водата за пиење и за наводнување. Доцнам со плаќањето на водарината."},{"word":"водач","type":"м.","description":"Лице што придружува, што покажува пат по кој треба да се оди; води_1_2 Водачот добро го познаваше патот. Тргнавме кон градот без водач."},{"word":"водвиљ","type":"м.","description":"Кратка и лесна театарска игра без голем заплет во која преовладува пеењето. Пее и игра во водвиљ. Сака да гледа водвили."},{"word":"воден","type":"прид.","description":"Што е придружуван, насочуван од некого во движењето; води_2. Се шетаа подгрбавени старици, водени од внучињата. Поминаа изврзани мажи водени од по тројца сејмени."},{"word":"воден","type":"прид.","description":"Што е мокар, влажен, накиснат; Водена кошула. Водена земја. Водени камења."},{"word":"воден","type":"прид.","description":"Што се однесува на вода. Воден спорт. Воден сообраќај. Водна стихија. Водни граници. Водна заедница."},{"word":"Воден","type":"м.","description":"Град во Егејска Македонија, Грција."},{"word":"водени","type":"несв.","description":"Топи со вода, влажи, мокри некого или нешто. Недосушената јака на кошулата му го воденеше вратот. Утринските магли ги воденеа лисјата на овошките."},{"word":"воденица","type":"ж.","description":"Објект покрај река во кој се меле пче–ница и друга зрнеста храна, со помош на механизам што го движи силата на водата; мелница. Бегаше од шумот на воденицата. По реката има неколку воденици."},{"word":"воденичар","type":"м.","description":"Лице што има воденица или работи во воденица. Стар воденичар. Дојдоа двајца воденичари."},{"word":"воденичаров","type":"прид.","description":"Што му припаѓа на воденичар. Воденичарова капа."},{"word":"воденичен","type":"прид.","description":"Што се однесува на воденица. Воденично тркало. Воденични камења."},{"word":"воденка","type":"ж.","description":"Вид есенска круша. Во дворот имаше воденка."},{"word":"водечки","type":"прид.","description":"Што води, што е на чело; прв, главен. Водечка идеја. Водечка личност."},{"word":"води","type":"несв.","description":"а) Придружува некого при одење; покажува пат некому (човек, животно). Го водеше детето за рака. Гостин ти водам. Ги води коњите на пасење. б) Тера, спроведува некого под принуда. Го водат в затвор."},{"word":"водилка","type":"ж.","description":"Нешто што води, што служи како патоказ. Мислата, како да избега оттаму, му беше водилка. Ѕвездите се мои водилки."},{"word":"водило","type":"ср.","description":"Јаже на оглав, огламник со кое се води добиток. Ја фати јуницата за водило. Му го затегна водилото на коњот."},{"word":"водител","type":"м.","description":"водач_1"},{"word":"Водици","type":"и.","description":"Христијански празник што се слави на 19 јануари во чест на денот кога Исус Христос бил крстен во реката Јордан; Богојавление. Никогаш толку не студело на Водици."},{"word":"водич","type":"м.","description":"Лице што води туристи, покажува знаменитости и сл. Туристички водич. На екскурзијата низ Европа имавме двајца водичи."},{"word":"водичар","type":"м.","description":"Лица што на Водици одат по куќите и пеат песни. Најстариот водичар ја предводеше групата водичари."},{"word":"водник","type":"м.","description":"Место за миење. Се миеше на водникот направен од штици."},{"word":"водник","type":"м.","description":"Подофицер, старешина на вод. На чело газеше нашиот водник. Водникот го набљудуваше теренот."},{"word":"водникав","type":"прид.","description":"Што содржи вода повеќе отколку што треба. Водникава храна."},{"word":"Водно","type":"ср.","description":"Планина во Македонија."},{"word":"водовачка","type":"ж.","description":"Место каде што се собира или тече вода во помала количина. На повеќе места се беа направиле водовачки."},{"word":"водовод","type":"м.","description":"Инсталација, постројка за довод на вода во населени места или одделни објекти. Поставуваа цевки за водовод."},{"word":"водоводен","type":"прид.","description":"Што се однесува на водовод. Водоводна мрежа. Водоводни цевки."},{"word":"водоврик","type":"м.","description":"Влажно, мочурливо место. На патот имаше водоврик и кал. Газеше низ водоврици."},{"word":"водовричен","type":"прид.","description":"Што е влажен, мочурлив. Водоврична ливада. Водоврично земјиште."},{"word":"водовртеж","type":"м.","description":"Место во река, езеро и сл. каде што водата се врти во круг; вител. Реката е дива и полна со водовртежи."},{"word":"водовртежен","type":"прид.","description":"Што се однесува на водовртеж. Водовртежни води."},{"word":"вододелница","type":"ж.","description":"Граница помеѓу два слива, линија од која водата се слева во два правца. Вододелницата на реката се протега низ целата низина."},{"word":"водоземец","type":"м.","description":"Вид животни, 'рбетници, што можат да живеат и во вода и на копно; Amphibia. Жабата е водоземец."},{"word":"водоинсталатер","type":"м.","description":"Лице што поставува и поправа водоводни инсталации; Тој е добар водоинсталатер."},{"word":"водолија","type":"ж.","description":"(астр., само едн.) Соѕвездие."},{"word":"водомер","type":"м.","description":"Апарат што ја мери потрошувачката на вода. Водомерот не работи добро."},{"word":"водоодводен","type":"прид.","description":"Што се однесува на водоодвод. Водоодводен канал."},{"word":"водопад","type":"м.","description":"Место во река, поток и сл. каде што водата паѓа од високо. На реката има водопад. Се сликаше кај водопадите."},{"word":"водопаден","type":"прид.","description":"Што се однесува на водопад. Водопадни води."},{"word":"водопиец","type":"м.","description":"Лице што пие само вода, а не и алкохол."},{"word":"водород","type":"м.","description":"Хемиски елемент, гас без боја, вкус и мирис кој е составен елемент на водата; симбол H. Водата се состои од водород и кислород."},{"word":"водороден","type":"прид.","description":"Што се однесува или припаѓа на водород. Водородна молекула. Водородни атоми."},{"word":"водосвет","type":"м.","description":"Обред за осветување вода. На водосветот имаше многу луѓе."},{"word":"водоскок","type":"м.","description":"Водна струја што блика нагоре; фонтана. Покрај водоскокот играа деца."},{"word":"водоснабдување","type":"ср.","description":"Снабдување на населено место или објект со вода. Водоснабдувањето во повисоките делови на градот е отежнато."},{"word":"водостој","type":"м.","description":"Висина на водата во река, езеро и сл. Водостојот на реката е многу низок."},{"word":"водотек","type":"м.","description":"Течење, тек на вода. По водотекот на реката има убави пејзажи."},{"word":"водофдвод","type":"м.","description":"Цевка или канал за истекување на вода. Водоодводот на чешмата е расипан."},{"word":"водство","type":"ср.","description":"Водење, предводување. Се упативме кон градот под негово водство. Ќе го преземам водството на оркестарот."},{"word":"воен","type":"прид.","description":"Што се однесува или припаѓа на војска. Воен лекар. Воена вежба. Воени академии."},{"word":"воз","type":"предл.","description":"По, покрај, крај, спротивно од течението. Одам воз река."},{"word":"воз","type":"м.","description":"Низа од железнички коли, вагони што ги влече локомотива. Патнички воз. Товарен воз."},{"word":"возалница","type":"ж.","description":"Каца во која се пренесува и се гмечи грозјето. Ја полневме возалницата со грозје."},{"word":"возар","type":"м.","description":"Тој што вози, превозува, што работи со запрежно возило. Стар возар. Селски возари."},{"word":"возарина","type":"ж.","description":"Такса што се плаќа за превоз. За стоката плати возарина."},{"word":"возач","type":"м.","description":"Лице што вози, што управува моторно или др. возило. Возачот на автобусут беше жена. Возач на камион."},{"word":"возбуда","type":"ж.","description":"Психичка состојба што се карактеризира со зголемена активност на чувствата и што влијае врз однесувањето на човекот. Пламнав од возбуда. Трепереше од возбуда. Не покажа знаци на возбуда. Живееше во постојани возбуди."},{"word":"возбуден","type":"прид.","description":"Што се наоѓа во состојба на возбуда; Бев силно возбуден. Возбудено дете. Возбудени гласови."},{"word":"возбуди","type":"св.","description":"Предизвика возбуда, вознемири, обеспокои некого. Неговото раскажување ги возбуди луѓето. Него ништо не го возбудува. Таа возбудила силна љубов кај него.се ~ Се вознемири, се обеспокои. Децата се возбудија. Таа лесно се возбудуваше."},{"word":"возбудлив","type":"прид.","description":"Што предизвикува возбуда, вознемиреност. Возбудлив излет. Возбудлива репортажа."},{"word":"возбудувачки","type":"прид.","description":"Што предизвикува возбуда. Возбудувачки филм."},{"word":"возбунтува","type":"св.","description":"Поттикне, крене бунт; разбунтува. Неговиот говор ги возбунтува луѓето.се ~ Се крене на бунт; се разбунтува. Затворениците се возбунтуваа."},{"word":"возведе","type":"св.","description":"Истакне, издигне до некој степен. Тој обичај сака да го возведе во правило."},{"word":"возвеличува","type":"св.","description":"Фали, велича многу некого или нешто. Во песната го возвеличува и слави човечкиот труд."},{"word":"возвишен","type":"прид.","description":"Што заслужува или влева почит, што е морално и духовно високо издигнат. Тоа е највозвишениот тип на жена. Има напишано и други повозвишени дела."},{"word":"возвишение","type":"ср.","description":"Место што се издига малку повисоко над околината. Карпесто возвишение. Подножјата на возвишенијата."},{"word":"возвиши","type":"св.","description":"Крене, дигне нешто нагоре. Ја возвиши кротката душа над грешното тело."},{"word":"возврат","type":"м.","description":"Постапка со која на ист или сличен начин се возвраќа некому за укажаната помош, внимание и сл.; оддолжување. За возврат, девојките биле богато наградени. За возврат таа беше готова да ги заборави нивните сплетки."},{"word":"возвратен","type":"прид.","description":"Што е повратен, оддолжен. Возвратна посета. Возвратни услуги."},{"word":"возврати","type":"св.","description":"Врати некому со иста мера, на ист или сличен начин за определена услуга, помош и сл.; се оддолжи за нешто. Таа дискретно му намигна, а тој возврати. Јас не возвратив на нејзините навреди. Сакаше да ѝ возврати за укажаната помош."},{"word":"возглавница","type":"ж.","description":"Перница. Бев потпрен на купче возглавници."},{"word":"возгордее се","type":"св.","description":"Се вообрази, стане многу горделив, надмен. Нема да се возгордее и да започне со раскошен живот. Се возгордеаја и гледаа напорки. Не се возгордеа со своето потекло."},{"word":"воздејство","type":"ср.","description":"Дејство, влијание. Творел под воздејство на народната литература."},{"word":"воздејствува","type":"несв.","description":"Дејствува, влијае. Се напрегал да воздејствува на една заостаната селска средина."},{"word":"воздивне","type":"св.","description":"Испушти воздишка (од жал, од копнеж и сл.). Воздивна од умора. Воздивнаа олеснето. Тажно воздивнувал."},{"word":"воздига","type":"несв.","description":"Дава сила, волја, подига во морална смисла. Песната ја воздига душата. Тој факт нè воздига до смислата на нашето постоење."},{"word":"воздигне","type":"св.","description":"Истакне, издигне до висок степен. Неговата праведна борба го воздигна до легенда."},{"word":"воздишка","type":"ж.","description":"Длабоко вдишување или издишување како израз на физичка или душевна болка, тага и сл. Тажна воздишка. Длабока воздишка. Љубовни воздишки."},{"word":"воздржан","type":"прид.","description":"воздржлив"},{"word":"воздржи се","type":"св.","description":"Се совлада во изразување на своите чувстава и мисли. Се воздржав да не викнам. Се воздржуваше од зборување. Одвај се воздржал да не се насмее."},{"word":"воздржлив","type":"прид.","description":"Што може, умее да се воздржи. Воздржлив човек. Тој е повоздржлив од мене."},{"word":"воздух","type":"м.","description":"Невидлива смеса од гасови, главно азот и кислород, што ја сочинува Земјината атмосфера и што ја вдишуваат живите организми. Длабоко го вдишуваше шумскиот воздух. Надвор ја заплисна свежиот утрински воздух."},{"word":"воздухопловен","type":"прид.","description":"Што се однесува на воздухопловство. Воздухопловна академија. Воздухопловни компании."},{"word":"воздухопловец","type":"м.","description":"Пилот, авијатичар."},{"word":"воздушен","type":"прид.","description":"Што е од или со воздух. Воздушен балон. Воздушен притисок. Воздушна обвивка. Воздушни струи."},{"word":"воздушест","type":"прид.","description":"Што е лесен, проѕирен. Воздушест фустан. Воздушеста течност. Воздушести снежинки."},{"word":"возен","type":"прид.","description":"Што се однесува на возење, на превоз. Возен ред. Возна карта."},{"word":"вози","type":"несв.","description":"Управува некое превозно средство. Јас го возев големиот камион. Вози чун по езерото."},{"word":"возило","type":"ср.","description":"Превозно средство за возење по копно. Запрежно возило. Моторно возило. Колона возила."},{"word":"возлага","type":"несв.","description":"Налага, наметнува нешто. Организацијата возлага определени правила."},{"word":"возлен","type":"прид.","description":"Што е лут, гневен. Возлен глас."},{"word":"возли се","type":"св.","description":"Се налути, се јадоса. Многу се возлил. Што се возлуваш одеднаш?"},{"word":"возљубен","type":"прид.","description":"Што е многу сакан, почитуван. Возљубен господару. Возљубено чедо."},{"word":"возможен","type":"прид.","description":"Што е можен, остварлив. Возможен излез. Возможна мерка. Возможни начини."},{"word":"возмути се","type":"св.","description":"Се раздразни, се изнервира. Новодојдениот не се возмути. Моите долгови го возмутуваа."},{"word":"вознемирен","type":"прид.","description":"Што е збунет, исплашен, немирен; Вознемирен поглед. Вознемирена душа. Вознемирени луѓе."},{"word":"вознемири","type":"св.","description":"Предизвика кај некого нервоза, немир, страв. Ги вознемирил луѓето со својата приказна. Мајката шепотеше за да не ги вознемири децата."},{"word":"вознемирувачки","type":"прид.","description":"Што предизвикува вознемиреност. Вознемирувачки фактор. Вознемирувачки вести."},{"word":"вознес","type":"м.","description":"Занес, восхит. Се исполни со вознес."},{"word":"вознесе","type":"св.","description":"Истакне, искаже голема пофалба. Тој ги вознесе најдобрите ученици.се ~ Се крене, се дигне. Се вознесол на небеси. Кон небо ми се вознесува душава."},{"word":"Вознесение","type":"и.","description":"Христијански празник, посветен на Христовото вознесување на небото, што се слави на четириесеттиот ден по Велигден; Спасовден. Сите се подготвуваа за утрешниот празник Вознесение."},{"word":"возникне","type":"св.","description":"Се појави, се случи одненадеж. Во работата возникнаа определени проблеми."},{"word":"возобнова","type":"ж.","description":"Обновување, враќање на нешто првобитно, претходно. Се бара возобнова на црквата."},{"word":"возобнови","type":"св.","description":"Прави нешто разурнато, уништено да го добие првобитниот изглед; обнови. Селаните ја возобновија старата црква. Младите клетки се размножуваат и ги возобновуваат умрените."},{"word":"возрази","type":"св.","description":"Возврати со одговор, приговори, изрази несогласување. Се обидоа да возразат на неговото мислење. Тие ништо не возразија."},{"word":"возрасен","type":"прид.","description":"Што е полнолетен; што е во години. Повозрасен човек. Возрасна жена. Тој е татко на две возрасни ќерки. И возрасните се плашат како и децата."},{"word":"возраст","type":"ж.","description":"Временски период од животот, од развојот на човекот. Најрана возраст. Детска возраст. Поодмината возраст. Училишна возраст."},{"word":"воин","type":"м.","description":"Лице што војува, што учествува во војна. Станал воин. Суров воин. Најдобри воини."},{"word":"воинствен","type":"прид.","description":"Што е борбен, што пројавува склоност, стремеж за војување. Воинствена душа. Воинствено племе. Воинствени мажи."},{"word":"воинственик","type":"м.","description":"Тој што е воинствен. Храбар воинственик."},{"word":"воинство","type":"ср.","description":"Вештина на војување. Воинството им е во крвта."},{"word":"вој","type":"м.","description":"Виеж, виење. Волчи вој."},{"word":"војва се","type":"несв.","description":"Се мотка, се вртка, се шетка ваму–таму. Неколку дена се војваше по градот. Се војвале цел ден и цела ноќ. Ми се војва зад грб."},{"word":"војвода","type":"м.","description":"Водач, предводник на бунтовничка дружина или востаничка чета во времето на турското ропство. Се пронесе глас дека ќе дојде војводата Гоце Делчев. Се собраа прилепските војводи со своите чети."},{"word":"Војводина","type":"ж.","description":"Автономна покраина во Србија."},{"word":"војводов","type":"прид.","description":"Што му припаѓа на војвода. Војводов имот."},{"word":"војводство","type":"ср.","description":"Власт, достоинство на војвода. Под негово војводство новите комити ги изменија арамиските навики."},{"word":"војводува","type":"несв.","description":"Врши должност на војвода; има власт, положба на војвода. Војводуваше со четата три години. Се вратил и војводувал во родната околија."},{"word":"војна","type":"ж.","description":"Вооружена борба меѓу две или повеќе држави, народи или помеѓу општествени групи во една држава. Граѓанска војна. Герилска војна. Ја преживеаја војната. Тука се воделе војни."},{"word":"војник","type":"м.","description":"Припадник на војската на определена држава. Една чета војници изведуваше вежби."},{"word":"војниклак","type":"м.","description":"Воена служба. Војниклакот не е никаква шега. Да си го гледаш војниклакот."},{"word":"војников","type":"прид.","description":"Што му припаѓа на војник. Војникова пушка."},{"word":"војникува","type":"несв.","description":"Служи во војска, е војник. Мораше да војникува далеку од селото."},{"word":"војска","type":"ж.","description":"Целокупната воена сила на една држава; армија. Тој е бивш офицер на царската војска. Војската ја држела сета власт во свои раце."},{"word":"војсководец","type":"м.","description":"Лице што ја води, што ја командува војската. Голем војсководец. Храбри војсководци."},{"word":"војува","type":"несв.","description":"Води војна; учествува во војна."},{"word":"војувач","type":"м.","description":"Тој што се бори, што војува. Млад војувач. Самоуверени војувачи."},{"word":"вокабулар","type":"м.","description":"Фонд на зборови, речничко богатство на еден јазик, на еден човек или на слој луѓе, на писател, книга и сл."},{"word":"вокал","type":"м.","description":"(грам.) Самогласка, глас што се изговара без допир меѓу деловите на усната празнина така што воздушната струја поминува слободно."},{"word":"вокален","type":"прид.","description":"(грам.) Што се однесува на вокал Вокалниот сегмент е носител на слогот."},{"word":"вокализа","type":"ж.","description":"Вокална композиција напишана како вежба за пеење без текст, во која се пеат само вокали. Денес ќе вежбаме неколку вокализи."},{"word":"вокализација","type":"ж.","description":"Јасен изговор на вокалите при зборување или при пеење."},{"word":"вокализира","type":"св. и несв.","description":"Претстави, претставува со гласови, со пеење. Некои од напишаните песни успешно ги вокализирал."},{"word":"вокалист","type":"м.","description":"Пејач, тој што има добар глас за пеење. Групата нема вокалист. Тие се врвни вокалисти."},{"word":"вокатив","type":"м.","description":"Форма на именката што служи за повикување или за обраќање."},{"word":"вокативен","type":"прид.","description":"Што се однесува на вокатив. Вокативна форма. Вокативно потекло."},{"word":"вокација","type":"ж.","description":"Наклонетост, дарба кон некое занимање или професија; животна определба. Тој ѝ останува доследен на својата поетска вокација. Рацин е поет по вокација."},{"word":"вокмен","type":"м.","description":"Мал касетофон, транзистор со слушалки."},{"word":"вол","type":"м.","description":"Вид домашно животно, машко говедо, скопено и возрасно, што служи за впрегнување; Bos taurus. Низ полето рикаше вол. Ги впрегна двата вола. Делкаше јарем за волови."},{"word":"волан","type":"м.","description":"Направа во вид на тркало што служи за управување на автомобил, моторен чамец и сл. Сигурно го држеше воланот на камионот."},{"word":"Волга","type":"ж.","description":"Река во Русија."},{"word":"Волгоград","type":"м.","description":"Град во Јужна Русија."},{"word":"волев","type":"прид.","description":"Што пројавува или изразува волја. Волев флуид. Волево реагирање. Волеви својства."},{"word":"волеј","type":"м.","description":"Удар на топката додека е во лет, пред да падне наземи (во тенис, фудбал и сл.). Ја смести топката во мрежата од волеј. Неговите волеи се силни и прецизни."},{"word":"волен","type":"прид.","description":"Слободен. Волен момок. Волно ветарче. Волни летови."},{"word":"волја","type":"ж.","description":"Една од основните психички способности на човекот која управува со неговите свесни постапки и решава дали нешто ќе се направи или не. Никој не можел да ја скрши неговата челична волја. Само мојата волја определува што ќе ми се случува."},{"word":"волк","type":"м.","description":"Диво крволочно животно од фамилијата на кучињата, со сивкаво крзно, кое во текот на зимата лови во глутница; Canis lupus. Уловен волк. Завиваа волци. Глутница волци."},{"word":"волна","type":"ж.","description":"(само едн.) Густи влакна што го покриваат телото на некои животни (овци, камили и сл.). Го галеше јагнето по меката волна. Ги вардеше овците да не си ја оскубат волната низ шипјето."},{"word":"волнав","type":"прид.","description":"Што е обрастен со волна, што има многу волна. Нашите овци се волнави."},{"word":"волнар","type":"м.","description":"Лице што тргува со волна. Волнарите ја откупија целата волна од селаните."},{"word":"волнарница","type":"ж.","description":"Работилница за преработка на волна или продавница за волна. Работата во волнарницата добро му одеше."},{"word":"волнарство","type":"ср.","description":"Вид дејност или индустриска гранка за преработка на волна. Пред неколку години волнарството беше мошне развиено."},{"word":"волнен","type":"прид.","description":"Што е од или со волна. Волнен шал. Волнена перница. Волнено палто. Волнени чорапи."},{"word":"волнест","type":"прид.","description":"Што личи на волна. Помеѓу папките има заштитна волнеста материја. Врвот на младиот ластар е малку волнест. Ги подигна волнестите веѓи."},{"word":"волница","type":"ж.","description":"Дем. од волна. Тенка волница."},{"word":"волов","type":"прид.","description":"Што му припаѓа на вол. Волова кожа. Волов рог."},{"word":"воловар","type":"м.","description":"Тој што чува или пасе волови. Воловарите ги потераа воловите на пасење."},{"word":"воловарник","type":"м.","description":"Место, штала каде што се чуваат волови. Го чистеше воловарникот."},{"word":"Волови","type":"и.","description":"Народен назив за соѕвездието Бик."},{"word":"волонтер","type":"м.","description":"Лице што работи доброволно или бесплатно заради лично усовршување. Тој е волонтер во една хуманитарна организација. Таа е волонтер во општината."},{"word":"волт","type":"м.","description":"Единица за мерење електричен напон."},{"word":"волтметар","type":"м.","description":"Инструмент за мерење на електричниот напон."},{"word":"волумен","type":"м.","description":"(мат., физ.) Просторот што го зафаќа некое тело; зафатнина. Волумен на коцка. Волумен на тело."},{"word":"волуменозен","type":"прид.","description":"Што има голем волумен, што зазема голем простор; што е обемен, опсежен. Волуменозен творечки опус. Од волуменозната храна најважно е сеното."},{"word":"волунтаризам","type":"м.","description":"(филоз.) Учење според кое волјата е основа и двигател на сè што постои."},{"word":"волунтарист","type":"м.","description":"Приврзаник на волунтаризмот."},{"word":"волфрам","type":"м.","description":"Вид хемиски елемент, тврд и тежок метал со светлосива боја што се употребува за добивање на специјален челик и влакна за светилки; симбол W."},{"word":"волчарник","type":"м.","description":"Место, дувло каде што живеат волци. Ранетиот волк се скри во својот волчарник."},{"word":"волчи","type":"прид.","description":"Што се однесува на волк. Волчи рик. Волча глутница. Волчо виење. Волчи заби. Волчја ноќ."},{"word":"волчи се","type":"несв.","description":"За волчица – раѓа волчиња. Волчиците се волчат во определен период од годината."},{"word":"волчјак","type":"м.","description":"Вид германско овчарско куче што личи на волк. Чуваше еден огромен волчјак. Во мугрите пуштија волчјаци."},{"word":"волчко","type":"м.","description":"Назив за волк во народните приказни. Волчко нушкаше во снегот. Кумчо волчко."},{"word":"волшебен","type":"прид.","description":"Што е магичен, што дејствува волшебнички. Волшебен прстен. Волшебна приказна. Волшебна сила."},{"word":"волшебник","type":"м.","description":"Тој што има моќ да прави натприродни нешта; маѓепсник."},{"word":"волшебништво","type":"ср.","description":"(само едн.) Дејност на волшебник, правење волшепства, маѓии. Во селото имаше една стара жена што се занимаваше со волшебништво."},{"word":"волшепство","type":"ср.","description":"Според празноверните претстави, таинствена појава што нема објаснување во природните закони; маѓија. Нејзиното волшепство е резултат на некакви таинствени сили. Секој не може да прави волшепства."},{"word":"вомјази","type":"св.","description":"Силно изненади, запрепасти некого. Моето влегување го вомјази неканетиот гостин. Ја вомјазија неговите груби зборови."},{"word":"вон-","type":"претс.","description":"Како прв дел од сложенки со значење дека е нешто надвор од тоа што е означено со вториот дел (вонбрачен, вонреден, вонсериски, вонучилиштен)."},{"word":"вонблоковски","type":"прид.","description":"Што не припаѓа, не е поврзан со воено-политички блок. Вонблоковска политика. Вонблоковски земји."},{"word":"вонбрачен","type":"прид.","description":"Што не е озаконет со брак, што е надвор од бракот. Вонбрачен син. Вонбрачна врска. Вонбрачна жена."},{"word":"вонвременски","type":"прид.","description":"Што не зависи, не е врзан за определено време. Вонвременски карактер. Вонвременска состојба."},{"word":"вонземен","type":"прид.","description":"Што не е реален, природен. Вонземен живот. Вонземна појава. Вонземни суштества."},{"word":"вонјазичен","type":"прид.","description":"Што не припаѓа, не произлегува од јазикот. Вонјазично значење. Вонјазична појава. Вонјазични средства."},{"word":"вонканцелариски","type":"прид.","description":"Што не произлегува, не се однесува на работењето во канцеларија. Вонканцелариска работа. Вонканцелариско време."},{"word":"вонматеричен","type":"прид.","description":"Што е, што се случува надвор од материцата. Вонматерична бременост. Вонматерично заболување."},{"word":"вонпартиец","type":"м.","description":"Лице што не е член на ниедна политичка партија. Јас сум вонпартиец. На средбата со градоначалникот присуствуваа и вонпартијци."},{"word":"вонреден","type":"прид.","description":"Што не е редовен, што е надвор од вообичаениот ред. Вонреден студент. Вонредна седница. Вонредно издание."},{"word":"вонсериски","type":"прид.","description":"Што е натпросечен, што се изделува од другите. Вонсериска личност. Вонсериски раскажувач. Вонсериски уметници."},{"word":"вонучилиштен","type":"прид.","description":"Што не се случува, што не е поврзан со училиштето. Вонучилишна настава. Вонучилишни активности."},{"word":"вообичаен","type":"прид.","description":"Што обично или најчесто се случува, се применува, се среќава. Вообичаен пречек на гости. Беше во својата вообичаена облека. Се состануваа на вообичаеното место."},{"word":"вообичаи","type":"св.","description":"Прифати нешто како обичај, како навика. Младите брзо го вообичаија носењето фармерки."},{"word":"вообликувачки","type":"прид.","description":"Што може да се вообликува. Вообликувачки елемент."},{"word":"вообличи","type":"св.","description":"Даде облик на нешто, оформи. Овде морето ги вообличило крајбрежните карпи."},{"word":"вообразба","type":"ж.","description":"Замислување, измислување на нешто што не постои; мечта, фантазија. Такви земни убавини човековата вообразба не е кадарна да измисли. Тоа беше плод на моите вообразби."},{"word":"вообразен","type":"прид.","description":"Што е замислен, измислен, нереален. Живее во еден свој вообразен свет. Се загледа во некоја вообразена точка пред себе."},{"word":"вообрази","type":"св.","description":"Претстави, замисли, измисли нешто што не постои. Тој вообразил дека е најдобар спортист во градот."},{"word":"воодушевен","type":"прид.","description":"Што е возбуден, восхитен, занесен. Беше воодушевен од глетката. Се слушаа воодушевени извици."},{"word":"воодушеви","type":"св.","description":"Предизвика силна возбуда, занес, восхит. Младиот пијанист со својата изведба ја воодушевил публиката."},{"word":"воопштен","type":"прид.","description":"Што има општ карактер, што се однесува на нешто општо, заедничко. Ќе донесеме воопштен став. Поставивме некои воопштени барања."},{"word":"воопшто","type":"прил.","description":"Земено општо, како општа појава, без оглед на посебни случаи. Тој пишува за животот на селото воопшто. Уметноста воопшто го облагородува човекот."},{"word":"вооружен","type":"прид.","description":"Што има, што е снабден со оружје. Вооружена придружба. Вооружени војници."},{"word":"вооружи","type":"св.","description":"Снабди некого со воени средства, со оружје. Беше празнично облечен и вооружен. Главниот штаб продолжи да ги вооружува четите."},{"word":"вооружување","type":"ср.","description":"Глаголска именка од вооружи. Започна масовно вооружување на населението."},{"word":"воочи","type":"св.","description":"Стане свесен за нешто, согледа, забележи; Знаеме да ја воочиме разликата меѓу важните и неважните работи."},{"word":"воочлив","type":"прид.","description":"Што лесно се воочува, што паѓа в очи. Воочлива женственост. Вооч–ливи разлики."},{"word":"воплоти","type":"св.","description":"Изрази, претстави определени својства, идеи и сл. во конкретен, во материјален лик. Востанието ја воплоти идејата за самостојна држава. Во главниот лик авторот го воплотил духот на народот."},{"word":"Воронеж","type":"ж.","description":"Град и река во Русија."},{"word":"восклик","type":"м.","description":"Глас или збор со кој се изразува возбуда, изненаденост и сл.; извик. Емотивен восклик. Восклици на воодушевеност."},{"word":"воскликне","type":"св.","description":"Со восклик изрази некое силно чувство, возбуда, изненаденост и сл.; извикне. Таму ќе биде олтарот, воскликна монахот. Секој би воскликнал: каква убавина! Воскликнував кога излетуваа гулабиците."},{"word":"воскоса","type":"св.","description":"Намачка нешто со восок. Ги воскоса дрвцата."},{"word":"воскресе","type":"св.","description":"Христос воскресе, за многу години..."},{"word":"воскресение","type":"ср.","description":"Станување од мртвите, оживување. Владиката го огласува Христовото воскресение."},{"word":"воскресне","type":"св.","description":"Стане, подигне од мртвите, повторно оживее. Само Христос воскреснал од мртвите."},{"word":"восок","type":"м.","description":"(само едн.) Жолтеникава материја што ја лачат пчелите и од која прават сот. Да ми донесеш еден кравај восок."},{"word":"восочен","type":"прид.","description":"Што е направен од восок. Восочна пита. Восочни свеќи. Восочен печат."},{"word":"воспаление","type":"ср.","description":"Заболување на некој орган или ткиво предизвикно од инфекција и проследено со температура, со болки и сл. Акутно воспаление на слепото црево. Доби воспаление на белите дробови."},{"word":"воспали","type":"св.","description":"Предизвика воспаление. Од силното врескање го воспалил грлото."},{"word":"воспалителен","type":"прид.","description":"Што се однесува на воспаление. Воспалителен процес."},{"word":"воспева","type":"несв.","description":"Слави, велича некого или нешто низ песна. Голем број народни песни ја воспеваат храброста на Сирма војвода."},{"word":"воспита","type":"св.","description":"Изврши свесно влијание во формирањето на нечија личност (обично на некој помлад), во развивањето на нејзините физички, умствени и морални особини и способности. Тој ги воспитал своите деца во спартански дух."},{"word":"воспиталиште","type":"ср.","description":"Воспитна установа. Тој работи во едно воспиталиште."},{"word":"воспитан","type":"прид.","description":"Што е учтив, што умее добро да се однесува;"},{"word":"воспитание","type":"ср.","description":"Свесно дејствување врз формирањето на нечија личност; воспита. Неговото држење беше плод на добро воспитание. Воншколското јазично воспитание е разновидно."},{"word":"воспитаник","type":"м.","description":"Тој што се воспитува, што учи или што е воспитуван, учен од некого или некаде (во соодветна установа). Тој е мој воспитаник. Нашите воспитаници ќе нè посетат."},{"word":"воспитен","type":"прид.","description":"Што се однесува на воспитување. Воспитен завод. Воспитно влијание. Воспитни цели."},{"word":"воспитувач","type":"м.","description":"Лице што воспитува некого."},{"word":"воспостави","type":"св.","description":"Обнови нешто, врати во претходна состојба. Го воспостави стариот поредок во државата."},{"word":"восприми","type":"св.","description":"Прими, усвои, сфати нешто. Мислам дека не воспримивме доволно од поразвиените култури и традиции. Многу полесно ги восприми новите лекции."},{"word":"воспримлив","type":"прид.","description":"Што лесно се сфаќа, се прима. Воспримлива порака."},{"word":"востане","type":"св.","description":"Крене востание, почне вооружена борба. Народот востанал против султанската тиранија. За право и за слобода востанав, за неа умирам."},{"word":"востание","type":"ср.","description":"Организиран и вооружен бунт на народот против власта. Вооружено востание. Народно востание."},{"word":"востаник","type":"м.","description":"Лице што учествува во востание. Го гледав младиот востаник. Востаниците беа гладни и истоштени."},{"word":"востанови","type":"св.","description":"Обнови, воведе нешто. Војската востанови полициски час во градот. Во училиштата е востановена наставата по француски јазик."},{"word":"восторг","type":"м.","description":"Восхит, занес. Песната предизвика восторг."},{"word":"восторжен","type":"прид.","description":"Што е восхитен, занесен, воодушевен. Восторжен миг. Восторжени извици."},{"word":"восхит","type":"м.","description":"Радосна возбуда, воодушевеност, занес. Креативен восхит. Изливи на восхит. Застана со восхит пред високите кули."},{"word":"восхитен","type":"прид.","description":"Што е занесен, воодушевен. Со восхитени очи ги гледавме книгите."},{"word":"восхити","type":"св.","description":"Предизвика восхит кај некого, воодушеви, занесе. Сите беа восхитени од радост. Играта на домашните фудбалери ја восхити публиката."},{"word":"восхитувачки","type":"прид.","description":"Што предизвикува восхит. Восхитувачка убавина."},{"word":"вотина","type":"несв.","description":"Става, пика нешто некаде. Пиштолот го вотинал под перница. Ја вотинаше раката во тесниот ракав."},{"word":"вотка","type":"ж.","description":"Вид руски алкохолен пијалак, ракија. Испивме по една вотка. Ја допи вотката од чашата."},{"word":"вошка","type":"ж.","description":"(зоол.) Вид мал бескрилен инсект што живее паразитски кај човекот; Pediculus."},{"word":"вошкар","type":"м.","description":"(разг.) Лице што има вошки."},{"word":"вошлив","type":"прид.","description":"Што има вошки. Некои од сосетките беа неисчешлани и вошливи."},{"word":"вошлоса","type":"св.","description":"Добие, фати вошки. Вошлосал и одвај се исчистил."},{"word":"воштеница","type":"ж.","description":"Восочна свеќа. Ја запали црвената воштеница."},{"word":"воштинар","type":"м.","description":"Лице што прави или што продава свеќи. Стар воштинар."},{"word":"воштинка","type":"ж.","description":"Непречистен мед, сот со мед. Од воштинките излегуваа оси."},{"word":"впали се","type":"св.","description":"За брашно и сл. ‒ се расипе од стоење или од топлина. Последната вреќа брашно беше се впалила."},{"word":"впери","type":"св.","description":"Управи, устреми, насочи нешто кон друго нешто или кон некого. Го впери прстот во момчето. Ги впериле погледите кон вратата. Ги вперија цевките на пушките кон него."},{"word":"впечати","type":"св.","description":"Со втиснување на некој предмет во нешто, направи негов отпечаток; со притисок остави трага од нешто. Во текстот впечати неколку симболи."},{"word":"впечатлив","type":"прид.","description":"Што остава силен впечаток, што се памети. Впечатлив текст. Највпечатливи стихови во песната."},{"word":"впечаток","type":"м.","description":"Чувство, слика, трага во свеста на човекот од нешто доживеано или осознаено; импресија. Добие впечаток. Направи впечаток. Силен впечаток."},{"word":"впива","type":"несв.","description":"Прима течност. Капките што се цедеа песокта веднаш ги впиваше."},{"word":"впика","type":"св.","description":"Втера, внесе сосила. Го искачи по скалите и го впика во една од собите."},{"word":"впише","type":"св.","description":"Додаде, вметне нешто со пишување. Авторот на трудот впишал на неколку места дополнителни податоци и објаснувања."},{"word":"вплете","type":"св.","description":"Додаде, вметне нешто со плетење. Во чорапчињата вплете неколку разнобојни нишки."},{"word":"вплетка","type":"св.","description":"Заплетка нешто. Еден сколовранец беше си ја вплеткал ногата во мрежата на една лоза."},{"word":"вплови","type":"св.","description":"Влезе, навлезе со пловење. Утре еден танкер со нафта ќе вплови во пристаништето."},{"word":"впрегне","type":"св.","description":"Стави животно во запрега или во јарем. Го впрегна коњот во пајтонот. Ги впрегна воловите во јаремот."},{"word":"впреде","type":"св.","description":"Испреде повеќе нишки, конци во една. Заедно впреде бели и црвени нишки."},{"word":"впрочем","type":"мод.","description":"За надоврзување нова мисла, дополнително изнесување некоја околност за кажаното. Тоа се само твои претпоставки, впрочем, неточни. Тој го заврши правото со докторски испит, впрочем не особено сјајно положен."},{"word":"впушти се","type":"св.","description":"Се стрчне силно, брзо. Кучето силно залаја и му се впушти на зајакот. Полицајците се впуштија накај шумата, мислејќи дека сум таму скриен."},{"word":"врабец","type":"м.","description":"Малечка сива птица што живее во населени места; Passer domesticus. На трнчето беше слетал врабец."},{"word":"вработен","type":"прид.","description":"Што работи; што е во работен однос. Треба да се намали бројот на вработените во нашиот колектив. Таа е и мајка и вработена жена."},{"word":"вработи","type":"св.","description":"Постави, прими некого на работа, во работен однос. Го вработија во една живинарска фарма."},{"word":"врав","type":"м.","description":"Снопови жито послани на гумно за вршидба. Втераа во секој врав по пет-шест коњи, та до пладнина беа извадени сите три вравови."},{"word":"враг","type":"м.","description":"Според верските претстави, натприродно суштество што е олицетворение на злото; ѓавол, сатана."},{"word":"врагов","type":"прид.","description":"Што се однесува, што му припаѓа на враг. Врагова постапка."},{"word":"враговштина","type":"ж.","description":"Итрина, лукавство. Станал познат по своите враговштини."},{"word":"врагува","type":"несв.","description":"Се однесува итро, лукаво, се палави;"},{"word":"вража","type":"несв.","description":"Ја предвидува судбината со гледање во дланка, грав, карти и сл.; гата. Чекаат некој да им вража на гравчиња. Отиде да ѝ вража некоја жена."},{"word":"вражалец","type":"м.","description":"Лице што вража; гатач, бајач. Вражалецот ѝ погодил сè."},{"word":"вражачка","type":"ж.","description":"Чин, постапка на вражење. Тоа им е некоја игра или вражачка."},{"word":"вражба","type":"ж.","description":"Магија, волшепство; Дејствуваме со ум, а не со вражби."},{"word":"вражбен","type":"прид.","description":"Што се однесува на вражба; магичен, волшебен. Вражбена сила."},{"word":"вражји","type":"прид.","description":"Што се однесува на враг. Вражја сила."},{"word":"вразуми","type":"св.","description":"Влијае врз некого да биде разумен, да постапува разумно. Него татко му не го вразумил, па ти ќе го вразумиш. Годините го вразумија него."},{"word":"враќачка","type":"ж.","description":"Враќање. За мене веќе враќачка нема."},{"word":"врами","type":"св.","description":"Стави во рамка. Тој ја врами својата семејна фотографија."},{"word":"вран","type":"прид.","description":"Што има сјајна црна боја. Вран коњ. Врана коса."},{"word":"врана","type":"ж.","description":"Вид птица со црни или сиви перја која живее околу населени места; Corvus cornix. Една врана леташе над езерото. На гранките се собираат јата црни врани."},{"word":"вранец","type":"м.","description":"Вран, црн коњ. Човекот го јаваше тенконогиот вранец. Кочијата ја влечеа два вранци."},{"word":"вранин","type":"прид.","description":"Што се однесува, што ѝ припаѓа на врана. Вранино јајце."},{"word":"враноса","type":"св.","description":"Поцрни. Сончогледите беа враносани."},{"word":"Врање","type":"ср.","description":"Град во Србија"},{"word":"врапит","type":"прид.","description":"Што е остар, брз, пргав. Имаше врапит поглед. Беше врапит во движењата."},{"word":"врапчар","type":"м.","description":"Лице што фаќа врапци."},{"word":"врапчарник","type":"м.","description":"Место каде што се собираат врапци. Старата леска прилегаше на врапчарник."},{"word":"врасне","type":"св.","description":"Со растење продре, навлезе во нешто. Корените враснале длабоко во почвата."},{"word":"врат","type":"м.","description":"(анат.) Дел од телото кај човекот и животните што ја поврзува главата со трупот. Таа си играше со свирчето што ѝ висеше на вратот. Гуските ги издолжуваа вратовите."},{"word":"врата","type":"ж.","description":"Направа што затвора или отвора некој отвор низ кој се влегува и излегува од соба, куќа, двор, градина и др. Потропа на вратата од одајчето. Излегува и ја треснува вратата. Чкртна со вратата. Влезна врата. Еднокрилна врата. Двокрилна врата. Споредна врата."},{"word":"вратар","type":"м.","description":"Лице што го следи, го контролира влезот во зградата или во определен простор. Вратар во претпријатието."},{"word":"вратен","type":"прид.","description":"Што припаѓа, што се однесува на врат. Вратни жили. Вратен прешлен."},{"word":"врати","type":"св.","description":"Даде назад нешто што е земено, грабнато. Врати заем. Врати пари. Врати долг. Ни го врати тоа што е наше."},{"word":"вратика","type":"ж.","description":"Мирислива полска зелјеста билка со жолт цвет; Tanacetum vulgare. Моми и невести оделе низ ливаѓе да берат вратика."},{"word":"вратилиште","type":"ср.","description":"Збиралиште."},{"word":"вратило","type":"ср.","description":"Дрвен валјак на разбојот околу кој се витка преѓа, кросно."},{"word":"вратка","type":"ж.","description":"Возврат за нешто. Сакам насмевка да им подарам како вратка за она најскапото. Ова ти е вратка за сите навреди."},{"word":"вратло","type":"м.","description":"Тој што има дебел врат."},{"word":"вратник","type":"м.","description":"Составен дел од рамката на вратата или целата рамка. Фенерот закачен на вратникот фрлаше светлина."},{"word":"вратница","type":"ж.","description":"Врата; пола, крило од врата. Можеш ли да излезеш во широките дворови, на малата вратница? Ја турна со нога вратницата и влезе. Кафеанска вратница."},{"word":"вратоврска","type":"ж.","description":"Дел, обично од машката облека, што се врзува како украс околу вратот под јаката од кошулата; кравата."},{"word":"врач","type":"м.","description":"Лице што се грижи за култните обреди, свештеник на примитивните религии; маг, жрец."},{"word":"врачарка","type":"ж.","description":"Гатачка, бајачка. Жените од селото за секоја мака одеа кај врачарката."},{"word":"врачи","type":"св.","description":"Предаде на рака; додели нешто. Врачи жалба. Врачи писмо. Му врачи награда."},{"word":"врашки","type":"прид.","description":"Што е ѓаволски. Врашки човек. Врашки чеда. Врзан во врашки јазел. Врашки сторенија."},{"word":"врба","type":"ж.","description":"Листопадно дрво или грмушка од таа фамилија што расте крај вода или на влажна почва; Salix. Од врбите капеше слатка мана. Над реката врби никнат. Врба на речниот брег."},{"word":"врбица","type":"ж.","description":"Билка со пурпурни цветови што се употребува во народните лекарства; Polygonum Lythrum."},{"word":"врбјак","type":"м.","description":"Врбови грмушки; место обраснато со врби. Поминавме крај врбјаците по бреговите на Треска."},{"word":"врбјаков","type":"прид.","description":"Што му припаѓа на врбјак. Врбјакови грмушки."},{"word":"врбов","type":"прид.","description":"Што ѝ припаѓа на врба, што е од врба. Врбова гранка. Врбови корење. Врбови кошници."},{"word":"врбовина","type":"ж.","description":"Врбово дрво. Од сува врбовина не можеше да помине."},{"word":"врбовица","type":"ж.","description":"врбушка."},{"word":"врбоса","type":"св.","description":"Обрасне со врби."},{"word":"врбува","type":"несв.","description":"Наговорува, настојува да придобие некого. Врбуваа млади луѓе да дојдат на школување."},{"word":"врбушка","type":"ж.","description":"Врбова прачка. Сечеше врбушки за говедата."},{"word":"врв","type":"м.","description":"Највисок дел од нешто што се издигнува во височина. Планински врв. Врв на карпа. Врв на дрво."},{"word":"врвеж","type":"м.","description":"Чекорење, одење. Си отиде со оној нејзин лесен врвеж. Се слушаше врвеж на минувачи."},{"word":"врви","type":"несв.","description":"Оди, поминува без запирање, со ист чекор покрај нешто, некаде. Секој ден врви оттаму."},{"word":"врвица","type":"ж.","description":"Тесен пешачки пат, патче. Козја врвица. Стрмна шумска врвица. Планинска врвица. Се враќаше по запуштени патишта, стари врвици и коњски патеки."},{"word":"врвлест","type":"прид.","description":"Што има врв, што е заострен, шилест. Врвлести ножици. Врвлести прсти. Врвлест клун."},{"word":"врвовинка","type":"ж.","description":"Плод од овошје или зеленчук што останал на крајот на сезоната, по бербата. Ги прибираат последните врвовинки од уште неосланетите пиперки и патлиџани."},{"word":"врволица","type":"ж.","description":"Множество луѓе, многу народ, поворка. Врволицата влезе во центарот на градот извикувајќи пароли. Од сите страни надоаѓаа врволици жени и деца."},{"word":"врволка се","type":"несв.","description":"Се вртка, шета ваму–таму. Се врволкаа луѓе цел ден и цела ноќ. Му заповеда да не се враќа и да не му се врволка пред очи. Низ ходникот се врволкаат војници."},{"word":"врвушка","type":"ж.","description":"Врв, обично на дрво. Над врвушките на дрвјата се наѕираше денот."},{"word":"врвца","type":"ж.","description":"Не многу тенка нишка за врзување. Врвци конопени. Врвци за чевли. Донесе букет цвеќе врзано со алова врвца."},{"word":"врвчи се","type":"несв.","description":"Непрекинато поминува, се ниже, се точи. Автомобилите се врвчат пред децата. Се врвчеа луѓе со саати."},{"word":"врга","type":"ж.","description":"Израсток на тело. Му се појавија врги по рацете. Ајдукот ќе добие две големи врги од ластегарката."},{"word":"вргав","type":"прид.","description":"Што е со врги. Вргаво стебло. Вргаво чело."},{"word":"вргали се","type":"несв.","description":"Зјапа, нападно гледа во нешто, во некого. Збунето се вргали во дланките. Се вргали по војниците."},{"word":"вргло","type":"м.","description":"Лице што зјапа, се загледува ваму–таму."},{"word":"врголи се","type":"несв.","description":"Се прпелка, се чувствува незгодно. Тој почна да се врголи, да стенка, да бревта, да се поти и да му кркори грлото."},{"word":"врева","type":"ж.","description":"Гласно, силно зборување, викотница, џагор. Војниците со голема врева се собираа. Панаѓурска врева. Улична врева."},{"word":"вревач","type":"м.","description":"Тој што вреви."},{"word":"вреваџија","type":"м.","description":"Лице што зборува многу гласно, што вреви. Тој не работи, тој е само вреваџија."},{"word":"вреви","type":"несв.","description":"Многу гласно зборува, развикува. Жените вревеа на улица. Вреват како да се караат."},{"word":"вревлив","type":"прид.","description":"Што крева врева, што е бучен, гласен. Вревлив продавач."},{"word":"вред","type":"мод.","description":"Така е, така нека биде, се согласувам (како потврда на кажаното од соговорникот)."},{"word":"вреден","type":"прид.","description":"Што работи со љубов и пожртвуваност; работлив, исполнителен. Вреден работник, вредни раце. Вредно момче мешаше малтер. Му се погоди вредна снаа."},{"word":"вреден","type":"прид.","description":"Што има вредност, скапоцен. Тоа се стари пари, многу вредни. Купил вредна уметничка слика."},{"word":"вреди","type":"несв.","description":"Има утврдена цена, чини. Еден прстен пари вреди."},{"word":"вреди","type":"св.","description":"Вклучи, приопшти некого кон други. Овој успех го вреди меѓу најзаслужните."},{"word":"вреднаш","type":"прил.","description":"Само во изразот: Еднаш ама вреднаш ‒ направи нешто еднаш, ама добро, успешно и сл. Го удри еднаш, ама вреднаш."},{"word":"вредник","type":"м.","description":"Тој што вреден, работлив човек."},{"word":"вредносен","type":"прид.","description":"Што се однесува на вредност, што има вредност. Вредносни хартии. Вредносен суд. Вредносен систем."},{"word":"вредност","type":"ж.","description":"Утврдена цена на нешто. Колкава е вредноста на куќава?"},{"word":"вреднотија","type":"ж.","description":"Работливост, исполнителност. Тој важеше како недостижен пример на вреднотија."},{"word":"вреднува","type":"несв.","description":"Оценува, определува вредност. Високо го вреднува делото. Како е вреднуван нивниот вложен труд?"},{"word":"вреднувач","type":"м.","description":"Лице што оценува нешто, што дава суд за нешто. Антологичарите станаа вреднувачи на современата литература."},{"word":"вреднувачки","type":"прид.","description":"Што има својство на оцена, што определува вредност. Вреднувачки атрибути."},{"word":"вреж","type":"м.","description":"Грмушка или мало дрво со спуштени гранки и со мали бледозелени листови што расте на влажна, песоклива почва; Tamarix gallica. Се фрла во врежот и отпочнува да лази."},{"word":"вреже","type":"св.","description":"Со остар предмет засече, издлаби нешто во тврд предмет. Ги врежаа имињата во карпата. Ги врежа буквите."},{"word":"врез","type":"м.","description":"Засек, засекување на нешто. Според правењето на врезот, постојат повеќе начини на калемење."},{"word":"врека","type":"несв.","description":"За животно (коза и др.) – испрекинато пушта глас, се огласува. Козата цел ден врека. Така врека зајак кога го дави лисица."},{"word":"вреќа","type":"ж.","description":"Вид голема торба од коноп, платно или најлон, за пренесување или чување зрнеста или ситна стока. Стави брашно во вреќата. Јутена вреќа со компири."},{"word":"врекавица","type":"ж.","description":"Козја болест."},{"word":"врекло","type":"м.","description":"Лице или животно што врека."},{"word":"врекне","type":"св.","description":"Викне, дигне врева. Врекна со дебелиот бас."},{"word":"врел","type":"прид.","description":"Што е многу топол, жежок. Врела вода. Врело кафе. Врела пепел. Врела смола."},{"word":"врелец","type":"м.","description":"Врела вода."},{"word":"врелина","type":"ж.","description":"Жештина, горештина. Лозја исушени од врелина. Врелина на сончеви лачи."},{"word":"време","type":"ср.","description":"(само едн., филоз.) Една од двете (покрај просторот) основни форми на постоење на материјата. Времето и просторот се двете форми на постоење на материјалниот свет. Времето не може да запре."},{"word":"временски","type":"прид.","description":"Што се однесува на време. Временска прогноза."},{"word":"времеплов","type":"м.","description":"Тек на историски настани што траеле во долг временски период."},{"word":"времетраење","type":"ср.","description":"Период на случување, период на траење. Емисии со ограничени времетраења."},{"word":"вреска","type":"несв.","description":"Пишти гласно, силно плаче. Бебето цел ден врескаше. Вреска под страшните маки."},{"word":"врескав","type":"прид.","description":"Што има својство на врескот. Врескав глас."},{"word":"врескало","type":"ср.","description":"Тоа што вреска."},{"word":"вресканица","type":"ж.","description":"Врескот. Се слуша козја вресканица. Вресканица од радост."},{"word":"врескач","type":"м.","description":"Тој што вреска."},{"word":"врескотница","type":"ж.","description":"Врескање, пиштење. Каква е таа врескотница? Стадото се ближело со страшни врескотници."},{"word":"вреслив","type":"прид.","description":"Што е врескав. Вресливи гласови. Вреслива песна. Вреслив јазик."},{"word":"вресне","type":"св.","description":"Силно спишти, писне со продорен глас. Се удри од креветот и вресна."},{"word":"вресок","type":"м.","description":"Краткотраен силен глас, писок. Чу вресок од моми и жени. Страшно го потресе вресокот. Вресок на мачки."},{"word":"вретенар","type":"м.","description":"Мајстор што прави и продава вретена. Вретенарот направи девет вретена."},{"word":"вретенарка","type":"ж.","description":"вретенар."},{"word":"вретенест","type":"прид.","description":"Што има облик на вретено. Вретенест корен. Вретенести риби."},{"word":"вретено","type":"ср.","description":"Дрвено заоблено стапче што е подебело на средината, а зашилено на краевите, на кое се намотува преѓа при предење. Преде со дабово вретено."},{"word":"врз","type":"предл.","description":"Означува местоположба, наоѓање или движење озгора на или по површината на нешто. Врз двете ќебиња беше ставена и една јамболлија. Врз снегот се гледаа свежи траги од мечка. Паднал врз некој стог со сено и така се спасил. И лете врз кошулата носеше елек. Лазеа муви врз расечената лубеница."},{"word":"врзалка","type":"ж.","description":"Врвка, лента што врзува, спојува, соединува или затегнува нешто. Ставил тенка, како влакно врзалка околу главата. Русата коса завршуваше со две перчиња со врзалки."},{"word":"врзан","type":"прид.","description":"Што е ограничен, што е оневозможен слободно да дејствува. Човек врзан со окови. Врзано куче. Робје врзани. Врзан за работата."},{"word":"врзанка","type":"ж.","description":"Врзоп. Една врзанка магдонос."},{"word":"врзатка","type":"ж.","description":"Зграпчи една врзатка од фалшивите книжни пари."},{"word":"врзе","type":"св.","description":"Соедини, спои со јазол два краја на конец, јаже и сл. Ги врза врвците на чевлите."},{"word":"врзивен","type":"прид.","description":"Што врзува, што поврзува. Врзивна материја. Врзивно ткиво."},{"word":"врзма","type":"ж.","description":"Мрежа за пренос на слама, трева и сл. За вршење треба ортоми, врзми, јамки за коњите и други работи. Си ги наполни врзмите со трева."},{"word":"врзоглавка","type":"ж.","description":"Женска шамија за на глава. На главата ставив облози од киселина и ја стегнав со врзоглавката."},{"word":"врзол","type":"м.","description":"Нешто врзано во крпа. Врзол жолтици."},{"word":"врзоп","type":"м.","description":"Повеќе предмети, нешта што се врзани во нешто или заврзани заедно. Врзоп царевка. Обесен врзоп лук. Домарот стоеше пред влезот со врзоп клучеви."},{"word":"врзувач","type":"м.","description":"Жетвар што ги врзува снопјето. Собрал премногу аргати, премногу врзувачи."},{"word":"врзулец","type":"м.","description":"Јазол, клучка, јамка. Врзулецот од шалот правеше голема клучка токму под брадата."},{"word":"врие","type":"несв.","description":"За течност ‒ клокоти, се меша под дејство на висока температура. Донесете ги котлите со масло што врие. Лонец вода врие."},{"word":"вриеж","type":"м.","description":"Вриење, клокотење. Вриеж на вода."},{"word":"вриежлив","type":"прид.","description":"Што врие, што клокоти."},{"word":"вријавец","type":"м.","description":"Мешаница, множество луѓе, народ."},{"word":"врика","type":"несв.","description":"Извира во големо количество. Врика вода."},{"word":"врк","type":"м.","description":"Трага што ја остава куршум испукан од ловечка пушка."},{"word":"врколак","type":"м.","description":"Според народното празноверие, човек што ноќе, при полна месечина, се претвора во волк. Се раскажуваат приказни за врколаци."},{"word":"врл","type":"прид.","description":"Што е лош, поган, лут, завидлив. Врл човек. Врла душманка."},{"word":"врлеж","type":"м.","description":"Стрмнина, остра косина. Се повлекле зад диви и непристапни врлежи. Надоаѓаа врлежи без патеки, по нив долови и пак врлежи."},{"word":"врлина","type":"ж.","description":"Злоба, лошотија."},{"word":"врлува","type":"несв.","description":"Беснее, уништува. Чумата врлуваше."},{"word":"врне","type":"несв.","description":"Паѓа дожд, снег. Пред железничката станица почна да врне. Оваа есен цело време врне."},{"word":"врнеж","type":"м.","description":"Тоа што врне, што паѓа од облаците (дожд, снег). Утре ќе биде облачно со врнежи од дожд и снег."},{"word":"врнежлив","type":"прид.","description":"Што е со дожд, снег. Врнежливо време."},{"word":"вроден","type":"прид.","description":"Што постои од создавањето, што се носи од раѓање, наследен, генетски. Вродена слабост. Вродена болест. Вродена мана."},{"word":"Вроцлав","type":"м.","description":"Град во Полска."},{"word":"врпа","type":"несв.","description":"За животно ‒ при пасење крцка, чкрта со забите."},{"word":"врпал","type":"м.","description":"Стап за мавање, за чукање ореви. Маваш со врпал и си ги собираш оревите."},{"word":"врска","type":"ж.","description":"Повеќе предмети, обично еднородни, врзани заедно. Врска клучеви. Врска млад лук."},{"word":"врска","type":"ж.","description":"Кравата. На секоја кошула носеше посебна врска."},{"word":"врска","type":"несв.","description":"Удира со прачка, со камшик, шврка; Го врска по грбот."},{"word":"врскоса се","type":"св.","description":"Стави врска."},{"word":"врсне","type":"св.","description":"Удри со нешто тенко ‒ прачка, камшик и сл.; швркне. Го врсна коњот. Кочиџијата ќе врсне со камшикот."},{"word":"врсник","type":"м.","description":"Лице што е на иста врст, што е родено во иста година или е од приближно иста возраст со некого. Јас и моите врсници учевме шест дена во неделата."},{"word":"врст","type":"ж.","description":"Години на старост, возраст. Децата беа на онаа врст кога ги седнуваат на трпеза. Надвор стои маж на средна врст."},{"word":"врталиште","type":"ср.","description":"Место каде што често се наминува. Охрид отсекогаш ми беше најмилото врталиште."},{"word":"вртача","type":"ж.","description":"Длабнатина на карстен терен."},{"word":"вртачка","type":"ж.","description":"Губење време, денгуба. Во шаховскиот клуб си најде вртачка."},{"word":"вртеж","type":"м.","description":"Едно кружно движење, вртење околу една точка или оска. Моторот имаше голем број вртежи."},{"word":"вртежен","type":"прид.","description":"Што се однесува на вртеж."},{"word":"вртелешка","type":"ж.","description":"Кружна направа, конструкција што се врти, со седишта исти или разни по форма, наменети за забава; рингишпил. Зад мостот има панаѓур, вртелешка, врева, трешти свирка."},{"word":"вртелка","type":"ж.","description":"Направа за намотување предено; елемија."},{"word":"вртешка","type":"ж.","description":"вртелешка."},{"word":"врти","type":"несв.","description":"Доведува нешто во кружно движење. Грнчарот го вртеше колцето со нога. Врти клуч да отклучи. Врти сврдел. Врти волан."},{"word":"вртикапа","type":"ж.","description":"Лице што често го менува мислењето, што е несигурно; превртливец, превртливка"},{"word":"вртикуќник","type":"м.","description":"Добар домаќин."},{"word":"вртимушка","type":"ж.","description":"Детска играчка, конусен предмет што се врти околу својата оска."},{"word":"вртипоп","type":"м.","description":"Камилица, боливач; Matricaria chamomilla. Ја праќаа од дома да бере вртипоп или шипки за чај."},{"word":"вртка","type":"несв.","description":"Усукува предено со врткање на вретено."},{"word":"вртка","type":"ж.","description":"Вретено."},{"word":"вртканица","type":"ж.","description":"Непотребно задржување, губење време. Немам време за вртканици со судот!"},{"word":"вртлив","type":"прид.","description":"Што може да се врти. Вртливо столче."},{"word":"вртне","type":"св.","description":"Заврти малку. Никој не го вртна чепот."},{"word":"вртоверец","type":"м.","description":"Тој што не го држи дадениот збор, превртливец."},{"word":"вртоглав","type":"прид.","description":"Што предизвикува вртоглавица; многу брз. Вртоглава брзина. Вртоглави успеси."},{"word":"вртоглавец","type":"м.","description":"Налудничав, мрднат, неразбран човек."},{"word":"вртоглавечки","type":"прил.","description":"Многу брзо. Настаните се менуваа вртоглавечки."},{"word":"вртоглавица","type":"ж.","description":"Состојба на организмот во која се губи чувството на рамнотежа и во која се чини дека сè се врти. Чувствував слаба вртоглавица."},{"word":"вртушка","type":"ж.","description":"Нагло, брзо кружно движење на силен ветар со прав и др. Вртушки прав се креваа дури до небесата."},{"word":"вруќ","type":"прид.","description":"Што е врел, жежок, мошне топол. Вруќ леб. Вруќа ракија. Вруќа медовина."},{"word":"вруќи","type":"несв.","description":"Загрева, прави нешто да биде жешко. Го вруќи чајот."},{"word":"вруќина","type":"ж.","description":"Горештина, жештина, врелина. Надвор е вруќина."},{"word":"вруќица","type":"ж.","description":"Висока температура поради болест."},{"word":"вруток","type":"м.","description":"Местото каде што извира вода, река; извор. Реката извира од врутокот горе во планината. Вие без да знаете, прекинат е врутокот, кладенецот."},{"word":"вруши","type":"св.","description":"Урне, расипе, уништи. Ја вруши шталата."},{"word":"врховен","type":"прид.","description":"Највисок по ранг, главен. Врховен водач. Врховен суд. Врховен бог. Врховен заповедник."},{"word":"врховизам","type":"м.","description":"Идеологија од почетокот на ХХ век на Врховниот македонски револуционерен комитет во служба на бугарскиот двор."},{"word":"врховист","type":"м.","description":"Приврзаник на врховизмот."},{"word":"врцка","type":"несв.","description":"Ситно врти со нешто. Доста врцкаш со машината!"},{"word":"врчва","type":"ж.","description":"Глинен сад со две рачки за сало, кисело млеко, пијалак и сл. Носи две големи врчви вино. Црпна две лажици сало од врчвата."},{"word":"врчкав","type":"прид.","description":"Што има виткана коса; кадрав."},{"word":"врша","type":"ж.","description":"Кош од прачки за ловење риба. Отиде да лови риба со вршата."},{"word":"вршало","type":"ср.","description":"Место во водата каде што се поставува вршата за ловење риба."},{"word":"вршач","type":"м.","description":"Тој што врши жито."},{"word":"вршачка","type":"ж.","description":"Жена што врши жито."},{"word":"вршачка","type":"ж.","description":"Заемно ветување на момче и девојка дека ќе стапат во брак; свршувачка. Зборуваа за вршачките што се правеа секоја вечер во селото."},{"word":"вршен","type":"м.","description":"Врвот на дрвото. Жолтеникави беа вршените на стеблата."},{"word":"врши","type":"несв.","description":"Прави, исполнува некоја работа или некоја задача. Врши работа. Врши услуга. Врши консултации."},{"word":"врши","type":"несв.","description":"Ги одвојува зрната од класјето на житото. Мажите рано фатија да вршат со коњите."},{"word":"врши","type":"несв.","description":"Дава збор, договара брак, договара свршувачка. Јас сум дојдена стројник, да те вршам за него."},{"word":"вршидба","type":"ж.","description":"Вршење жито. Утрото почна вршидбата."},{"word":"вршидба","type":"ж.","description":"Давање збор и договор за свадба, за брак. Вршидбата на момата се направи веднаш по Нова година."},{"word":"вршило","type":"ср.","description":"Вршење жито."},{"word":"вршина","type":"ж.","description":"Плева. На празното гумно се креваа густи облаци од вршина."},{"word":"вршител","type":"м.","description":"Тој што врши некаква работа; тој што врши некоја должност."},{"word":"вршка","type":"ж.","description":"Врвот на дрво или друго растение. Се смирија вршките на копривите. Вршките на дабјето."},{"word":"вршник","type":"м.","description":"Метален поклопец под кој се пече леб и др."},{"word":"всади","type":"св.","description":"Вметне, втисне во нешто, зацврсти во лежиштето."},{"word":"всали се","type":"св.","description":"Замириса од застоеност, обично месо или маст. Месото се всали. Путерот се всали."},{"word":"всее","type":"св.","description":"Влее страв, омраза и сл."},{"word":"вселена","type":"ж.","description":"Сиот свет што нè опкружува; космос, универзум."},{"word":"всели","type":"св.","description":"Доведе, смести некого во стан, куќа и сл. Студентката ја вселија во студентскиот дом."},{"word":"всече се","type":"св.","description":"Со засекување навлезе, се вреже. Реката длабоко се всекла во коритото. Кривата сабја се всече во раката."},{"word":"всипе се","type":"св.","description":"Се осипе со бронки."},{"word":"вслуша се","type":"св.","description":"Внимателно се заслуша. Се вслуша во музиката."},{"word":"всоне","type":"прил.","description":"Во сон, при спиење. Често гледам всоне бледна глава."},{"word":"встрана","type":"прил.","description":"Настрана, отстрана. Ја сврте главата встрана. Ако се оди многу встрана, тогаш се доаѓа до беспаќе."},{"word":"всушност","type":"мод.","description":"Во суштина, навистина. Сите тие подробности, всушност, не нè интересираат. Всушност, тоа не беше идеја, туку нејасна желба."},{"word":"втаи се","type":"св.","description":"Се притаи, се скрие. Вчас секој се втаи во своето дувло."},{"word":"втас","type":"м.","description":"Може да стигне, има можности да направи нешто. Немам втас да докажам. Има втас куќа штом куќи."},{"word":"втаса","type":"св.","description":"Стигне некого при одење, движење. Момче–то не можеше да го втаса. Седни де, ќе втасаш."},{"word":"втемеленост","type":"ж.","description":"Состојба на тоа што е втемелено."},{"word":"втемели","type":"св.","description":"Постави темели на нешто; основа нешто. На најубавото место сме ги втемелиле куќите."},{"word":"втемелувач","type":"м.","description":"Лице што поставува темели на нешто, основач. Тој е еден од втемелувачите на факултетот."},{"word":"втера","type":"св.","description":"Сосила натера некого да влезе во ограничен простор. Некој со клоца низ врата в одаја ме втера."},{"word":"втисне","type":"св.","description":"Со притискање врз некој предмет направи негов отпечаток во нешто, со притисок остави трага во нешто. Неговите стапалки ги втисна во песокта."},{"word":"вткае","type":"св.","description":"Внесе со ткаење, вметне, зацврсти преѓа во она што го ткае. Откако ја кажаа новината за војната, таа не втка чивит конец."},{"word":"втоне","type":"св.","description":"Исчезне во длабочините на вода, песок и сл.; потоне, пропадне. Се држи за да не втоне во водите и да не им се даде на чудовиштата."},{"word":"втор","type":"бр.","description":"Што е по ред зад првиот, редна бројна придавка според бројот два. Втор ред. Втор чин. Втор дел. Второ издание. Втора светска војна. Втор брат."},{"word":"вторак","type":"м.","description":"Двогодишник."},{"word":"втораче","type":"ср.","description":"Дете што има две години."},{"word":"вториче","type":"ср.","description":"Обичај кога зетот со своите роднини оди кај родителите на невестата вториот петок по свадбата. Ќе одиме на вториче кај мајка ти."},{"word":"вторичен","type":"прид.","description":"Што е второстепен, секундарен. Вторично значење."},{"word":"вторник","type":"м.","description":"Втор ден во неделата, ден по понеделник. Секој вторник оди на пазар."},{"word":"вторничен","type":"прид.","description":"Што се однесува на вторник."},{"word":"второженец","type":"м.","description":"Лице што е оженето по втор пат."},{"word":"второкатегфрник","type":"м.","description":"Што е од втора категорија според некоја категоризација."},{"word":"второкласен","type":"прид.","description":"Што е второстепен, со помала вредност од првиот."},{"word":"второкласник","type":"м.","description":"Ученик од втори клас во средно училиште."},{"word":"второроден","type":"прид.","description":"Што е роден по првиот. Второроден син."},{"word":"второстепен","type":"прид.","description":"Што е втор по ред. Второстепена работа. Второстепена комисија."},{"word":"вторпат","type":"прил.","description":"Повторно, уште еднаш. Тогаш вторпат ја видов неа."},{"word":"втренчен","type":"прид.","description":"Што е со вкочанет, здрвен поглед. Втренчен долго стоев штом го видов. Не попушти пред неговиот предизвикувачки втренчен поглед."},{"word":"втренчи","type":"св.","description":"Загледа некого, нешто со вкочанет поглед. Ги втренчи очите во едно дрво."},{"word":"втрештен","type":"прид.","description":"Удрен од гром."},{"word":"втрештеник","type":"м.","description":"Лице што е удрено од гром."},{"word":"втрешти","type":"св.","description":"Удри, истепа, убие (обично за гром). Куќата ја втрешти гром."},{"word":"втрча","type":"св.","description":"Дотрча, влезе со трчање. Децата први втрчаа. Во собата втрча девојчето."},{"word":"втрчне се","type":"св.","description":"Наеднаш се затрча; се стрчне. Се втрчна да отвори. Се втрчна кон нас. Се втрчна уште еднаш."},{"word":"втури се","type":"св.","description":"Богато роди, се истури од род. Сливите се втурија годинава."},{"word":"втурне се","type":"св.","description":"Нагло влезе, влета. Радослав се качи на својот коњ и сосе него се втурна во водата. Се втурна во собата."},{"word":"вудве","type":"прил.","description":"Со едно превиткување, здиплување, да стане двојно, во два слоја. Чаршафите ги дипли вудве, па вучетири и ги внесува внатре. Тој изофка и се свитка вудве."},{"word":"вудвоса","type":"св.","description":"Направи нешто да биде двојно, удвоено. Го вудвосал јажето да не се скине."},{"word":"вујко","type":"м.","description":"Мајчиниот брат или братучед. Овој човек ми е вујко, роден брат на мајка ми."},{"word":"вујков","type":"прид.","description":"Што му припаѓа на вујко. И вујковата куќа е како нашата."},{"word":"вујна","type":"ж.","description":"Сопруга на вујкото. Вујна му, мајка на двете вујкови деца, едноставно пекала да се вратат дома."},{"word":"вујнин","type":"прид.","description":"Што ~ припаѓа на вујна. Вујнини очи. Вујнин благослов. Вујнина пита."},{"word":"вујче","type":"м.","description":"Тато рече дека ќе нè носи кај вујче"},{"word":"вујчев","type":"прид.","description":"Што му припаѓа на вујче. Вујчеви деца. Вујчеви ниви."},{"word":"вујчов","type":"прид.","description":"Што му припаѓа на вујчо. Вујчова невеста. Вујчов совет."},{"word":"вула","type":"ж.","description":"Колено, кривина на цевка. Натопуваа крпи во ладната вода низ која врвеше вулата и го ладеа капакот од казанот."},{"word":"вулгарен","type":"прид.","description":"Што е груб, непристоен, простачки, невоспитан. Оние што се вулгарни кон светците, не се добри."},{"word":"вулгаризам","type":"м.","description":"Прост, непристоен збор или израз; непристојност."},{"word":"вулгаризатор","type":"м.","description":"Лице што вулгаризира, што претерано ги упростува работите."},{"word":"вулгаризација","type":"ж.","description":"Постапка на вулгаризирање на работите."},{"word":"вулгаризира","type":"св. и несв.","description":"Упрости, упростува; прави, направи да биде просто, полесно сфатливо за секого."},{"word":"вулкан","type":"м.","description":"Рид, планина со кратер на врвот низ кој од внатрешноста на земјата избива лава, пепел и гасови. Вулканот еруптира по многу години."},{"word":"вулканизатор","type":"м.","description":"Апарат за поправка, лепење гуми."},{"word":"вулканизација","type":"ж.","description":"Преработка на суров каучук во гума."},{"word":"вулканизер","type":"м.","description":"Лице што се занимава со вулканизација."},{"word":"вулканизира","type":"св. и несв.","description":"Врши вулканизација, крпи гумени производи."},{"word":"вуложи се","type":"св.","description":"Стане улог, добие телесен физички недостаток, мана. Сакат одел, се вуложил."},{"word":"вусполница","type":"ж.","description":"Извезени фигури на долниот дел од кошулата во народната носија."},{"word":"вутри","type":"прил.","description":"Со превиткување, здиплување, да стане тројно, трикратно, во три слоја. Го свитка вутри и го напика во торбата."},{"word":"вучетири","type":"прил.","description":"Четворно, во четири слоја. Ги дипли вудве, па вучетири и ги внесува внатре."},{"word":"вцица","type":"св.","description":"Испие, исцица. Земјата ја вцица потта."},{"word":"вцрвени се","type":"св.","description":"Стане црвен, се зацрвени, се зарумени. Од отровот се вцрвени. Белките на очите му се вцрвенија."},{"word":"вцрви","type":"св.","description":"Направи да стане црвен, да поцрвени, да зарумени. Неговите очи ја вцрвија девојката. Му го вцрви вратот со јажето."},{"word":"вцрвоса се","type":"св.","description":"Црвоса, се исполни со црвје. Дрвото се вцрвоса."},{"word":"вцрене се","type":"св.","description":"Се возбуди, се вознемири, се вцрви од возбуда. Како тоа? ‒ се вцрени старецот."},{"word":"вцрпи","type":"св.","description":"Зграпчи."},{"word":"вчади","type":"св.","description":"Зачади."},{"word":"вчапи","type":"св.","description":"Зграпчи. Мачката ја вчапи гулабицата и избега."},{"word":"вчапне","type":"св.","description":"Зграпчи, вчапи."},{"word":"вчас","type":"прил.","description":"Веднаш, за миг, на часот. Од зад стеблата вчас дотрчаа уште неколкумина. Срцето вчасот му се исцелило. Срипа и вчасум се најде кај портата"},{"word":"вчекани","type":"св.","description":"Доведе во неподвижна состојба, вкочани, здрви. Го вчекани од ќотек."},{"word":"вчепка","type":"св.","description":"Зграпчи, вчапи, грабне за гуша. Веднаш ја вчепкале и ја одвлекле. Вели дека ќе ме вчепка и ќе ме врзе за некое дрво."},{"word":"вчера","type":"прил.","description":"Денот пред денес. Поминав вчера напладне крај вашата куќа. Од вчера утрото не сме јале."},{"word":"вчеравечер","type":"прил.","description":"Минатата вечер, синоќа, сношти. Вчеравечер се собрале неколку души на разговор кај комшиите."},{"word":"вчераутро","type":"прил.","description":"Минатото утро, вчера наутро. Вчераутро чу за враќањето на синот."},{"word":"вчерашен","type":"прид.","description":"Што се однесува на денот пред денешниот, што се однесува на вчера. Останале траги од вчерашната бура."},{"word":"вчипчи се","type":"св.","description":"Цврсто зграпчи, стегне. Се вчипчил со нокти за блузата."},{"word":"вчудено","type":"прил.","description":"Ааа ... како божем вчудено рекоа гостите."},{"word":"вчуди","type":"св.","description":"Се зачуди."},{"word":"вчудовидено","type":"прил.","description":"Тој зина и вчудовидено гледаше."},{"word":"вчудовиденост","type":"ж.","description":"Состојба на тој што е вчудовиден."},{"word":"вчудовиди","type":"св.","description":"Запрепасти, силно изненади, зачуди некого со нешто неочекувано, несфатливо. Неговата облека сите ги вчудовиди."},{"word":"вчудовидувачки","type":"прид.","description":"Што предизвикува вчудовидување. Вчудовидувачки содржини."},{"word":"вчури","type":"св.","description":"Вчади, зачади. Ќумбето ја вчури собата."},{"word":"вџари се","type":"св.","description":"Се загледа, се втренчи, се внесе во некого. Војникот се вџарил во селанените."},{"word":"вџасен","type":"прид.","description":"Што се вџаси. Неговиот гладен и вџасен поглед ја жежеше под кожа."},{"word":"вџаси се","type":"св.","description":"Се запрепасти од нешто. Претрпна, се вџаси и рипна од столот."},{"word":"вшантрави се","type":"св.","description":"Стане кривоног."},{"word":"вшатори се","type":"св.","description":"Се разграни."},{"word":"вшие","type":"св.","description":"Зашие, сошие внатре. Му вшив потполнки на мантилот."},{"word":"вшир","type":"прил.","description":"Во ширина, хоризонтално. За изминативе години, пишувачот на овие редови вдолж и вшир го прошета светот."},{"word":"вшмука","type":"св.","description":"Со шмукање, со вовлекување (течност, воздух и сл.) влече во себе или во нешто. Вшмука бензин."},{"word":"г","type":"глас","description":"Глас, звучна согласка во македонскиот стандарден јазик, заднонепчена според местото на образување, експлозивна според начинот на образување."},{"word":"га!","type":"изв.","description":"За имитирање на гласот на некои птици, обично на гуска."},{"word":"габа","type":"ж.","description":"Организам што наликува на ниско растение без листови, со кусо стебло и врв во форма на шапка; печурка; Fungus. Отровна габа. Габа за јадење. Супа од габи."},{"word":"габар","type":"м.","description":"Човек што собира габи. По дождот излегоа габарите да берат габи."},{"word":"габардин","type":"м.","description":"Фина ткаенина од волна или од памук што се користи за изработка на горна облека. Си соши костим од габардин."},{"word":"габардиса","type":"св.","description":"Збувне, прими течност."},{"word":"габер","type":"м.","description":"Вид дрво со жилести и назабени лисја, со мазна сива кора и бела срцевина што се користи за изработка на музички инструменти и на други предмети; Carpinus betulus. Тие цели недели ги копаа длабоките корење на буките и габрите."},{"word":"габерлив","type":"прид.","description":"Обраснат со габер. Габерливо место."},{"word":"габеров","type":"прид.","description":"Што е од габер, штосе ~ однесува на габер. Габерово дрво. Габерова шума"},{"word":"габичен","type":"прид.","description":"Што се однесува на габичка. Габично заболување."},{"word":"габичка","type":"ж.","description":"Дем. од габа."},{"word":"Габон","type":"м.","description":"Држава во Африка."},{"word":"Габороне","type":"ср.","description":"Главен град на Боцвана."},{"word":"габоса","type":"св.","description":"Мувлоса, добие габички. Лебот габоса."},{"word":"габосан","type":"прид.","description":"Што е мувлосан, што има габички. Габосан леб."},{"word":"габрак","type":"м.","description":"Место обраснато со габрови дрвја. Се слушаа птици од габракот."},{"word":"габровица","type":"ж.","description":"Гранка од габрово дрво. Собираше габровици по шумата"},{"word":"гаваз","type":"м.","description":"Личен стражар на лице на повисока позиција, обично дипломат. Дојде бегот со двајца гавази за да го заплашува народот."},{"word":"гавез","type":"ж.","description":"Лековито растение со исправено влакнесто стебло и црвено-виолетови, бели или жолтеникави цветови што се користи за лекување воспалени рани и др.; Symhytum officinale."},{"word":"гавран","type":"м.","description":"Вид птица со црни сјајни пердуви и силен клун; Corvus corax."},{"word":"гавранов","type":"прид.","description":"Што му припаѓа на гавран. Гавраново перо. Гавранов клун."},{"word":"гага","type":"прил.","description":"Бесплатно. Сношти добивме јадење гага."},{"word":"гаѓа","type":"несв.","description":"Нишани, стрела, пука, цели во мета со огнено оружје или со некаков предмет. Сите наредени, еден по еден, гаѓаа во метата. Го гаѓаа песот со камења."},{"word":"гаѓач","type":"м.","description":"Човек што гаѓа; стрелач. Тој добро нишанеше и беше најдобар гаѓач од војниците."},{"word":"гагаџија","type":"м.","description":"Човек што сака бесплатно да добива разни услуги, обично јадење и пиење. Се собраа сите гагаџии."},{"word":"гад","type":"м.","description":"Нечистотија, валканица, гадотија. Во затворот насекаде беше гад и смрдеа."},{"word":"гаден","type":"прид.","description":"Што е одвратен, лош, подол. Гадни работи се случуваат."},{"word":"гадинка","type":"ж.","description":"Дем. од гадина."},{"word":"гади се","type":"несв.","description":"повр. Чувствува гнасење, одвратност, одбивност кон нешто. Луѓето се гадеа од нечистотијата што ја затекнаа во таа просторија."},{"word":"гадлив","type":"прид.","description":"Што чувствува одвратност кон нешто, обично храна. Детето беше гадливо."},{"word":"гадоса се","type":"св.","description":"Се загади. Реката се гадоса."},{"word":"гадост","type":"ж.","description":"Подлост, лоша постапка. И до толкава ништожност, ситничавост, гадост можеше да се стркала човек!"},{"word":"гадулар","type":"м.","description":"Свирач на гадулка. Беше најпознат гадулар во целиот крај."},{"word":"гадулка","type":"ж.","description":"Гудачки народен инструмент во вид на крушка, направен од едно парче дрво, со 3 или 4 жици."},{"word":"гаждаре","type":"ср.","description":"Голем кош за пченка. И пченките ги собраа и ги сместија во гаждариња, плетени од лескови прачки."},{"word":"газ","type":"м.","description":"(разг.) Заден дел од човековото тело меѓу половината и нозете, задник. Се чу како плесна шлаканица по голиот газ и детето уште повеќе вресна."},{"word":"газа","type":"ж.","description":"Специјална мрежеста ткаенина што се користи за преврзување рани; завој. Стерилна газа. Хидрофилна газа."},{"word":"Газа","type":"ж.","description":"Град на источниот брег на Средоземното Море."},{"word":"Газа","type":"ж.","description":"Област на источниот брег на Средоземното Море."},{"word":"газалиште","type":"ср.","description":"Плитко место за поминување преку вода. Бараше газалиште за да ја премине реката."},{"word":"газглава","type":"прил.","description":"Главечки (при превртување). Децата се превртуваа газглава."},{"word":"газда","type":"м.","description":"Богат човек; чорбаџија. Како вистински газда, јадеше по најскапите ресторани."},{"word":"газдарица","type":"ж.","description":"газда. Газдарицата го изнајмуваше станот евтино."},{"word":"газдин","type":"прид.","description":"Што му припаѓа на газда. Газдина куќа."},{"word":"газдински","type":"прид.","description":"Што се однесува на газда, што му припаѓа на газда. Газдинска ќерка."},{"word":"газдува","type":"несв.","description":"Раководи, стопанисува. Газдите газдуваа, а работниците работеа."},{"word":"газела","type":"ж.","description":"Вид тропско животно, копитар, слично на срна, со стројно тело, долги нозе и со рогови; Gazella dorcas."},{"word":"газер","type":"м.","description":"Долниот, најнизок дел од некој сад, дно на длабок предмет, на кутија, на сандак и сл. Ги кладов парите во сандакот, на газерот."},{"word":"газест","type":"прид.","description":"Што има голем газ. Газлеста жена"},{"word":"газечки","type":"прил.","description":"Наназад. Падна газечки."},{"word":"гази","type":"несв.","description":"а) Стапнува, чекори, оди. Ми се чинеше не газам на нозе. На челото газеше нашиот водник. б) Стапнува на нешто (снег, кал, трева и сл.). Гази уморно во снегот. Матичарот газеше во калта и размислуваше за есенската здодевност. в) Преминува преку вода, планина и сл. Реката во април не се газеше. А колку за нас, ние сме научени да ја газиме планинава."},{"word":"газиен","type":"прид.","description":"Што се однесува на газија. Газиена ламба."},{"word":"газија","type":"ж.","description":"Гас во течна состојба што се користи за осветлување; петролеј. Нека светка ламбата, не карабитната, туку онаа на газија."},{"word":"газијарник","type":"м.","description":"Сад за чување газија. Го наполни газијарникот."},{"word":"газира","type":"св. и несв.","description":"Додаде, додава јаглерод диоксид во вино, во безалкохолен пијалак и сл. Минералната вода ја газираат и ја пакуваат."},{"word":"газлец","type":"м.","description":"Долно лежиште на воденичко вретено. Газлецот на вретеното се скрши."},{"word":"газло","type":"м.","description":"Маж со голем газ. Маж, а газло."},{"word":"газне","type":"св.","description":"Стапне, згази малку. Го газна по ногата за да замолчи."},{"word":"газоза","type":"ж.","description":"Вид газиран безалкохолен пијалак. Тој пак прошетува низ чаршија, се напива една газоза и продолжува."},{"word":"газозаџија","type":"м.","description":"Продавач на газоза. Го чекаа газозаџијата да дојде."},{"word":"газолин","type":"м.","description":"Вид лесен бензин."},{"word":"гајба","type":"ж.","description":"Амбалажа за транспорт на храна, на пијалаци и др. На плантажните лозја грозјето се собира во дрвени или пластични гајби и потоа се товари."},{"word":"гајда","type":"ж.","description":"Народен музички дувачки инструмент составен од мев (мешина), најчесто од коза, со три цевки за дување и за свирење. Во поубаво време секогаш можеа да се чујат изнадуени гајди."},{"word":"гајдарка","type":"ж.","description":"Мала плочка со која си играат децата. Децата градеа брод од гајдарки."},{"word":"гајдаџија","type":"м.","description":"Свирач на гајда. Гајдаџиите го расположија народот."},{"word":"гајдаџика","type":"ж.","description":"гајдаџија."},{"word":"гајле","type":"ср.","description":"Грижа. Си има човекот гајле."},{"word":"гајрет","type":"м.","description":"Помош, поддршка, услужност. Гајрет не му треба, само одмена и разговор."},{"word":"гајтан","type":"м.","description":"Сплетена врвка што се шие како украс по рабовите на облеката; ширит. Жената носеше шајачен елек чии рабови беа опшиени со црвен гајтан."},{"word":"гајтанлија","type":"прид.","description":"Опшиен со гајтан. Елек гајтанлија."},{"word":"гајтанџија","type":"м.","description":"Изработувач на гајтани. Татко му го научи на занаетот и сега работи гајтанџија."},{"word":"гајтанџилак","type":"м.","description":"Дејност на изработување гајтани. Тој цел живот се занимаваше со гајтанџилак."},{"word":"гака","type":"несв.","description":"Испушта глас како гуска. Од раното утро гуските почнаа да гакаат."},{"word":"гаќар","type":"м.","description":"Вид гулаб со долги пердуви на нозете во вид на гаќи."},{"word":"гаќарест","type":"прид.","description":"За гулаб, за кокошка и сл. – што е со долги пердуви на нозете. Главата ја имаше кренато невообичаено високо како гаќарест петел."},{"word":"гаќарка","type":"ж.","description":"Вид кокошка со долги пердуви на нозете."},{"word":"гаќарко","type":"м.","description":"Човек облечен само во гаќи. Летно време сите беа гаќарковци."},{"word":"гаќи","type":"и.","description":"Долна облека, обично од памук, за долниот дел од телото, со или без ногавици. Човекот на себе имаше само кошула, гаќи и нови опинци."},{"word":"гакне","type":"св.","description":"Испушти глас како гуска, гака малку. Гуската цел ден не гакна ниту еднаш."},{"word":"гаќник","type":"м.","description":"Врвка за врзување гаќи; учкур. Гаќникот постојано му се одврзуваше."},{"word":"Гал","type":"м.","description":"Припадник на келтско племе, жители на Галија."},{"word":"гала","type":"прид.","description":"Свечен, раскошен. Гaла-вeчер. Гaла-вeчера. Гaла-кoнцерт. Гaла-прeтстава."},{"word":"галаксија","type":"ж.","description":"Ѕвезден систем во вселената (на пр. Млечен Пат). Се истражуваше дали има и други галаксии во вселената."},{"word":"галактометар","type":"м.","description":"Направа за мерење на квалитетот, густината на млекото; лактометар."},{"word":"галантен","type":"прид.","description":"Што е дарежлив, широкоград, услужлив, љубезен, учтив. Ме нарекуваше негова муза и беше галантен во комплиментите."},{"word":"галантерија","type":"ж.","description":"Ситна трговска стока за лична употреба. Во една продавница за машка галантерија купи копчиња за ракави."},{"word":"галантерист","type":"м.","description":"Трговец со галантериска стока."},{"word":"Галапагос","type":"м.","description":"Чилеански архипелаг во Тихиот Океан."},{"word":"галванизам","type":"м.","description":"Појава на електрицитет што настанува при допир на некои метали (според името на пронаоѓачот Луиџи Галвани)."},{"word":"галванизација","type":"ж.","description":"(физ.) Покривање на површината на некој метал со слој на друг метал со помош на галвански електрицитет."},{"word":"галванизира","type":"св. и несв.","description":"(физ.) Покрие, покрива со слој на метал со помош на галвански електрицитет."},{"word":"галванографија","type":"ж.","description":"Постапка за изработување на печатарски клишеа."},{"word":"галванокаустика","type":"ж.","description":"Горење чиреви и други израстоци на кожата со помош на галванска струја."},{"word":"галванометар","type":"м.","description":"Направа за мерење на јачината на галванската струја."},{"word":"галванопластика","type":"ж.","description":"Изработка на отпечатоци во метал по пат на електролиза."},{"word":"галваноскоп","type":"м.","description":"Апарат за идентификување галванска струја."},{"word":"галванотерапија","type":"ж.","description":"Лекување со помош на галванска струја."},{"word":"галванотехника","type":"ж.","description":"Дел од електрохемијата што го проучува таложењето метали од нивните соли."},{"word":"галеб","type":"м.","description":"Вид силно градена птица со долги зашилени крилја, обично со бела боја, што живее покрај вода; Larus. Ниско над сините бранови летаа галебите."},{"word":"галебов","type":"прид.","description":"Што му припаѓа на галеб. Галебово крило."},{"word":"галеж","type":"м.","description":"Милување, мазнење, нежно допирање. Трепереше од неговиот галеж."},{"word":"галежен","type":"прид.","description":"Што е нежен, мил. Галежен шепот."},{"word":"галежлив","type":"прид.","description":"Што сака да се гали. Тој е многу галежлив."},{"word":"гален","type":"прид.","description":"Што е разгален. Галено дете."},{"word":"галеник","type":"м.","description":"Миленик, љубимец. Тој беше галеник на сите."},{"word":"галениче","type":"ср.","description":"Дем. од галеник."},{"word":"галерија","type":"ж.","description":"Специјална просторија или градба наменета за изложување уметнички дела. Вечер во галеријата ќе се отвора изложба."},{"word":"гали","type":"несв.","description":"Милува, мазни, нежно допира со рака. Ме галеше нежно со дланките."},{"word":"галиба","type":"мод.","description":"Веројатно, најверојатно. И ти галиба си од нашите места?"},{"word":"галија","type":"ж.","description":"Едреник, голем старовремски брод што плови со помош на весла и на едра. Виде галии со полни едра и со развиорени знамиња."},{"word":"Галија","type":"ж.","description":"Некогашна област, на територијата на денешна Франција."},{"word":"галиматијас","type":"м.","description":"Нејасен говор или писмен состав полн со бесмислици. Текстот беше вистински галиматијас."},{"word":"Галиполски Полуостров","type":"м.","description":"Полуостров во Турција, западно од Дарданелите."},{"word":"галицизам","type":"м.","description":"Особеност на францускиот јазик; збор или јазична конструкција карактеристична за францускиот јазик, а преземена во друг јазик. Во одделни словенски јазици се затврдени извесни галицизми."},{"word":"Галичица","type":"ж.","description":"Планина во Македонија."},{"word":"Галичник","type":"м.","description":"Село во Македонија."},{"word":"галне","type":"св.","description":"Кратко помилува. Само го гална по образот и си замина."},{"word":"галовен","type":"прид.","description":"Што е нежен, топол. Галовен поглед."},{"word":"галон","type":"м.","description":"Англиска мерка за течност."},{"word":"галоп","type":"м.","description":"Вид брзо коњско трчање со скокови. Коњаникот го потера коњот во галоп."},{"word":"галопира","type":"несв.","description":"За коњ – трча во галоп, трча брзо со скокови. Коњите галопираа."},{"word":"галош","type":"м.","description":"Плитки обувки за кал и за снег, направени од гума, што може да се носат и преку други обувки."},{"word":"гама","type":"и.","description":"(муз.) Низа од тонови со интервали."},{"word":"гамаши","type":"и.","description":"Доколенки изработени од груб материјал (на пр. чоја) или од кожа. Мажите во тоа време носеа на нозете гамаши."},{"word":"Гамбија","type":"ж.","description":"Држава во Африка."},{"word":"гамбит","type":"м.","description":"Во шахот – вид отворање со жртвување на пион заради побрзо развивање на играта."},{"word":"гамен","type":"м.","description":"Некултурно и невоспитано детиште, уличар, хулиган. Во училиште беа вистински гамени."},{"word":"Гана","type":"ж.","description":"Држава во Африка."},{"word":"Ганг","type":"м.","description":"Река што тече низ Индија и Бангладеш."},{"word":"ганглија","type":"ж.","description":"Нервни јазли во централниот нервен систем и во внатрешните органи. Стомачните ганглии ги активираат органите на стомакот и осилото кај пчелите."},{"word":"ганголи","type":"несв.","description":"Зборува низ нос. Кога зборува, тој ганголи."},{"word":"ганголив","type":"прид.","description":"Што зборува низ нос. Момчето беше ганголиво."},{"word":"гангрена","type":"ж.","description":"Гниење, распаѓање на ткивото. Ногата му ја отсекоа поради гангрена."},{"word":"гангренозен","type":"прид.","description":"Што има гангрена. Гангренозна рана."},{"word":"гангстер","type":"м.","description":"Член на група, на банда криминалци; криминалец, разбојник, крадец, никаквец, уценувач. Улични гангстери."},{"word":"ганѕало","type":"м.","description":"Човек што се ганѕа, влечко. Со ганѕала како тебе работата нема да врви."},{"word":"ганѕа се","type":"несв.","description":"Се ниша при одење. Старците доаѓаа ганѕајќи се."},{"word":"ганѕлив","type":"прид.","description":"Што се ниша при одење. Се приближуваше со ганѕлив од."},{"word":"гаража","type":"ж.","description":"Ограден и покриен простор за чување и за поправка на возила. Подземна гаража. Катни гаражи."},{"word":"гаражен","type":"прид.","description":"Што се однесува на гаража. Гаражен простор."},{"word":"гарант","type":"м.","description":"Лице што гарантира сигурност за извршување или за плаќање на нешто. Тој ми беше гарант за кредитот."},{"word":"гарантен","type":"прид.","description":"Што има својство, карактер на гаранција; што се однесува на гаранција. Гарантно писмо. Гарантен рок."},{"word":"гарантира","type":"св. и несв.","description":"Даде, дава целосна сигурност за нешто. Му гарантираше дека нема да има проблеми."},{"word":"гаранција","type":"ж.","description":"Сигурност, осигуреност. Ќе успееме со гаранција. Машината за перење имаше гаранција од една година."},{"word":"гаргара","type":"ж.","description":"Плакнење на устата со вода или со лековита течност, при што течноста се држи во устата неколку минути и со помош на издишната струја се бранува на сите страни во усната празнина. Секоја вечер правеше гаргара на устата."},{"word":"гарда","type":"ж.","description":"Лична стража, одбрани војници што го чуваат претседателот на државата, кралот и сл. Кралска гарда. Почесна гарда."},{"word":"гарденија","type":"ж.","description":"Вид тропско растение со убави и мирисливи цветови од фамилијата Rubiaceae; Gardenia Florida."},{"word":"гардероба","type":"ж.","description":"Дел од мебел во којшто се чуваат алишта; плакар, шифоњер, орман, шкаф. Во спалната немаше место да се стави гардероба."},{"word":"гардеробер","type":"м.","description":"Лице што работи во гардероба. Му го подаде палтото на гардероберот."},{"word":"гардист","type":"м.","description":"Припадник на гарда. Гардистите стоеја покрај претседателот."},{"word":"гарнизон","type":"м.","description":"Дел од војска сместен на едно место заради обука или обезбедување. Целиот гарнизон се преместуваше на друго место."},{"word":"гарнир","type":"м.","description":"Додаток од зеленчук и др. кон главното јадење од месо или од риба. Со месото имаше богат гарнир."},{"word":"гарнира","type":"св. и несв.","description":"Дополни, дополнува, украси, украсува порција со месо или риба со разни додатоци од зеленчук и сл."},{"word":"гарнитура","type":"ж.","description":"Повеќе предмети што прават една целина; комплет. Гарнитура за седење."},{"word":"гарсониера","type":"ж.","description":"Мал, еднособен стан. Живееше во гарсониера во центарот на градот."},{"word":"гас","type":"м.","description":"Воздушесто тело чии честици се стремат да го исполнат сиот слободен простор; плин."},{"word":"гас","type":"м.","description":"Газија, петролеј (за ламба). Уличните светилки на гас светеа матно."},{"word":"гасен","type":"прид.","description":"Што се однесува на гас, што е со гас, што е наменет за заштита од гас. Гасна комора. Гас-маска."},{"word":"гасеница","type":"ж.","description":"Ларва на пеперутка."},{"word":"гасеничав","type":"прид.","description":"Што е како гасеница. Имаше гасеничав изглед."},{"word":"гасеничар","type":"м.","description":"Трактор или машина што се движи на гасеници. Гасеничарот ораше и ја подготвуваше земјата за садење пченка."},{"word":"гасеничен","type":"прид.","description":"Што потекнува, што припаѓа на гасеница."},{"word":"гаси","type":"несв.","description":"Прави нешто да престане да гори или да свети. Огнот полека се гасеше."},{"word":"гас-маска","type":"ж.","description":"Специјална маска за заштита од отровни гасови."},{"word":"гасне","type":"несв.","description":"Прави нешто да престане да гори или да свети. Ја гаснеше цигарата и ја гледаше."},{"word":"гасовит","type":"прид.","description":"Што е во вид на гас. Гасовита состојба."},{"word":"гасовод","type":"м.","description":"Направа за спроведување гас."},{"word":"гасометар","type":"м.","description":"Направа за мерење и за чување гас."},{"word":"гастарбајтер","type":"м.","description":"Работник во странство, имигрант. За Божик сите гастарбајтери се враќаа дома."},{"word":"гастритис","type":"м.","description":"Воспаление на желудникот."},{"word":"гастроном","type":"м.","description":"Добар познавач на храната и на начините на нејзиното подготвување."},{"word":"гастрономија","type":"ж.","description":"Вештина за подготвување разни видови јадења."},{"word":"гата","type":"несв.","description":"Прорекнува судбина, гледа, бае. Отиде да му гатаат на карти."},{"word":"гаталец","type":"м.","description":"Човек што гата, јасновидец; врач, бајач, пророк. Беше како гаталец кој чита судбина од дланка."},{"word":"гатанка","type":"ж.","description":"Краток опис на предмет, појава, суштество со цел да се разоткрие; загатка."},{"word":"гатер","type":"м.","description":"Машина за сечење, бичење дрва; машинска пила со повеќе сечила."},{"word":"гатерист","type":"м.","description":"Човек што работи на гатер."},{"word":"гатка","type":"ж.","description":"Кратка приказна, гатанка, загатка."},{"word":"гатне","type":"св.","description":"Загатне, навести. Ги гатна работите и ништо понатаму не кажа."},{"word":"гаф","type":"м.","description":"Голема грешка; глупава, нетактична, невнимателна постапка. Тогаш направи еден од најголемите гафови во својата политичка кариера."},{"word":"Гвадалупе","type":"м.","description":"Француски островски архипелаг во Карипско Море."},{"word":"Гвајана","type":"ж.","description":"Држава во Јужна Америка."},{"word":"Гватемала","type":"ж.","description":"Држава во Средна Америка."},{"word":"Гвинеја","type":"ж.","description":"Држава во Африка."},{"word":"Гвинеја-Бисао","type":"ж.","description":"Држава во Африка."},{"word":"Гдањск","type":"м.","description":"Град во Полска."},{"word":"Гевгелија","type":"ж.","description":"Град во Македонија."},{"word":"гег","type":"м.","description":"Шега, виц, трик. Беше познат по своите гегови."},{"word":"гега","type":"ж.","description":"Долг овчарски стап со кука на едниот крај што служи за фаќање на овците. Наместо овчарската гега, тој го зеде јатаганот."},{"word":"Гега","type":"м.","description":"Припадник на албанско племе."},{"word":"гегав","type":"прид.","description":"Што се гега. Гегава жена."},{"word":"гегало","type":"ср.","description":"Човек што се гега; ганѕало."},{"word":"гега се","type":"несв.","description":"Се ганѕа, се ниша при одење, шанта со нозете. Селанецот си одеше гегајќи се."},{"word":"гејзир","type":"м.","description":"Извор на топла вода од кој на определено време блика вода во голем водоскок."},{"word":"гејша","type":"ж.","description":"Традиционална јапонска забавувачка, танчарка, пејачка и музичарка којашто ги забавува гостите. Беше опкружен со прекрасни гејши."},{"word":"гел","type":"м.","description":"Желатинска маса; желе. Гел од алое. Гел за коса."},{"word":"гелендер","type":"м.","description":"Ограда на скали. Скалите беа дрвени, со бели гелендери."},{"word":"гем","type":"м.","description":"Во тенисот – дел од сетот."},{"word":"гемија","type":"ж.","description":"Лаѓа, брод. Беа како робови на гемија."},{"word":"гемиџија","type":"м.","description":"(арх.) Лаѓар, бродар. Работеше како гемиџија."},{"word":"ген","type":"м.","description":"Наследна единица којашто ги определува карактеристиките на потомците. Музиката им беше во гените."},{"word":"генеалогија","type":"ж.","description":"Историја на едно семејство; родослов. Истражувајќи ја генеалогијата на своето семејство, дојде до интересни податоци."},{"word":"генеза","type":"ж.","description":"Зачеток, настанување, потекло. Таму лежеше генезата на проблемот."},{"word":"генерал","type":"м.","description":"Висок офицерски чин, звање повисоко од полковник."},{"word":"генерален","type":"прид.","description":"Што е општ. Во тоа се состојат генералните забелешки за книгата."},{"word":"генерализација","type":"ж.","description":"Обопштување, наоѓање заеднички елементи. Се прави генерализација на проблемите."},{"word":"генерализира","type":"св. и несв.","description":"Обопшти, обопштува нешто. Може да се генерализира дека постојат две главни насоки."},{"word":"генералии","type":"и.","description":"Општи, лични податоци (име, датум, место на раѓање и сл.). Ги запиша своите генералии."},{"word":"генералитет","type":"м.","description":"Генералскиот состав на една војска. Одлуката се донесе од генералитетот."},{"word":"генералица","type":"ж.","description":"Жена на генерал."},{"word":"генералштаб","type":"м.","description":"Врховна команда на една војска. Беа избрани двајца нови членови на генералштабот."},{"word":"генералштабен","type":"прид.","description":"Што се однесува, што му припаѓа на генералштаб."},{"word":"генератор","type":"м.","description":"Апарат, машина што ја претвора механичката во електрична енергија. Во фабриката работеа три генератори."},{"word":"генерација","type":"ж.","description":"Сите родени во еден временски период кои претставуваат едно поколение. Генерацијата на дедо ми се борела на тој фронт."},{"word":"генерира","type":"св. и несв.","description":"Создаде, создава, роди, раѓа, предизвика, предизвикува нешто. Војната генерира чувство на страв кај луѓето."},{"word":"генетика","type":"ж.","description":"Наука за развитокот на организмите, за наследувањето определени особини и за нивната променливост. Хумана генетика."},{"word":"генетичар","type":"м.","description":"Човек што се занимава со генетика."},{"word":"гениј","type":"м.","description":"Човек со исклучителни способности, посебно надарен човек, голем талент, човек со голема дарба."},{"word":"генијален","type":"прид.","description":"Што е исклучителен, посебно надарен, талентиран, со голема дарба. Генијално дете."},{"word":"генитален","type":"прид.","description":"Што се однесува на гениталии. Генитална болест."},{"word":"гениталии","type":"и.","description":"Полови органи."},{"word":"геноцид","type":"м.","description":"Систематско уништување, истребување на определена група луѓе поради расни, верски или национални причини. Се вршеше геноцид на еврејскиот народ."},{"word":"геноциден","type":"прид.","description":"Што се однесува на геноцид."},{"word":"гео-","type":"претс.","description":"Како прв дел во сложенки со значење земја, земјен, во врска со земја, на пр.: геоботаника, географија, геологија, геофизика."},{"word":"геоботаника","type":"ж.","description":"Наука што се занимава со проучување на распространетоста на определени видови растенија."},{"word":"геоботаничар","type":"м.","description":"Човек што се занимава со геоботаника."},{"word":"географ","type":"м.","description":"Човек што се занимава со географија."},{"word":"географија","type":"ж.","description":"Наука за Земјата, нејзините особености, територијалната распространетост на населението и живите организми, условите за живот; земјопис. Биолошка географија. Политичка географија. Физичка географија."},{"word":"геодезија","type":"ж.","description":"Наука за мерење земјени површини, обично за картографски, стопански и воени цели."},{"word":"геодет","type":"м.","description":"Човек што се занимава со геодезија."},{"word":"геолог","type":"м.","description":"Човек што се занимава со геологија."},{"word":"геологија","type":"ж.","description":"Наука за настанувањето, составот и градбата на Земјата."},{"word":"геометар","type":"м.","description":"Човек што се занимава со мерење земјиште."},{"word":"геометрија","type":"ж.","description":"Дел од математиката што се занимава со просторните форми, односно со геометриските тела, површини, линии и точки, нивното мерење и нивниот меѓусебен однос. Нацртна геометрија."},{"word":"геополитика","type":"ж.","description":"Наука што го проучува влијанието на географската положба на една земја врз нејзиниот општествен и политички живот."},{"word":"георгина","type":"ж.","description":"Украсно растение со крупни цветови, слично на роза, по потекло од Мексико; далија; Dahlia variabilis."},{"word":"геофизика","type":"ж.","description":"Наука за физичките особини и процеси на Земјата и во неа."},{"word":"геоцентризам","type":"м.","description":"Застарено сфаќање за Земјата како центар на вселената околу кој се вртат сите небесни тела."},{"word":"геоцентричен","type":"прид.","description":"Што се однесува на центарот на Земјата."},{"word":"гепард","type":"м.","description":"Вид диво животно со дамки по телото, со високи нозе и со мала глава, познато како најбрзо, од фамилијата мачки, распространето во Африка и во Југозападна Азија; Acimonyx jubatus."},{"word":"геријатрија","type":"ж.","description":"Дел од медицината што се занимава со болестите што доаѓаат со стареењето, нивното лекување и профилактика."},{"word":"герила","type":"ж.","description":"Мали борбени групи што најчесто дејствуваат од заседи во непристапни предели против, обично, надмоќниот непријател, а избегнуваат отворена борба. Ѝ припаѓаше на герилата."},{"word":"герилец","type":"м.","description":"Припадник на герила."},{"word":"Герман","type":"м.","description":"Планина во Македонија."},{"word":"Герман","type":"м.","description":"Припадник на древна група племиња, од кои потекнува германската група индоевропски народи."},{"word":"германизам","type":"м.","description":"Особеност на германскиот јазик; збор или јазична конструкција карактеристична за германскиот јазик, а преземена во друг јазик."},{"word":"Германија","type":"ж.","description":"Држава во Европа."},{"word":"германист","type":"м.","description":"Тој што се занимава со германистика."},{"word":"германистика","type":"ж.","description":"Наука што се занимава со проучување на јазиците, книжевноста и историјата на германските народи."},{"word":"геронтолог","type":"м.","description":"Човек што се занимава со геронтологија."},{"word":"геронтологија","type":"ж.","description":"Дел од медицината што се занимава со процесот на стареење, со социолошките и со економските проблеми на старите луѓе."},{"word":"гесло","type":"ср.","description":"Збор или израз што претставува водечка мисла; мото, девиза, парола. Ним гесло им беше слободата на духот."},{"word":"гест","type":"м.","description":"Движење со телото, обично со раката. Децата ги подадоа рацете со оној професионален гест, со кој се пита леб."},{"word":"гестаповец","type":"м.","description":"Припадник на тајната полиција Гестапо во времето на владеењето на Хитлер (1933 – 1945)."},{"word":"гестикулација","type":"ж.","description":"Движење со телото, обично со рацете. Кога зборуваше, беше многу интересен поради гестикулациите што ги правеше со рацете."},{"word":"гестикулира","type":"несв.","description":"Прави гестикулација. Актерот премногу гестикулираше на сцената."},{"word":"Гетеборг","type":"м.","description":"Град во Шведска."},{"word":"Гетинген","type":"м.","description":"Град во Германија"},{"word":"гето","type":"ср.","description":"Градска населба населена со Евреи, а во поново време секоја градска населба населена со луѓе дискриминирани на расна, верска или национална основа. Црнечко гето. Еврејско гето."},{"word":"ги","type":"зам.","description":"Кратка форма за директен објект од личните заменки тие, они; се употребува сама или заедно со долгата форма – нив ги; Ќе ги береме костените. Нив ги чекаме."},{"word":"гиба","type":"несв.","description":"Допира, пипа. Не гибај ме!"},{"word":"гибач","type":"м.","description":"Човек што гиба."},{"word":"гибел","type":"ж.","description":"Неприродна смрт, уништување, пропаст. Атомската војна може да биде гибел за целиот свет."},{"word":"гибелен","type":"прид.","description":"Што е во врска со гибел, што предизвикува гибел. Гибелна постапка."},{"word":"гибне","type":"св.","description":"Допре, пипне. Тој се згрчи уште повеќе, та лицето, речиси, му ги гибна колената. Нејзината коса му го гибна лицето и тој се наежи."},{"word":"Гибралтар","type":"м.","description":"Британска прекуморска територија сместена на најјужната точка од Пиринејскиот Полуостров."},{"word":"Гибралтарски Проток","type":"м.","description":"Морски проток кој ги поврзува Атлантскиот Океан и Средоземното Море, а ги раздвојува Шпанија и Гибралтар во Европа од Мароко во Африка."},{"word":"гигант","type":"м.","description":"Човек, живо суштество, растение со голем раст, предмет со големи размери. Од другите двајца едниот беше како гигант, а другиот како кепец."},{"word":"Гиза","type":"ж.","description":"Предградие на Каиро, Египет."},{"word":"гиздав","type":"прид.","description":"Што е дотеран, накитен. Гиздава жена."},{"word":"гиздавец","type":"м.","description":"Човек што посветува големо внимание на изгледот, претерано дотеран човек. Изгледаше како прав гиздавец."},{"word":"гиздало","type":"ср.","description":"Предмети за гиздење. Користеше секакви гиздала."},{"word":"гизди","type":"несв.","description":"Кити, дотерува, украсува. Го гиздеше девојчето кога одеа в црква."},{"word":"Гијана","type":"ж.","description":"Област во Јужна Америка"},{"word":"гилотина","type":"ж.","description":"Направа за отсекување глава на осудениците на смрт."},{"word":"гилотинира","type":"несв.","description":"Отсече, отсекува глава на гилотина. Осудениците беа гилотинирани."},{"word":"гимназија","type":"ж.","description":"Средно училиште за општо образование. Се запиша во најдобрата гимназија во градот."},{"word":"гимназист","type":"м.","description":"Ученик во гимназија. За време на празниците сите гимназисти го напуштаа интернатот."},{"word":"гимнастика","type":"ж.","description":"Физички вежби што служат за развивање и за одржување на мускулатурата на телото. Секое утро правевме гимнастика."},{"word":"гимнастицира","type":"несв.","description":"Прави гимнастички вежби; вежба. Гимнастицира за да се загрее."},{"word":"гимнастичар","type":"м.","description":"Човек што се занимава со гимнастика."},{"word":"гине","type":"несв.","description":"Губи живот на неприроден начин. Постојано гинеа луѓе, меѓу нив и деца."},{"word":"гинее","type":"несв.","description":"Губи време, денгуби. Се контеше и гинееше секогаш доцна ноќе."},{"word":"гинејачка","type":"ж.","description":"Губење време, денгубење. Од гинејачка ниедна работа не завршуваше."},{"word":"гинеколог","type":"м.","description":"Лекар специјалист по гинекологија. Матичен гинеколог."},{"word":"гинекологија","type":"ж.","description":"Дел од медицината што ги проучува женските полови и репродуктивни органи, нивните заболувања и нивното лекување."},{"word":"гинеколошки","type":"прид.","description":"Што се однесува на гинекологија и на гинеколог. Гинеколошки преглед."},{"word":"гипс","type":"м.","description":"Минерал со бела, жолтеникава или сивкава боја што се употребува во моделарството, во градежништвото, во медицината (хируршки завој) и сл. Ја скрши раката и му ставија гипс."},{"word":"гипсар","type":"м.","description":"Занаетчија што се занимава со изработка на предмети од гипс."},{"word":"гипсен","type":"прид.","description":"Што е направен од гипс. Гипсена плоча."},{"word":"гипсира","type":"св. и несв.","description":"Изработи, изработува нешто од/со гипс. Гипсарите ги гипсираа ѕидовите."},{"word":"гипсотека","type":"ж.","description":"Збирка од скулпторски работи изработени од гипс. Музејската гипсотека беше многу богата."},{"word":"гирланда","type":"ж.","description":"Сплетена низа од цвеќиња, лисја, цветови од хартија, украси и др. што служи за украсување. На главата имаше малечка гирланда од цветчиња."},{"word":"гитара","type":"ж.","description":"Музички инструмент со шест до десет жици. Електрична гитара. Бас-гитара. Класична гитара."},{"word":"гитарист","type":"м.","description":"Музичар што свири на гитара. Тој беше добар гитарист."},{"word":"глава","type":"ж.","description":"Дел од телото на човек или на животно во кој се наоѓа мозокот. Ги наполни градите со воздух и ја нурна главата во водата."},{"word":"глават","type":"прид.","description":"Што има необично голема глава. Главати, озабени булдози ми ги глодаа рацете и нозете."},{"word":"главатар","type":"м.","description":"Човек што е главен во некоја заедница, општество и сл.; поглавар, главешина, старешина, водач. Јас сум зачетник на буната и главатар на војската."},{"word":"главатарство","type":"ср.","description":"Дејност на главатар; старешинство."},{"word":"главен","type":"прид.","description":"Што е прв по важност, што е решавачки, битен, суштествен, основен, централен. Тој е главна личност во романот."},{"word":"главеник","type":"м.","description":"Човек што се глави за работа; слуга, наемник. Преку лето имаше повеќе главеници на имотот."},{"word":"главест","type":"прид.","description":"глават. Беше и главест и мешлест."},{"word":"главечки","type":"прил.","description":"Со главата надолу. Сите ќе одиме главечки во бездна."},{"word":"главешина","type":"м.","description":"Поглавар, главар, старешина, водач; Главешините на охридската чаршија сакаа да се оградат од настаните."},{"word":"глави","type":"св.","description":"Најми некого за работа на определено време. Неговиот татко бил принуден да го глави за козарче."},{"word":"главина","type":"ж.","description":"Средиштен дел на тркало."},{"word":"главица","type":"ж.","description":"Тркалезен дел од некои растенија. Пикнаа во една торба еден пешник леб и три главици кромид и кинисаа."},{"word":"главичка","type":"ж.","description":"Дем. од глава."},{"word":"главнина","type":"ж.","description":"Поголем дел од нешто. Главнината од парите им беше в банка."},{"word":"главно","type":"прил.","description":"На прво место; првенствено, обично, важно. Главно е да ја почнеш работата."},{"word":"главоболка","type":"ж.","description":"Болка во главата. Ужасната главоболка ја тераше на повраќање."},{"word":"главонози","type":"м.","description":"Морски мекотели со краци што им служат за фаќање плен и сл.; Cephalopoda."},{"word":"главосек","type":"м.","description":"Човек што сече глави; крвник, џелат. Не сакав да станам главосек и тиранин."},{"word":"главуч","type":"м.","description":"(пејор.) Човек со голема глава. Го викавме главуч зашто имаше голема глава."},{"word":"глагол","type":"м.","description":"Вид менлив збор што означува дејство или состојба: оди; спие; пее; тагува и сл."},{"word":"глаголи","type":"несв.","description":"Зборува, разговара. Монахот глаголеше молитва."},{"word":"глаголив","type":"прид.","description":"Што е зборлив, разговорлив. Попот беше глаголив."},{"word":"глаголица","type":"ж.","description":"Првата словенска азбука, составена од браќата Кирил и Методиј во IX век, којашто содржела 38 букви и на која биле напишани најстарите црковни книги."},{"word":"глаголски","type":"прид.","description":"Што се однесува на глагол, што содржи глагол. Глаголски прилог. Глаголска именка. Глаголска конструкција."},{"word":"глаголски","type":"прид.","description":"Што се однесува на глаголица, што содржи глаголица. Глаголски текст."},{"word":"глад","type":"м.","description":"Чувство на потреба, неопходност од храна. Беше свесен само за онаа прва вистински сетена болка на гладот во својот стомак."},{"word":"гладен","type":"прид.","description":"Што чувствува глад; ненајаден. Многу сум гладен, од вчера ништо не сум јадел."},{"word":"гладијатор","type":"м.","description":"Роб или осуденик (во Римското Царство) обучен да се бори со други како него или со диви ѕверови пред публика во голема арена. Лавот и гладијаторот крваво се бореа во арената."},{"word":"гладиола","type":"ж.","description":"Украсно растение со право високо стебло и цветови на него кои можат да бидат во разни бои; Gladiolus."},{"word":"гладник","type":"м.","description":"Гладен човек. Јас барав, кутрата, како гладник – залак леб, како жеден – капка вода."},{"word":"гладува","type":"несв.","description":"Чувствува недостиг од храна во подолг временски период. Цела зима гладуваа."},{"word":"Глазгов","type":"м.","description":"Град во Шкотска, Велика Британија."},{"word":"глазира","type":"св. и несв.","description":"Премачка, премачкува со глазура. Фасадата на куќата ја глазира секоја пролет."},{"word":"глазура","type":"ж.","description":"Слој од сјајна смеса со кој се премачкуваат определени предмети заради поголема цврстина, непропустливост или сјај. Керамичките садови имаа сјајна глазура."},{"word":"гламна","type":"ж.","description":"Големо парче недогорено дрво. По обредот луѓето собирале изгорени гламни или јагленчиња и ги носеле дома."},{"word":"гламница","type":"ж.","description":"Вид болест кај житата при што тие или изумираат или заостануваат во натамошниот раст; Ustilago и Tilletia levis."},{"word":"гламновица","type":"ж.","description":"Голема гламна, недогорена цепеница."},{"word":"гламноса","type":"св.","description":"Изгори, поцрни. Гламносаа гредите во куќата."},{"word":"гламносан","type":"прид.","description":"Што е изгорен, поцрнет. Гламносана куќа."},{"word":"глас","type":"м.","description":"а) Звук што се создава во грлото со помош на гласилките при зборување, при пеење и сл. Силен глас. б) (лингв.) Најмал елемент на јазикот – согласка, самогласка."},{"word":"гласа","type":"несв.","description":"Се изјаснува за определено политичко, државно или административно прашање со кревање рака или по писмен пат. Гласај така како совеста што ти наложува, а не против!"},{"word":"гласач","type":"м.","description":"Лице што гласа, што има право на глас. Гласачите масовно се упатија кон гласачките места."},{"word":"гласеж","type":"м.","description":"Изговор на определени гласови. Гласежот на ќ, ѓ треба да се бара меѓу гласежот на смекнатите к, г и..."},{"word":"гласен","type":"прид.","description":"Што може да се чуе; чуен, звучен. Гласните разговори доаѓаа од улицата."},{"word":"гласи","type":"несв.","description":"Штима инструмент. Маестрото ја гласеше виолината."},{"word":"гласи","type":"несв.","description":"Пушта глас. Гласеше песната на сватовите."},{"word":"гласи","type":"несв.","description":"Соопштува, значи, звучи, содржи, изгледа некако. Во старата верзија ова место гласи вака..."},{"word":"гласилка","type":"ж.","description":"Дел од говорниот апарат; гласни жици. Нешто ме стегна во гркланов, ми ги вклешти гласилките."},{"word":"гласник","type":"м.","description":"Известувач, пренесувач на гласови, на вести. Преку гласник било известено дека жена му родила две дечиња."},{"word":"гласноговорник","type":"м.","description":"Човек што е задолжен да изнесува нечии ставови; застапник. Тој е гласноговорник на сиромасите."},{"word":"гласовен","type":"прид.","description":"Што е составен од гласови, што се однесува на гласови. Гласовен систем. Гласовни можности."},{"word":"гласовит","type":"прид.","description":"Што има силен глас. Зборуваше силно зашто беше гласовит."},{"word":"глеѓ","type":"ж.","description":"Смеса за премачкување порцелански, керамички и глинени предмети заради заштита и сјај; глазура. Садовите беа премачкани со глеѓ и светеа."},{"word":"глеѓоса","type":"св.","description":"Премачка со глеѓ. Глеѓоса неколку садови и седна."},{"word":"гледа","type":"несв.","description":"Насочува поглед кон некого или кон нешто. Таа со раширени очи гледаше во девојката што лежеше."},{"word":"гледалиште","type":"ср.","description":"Простор во театар, во опера и сл. предвиден за публика. Спроти бината имаше гледалиште со клупи."},{"word":"гледан","type":"прид.","description":"Што е негуван, чуван. Детето беше добро гледано."},{"word":"гледач","type":"м.","description":"Човек што гледа некаква претстава, филм и сл., поединец од публика. Кога се појави тој со својот танец, гледачите се поттргнаа назад."},{"word":"гледен","type":"прид.","description":"Само во изразот гледна точка;"},{"word":"гледиште","type":"ср.","description":"Определен начин на размислување, становиште, стојалиште, гледна точка. Тој понекогаш сопственото разбирање на нештата го ставаше пред гледиштето на колективот."},{"word":"глека","type":"несв.","description":"Јаде полека, сосила. Го глекаше корчето леб."},{"word":"глекав","type":"прид.","description":"Што е премногу мек, леплив, кашав како леб; недопечен. Глекави кравајчиња."},{"word":"глетка","type":"несв.","description":"Гледа по малку. Детето си глеткаше наоколу."},{"word":"глетка","type":"ж.","description":"Поглед, видик. Пред нив имаше глетка заради која сепак вредело да се дојде."},{"word":"глечер","type":"м.","description":"Дебел слој мраз во високите планини и поларните области што бавно се движи надолу; ледник. Некои глечери се движат и до 30 м на ден."},{"word":"глиб","type":"м.","description":"Кал. Колата заглави во глибот."},{"word":"глибав","type":"прид.","description":"Каллив. Одеа по глибавата полјанка."},{"word":"гликоза","type":"ж.","description":"Материја што служи за добивање енергија кај живите организми, шеќер; гроздов шеќер"},{"word":"глина","type":"ж.","description":"Вид леплива земја со кафеава, жолта или црвена боја што со печење се стврднува и се користи за изработка на ќерамиди, тули, садови и др. Грнчарот правеше садови од глина."},{"word":"глинен","type":"прид.","description":"Што е направен од глина. Глинени садови."},{"word":"глиновит","type":"прид.","description":"Што содржи глина. Глиновита земја."},{"word":"глисер","type":"м.","description":"Брз моторен чамец. По езерото се возеа со глисер."},{"word":"глиста","type":"ж.","description":"Црв што живее во цревата на луѓето и на животните или во земја. На дечињата, во студените и влажни куќарки, им се подуваа мешињата од глисти. Дождовна глиста."},{"word":"глистоса","type":"св.","description":"Добие глисти. Глистосаа неколку овци од стадото."},{"word":"глистосан","type":"прид.","description":"Што е со глисти. Глистосана земја."},{"word":"глицерин","type":"м.","description":"Безбојна, густа течност што се добива со преработка на животински и на растителни масла, а се употребува во медицината, козметиката, техниката итн."},{"word":"глоб","type":"м.","description":"Очна дупка. Очите му беа дробни, кафеави и се слизгаа со необична леснотија од едниот до другиот крај во глобовите."},{"word":"глоба","type":"ж.","description":"Парична казна. За секој прекршок се плаќаше глоба."},{"word":"глобала","type":"и.","description":"Во составот – во глобала: Целосно, општо. Во глобала се согласувам со предлогот."},{"word":"глобален","type":"прид.","description":"Што е целокупен, вкупен, сеопшт. Во овој осврт авторот дава глобален преглед на поранешната и на сегашната состојба."},{"word":"глоби","type":"св. и несв.","description":"Казни, казнува парично. Собирачите на данок глобат, селаните се бунат."},{"word":"Глобочица","type":"ж.","description":"Вештачко езеро во Македонија."},{"word":"глобус","type":"м.","description":"Модел на Земјината топка со обележана географска карта на него што се врти околу оска и служи како нагледно средство во наставата по географија."},{"word":"глог","type":"м.","description":"Шумско овошно дрво со трње и со месести црвени плодови; Crataegus. Меѓу глоговите и шиповите се тегнеше широкиот коњски пат."},{"word":"глогинка","type":"ж.","description":"Плод на глог. Отиде да си касне уште некоја останата зрела глогинка."},{"word":"глогов","type":"прид.","description":"Што потекнува од глог, што му припаѓа на глог. Глогово гранче. Глогови плодови."},{"word":"глоговец","type":"м.","description":"Вид пеперуга, во фаза на гасеница ги напаѓа јаболкницата, крушата, сливата, а од шумските дрвја само глогот; Aporia crataegi L."},{"word":"глоговица","type":"ж.","description":"Глогов стап."},{"word":"глода","type":"несв.","description":"Гризе, нагризува, кине со заби нешто тврдо. Глувците глодаа по таванот."},{"word":"глодач","type":"м.","description":"Животно со специфична градба на забите: има силно развиени по еден пар секачи од горната и од долната вилица, а спаѓа во класата цицачи; Rodentia: глушец, зајак и сл."},{"word":"глорификатор","type":"м.","description":"Човек што глорификува некого. Тој се јавува како глорификатор на патријархалниот ред и морал."},{"word":"глорификација","type":"ж.","description":"Славење, величање, воздигнување. Тука имаме глорификација на силата и на јунаштината."},{"word":"глорификува","type":"несв.","description":"Слави, велича, воздигнува. Во расказот се глорификуваат неговите идеи."},{"word":"глотеж","type":"м.","description":"Нешто што е нечисто, загадено."},{"word":"глотен","type":"прид.","description":"За жито – што има глотеж; нечист. Житото беше глотно."},{"word":"глоти","type":"несв.","description":"Валка, загадува. Не глоти ми ја куќата."},{"word":"глотка","type":"ж.","description":"Нечистотија, раска. Глотка во окото. Во млекото паднале глотки."},{"word":"глоцун","type":"м.","description":"Црвен глог; Crataegus oxyacantha."},{"word":"глочка","type":"несв.","description":"За око – боцка, пече поради глотка. Окото ме глочка."},{"word":"глув","type":"прид.","description":"Што е лишен од слух, што не слуша. Не знаеше дека далеку се слуша неговиот барабан, бидејќи беше глув и на двете уши."},{"word":"глуварче","type":"ср.","description":"Растение со долга дршка, со жолти цветови кои се претвораат во пуфка составена од ситни семиња што ги разнесува ветрот; Taraxacum officinale."},{"word":"глувее","type":"несв.","description":"Станува глув, го губи слухот. Старецот сè повеќе глувееше."},{"word":"глувичок","type":"прид.","description":"Што е глув во помала мера;"},{"word":"глувонем","type":"прид.","description":"За човек – што не слуша и не зборува, односно што е лишен од слухот и од способноста за говор. Беше мошне убава, но глувонема."},{"word":"глувота","type":"ж.","description":"Состојба на глувост."},{"word":"глувотија","type":"ж.","description":"Состојба на глувост."},{"word":"глувтар","type":"м.","description":"Човек што слабо слуша, што недослушува."},{"word":"глувчарапче","type":"ср.","description":"Птица пејачка со мал раст; Troglodytes troglodytes."},{"word":"глувчарник","type":"м.","description":"Легло на глувци. Домаќинката го пронајде глувчарникот."},{"word":"глувче","type":"ср.","description":"Дем. од глушец."},{"word":"глувчев","type":"прид.","description":"Што се однесува на глушец, што му припаѓа на глушец. Глувчева дупка."},{"word":"глувчешки","type":"прид.","description":"Глувчешка опашка. Глувчешки мирис."},{"word":"глувчица","type":"ж.","description":"Женка на глушец;"},{"word":"глувчовина","type":"ж.","description":"Мирис на глувци. Мирисаше на глувчовина."},{"word":"глужд","type":"м.","description":"Зглоб што ги спојува стапалото и потколеничната коска. Си го искриви глуждот на темниот пат."},{"word":"глуждовит","type":"прид.","description":"За дрво – што има многу глуждови. Глуждовито дрво."},{"word":"глума","type":"ж.","description":"Драмска уметност, актерска игра. Со нејзината глума вистински го долови ликот што го играше."},{"word":"глумец","type":"м.","description":"Човек чиешто занимање е да игра, да глуми во театар, на филм и сл.; актер, артист. Тој беше најталентираниот глумец во театарот."},{"word":"глуми","type":"несв.","description":"Игра, претставува, доловува некаков лик во претстава, во филм и сл. Во претставата глумеше лик на разочаран човек."},{"word":"глупав","type":"прид.","description":"Што има ограничени умствени способности, ограничен, заостанат, тап. Беше многу убав, ама глупав како брат му."},{"word":"глупавичок","type":"прид.","description":"Што е глупав во помала мера; Малку е глупавичок, ама е добар."},{"word":"глупак","type":"м.","description":"Тој што е глупав."},{"word":"глутница","type":"ж.","description":"Група животни, обично волци, што се движат и напаѓаат заедно. Беше тоа една постојана глутница волци што се штенеше и живееше тука."},{"word":"глушец","type":"м.","description":"Мал глодач со долга тенка опашка што живее во близина на луѓето или во полињата. Полски глушец."},{"word":"глушина","type":"ж.","description":"(бот.) Тревесто растение што расте по нивите како плевел; Vicia varia."},{"word":"гљу!","type":"изв.","description":"За имитирање на гласот на мисирката."},{"word":"гљуга","type":"несв.","description":"За мисирка – испушта глас „гљу“."},{"word":"гмечалка","type":"ж.","description":"Направа за гмечење и за цедење грозје; преса."},{"word":"гмечач","type":"м.","description":"Човек што гмечи грозје."},{"word":"гмечи","type":"несв.","description":"а) Притиска, стега, стиска. Татко долго ја гмечеше цигарата меѓу прстите. б) За овошје и зеленчук – притиска, стиска со цел да исцеди сок. Го гмечеа грозјето во голема каца."},{"word":"гнас","type":"м.","description":"Само во изрази – одвратно, гадно. Ми е гнас. Му е гнас да го гледа."},{"word":"гнаса","type":"ж.","description":"Нечистотија. Исчисти ја таа гнаса по куќата!"},{"word":"гнасен","type":"прид.","description":"Што е нечист, валкан. Гнасна облека."},{"word":"гнаси","type":"несв.","description":"Валка, прави нешто да биде нечисто, неубаво. Ја гнасеше цела куќа."},{"word":"гнаслив","type":"прид.","description":"Што се гнаси од јадење и сл.; гадлив. Многу беше гнаслив, не ни проба од јадењето."},{"word":"гнасло","type":"м.","description":"Човек што се гнаси од јадење и сл. Што и да му дадеш, каков гнасло е, пак нема да јаде."},{"word":"гнасник","type":"м.","description":"Нечист, валкан човек. Во таа куќа сите беа гнасници."},{"word":"гнасота","type":"ж.","description":"гнаса, гнасотија."},{"word":"гнасотилак","type":"м.","description":"Нечисто, валкано, состојба на тоа што не е чисто."},{"word":"гнев","type":"м.","description":"Силна лутина, срдба, јарост. Беше исполнет со гнев поради неправдата."},{"word":"гневен","type":"прид.","description":"Што е исполнет со гнев, што чувствува гнев кон некого; лут. Беше гневен на сите."},{"word":"гневи","type":"несв.","description":"Лути, разгневува. Неговото однесување многу го гневеше."},{"word":"гневлив","type":"прид.","description":"Што често се разгневува, што е склон кон гнев. Гневлива жена."},{"word":"гнездест","type":"прид.","description":"Што е во вид на гнездо. Гнездеста шара."},{"word":"гнезди се","type":"несв.","description":"Прави гнездо. Птиците се гнездеа на дрвото."},{"word":"гнездо","type":"ср.","description":"Живеалиште на птици направено од слама и др., обично на дрво; седело. Сламка по сламка, пердувче по пердувче, дури земја со клунот пренесува, само гнездото да му биде поцврсто и потопло."},{"word":"гнет","type":"м.","description":"Поробување, мачење, измачување, потиснување. Над некои од нив се врши геноцид и најсуров гнет."},{"word":"гнетач","type":"м.","description":"Човек што гнете."},{"word":"гнете","type":"несв.","description":"Става, полни нешто некаде со притискање, со гмечење. Торбата ја гнетеше со алишта."},{"word":"гнетеж","type":"м.","description":"гнет."},{"word":"гнида","type":"ж.","description":"Јајце од вошка. Во косата ѝ светкаа гнидите."},{"word":"гнидав","type":"прид.","description":"Што има гниди. Гнидави деца играа пред куќата."},{"word":"гнидоса","type":"св.","description":"Се наполни со гниди. Децата гнидосаа во косите."},{"word":"гние","type":"несв.","description":"Се распаѓа под дејство на микроорганизми, обично во влажна средина; се расипува. Мирисаше на испаѓани муренки што гнијат."},{"word":"гнил","type":"прид.","description":"За органски материи – што го завршил процесот на гниење, распаѓање под дејство на микроорганизми. Гнило овошје. Гнило дрво."},{"word":"гнилеж","type":"м.","description":"Состојба или својство на она што е гнило. Мириса на гнилеж."},{"word":"гнилец","type":"зам.","description":"Болест кај пчелите чијшто причинител е микроскопски ситен органи"},{"word":"гнилоса","type":"св.","description":"Стане гнил. Штицата на скалилото беше гнилосана."},{"word":"гноен","type":"прид.","description":"Што е исполнет со гној. Раните им беа крвави и гнојни."},{"word":"гнои","type":"несв.","description":"За рана – се исполнува со гној, станува гнојна. Прстот ми гноеше."},{"word":"гној","type":"м.","description":"Густа жолтеникава течност што се создава при воспаление или при гниење на дел од човечки или од животински организам. На раната се гледаше гној."},{"word":"гнојарник","type":"м.","description":"Место каде што се собира гнојот. Собираше гној од гнојарникот."},{"word":"гнојница","type":"ж.","description":"Воспалена пора исполнета со гној што избива на површината на кожата. Лицето ѝ беше полно со гнојници."},{"word":"гнојоса","type":"св.","description":"Исполни со гној, загнои. Раните му беа гнојосани."},{"word":"гнома","type":"ж.","description":"Мудра изрека, сентенција, поука."},{"word":"гносеологија","type":"ж.","description":"Теорија за спознанието."},{"word":"го","type":"зам.","description":"Кратка форма за директен објект од личните заменки тој, он; се употребува сама или заедно со долгата форма – него го; Го виде ли подарокот? Него го сакам."},{"word":"Гоби","type":"ср.","description":"Пустина во Монголија."},{"word":"гоблен","type":"м.","description":"Уметничка ракотворба, ткаена или везена слика што се користи како декорација на ѕидовите. Таа цела година го везеше гобленот „Тајната вечера“."},{"word":"говедар","type":"м.","description":"Тој што се занимава со пасење говеда. Го будеше говедарот за да ги потера селските говеда на пасење."},{"word":"говедарник","type":"м.","description":"Просторија во која се затвораат, се чуваат говеда; обор. Навечер говедата ги прибираше во говедарникот."},{"word":"говедарство","type":"ср.","description":"Одгледување говеда како гранка на сточарството."},{"word":"говедо","type":"ср.","description":"Домашно тревопасно животно што се одгледува заради млеко и месо, а се користи и за работа."},{"word":"говедски","type":"прид.","description":"Што потекнува од говедо. Говедско месо."},{"word":"говор","type":"м.","description":"(лингв.) Начин за разбирање меѓу луѓето со помош на артикулирани гласови; устен јазик."},{"word":"говорен","type":"прид.","description":"Што се однесува на говор. Говорен апарат. Говорна емисија. Говорни особености."},{"word":"говори","type":"несв.","description":"Држи говор, држи беседа; предава. Претседателот говореше за актуелните проблеми во државата."},{"word":"говорител","type":"м.","description":"Зборувач на еден јазик. Роден говорител."},{"word":"говорлив","type":"прид.","description":"Што говори многу, што сака многу да зборува; зборлив. Жените беа говорливи."},{"word":"говорник","type":"м.","description":"Човек што држи говор; оратор, беседник, предавач. На трибината говорникот наврапито се качи: говореше долго."},{"word":"говорница","type":"ж.","description":"Место од каде што се држи говор. Говорникот се качи на говорницата."},{"word":"говорништво","type":"ср.","description":"Вештина за држење говори; беседништво. Не го биваше за говорништво."},{"word":"-годе","type":"претс.","description":"Само како втор дел што доаѓа со прашални или со лично-предметни заменки, заменски придавки и прилози и внесува значење на неопределеност: кај-годе, како-годе, кој-годе, каков-годе, што-годе."},{"word":"годи","type":"несв.","description":"Угодува некому, оди по нечија волја. Мајката им годеше на ќерките, а таткото на синовите."},{"word":"годи","type":"несв.","description":"Готви, подготвува, токми. Ја годеа куќата за продавање."},{"word":"година","type":"ж.","description":"Време во кое Земјата свртува цел круг околу Сонцето, од 1 јануари до 31 декември."},{"word":"годинава","type":"прил.","description":"Во (текот на) оваа година. Годинава пролетта ќе задоцни."},{"word":"годинак","type":"м.","description":"Дете или животно на една година."},{"word":"годинашен","type":"прид.","description":"Што е од оваа година. Годинашна ракија. Годинашно вино. Годинашна жетва."},{"word":"годишен","type":"прид.","description":"Што се однесува на време до една година. Годишен зборник. Годишен концерт. Годишен извештај."},{"word":"-годишник","type":"претс.","description":"Втор дел од сложенки со значење лице што има толку години колку што покажува бројот во првиот дел од сложенката. Триесетгодишник. Стогодишник."},{"word":"годишник","type":"м.","description":"Периодичен зборник што излегува еднаш годишно. Статистички годишник. Годишник на Филолошкиот факултет."},{"word":"-годишнина","type":"претс.","description":"Втор дел од сложенки со значење дека од некој временски период се поминати толку години колку што покажува бројот во првиот дел од сложенката. Стогодишнина од објавувањето на книгата „За македонцките работи“."},{"word":"годишнина","type":"ж.","description":"Ден во годината што се одбележува поради некој значаен настан. Годишнина од Илинденското востание. Годишнина од смртта."},{"word":"годишно","type":"прил.","description":"За една година, секоја година. Ја посетуваше еднаш годишно. Зборникот излегува годишно."},{"word":"гоен","type":"прид.","description":"Што е добро хранет, здебелен. Гоена свиња."},{"word":"гозба","type":"ж.","description":"Свечен ручек или вечера. Имам намера да направам голема гозба за роденденот."},{"word":"гои","type":"несв.","description":"За домашни животни, добиток и живина – дебели, храни за да добие поголема тежина. Гоеше гуски и прасиња за Божик."},{"word":"гол","type":"прид.","description":"Што е без облека. Се капеа голи во морето."},{"word":"гол","type":"м.","description":"Простор на двата краја на спортскиот терен ограничен со дрвена конструкција (стативи) и мрежа во која треба да се уфрли топката."},{"word":"голак","type":"м.","description":"Сиромашен, беден човек; голтар. Што ве лаже овој ганѕало и голак?"},{"word":"Голак","type":"м.","description":"Планина во Македонија."},{"word":"Голан","type":"м.","description":"Област во Јордан, окупирана од Израел."},{"word":"голгетер","type":"м.","description":"Спортист што дава голови. Фудбалски голгетер."},{"word":"голгота","type":"ж.","description":"Тежок, мачен пат, исполнет со многу страдања (според Голгота, рид во близина на Ерусалим што го поминувал Исус Христос со крст на грбот на кој бил распнат). За да дојде до оваа позиција, помина низ страшни голготи."},{"word":"голее","type":"несв.","description":"Осиромашува, губи нешто. Дрвото голее. Планината голее."},{"word":"голем","type":"прид.","description":"Што е значителен по размер, по големина, по сила, по степен, по количество. Голем град. Голема буква. Голема среќа."},{"word":"Голем Град","type":"м.","description":"Остров во Преспанското Езеро, Македонија."},{"word":"големее","type":"несв.","description":"Расте, станува поголем. Денот големее во пролет."},{"word":"големец","type":"м.","description":"Човек на висока општествена положба. Човекот е со два факултета, сигурно е еден од првите големци."},{"word":"Големи Езера","type":"и.","description":"Група езера меѓу САД и Канада."},{"word":"големина","type":"ж.","description":"Размер. Чашите по големина беа сите различни. Децата се разликуваа по големина."},{"word":"Голем Кораб","type":"м.","description":"Планински врв во Македонија."},{"word":"големопоседник","type":"м.","description":"Сопственик на голем посед, на голем имот. Се собраа сите големопоседници на разговор."},{"word":"големство","type":"ср.","description":"Висока општествена положба. Не му значеше многу да дојде до некое големство во животот."},{"word":"Голешница","type":"ж.","description":"Планина во Македонија."},{"word":"голи","type":"несв.","description":"Прави нешто или некого гол, соголува. А, ти си еден од оние што ја голеа шумата."},{"word":"голина","type":"ж.","description":"Голо, соголено место. Далеку напред, каде што голината на сртот свива надолу, почнаа да никнуваат луѓе."},{"word":"голич","type":"м.","description":"Сиромашен, беден човек; голтар. Сите полјаци голичи биле, а бегови станале."},{"word":"голиштарец","type":"м.","description":"Пиле без пердуви. Седелото беше полно со пилиња голиштарци."},{"word":"голман","type":"м.","description":"Играч што го брани голот."},{"word":"голобрад","type":"прид.","description":"Што е без брада."},{"word":"головрат","type":"прид.","description":"За кокошка и сл. – што е со гол врат, без пердуви. Во гнездото имаше головрати пиленца."},{"word":"гологлав","type":"прид.","description":"Што е со гола глава, без капа. Тој беше гологлав, фесот го држеше в рака."},{"word":"гологлавечки","type":"прил.","description":"Како со гола глава, без капа, многу брзо, многу. Тие не спијат, не седнуваат, туку работат гологлавечки."},{"word":"голоград","type":"прид.","description":"Што е со голи гради. Трчаше голоград по снегот."},{"word":"голомразен","type":"прид.","description":"Што се одликува со голомразица. Сам одеше по пустите голомразни улици."},{"word":"голомразица","type":"ж.","description":"Студено време со мраз без снег; сувомразица. По улиците на градот имаше голомразица."},{"word":"голорак","type":"прид.","description":"Што е со голи раце; невооружен. Пукаа по голоракиот народ."},{"word":"голотија","type":"ж.","description":"Голо, необлечено тело. Без трошка срам ја покажуваше својата голотија пред луѓето."},{"word":"голта","type":"несв.","description":"Прима храна или течност преку устата во хранопроводникот. Беше тешко да се голта водата кога знаеш дека ја пиеш за да остане што помалку место за лебот. Долго ги џвакаше и полека ги голташе парчињата месо."},{"word":"голтар","type":"м.","description":"Сиромашен, беден човек. Знам нема да се здружиш со голтари и легачи на кои им тежи мотиката. Додека бев голтар, никој не ме мразеше."},{"word":"голтка","type":"ж.","description":"Количество течност што се голта наеднаш. Се напи неколку голтки вода и продолжи со работата. Чајот се пие голтка по голтка, полека."},{"word":"голтне","type":"св.","description":"Прими храна или течност; проголта. Ги голтна лековите во еден здив."},{"word":"голушка","type":"ж.","description":"Семка од овошје (кајсија, слива и др.). Ги плукаше голушките на сите страни."},{"word":"голф","type":"м.","description":"(спорт.) Англиска игра при која со дрвени палки се втеруваат топчиња во дупки."},{"word":"гомбел","type":"м.","description":"Питома коприва; Urtica dioica. Тој ги покрил свинските апежи со земја и со мек лист на копривата гомбел."},{"word":"гомнар","type":"м.","description":"Никаквец. Гомнар еден, ти ќе ми кажуваш што да правам!"},{"word":"гомнен","type":"прид.","description":"Што е со гомна. Гомнени пелени."},{"word":"гомненица","type":"ж.","description":"(вулг.) Нечистотија. Цел ден ги чистеше гомнениците во дворот."},{"word":"гомно","type":"ср.","description":"Измет, најчесто човечки."},{"word":"гонг","type":"м.","description":"Голем метален диск во кој се удира со дрвена палка. Ударите на гонгот го означија почетокот на вечерата."},{"word":"гондола","type":"ж.","description":"Венецијански чамец со издигнат клун, обично украсен, кој служи за пловење по каналите. Ја разгледувавме Венеција со гондоли."},{"word":"гондолиер","type":"м.","description":"Возач на гондола."},{"word":"гони","type":"несв.","description":"Брка некого, трча по некого со цел да го фати. А ти не мораш да возиш како некој да те гони."},{"word":"гонител","type":"м.","description":"Тој што гони некого со цел да го фати. Му се чинеше дека некои непознати гонители го гонат, или барем го следат."},{"word":"гонореја","type":"ж.","description":"Венерична болест; трипер."},{"word":"гора","type":"ж.","description":"Место обраснато со дрвја; шума. Јаворова гора. Гора зелена."},{"word":"горд","type":"прид.","description":"Што има високо мислење за себе. Та тие викаат по вас дека сте човек честољубив, горд."},{"word":"гордее се","type":"несв.","description":"Се чувствува горд. Со твојот успех се гордее целото училиште."},{"word":"горделив","type":"прид.","description":"Што е надмен, надуен. Беше горделив, напернат генерал."},{"word":"горделивец","type":"м.","description":"Човек што е горделив. Беше горделивец и не сакаше никаква помош."},{"word":"горе","type":"прил.","description":"Место што е високо во однос на друго место; долу. Горе во планината виеја волци."},{"word":"горе-","type":"претс.","description":"Како прв дел во сложени зборови со значење – пред тоа, претходно, порано: гореизложен, гореизнесен, горенаведен, гореспоменат, горепосочен и сл."},{"word":"горедолу","type":"прил.","description":"Приближно, околу. Резултатот е горе-долу ист"},{"word":"горен","type":"прид.","description":"Што е на високо место. Во десниот горен агол од вратата имаше издлабено мало дупче."},{"word":"горешник","type":"м.","description":"Деновите меѓу 30-ти јули и 5-ти август кои се сметаат за најтопли."},{"word":"горешт","type":"прид.","description":"Што е врел, жежок. Горешта вода. Горешто лето."},{"word":"горештина","type":"ж.","description":"Врелина, жештина, висока температура на воздухот. Летна горештина."},{"word":"горешти се","type":"несв.","description":"Се возбудува, се жешти. Стануваше сè побесен и пострвен, се виореше и се горештеше."},{"word":"гори","type":"несв.","description":"Е во оган, е запален. Куќата гореше сета во пламен."},{"word":"горивен","type":"прид.","description":"Што се однесува на гориво. Горивен материјал."},{"word":"гориво","type":"ср.","description":"Материјал или течност за горење, за греење; извор на енергија (бензин и др.). Му додаде гориво на моторот. Ја наполни печката со гориво."},{"word":"горила","type":"м.","description":"Голем човеколик мајмун со црно крзно; Gorilla. Најблиска сродност човекот има со шимпанзото и со горилата."},{"word":"горјанин","type":"м.","description":"Планински човек, шумски човек. Челичните тела на горјаните ги издржаа сите тие тортури и останаа живи."},{"word":"горко","type":"прил.","description":"Тешко, мачно."},{"word":"горлив","type":"прид.","description":"Што е жежок, важен, актуелен, итен. Горлив проблем. Горлива тема. Горлива дискусија."},{"word":"горненец","type":"м.","description":"Планинец, горјанин. Се симнаа горненците на разговор."},{"word":"горни","type":"прид.","description":"Во топоними – Горни Полог, Горни Сарај; горни крај: а) Дел од куќа; б) Дел од нива."},{"word":"горник","type":"м.","description":"Горен дел од облека. Го фати за горникот од кошулата и го потегна."},{"word":"горница","type":"ж.","description":"Вид листопадно дрво, самоник, со издолжени листови, бели цветови и ситни, тркалезни жолтокафеави плодови; дива круша; Pyrus amygdaliformis."},{"word":"Горно Езеро","type":"ср.","description":"Езеро во Северна Америка, од Големите Езера."},{"word":"горноземец","type":"м.","description":"Тој што живее во „горна земја“; планинец, горненец, горјанин. Луѓето што дојдоа беа горноземци."},{"word":"горнокраец","type":"м.","description":"Тој што е од горниот крај на селото; горномаалец. Се собраа горнокрајци и долнокрајци."},{"word":"горномаалец","type":"м.","description":"Тој што е од горно маало; горнокраец. Се делеа на горномаалци и долномаалци и во квечерините водеа жестоки боеви."},{"word":"горноселец","type":"м.","description":"Тој што е од горно село."},{"word":"горњак","type":"м.","description":"Планински ветер, обично студен; ...бура низ срцето рине, / горњакот лице ти гали."},{"word":"горовит","type":"прид.","description":"Што е обраснат со шума; шумовит. Трчаат елени низ горовит предел."},{"word":"горок","type":"прид.","description":"(ретко) горчлив."},{"word":"горолом","type":"м.","description":"Планинско место каде што ветрот ги турнал или ги навалил дрвјата. Во габеровата гора негде имаше густеж, негде горолом."},{"word":"гороломен","type":"прид.","description":"Обично за ветер – што е силен, што крши гори. Гороломен ветер."},{"word":"гороломник","type":"м.","description":"Голем, силен човек. Тој беше голем опасник и гороломник."},{"word":"гороцвет","type":"м.","description":"Род тревести ниски растенија со перјести, тесни лисје и црвен или жолтозлатест цвет; Adonis vernalis."},{"word":"гороцветен","type":"прид.","description":"Што е покриен, обраснат со гороцвет. Шеташе сред гороцветни полјани."},{"word":"горун","type":"м.","description":"Вид планински даб; Quercus sessiliflora."},{"word":"горчи","type":"несв.","description":"Има непријатен, горчлив вкус како пелин или како кинин. Многу од нив не се за јадење, горчат."},{"word":"горчило","type":"ср.","description":"Нешто што дава горчлив вкус. Истиот миг устата му се наполни со отровно горчило."},{"word":"горчина","type":"ж.","description":"Својство на тоа што има горчлив вкус."},{"word":"горчлив","type":"прид.","description":"Што има непријатен вкус на пелин, на кинин. Горчливи лекови. Горчлива трева. Горчливи маслинки."},{"word":"госпоѓа","type":"ж.","description":"вок. госпоѓо"},{"word":"госпоѓица","type":"ж.","description":"вок. госпоѓице"},{"word":"господ","type":"м.","description":"Вокатив господе и господи. Христијански бог. Во Господ се верува постојано и искрено, и кога нè помага, и кога одмага!"},{"word":"господар","type":"м.","description":"Владетел. Робови, покорувајте се на своите земски господари, со стравопочитување."},{"word":"господари","type":"несв.","description":"Владее, царува. Кралот господари со земјата."},{"word":"господарство","type":"ср.","description":"Својство на господар со имот и сл. Имаше наизменично господарство на двете држави."},{"word":"господен","type":"прид.","description":"Што се однесува на господ. Господна волја."},{"word":"господин","type":"м.","description":"вок. господине, вок. господо"},{"word":"господов","type":"прид.","description":"Што му припаѓа на господ, што се однесува на господ. Господова работа."},{"word":"господски","type":"прил.","description":"На господски начин. Се однесуваше навистина господски."},{"word":"господски","type":"прид.","description":"Што доликува на господин, достоинствен, на високо ниво. Господска вечера. Господска куќа."},{"word":"господствен","type":"прид.","description":"Одот ѝ е погосподствен од стапките на Аврора."},{"word":"господство","type":"ср.","description":"Господско однесување; господска класа. Тоа е еден од оние луѓе што го носат своето господство со достоинство."},{"word":"господствува","type":"несв.","description":"Во светот господствува капиталот."},{"word":"господствувачки","type":"прид.","description":"Што господствува, што владее. Господствувачка класа."},{"word":"гости","type":"св. и несв.","description":"Пречека, пречекува, почести, почестува некого како гостин со јадење и со пиење. Ама нè гостија! Домаќините ве гостат со вино и со ракија."},{"word":"Гостивар","type":"м.","description":"Град во Македонија."},{"word":"гостилница","type":"ж.","description":"Мал ресторан во кој обично се служат традиционални јадења. Тие таму најчесто се угостители и држат мали гостилници."},{"word":"гостилничар","type":"м.","description":"Сопственик на гостилница; угостител. Стариот гостилничар го поздрави учтиво и го седна крај масата во аголот."},{"word":"гостин","type":"м.","description":"Човек дојден во посета или на гозба кај некого. Така е адет: невенчана невеста да не се појавува на трпезата пред гостите. Тој беше чест гостин кај мене."},{"word":"гостољубив","type":"прид.","description":"Гостољубиви домаќини."},{"word":"гостопримлив","type":"прид.","description":"Што сака гости; што со задоволство прима и пречекува гости; гостољубив. Гостопримливи луѓе."},{"word":"гостопримство","type":"ср.","description":"Срдечно примање гости; гостољубие. Наидовме на топло гостопримство од домаќините."},{"word":"гостува","type":"несв.","description":"Е гостин. Тој три дена гостуваше кај нас."},{"word":"Гот","type":"м.","description":"Припадник на група древни германски племиња."},{"word":"готварски","type":"прид.","description":"Што служи за готвење, што е во врска со готвење. Готварска сол."},{"word":"готварство","type":"ж.","description":"Вештина за приготвување јадења; кулинарство."},{"word":"готвач","type":"м.","description":"Лице чиешто занимање е да подготвува јадења; кулинар. Готвачите приготвуваа богата вечера."},{"word":"готвачница","type":"ж.","description":"Просторија каде што се подготвува храна; кујна. Готвачите не излегоа цела вечер од готвачницата."},{"word":"готвено","type":"ср.","description":"Приготвено, зготвено јадење; купечка или сува храна. Ние сакаме готвено, доста ни е од сува храна."},{"word":"готви","type":"несв.","description":"Прави, врши подготовки за нешто; подготвува. Селаните му готвеа голем пречек."},{"word":"готика","type":"ж.","description":"Стил на градба во Западна Европа од средниот век (по романтиката, а пред ренесансата) што се карактеризира со високи, издолжени градби, катедрали и сл."},{"word":"готица","type":"ж.","description":"Латинично писмо (азбука), настанато во времето на готиката, со остри, аглести букви."},{"word":"готов","type":"прид.","description":"Што е завршен, направен, изработен. Мостот е готов. Ручекот е готов."},{"word":"готован","type":"м.","description":"Човек што чека сè на готово; мрзливец. Тука не примаме готовани и арамолепци."},{"word":"готованство","type":"ср.","description":"Состојба на готован."},{"word":"готовина","type":"ж.","description":"Пари што се на располагање; готови пари. Трошеа штедливо од заостанатата готовина и постепено се зафаќаа со работа."},{"word":"готовност","type":"ж.","description":"Подготвеност, решеност, согласност нешто да се направи. Тој изрази готовност да ни помогне."},{"word":"гоштава","type":"несв.","description":"Гости, угостува, пречекува некого со јадење и со пиење. Ги фаќаше побратими, ги гоштаваше и им даваше пари."},{"word":"гоштавка","type":"ж.","description":"Гоштавање. Ја наместија трпезата во дворот и таму ја правеа гоштавката."},{"word":"граба","type":"несв.","description":"Зема нешто насилно, брзо. Го граба ножот од појас и се убива."},{"word":"грабадина","type":"несв.","description":"Трча. Тројката сложно грабадинаше по патот."},{"word":"грабач","type":"м.","description":"Тој што граба, што присвојува нешто што е туѓо; грабливец, ограбувач. Гледај ги, грабаат, грабаат. Грабачи!"},{"word":"грабеж","type":"м.","description":"Насилно одземање нешто туѓо; пљачка, крадење. Важеше за човек кој преку политиканство и грабеж стекнал име и богатство. Војната и грабежот одат заедно. Вчера беше извршен оружен грабеж на банка."},{"word":"грабежлив","type":"прид.","description":"Што граба, што има својство на грабежливец. Грабежлив човек."},{"word":"грабежливец","type":"м.","description":"Тој што граба, што присвојува нешто што е туѓо; грабач, грабливец."},{"word":"грабежливост","type":"ж.","description":"Својство на грабежливец."},{"word":"граби","type":"св. и несв.","description":"Ограби, ограбува. Луѓе од разни села го грабат богатството на езерото."},{"word":"граблив","type":"прид.","description":"Што сака да граба, што има својство на грабливец; грабежлив. Граблив човек."},{"word":"грабливец","type":"м.","description":"Тој што сака да граба; грабежливец. Сите грабливци од селото ги фатија."},{"word":"грабливка","type":"ж.","description":"грабливец. Слугинката се покажа како грабливка."},{"word":"грабне","type":"св.","description":"Одземе, земе нешто насилно, брзо. Скокна и ја грабна слушалката."},{"word":"грав","type":"м.","description":"Едногодишно зрнесто растение со плодови во мешунки што се користат за исхрана."},{"word":"гравер","type":"м.","description":"Занаетчија што гравира."},{"word":"гравиден","type":"прид.","description":"(обично во женски род) Бремена. Гравидна жена."},{"word":"гравидитет","type":"м.","description":"Бременост."},{"word":"гравира","type":"несв.","description":"Врежува букви и цртежи во метал, во камен и др. На мазната плоча гравираше секакви фигури."},{"word":"гравитација","type":"ж.","description":"Својство на меѓусебно привлекување на телата."},{"word":"гравитира","type":"несв.","description":"(физ.) Од силата на гравитацијата е привлекуван кон некоја точка или тело."},{"word":"гравура","type":"ж.","description":"Слика или натпис направен со гравирање. По другите ѕидови висеа неколку стари гравури."},{"word":"гравушка","type":"ж.","description":"Зрно грав. Бајачката ми фрли гравушки во тепсијата."},{"word":"гравче","type":"ср.","description":"Тавче-гравче."},{"word":"граѓа","type":"ж.","description":"Материјал за градење. Дрвена граѓа."},{"word":"граѓанец","type":"м.","description":"Жител на град. Дали е граѓанец или селанец?"},{"word":"граѓанин","type":"м.","description":"Жител, државјанин на една држава. Туристот беше граѓанин на Македонија."},{"word":"граѓанство","type":"ср.","description":"Население што живее во град или во држава. Го поздравија од името на целото граѓанство."},{"word":"грагор","type":"м.","description":"Ситни речни камчиња или добиени со дробење камен, кои се користат како градежен материјал; чакал. Се влегуваше низ една алеја посипана со грагор."},{"word":"грагорест","type":"прид.","description":"Што е како грагор. Таму имаше грагорести камчиња."},{"word":"грагоровит","type":"прид.","description":"Што има грагор, што е посипан со грагор. Одевме по едно грагоровито патче."},{"word":"грагорче","type":"ср.","description":"Јазик во ѕвонче."},{"word":"град","type":"м.","description":"Големо населено место што претставува административен, културен и стопански центар на некоја област. Таа имаше само едно ателје во срцето на стариот град. Скопје е главен град на Република Македонија."},{"word":"град","type":"м.","description":"Природна појава, смрзнати капки дожд. Годинава градот го столчи бостанот."},{"word":"града","type":"ж.","description":"Дојка, цицка кај жените. На сликата беше насликана една нимфа со огромни гради."},{"word":"градација","type":"ж.","description":"Постапно преминување од понизок степен кон повисок; степенување. Со тоа се определуваат градациите при оценувањето."},{"word":"градба","type":"ж.","description":"Градење некаков објект, ѕидање, изградба. Застана среде градбата и фати да витка цигара."},{"word":"градбен","type":"прид.","description":"Што се однесува на градба. Градбена скица."},{"word":"градеж","type":"м.","description":"градба_1_2"},{"word":"градежен","type":"прид.","description":"Што служи за градба, што се однесува на градење. Градежен материјал. Градежен инженер. Градежен работник."},{"word":"градежник","type":"м.","description":"Човек што се занимава со градење; градител."},{"word":"градежништво","type":"ср.","description":"Стопанска гранка чија дејност е градење објекти; изведување градежни работи."},{"word":"граден","type":"прид.","description":"Што се однесува на гради. Граден кош."},{"word":"градест","type":"прид.","description":"Што има развиени, широки гради. Човекот беше висок и градест."},{"word":"гради","type":"и.","description":"Преден дел на телото меѓу вратот и стомакот. Кошулата на градите му беше распетлана."},{"word":"гради","type":"несв.","description":"Прави, ѕида објект. Гради куќа. Гради мост. Гради зграда."},{"word":"градиво","type":"ср.","description":"Наставен материјал, содржини што треба да се научат. Градивото по математика за оваа година беше прилично тешко."},{"word":"градилиште","type":"ср.","description":"Место каде што се гради. Никаде да се види некое друго градилиште, ни да се чуе глас на мајстор или звук на мистрија."},{"word":"градина","type":"ж.","description":"Место каде што се одгледуваат цвеќиња, зеленчук и др.; бавча. Цветна градина. Овошна градина. Зеленчукова градина."},{"word":"градинар","type":"м.","description":"Човек што се занимава со одгледување цвеќиња, зеленчук и др. во градина; бавчанџија. Градинарите ги поливаа расадите."},{"word":"градинарство","type":"ср.","description":"Одгледување цвеќиња, зеленчук и други градинарски култури. Се занимаваше со градинарство."},{"word":"градинка","type":"ж.","description":"Дем. од градина."},{"word":"градител","type":"м.","description":"Ѕидар; архитект. Ќе ни требаат градители и каменоресци, копаничари и зографи."},{"word":"градиште","type":"ср.","description":"Урнатини од стар град или од тврдина."},{"word":"градник","type":"м.","description":"Дел од женска долна облека што служи за придржување, прицврстување, стегање на градите."},{"word":"градобитен","type":"прид.","description":"Што носи град, од кој ќе удри град; градоносен; Градобитен облак."},{"word":"градобитнина","type":"ж.","description":"Тоа што е оштетено, уништено од град."},{"word":"градоболен","type":"прид.","description":"Што има болни гради; туберкулозен."},{"word":"градоначалник","type":"м.","description":"Претседател на град, на општина. Ми рекоа да се јавам кај градоначалникот."},{"word":"градоносен","type":"прид.","description":"Што носи град; градобитен. Градоносен облак."},{"word":"градски","type":"прил.","description":"Што е како во град, на градски начин. Се однесува градски."},{"word":"Градско","type":"ср.","description":"Општина во Македонија."},{"word":"градуален","type":"прид.","description":"Постепен, степенуван. Ако некое својство се манифестира во различни степени кај членовите на една опозиција, опозицијата е градуална."},{"word":"градуира","type":"несв.","description":"Степенува, означува градуси."},{"word":"градус","type":"м.","description":"Степен."},{"word":"грака","type":"несв.","description":"Испушта звук што звучи „грак“, обично за птици (гаврани и сл.). Наоколу гракаа гаврани. Јато чавки пролетаа гракајќи."},{"word":"гракне","type":"св.","description":"Еднаш испушти звук „грак“. Гавранот гракна и одлета."},{"word":"гракот","type":"м.","description":"Звук на гракање. Од дрвјата се слушаше гракотот на гавраните."},{"word":"грам","type":"м.","description":"Основна единица за мерење тежина, илјадити дел од килограм."},{"word":"грамада","type":"ж.","description":"Куп, обично камења или дрва. Единствен знак дека тука биле куќи беа грамадите камења од нив."},{"word":"грамаден","type":"прид.","description":"Што е голем, крупен. Грамадна планина. Грамаден човек."},{"word":"граматика","type":"ж.","description":"(лингв.) Дел од лингвистиката во кој се проучуваат морфолошкиот и синтаксичкиот систем на даден јазик. Традиционална граматика. Историска граматика. Споредбена граматика."},{"word":"граматичар","type":"м.","description":"Човек што се занимава со граматика."},{"word":"грамота","type":"ж.","description":"Повелба, диплома, официјален документ. Најстар документ каде што се спомнува населбата е Калимановата грамота."},{"word":"грамотен","type":"прид.","description":"Што е писмен. Грамотен човек."},{"word":"грамофон","type":"м.","description":"Апарат што произведува звук со помош на специјални плочи и звучници."},{"word":"Гранада","type":"ж.","description":"Покраина во Шпанија."},{"word":"Гранада","type":"ж.","description":"Град во Шпанија."},{"word":"граната","type":"ж.","description":"Артилериска муниција полнета со експлозивен материјал. Грмеше од мини и гранати."},{"word":"гранатира","type":"св. и несв.","description":"Погоди, гаѓа, уништи, уништува со гранати. Го гранатираа градот."},{"word":"грандиозен","type":"прид.","description":"Што е огромен, величествен. Грандиозна конструкција. Грандиозен план. Грандиозен уметник."},{"word":"грандоман","type":"м.","description":"Човек што има претерано високо мислење за себеси; мегаломан."},{"word":"грандоманија","type":"ж.","description":"Манија за преувеличување на самиот себе и сопствената вредност; мегаломанија."},{"word":"гранит","type":"м.","description":"Исклучително цврст камен, сличен на мермер, што се користи како градежен материјал (за изработување споменици, надгробни плочи, фасади и др.). Патиштата беа поплочени со првокласен гранит."},{"word":"гранитен","type":"прид.","description":"Што е направен од гранит. Гранитна плоча. Гранитен споменик."},{"word":"граница","type":"ж.","description":"Линија што разделува држави, области и сл.; меѓа. Државна граница. Општинска граница. Граница меѓу две села. Граница меѓу поседи."},{"word":"граница","type":"ж.","description":"Вид даб со глуждовито стебло и со желади што висат на долги дршки на гранките; Quercus pedunculata."},{"word":"граничар","type":"м.","description":"Војник што ја чува државната граница. Граничарите вршеа засилена контрола на граничниот појас."},{"word":"граничен","type":"прид.","description":"Што е на граница, што се однесува на граница. Граничен појас."},{"word":"граничи се","type":"несв.","description":"Се наоѓа на граница, се допира еден до друг, се наоѓа еден до друг. Македонија се граничи со Грција."},{"word":"гранка","type":"ж.","description":"Ветка, вејка од дрво. Маслинова гранка."},{"word":"грановит","type":"прид.","description":"Што е разгранет. Грановито дрво."},{"word":"гранула","type":"ж.","description":"Зрнце. Лекот беше во гранули."},{"word":"гранулат","type":"м.","description":"Зрнест материјал; градежна маса во зрнца."},{"word":"гранулација","type":"ж.","description":"Претворање во зрнеста состојба."},{"word":"гранулом","type":"м.","description":"Воспалено место на ткивото во вид на зрно. Гранулом на заб."},{"word":"граор","type":"м.","description":"Растение во вид на разгранет ползавец, со темнокафеави или црни плодови во мешунки, што се користи како добиточна храна; Lathurus."},{"word":"граориште","type":"ср.","description":"Место, нива посадена со граор."},{"word":"граорка","type":"ж.","description":"Мешункасто растение од семејството; Onobrychis sativa."},{"word":"графа","type":"ж.","description":"Простор меѓу две вертикални линии во документи, формулари, графикони, крстозбори и сл."},{"word":"графика","type":"ж.","description":"Ознака за сите подрачја на цртање во уметноста и во индустријата (и техничко цртање и применета графика), како и за умножување со печатење."},{"word":"графикон","type":"м.","description":"Цртеж на кој сликовито се прикажани разни податоци, појави, резултати и сл."},{"word":"графит","type":"м.","description":"Минерал со црна боја што се употребува за правење моливи."},{"word":"графит","type":"м.","description":"Текст или цртеж на фасади на згради и на други објекти."},{"word":"графичар","type":"м.","description":"Човек, уметник што се занимава со графика."},{"word":"графички","type":"прид.","description":"Што се однесува на графика и на графикон. Графичка уметност. Графички работник. Графички приказ."},{"word":"графолог","type":"м.","description":"Човек што се занимава со графологија."},{"word":"графологија","type":"ж.","description":"Вештина за распознавање ракопис и толкување на психичките особености на авторот на ракописот."},{"word":"Грац","type":"м.","description":"Град во Австрија"},{"word":"грација","type":"ж.","description":"(обично во мн.) Во римската митологија – трите придружнички на божицата Венера: Аглаја, Еуфросина и Талија."},{"word":"грациозен","type":"прид.","description":"Што е привлечен, нежен, строен, со хармоничност на движењата. Грациозна жена. Грациозна балерина."},{"word":"грачи","type":"несв.","description":"Чавки летаа над него и силно грачеа."},{"word":"грашар","type":"м.","description":"Тој што многу сака грав или грашок."},{"word":"грашок","type":"м.","description":"Вид растение во вид на ползавец со издолжени мешунки исполнети со зелени зрна што се користат за исхрана; Pisum sativum."},{"word":"грб","type":"м.","description":"Заден дел од телото меѓу вратот и половината. Грбот го болеше од тешкиот товар. Му се здрви грбот од работата. Се качи на грбот на коњот и избега."},{"word":"грб","type":"м.","description":"Знак, симбол на држава, на град, на благородничко семејство и сл. Државен грб."},{"word":"грбав","type":"прид.","description":"Што има грпка. Грбавиот старец плачеше."},{"word":"грбавее (се)","type":"несв.","description":"Станува грбав, се витка во грбот, се подгрбавува. Работеа и грбавееја. Се грбавееше од тешката работа."},{"word":"грбавец","type":"м.","description":"Грбав човек, човек со грпка. Грбавецот биеше во камбаната."},{"word":"грбач","type":"м.","description":"Тенок, еластичен камшик, во вид на прачка или сплетен од кожени ремчиња. Маваше со грбачот безмилосно по затворениците."},{"word":"грбен","type":"прид.","description":"Што е дел од грбот, што се однесува на грб2. (спорт.) На грб. Грбно пливање."},{"word":"грбечки","type":"прид.","description":"Што лежи на грб. Грбечка положба."},{"word":"грби се","type":"несв.","description":"Се грбави, се подгрбавува. Се грбеше од амалската работа."},{"word":"грбло","type":"м.","description":"Тој што е грбав."},{"word":"грбник","type":"м.","description":"Рбет, 'рбетен столб. Стравот му предизвика морници по грбникот па сè до ножните прсти."},{"word":"грвала","type":"несв.","description":"Тркала, валка. Човекот го грвалаше каменот по нивата."},{"word":"грвалица","type":"ж.","description":"Мешаница, толпа. На пазарот беше грвалица од народ."},{"word":"грга","type":"несв.","description":"Тече силно, обилно истекува. Од чешмата гргаше вода."},{"word":"гргне","type":"св.","description":"Истече наеднаш, во големо количество. Од главата му гргна крв."},{"word":"гргор","type":"м.","description":"Силен клокот. Од изворот се слушаше гргор."},{"word":"гргори","type":"несв.","description":"Создава звук при течење. Бистрото поточе весело гргореше."},{"word":"грготен","type":"прид.","description":"Што создава силен гргот. Грготната река надоаѓаше."},{"word":"грготи","type":"несв.","description":"Создава силен, бучен звук. Оттаму непрекинато грготеа топовите."},{"word":"гргулав","type":"прид.","description":"Што е подгрбавен, поднаведнат. Гргулав старец се приближуваше по патот."},{"word":"гргуле","type":"ср.","description":"Вид малечка тиква; Cucurbita ovifera."},{"word":"грд","type":"прид.","description":"Што е по својот надворешен изглед неубав, непривлечен, непријатен; убав. Грда жена. Грд маж. Грдо куче. Грда куќа."},{"word":"грдел","type":"м.","description":"Права гредичка на ралото на којашто се држи јаремот."},{"word":"грди","type":"несв.","description":"Прави нешто да биде грдо, неубаво, непријатно, непривлечно. Брчките го грдат лицето. Тезгите го грдеа плоштадот."},{"word":"грдомазен","type":"прид.","description":"Што е грд, со грд лик. Тој не беше некое лично ергенче, ами напротив, беше доста грдомазен."},{"word":"грдотија","type":"ж.","description":"Човек со грд изглед. Жена му беше вистинска грдотија."},{"word":"греалка","type":"ж.","description":"Електричен апарат што служи за греење."},{"word":"гребалка","type":"ж.","description":"Направа што служи за гребење."},{"word":"гребаница","type":"ж.","description":"Гребнато место; рана. Детето беше со гребаници по колената."},{"word":"гребе","type":"несв.","description":"Драска нешто со нокти или со нешто остро. Мачката гребе. Кучето гребеше по вратата."},{"word":"гребен","type":"м.","description":"Горен дел од планина, од рид и сл. Се качувавме по гребенот на планината."},{"word":"гребен","type":"м.","description":"Алатка со железни запци за чешлање, за влачење волна, лен и сл."},{"word":"гребенар","type":"м.","description":"Човек што изработува и продава гребни."},{"word":"гребне","type":"св.","description":"Гребе еднаш или повеќепати по малку, по еднаш. Девојката се гребна од грмушката."},{"word":"грев","type":"м.","description":"Постапка со која се кршат верските правила, божјите заповеди. Смртен грев."},{"word":"гревота","type":"ж.","description":"Грев. Гревота е во недела и на празник да се работи."},{"word":"греда","type":"ж.","description":"Долго, дебело и право дрво што се користи за градба. Дабови греди."},{"word":"грее","type":"несв.","description":"За сонце – сјае, свети, затоплува. Сонцето силно грееше."},{"word":"греење","type":"ср.","description":"Глаголска именка од грее."},{"word":"грејач","type":"м.","description":"Електрична направа што служи за греење, за загревање."},{"word":"грејне","type":"св.","description":"За сонце, за месечина – огрее во еден миг, наеднаш. Утрото грејна сонцето и сите станаа."},{"word":"Гренада","type":"ж.","description":"Островска држава во Средна Америка."},{"word":"гренадир","type":"м.","description":"Во некои војски – војник одбран според телесната развиеност и доброто здравје за извршување специјални задачи."},{"word":"Гренланд","type":"м.","description":"Остров во Северниот Атлантски Океан, територија на Данска."},{"word":"Гренобл","type":"м.","description":"Град во Франција"},{"word":"грепка","type":"ж.","description":"Брадавица на дојка."},{"word":"грепка","type":"несв.","description":"Гребе по малку. Како нешто однатре да ѝ ја грепкаше душата."},{"word":"грешава","type":"несв.","description":"Прави нешто погрешно; Секогаш му го грешаваше името."},{"word":"грешавачка","type":"ж.","description":"Грешење, грешка. Секому се случува грешавачка."},{"word":"грешен","type":"прид.","description":"Што прави грев. Грешна љубов. Грешна душа."},{"word":"греши","type":"св. и несв.","description":"Направи, прави грешка, згреши. Кога пишува, многу греши. Ја грешил куќата."},{"word":"грешка","type":"ж.","description":"Погрешна постапка. Печатна грешка."},{"word":"грешник","type":"м.","description":"Човек што направил грев. Покајте се, грешници!"},{"word":"грибла","type":"несв.","description":"Работи со грибло. Го гриблаше сеното до првиот мрак."},{"word":"грибло","type":"ср.","description":"Алатка со дрвена рачка и со метални запци на крајот што служи за собирање сено, слама и сл. и за порамнување земја. Селаните се упатија накај нивата со лопати, мотики и грибла во рацете."},{"word":"грива","type":"ж.","description":"Долги влакна над вратот и на главата кај коњите, кај лавовите и кај други животни. Коњите со развиорени гриви трчаа по ливадите."},{"word":"гривест","type":"прид.","description":"Што има голема, бујна грива. Јаваше на црн, гривест коњ."},{"word":"гривјак","type":"м.","description":"Гулаб со бели пердуви како гривна на вратот, што живее во шума и е многу плашлив, зимно време се сели на југ; Columba palumbus."},{"word":"гривна","type":"ж.","description":"Накит, украс за рацете; белезица."},{"word":"грижа","type":"ж.","description":"Немир, неспокојство поради некоја непријатност, тешкотија, проблем. Овој испит ми претставува голема грижа. Не оптоварувај се, тоа е моја грижа."},{"word":"грижен","type":"прид.","description":"Што покажува, изразува грижа; загрижен. На пат го испраќаше со грижна насмевка."},{"word":"грижи се","type":"несв.","description":"Води грижа за некого или за нешто; чува, помага. Татко ми се грижеше за сите нас."},{"word":"грижлив","type":"прид.","description":"Што многу се грижи, води сметка, се труди, што е внимателен. Таа беше грижлива мајка."},{"word":"грижник","type":"м.","description":"Човек што се грижи. Тој беше вистински грижник за народот."},{"word":"гриз","type":"м.","description":"Парче храна што се добива со едно загризување; залак. Детето касна само еден гриз од јадењето."},{"word":"гриз","type":"м.","description":"Ситно сомелено жито што се користи за исхрана, особено за мали деца. Бебето го ранеа со кашичка од гриз."},{"word":"гризе","type":"несв.","description":"Каса, откинува нешто со заби. Некој молец го гризел ќебето."},{"word":"гризли","type":"ср.","description":"Голема кафеава северноамериканска мечка; Ursus horribilis."},{"word":"гризлив","type":"прид.","description":"Што гризе. Со шал се штитеше од гризливиот ветер."},{"word":"гризне","type":"св.","description":"Направи едно гризење. Гризни-остави чинеше."},{"word":"грим","type":"м.","description":"Маска од козметички средства на лицето на актерот со цел да се добие саканиот изглед. Театарскиот грим и светлоста на сцената лесно ќе ја сокријат грдоста."},{"word":"гримаса","type":"ж.","description":"Искривен изглед на лицето предизвикан од различни чувства или со определена цел. Лицето му беше изобличено во непријатна гримаса."},{"word":"гримира","type":"св. и несв.","description":"Стави, става грим. Актерот излезе гримиран на сцена."},{"word":"Гринич","type":"м.","description":"Гратче во близина на Лондон."},{"word":"грип","type":"м.","description":"Вирусно заболување што се карактеризира со висока температура и со болки во мускулите."},{"word":"грипозен","type":"прид.","description":"Што е болен од грип. Грипозен старец."},{"word":"грицка","type":"несв.","description":"Гризе малку, по малку. Гостите додека разговараа грицкаа кикиритки и лешници."},{"word":"грицне","type":"св.","description":"Детето ја грицна мајка си за раката."},{"word":"грклан","type":"м.","description":"Горниот дел од душникот. Го пресече кај гркланот."},{"word":"грлен","type":"прид.","description":"Што доаѓа од грлото, што се образува во грлото. Грлен призвук."},{"word":"грлест","type":"прид.","description":"Што е со силен глас. Грлестите овчари се довикуваа по планината."},{"word":"грли","type":"несв.","description":"Припокрие растение со земја околу коренот (пченка, компири и сл.). Цел ден без почивка грлел пченка."},{"word":"грлица","type":"ж.","description":"Вид преселна птица слична на гулаб; Streptopelia turtur."},{"word":"грлниче","type":"ср.","description":"Дел од народна носија: платнено парче, обично везено, што се става околу вратот."},{"word":"грло","type":"ср.","description":"Горниот дел од внатрешноста на вратот што се наоѓа меѓу усната празнина и хранопроводникот. Ме боли грлото кога голтам."},{"word":"грлобол","type":"м.","description":"Воспаление на грлото; ангина."},{"word":"грлушник","type":"м.","description":"Тесен горен дел на шише, на стомна и сл.;"},{"word":"грмеж","type":"м.","description":"Силен звук што се слуша при грмење. Вчера имаше обилни врнежи и грмежи."},{"word":"грмежлив","type":"прид.","description":"Проследен со грмежи. Грмежливо време."},{"word":"грми","type":"несв.","description":"безл. Создава силен звук при светнување на молња. Ноќеска грмеше, ама не заврна."},{"word":"грмне","type":"св.","description":"Грми малку, наеднаш; загрми. Облаците грмнаа. Попот грмна со силен глас. Топовите грмнаа."},{"word":"грмотрн","type":"м.","description":"Грмушка со бодликави стебленца со цветови; Ononis spinosa."},{"word":"грмушка","type":"ж.","description":"Ниско растение што расте во група од повеќе стебленца. Во грмушките се криеја зајачиња."},{"word":"грне","type":"ср.","description":"Земјен сад што се користи за подготвување храна. Грнето со грав тивко вареше на огинот."},{"word":"грнета","type":"ж.","description":"Народен дувачки инструмент; кларинет."},{"word":"грнец","type":"м.","description":"Поголем земјен сад. Во грнецот се вареше млеко. Р Си личат како грнци – исти се."},{"word":"грнчар","type":"м.","description":"Човек што се занимава со грнчарство."},{"word":"грнчарница","type":"ж.","description":"Место каде што се изработуваат грнчарски предмети."},{"word":"грнчарство","type":"ср.","description":"Дејност, занает на правење грнчарски предмети."},{"word":"гро","type":"ср.","description":"(обично членувано) Повеќето, мнозинството. Грото ученици ја совладаа наставната програма."},{"word":"гроб","type":"м.","description":"Ископана дупка во која се погребува мртовец."},{"word":"гробар","type":"м.","description":"Човек чиешто занимање е да погребува мртовци."},{"word":"гробен","type":"прид.","description":"Што се однесува на гроб. Гробно место."},{"word":"гробишта","type":"и.","description":"Определено, уредено место каде што се погребуваат мртвите."},{"word":"гробница","type":"ж.","description":"Изѕидана градба за погребување повеќе мртовци или заеднички гроб. Семејна гробница. Кралска гробница. Масовна гробница."},{"word":"гровка","type":"несв.","description":"Гровта малку, по малку; Прасињата гровкаа."},{"word":"гровнат","type":"прид.","description":"Што е истоштен, изморен, остарен, опаднат. Чичко ми не може сам да работи, гровнат е."},{"word":"гровне","type":"св.","description":"Падне со тресок, се струполи. Покривот на старата куќа гровна."},{"word":"гровта","type":"несв.","description":"Обично за свиња – испушта гласови „гро-гро“. Свињите гровтаа."},{"word":"грождинка","type":"ж.","description":"Дршка на грозд."},{"word":"гроза","type":"ж.","description":"Ужас. Со страв и гроза раскажуваше за овие настани."},{"word":"грозд","type":"м.","description":"Плод на виновата лоза составен од повеќе зрна закачени на дршка. Лозјето тежеше од големите гроздови."},{"word":"гроздест","type":"прид.","description":"Што е како грозд. Кај туберкулозата често се создаваат гроздести наслаги со жолтеникава боја."},{"word":"гроздобер","type":"м.","description":"Берење, собирање на грозјето; грозјебрање. Селаните отидоа на гроздобер."},{"word":"гроздов","type":"прид.","description":"Што е направен од грозје. Гроздова ракија. Гроздов сок."},{"word":"гроздовица","type":"ж.","description":"Ракија направена од грозје."},{"word":"грозен","type":"прид.","description":"За живо суштество – што е грд, со непријатен изглед. Грозен човек. Грозна жена. Грозно куче."},{"word":"грози","type":"несв.","description":"Прави нешто да биде грозно; грди, груби. Лузните му го грозеа лицето."},{"word":"грозјар","type":"м.","description":"Човек што многу сака да јаде грозје. Од мал беше грозјар."},{"word":"грозје","type":"ср.","description":"<BOTTANICS> Плод на виновата лоза; грозд. На пазарите имаше изобилство од црно и од бело грозје. Суво грозје."},{"word":"грознее","type":"несв.","description":"Станува грозен, огрдува, огрубува. Од злобата и лошотијата сè повеќе грознееше во лицето."},{"word":"грозник","type":"м.","description":"Грд маж. Не можеше да се омажи за тој грозник."},{"word":"грозница","type":"ж.","description":"Треска."},{"word":"грозота","type":"ж.","description":"Грдост. Грозотата ја криеше со убава облека."},{"word":"гром","type":"м.","description":"Нагло електрично празнење во атмосферата придружено со молскавици и со татнежи. Затрештија громови на небото."},{"word":"громобран","type":"м.","description":"Уред што е поставен на зградите и ја одведува електричната струја на громовите в земја."},{"word":"громовит","type":"прид.","description":"Што создава силен звук како на гром. Громовитите удари на тапанот одекнуваа низ планината."},{"word":"громовник","type":"м.","description":"Оној што грми, што удира со громови. Илија громовникот."},{"word":"громогласен","type":"прид.","description":"Што е премногу гласен, што е како гром. Громогласна смеа. Громогласен аплауз."},{"word":"громок","type":"прид.","description":"Громок глас."},{"word":"гросист","type":"м.","description":"Трговец на големо."},{"word":"гротеска","type":"ж.","description":"Претерано искарикирано претставување на ликови, на настани и сл. во литературата, во театарот, во уметноста воопшто. Актерката толку го искарикира ликот што го доведе до гротеска."},{"word":"гротескен","type":"прид.","description":"Што има карактеристики на гротеска; фантастичен, необичен, чуден. Гротескна претстава."},{"word":"гроф","type":"м.","description":"Благородничка наследна титула, тој што ја носи таа титула."},{"word":"грофовија","type":"ж.","description":"Област, посед во сопственост на гроф."},{"word":"грофовски","type":"прид.","description":"Што се однесува на гроф, што му припаѓа на гроф. Грофовска облека. Грофовски имот."},{"word":"грош","type":"м.","description":"Турска ситна монета од 40 пари."},{"word":"грпка","type":"ж.","description":"Неприродна искривеност на грбот, обично како последица од болест. Таква судбина ми напишале наречниците – да ми израсне грпка на плеќиве."},{"word":"грст","type":"м.","description":"а) Составени двете дланки во форма на длабок сад. б) Мерка, количество на нешто колку што може да соберат две составени дланки. Набра грст грозје."},{"word":"грсти се","type":"несв.","description":"Збира, натрупува, обично пари. Се грстеше со украдени пари."},{"word":"грстум","type":"прил.","description":"Со полни раце, многу. Земаше пари грстум."},{"word":"груб","type":"прид.","description":"Што е рапав, што не е мазен. Грубо платно."},{"word":"груби","type":"несв.","description":"Станува грд;"},{"word":"грубијан","type":"м.","d